Белград
9ᴼ /
7ᴼ
Белгискиот министер за одбрана, Тео Франкен, силно ја бранеше Атлантската алијанса, тврдејќи дека НАТО ќе ја „срамни Москва со земја“ доколку Русија го нападне Брисел. Во интервју за „Де Морген“, Франкен зборуваше за војната во Украина, европската одбрана, хибридното војување и нуклеарното одвраќање. На прашање дали се плаши дека рускиот претседател Путин би можел да изврши напад врз Брисел, рече дека одговорот би бил недвосмислен. „Не би се ...
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на сесијата „Дигитализација на енергетските системи – Забрзување на дејствијата преку координација и иновации“ во рамки на 14. Меѓународен форум за енергија за одржлив развој, што се одржува во Скопје. Во своето обраќање, министерот ја истакна потребата од заедничко делување и координирани напори во процесот на дигитална и енергетска трансформација. „Сите ние постигнуваме ...
Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе Обвинителен акт против еден осомничен од Неготино за тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 2, а за предизвикување општа опасност од член 288 став 5 во врска со став 2 одговорност се бара и од правното лице каде сопственик и управител е обвинетиот. Обвинителството водеше истражна постапка за настан од 21.07.2021 година кога обвинетиот управител и правното ...
Во чест на 80-годишниот јубилеј, Македонската филхармонија синоќа одржа концерт во престижната Златна сала на Музикферајн во Виена – еден од најзначајните храмови на класичната музика во светот. Касинос Австрија Интернешенал Македонија со гордост ја поддржа оваа исклучителна музичка вечер, потврдувајќи ја својата долгорочна заложба за унапредување на културниот живот и промоција на македонската уметност пред светот. Настапот под диригентство на ...
Јавноста е шокирана, но само Бајрам Реџепи не се засрами ниту се покае. Откако беше фатен на дело на состаноци со претставници на Левица, партија позната по своите анти-НАТО, антизападни и антиалбански ставови, кандидатот на ДУИ/НАИ се обиде да го негира скандалот со смешни изговори. Но, фотографиите зборуваат сами за себе, Бајрам Реџепи седеше со оние кои навредуваат сè што е албанско, само за да обезбеди неколку гласови за политички спас, ...
СВР Скопје до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против З.А., поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 став 1 од КЗ, Ф.М., поранешен заменик директор во агенцијата поради сомнение за сторено кривично дело „проневера во службата“ по член 354 во врска со член 24 од КЗ „помагање“ и против Л.У., А.Р., Е.Т., А.Б. и А.Б., вработени во Агенцијата за храна и ...
Берово со -3 степени утрово беше најстуденото место во Македонија. Минусни температури имаше и во Лазарополе, каде беа измерени -1 степен. Нула степени беше во Скопје, Тетово, Битола, Демир Капија и Струмица. Охрид со пет степени беше најтопол град утрово. Нјамногу дожд во изминатите 24 часа наврна во Скопје и Попова Шапка (3 литри на м2), додека во Крива Паланка и Претор наврнаа 2 литри на метар квадратен. Времето денеска ќе биде сончево со ...
Екстремно моќниот ураган Мелиса се движи кон Куба откако ја опустоши Јамајка. Тоа е најмоќната бура со која се соочила островската нација. Досега не се потврдени смртни случаи, но поголемиот дел од Јамајка е без струја и интернет, а со оглед на силата на бурата и обемот на штетата, се очекува да има повеќе. Хуманитарните организации велат дека „се подготвуваат за најлошото“. Националниот центар за урагани објави дека Мелиса малку ослабела и сега ...
Најмалку 60 лица, меѓу кои и голем број деца, беа убиени за време на израелските воздушни напади врз Појасот Газа во текот на изминатата ноќ, соопштија локалните болнички претставници. Нападите се случија откако израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската да изврши „силни напади“ врз Газа, обвинувајќи го Хамас за кршење на прекинот на огнот што стапи на сила на 10 октомври, објави АП. Болницата „Акса“ во централниот град Деир ...
Едно дете загина, а седум деца и еден маж се повредени во тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Нови Сад – Белград утрово по три часот. На автопатот Нови Сад – Белград околу 3:30 часот наутро, по наплатната рампа во правец на Белград, се случила тешка сообраќајна несреќа кога комбе излетало од коловозот, пробило заштитна ограда и паднало во канал. Три екипи за итни случаи беа испратени на местото на настанот и интервенираа на ...
