На 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР Радовиш е пријавено дека на регионалниот Радовиш- Конче, на влез во с.Конче, патничко возило „тојота“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од А.А.(42) од Радовиш, удрило во осумгодишно дете од с.Конче, општина Конче. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Клиничка болница Штип. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Радовиш. На 20.03.2026 во 18:30 часот во ОВР ...

Иранските вооружени сили тврдат дека Соединетите Држави и Израел започнале да напаѓаат невооружени бродови во Персискиот Залив, јавува Скај Њус. „Поради низа порази и немоќ да се спротивстават на силниот налет на вооружените сили на Исламската Република Иран, американско-ционистичките непријатели ги таргетираат приватните пловила и патничкиот сообраќај во Персискиот Залив“, изјавил портпаролот на вооружените сили. „Ве предупредуваме дека, ако ...

На 20.03.2026 во 11:10 часот во атар на с.Ерџелија, светиниколско, полициски службеници од ОВР Свети Николе го лишија од слобода С.Д.(75) од с.Ерџелија, постапувајќи по претходна пријава дека на локалниот пат с.Кадрифаково-с.Ерџелија, С.Д. предизвикал пожар, при што гореле сува трева и трска. Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот, ќе биде ...

Пад на женско лице во провалија под Цареви Кули утрово предизвикал итна реакција на струмичките пожарникари, кои спровеле сложена спасувачка акција на локалитетот „Црвен Дол“. Според информациите објавени на Фејсбук страницата на ТППЕ Струмица, интервенцијата се одвивала на исклучително тежок и непристапен терен. Во акцијата учествувале шест пожарникари-спасители со две теренски противпожарни возила. „Во акцијата беше користена алпинистичка ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека Израел повеќе нема да извршува напади врз главните ирански постројки за природен гас. Неговата изјава доаѓа во време на зголемени тензии и се чини дека е обид за смирување на ситуацијата, откако израелскиот напад и иранскиот одговор доведоа до значителна ескалација на конфликтот. Израелските воздухопловни сили извршија напад врз фабрика за преработка на природен гас во југозападен Иран. Целта ...

Обединетото Кралство одобри користење на своите воени бази од страна на Соединетите Американски Држави за напади врз ирански цели поврзани со напади врз бродови во Ормутскиот теснец. Како што објавија британските претставници, одлуката е донесена на состанок на кабинетот, а се однесува на проширување на претходното овластување според кое американските сили би можеле да ги користат британските бази за одбрана од ирански напади. Канцеларијата ...

Претседателот Доналд Трамп денес изјави дека верува оти САД ја „победиле“ војната со Иран. „Мислам дека победивме“, рече претседателот додека ја напушташе Белата куќа. „Ја уништивме нивната морнарица, нивните воздухопловни сили, го уништивме нивниот систем за воздушна одбрана, уништивме сè. Се движиме слободно“, нагласи тој, признавајќи дека Иран продолжува да го „блокира“ Ормутскиот теснец. „Но, од воена гледна точка, тие се завршени“, ...

Иранските напади врз воените бази што ги користат САД на Блискиот Исток во првите две недели од конфликтот предизвикаа штета од околу 800 милиони долари, според најновата анализа на Центарот за стратешки и меѓународни студии (CSIS) и Би-Би-Си. Поголемиот дел од штетата, според извештајот, е нанесена во првите одмазднички напади на Иран откако САД и Израел го започнаа конфликтот. Проценките покажуваат дека штетата во вредност од 485 милиони ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски во емисијата Клик плус на ТВ21 истакна дека поради војната во Иран будно се следи состојбата. Тој го повтори ставот кој беше потенциран уште на седницата на Советот за безбедност дека безбедносната состојба е стабилна, но потенцира дека мора да се внимава на економските последици особено по она што се случува во Ормутскиот теснец, од каде поминува една петтина од нафтата. -Безбедносната состојба во ...

На 20.03.2026 полициски службеници од Единицата за корупција при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал го лишија од слобода В.А.(41) од Кочани и против него до ОЈО за ГОКК е поднесена кривична пријава поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“ по чл.357 од КЗ. В.А., во својство на службено лице, директор на Државен инспекторат за земјоделство, со цел ...

Скандали за мито и корупција пак го тресат секторот земјоделство. Синоќа е уапсен директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, поради сомнение за примање поткуп од 50.000 евра. Анакиев е потпретседател на Социјалистичката партија на Македонија, чиј лидер е Љупчо Димовски, актуелниот вицепремиер за политички систем. За директор бил поставен во јули 2024. Тој „падна“ во акција на полицијата во координација со Основното ...

Шарената џамија во Тетово беше исполнета со верници кои се молеа за Фитр Бајрам. Немаше доволно простор внатре, па многумина се молеа надвор. Нивните молитви беа конфликтите да престанат насекаде во светот. Нивните желби се мирот и среќата да преовладуваат. АНКЕТА: -Нашата порака би била порака за мир, бидејќи овој месец е свет месец, мора да го почитуваме и да го почитуваме мирот, да владее над сите. -Најдобрата порака на овој голем празник ...

Нухи Алиу, претседателот на Комората на северозападна Македонија вечерва во Бизнис21 кажа дека Регулаторната комисија за енергетика ќе мора почесто да ги менува цените, затоа што тие се менуваат од час во час. „Растот на цените на дериватите не’ загрижува како бизнисмени. Поскапувањето почна минатата недела, еве продолжува и оваа. Имавме корекции на цените, иако како бизнисмени не бевме задоволни затоа што се доцнеше со корекцијата на цените ...

Универзитетскиот професор Синиша Наумоски вечерва во Бизнис21 зборуваше за конфликтот на Блискиот Исток, и влијанието на економијата во Македонија. Наумоски кажа дека ударот врз македонската економија ќе зависи од должината на траење на конфликтот. „Македонија е целосно зависна од увоз, и прво не може никој од нас да даде предвидливост и постојат две сценарио: на брзо завршување, и