ОВЕН Работа: Ќе бидете фокусирани и мотивирани да го завршите она што ќе го започнете. Очекувајте добар ритам и поддршка од колегите. Некои од вас може да добијат вести за проект што ги менува плановите во позитивна насока. Љубов: Зафатените ќе имаат потреба од искрен разговор за заедничките цели. Слободните би можеле да запознаат личност која ќе ги инспирира преку заеднички интерес или страствен разговор. Здравје: Внимавајте на мускулите и ...
По преземените мерки и активности, МВР соопшти дека заканите за бомби во неколку училишта во Скопје и во Куманово се лажни. „Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во 28 училишта во Скопје и 17 училишта во Куманово пристигнати се пораки за наводно поставени експлозивни направи во училишта. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки и утврдено е ...
Со скандирања „Не сакаме мигранти“ и „Турците нема да шетаат низ градот“, вечерва се одржа голем протест пред зградата на црногорската влада во Подгорица, откако група странци избодоа младо лице во неделата. Обвинителите објавија дека во врска со инцидентот се уапсени еден турски и еден азербејџански државјанин. Демонстрантите носеа транспаренти на кои пишуваше „Се браниме од понатамошна миграција, бодење, силување, окупација“. Директорот на ...
Најмалку 64 лица, меѓу кои и четворица полицајци, беа убиени во престрелка меѓу полициските сили и локални криминалци во Рио де Жанеиро. Како што објавува порталот „Глобо“, 81 лице е приведено во рамките на голема специјална операција во квартовите на северниот дел на Рио де Жанеиро, по што имало пукање. Членовите на бандата одговорија на пристигнувањето на полицијата со огнено оружје, палејќи ги барикадите, а исто така лансираа и дронови со ...
Министерството за внатрешни работи информираше дека во СВР Скопје и во СВР Куманово, било пријавено дека во неколку училишта биле добиени мејлови за поставени бомби. Од МВР информираат дека во тек се проверки. „Денеска (28.10.2025) околу 18:00 часот во СВР Скопје и СВР Куманово пријавено е дека на емаил адресите во неколку основни училишта пристигнати се пораки за поставени експлозивни направи во училишта. Во тек се проверки од страна на ...
Најмалку 20 лица, меѓу кои и двајца полицајци, беа убиени во операција против организираниот криминал во Рио де Жанеиро денес, објави локалната самоуправа, неколку дена пред бразилскиот град да биде домаќин на два меѓународни настани. „Цврсто стоиме против наркотероризмот“, напиша Клаудио Кастро, гувернер на вториот по големина град во Бразил, на социјалните мрежи. Тој додаде дека 2.500 припадници на безбедносните сили учествувале во операцијата ...
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ѝ нареди на војската веднаш да изврши напади во Газа. Ова доаѓа откако израелските власти објавија дека останките вратени од Хамас синоќа му припаѓаат на заложник кој веќе бил погребан во Израел, а не на еден од 13-те починати заложници кои сè уште се во Газа. Во соопштението од кабинетот на премиерот се вели: „По безбедносните консултации, премиерот Нетанјаху му нареди на воениот ешалон веднаш да изврши ...
Најсилната бура оваа година, ураганот Мелиса, се засилува пред да стигне до копно. Моментално е ураган од категорија 5 со ветрови до 184 милји на час, што го прави еден од најсилните урагани во историјата на Атлантикот. Бурата веќе одзеде седум животи, три лица загинаа во Јамајка за време на подготовките за бура, три во Хаити и едно лице во Доминиканската Република. Метеоролозите и властите предупредуваат дека Мелиса може да ја уништи ...
Скопје од денеска директно се поврзува со шпанската престолнина Мадрид, авиолинија која е една од дваесетте авиолинии што ги воведовме во изминатата година, истакна вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со амбасадорот на Шпанија во Македонија, Рафаел Сориано Ортиз и Неџат Курт, генерален директор на ТАВ Македонија, го означија првиот лет Скопје-Мадрид. Вицепремиерот Николоски потенцираше дека ова е огромен успех ...
Националниот центар за урагани (NHC) објави дека ураганот Мелиса „продолжува да се зајакнува“ додека се приближува кон Јамајка и дека сега има ветрови од 185 милји на час (околу 300 км/ч) во својот центар. Тоа го прави втор најсилен ураган во историјата на Атлантикот според брзината на ветерот, зад ураганот Ален во 1980 година, кој достигна 190 милји на час. Американската агенција ги предупреди жителите веднаш да се засолнат во цврсти засолништа ...
Од државната каса до година ќе се потрошат 6,73 милијарди евра, а планот е да се приберат 6,1 милијарда евра од граѓаните и стопанството. Владата го усвои предлог – буџетот за 2026 година кој ќе биде испратен во Собранието. Планот е да се приберат повеќе пари од даноци и придонеси, да се зајакне фискалната дисциплина. Издвоени се повеќе пари за плати, за пензии за социјални трансфери. „Со Буџетот се обезбедува редовна исплата на плати и пензии, ...
Владата денеска го усвои Предлог-буџетот за 2026 година, којшто според министерката за финансии Гордана Димиритриеска-Кочоска, претставува продолжување на позитивните трендови во економијата, со јасна цел остварување забрзан економски раст и спроведување фискална консолидација преку строга фискална дисциплина. „Фискалната политика за 2026 година ќе биде насочена кон одржување на макроекономската стабилност и поддршка на економската активност. Ќе ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова од денеска престојува во работна посета на Француската Република, по повод учеството на осмото издание на Парискиот мировен форум. Сиљановска-Давкова утре, 29 октомври 2025 година, среда, ќе присуствува на отворањето на форумот којшто годинава се одржува на тема „Нови коалиции за мирот, луѓето и планетата“. Таа ќе говори на сесијата „Важноста на регионалната соработка на Балканот за идните генерации“, ...
Компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска вчера донираа медицинска опрема на одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ “8 Септември” во Скопје со што остварија значаен придонес за македонското здравство и уште еднаш покажаа пример за општествена одговорност. Вкупната вредност на оваа значајна донација изнесува околу 140.000 евра. Станува збор за хипербарна комора која ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги, ...
По првиот круг на локалните избори во 44 општини и официјално е завршен изборот на градоначалници, објави Државната изборна комисија. Досега се чекаше на објавувањето на нивните конечни резултати поради тоа што во 11 општини беа поднесени приговори кои беа одбиени. Со ова, претседателот на ДИК Борис Кондарко соопшти дека на втори ноември, односно оваа недела ќе се одржи вториот круг на гласање во 33 општини. „Единаесет општини се приклучуваат на ...
Компанијата Зегин и Фондацијата Д-р Верица Механџиска вчера донираа медицинска опрема на одделот за физикална медицина и рехабилитација во ГОБ “8 Септември” во Скопје со што остварија значаен придонес за македонското здравство и уште еднаш покажаа пример за општествена одговорност. Вкупната вредност на оваа значајна донација изнесува околу 140.000 евра. Станува збор за хипербарна комора која ќе го подобри квалитетот на здравствените услуги, ...
35 претставници од различни организациски сектори на компанијата го сочинуваат алкалоидовиот тим на овогодишното 36. издание на CPhl, кој за време на три интензивни саемски денови во својата агенда има повеќе од 400 деловни средби со постојни партнери, добавувачи и со нови потенцијални соработници „Алкалоид“ годинава го забележа своето 22. учество на најреномираниот светски собир во областа на фармацијата – CPhI (Convention of Pharmaceutical ...
Секоја година се регистрираат околу 5.000 нови случаи на мозочен удар, со што нашата земја се вбројува меѓу државите со средна инциденца – односно од 200 до 300 случаи на 100 илјади жители. Лекарите предупредуваат дека ниту една возрасна група не е поштедена, бидејќи мозочниот удар може да се појави и кај деца и млади под 45 години. Шефицата на Одделот за невролошка ургентна медицина при Универзитетската клиника за неврологија, професорката ...
Кениската авиокомпанија „Момбаса Ер Сафари“ објави дека единаесет лица, меѓу кои осум унгарски државјани, двајца германски патници и еден кениски член на екипажот, загинале во авионска несреќа што се случила порано денес. Компанијата „Момбаса Ер Сафари“ е специјализирана за туристички и чартер летови во Источна Африка, објави Ројтерс. Локалните власти и спасувачките екипи моментално работат на пронаоѓање на телото и причината за несреќата, а ...
МВР до Основното јавно обвинителство поднесе кривична пријава против вршителот на должност директор на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, и одговорниот за отпад во истото претпријатие, Аки Саити — под сомнение дека го извршиле делото „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Според Министерството за внатрешни работи, двајцата осомничени постапувале спротивно на Законот за управување со отпад, како и на обврските предвидени ...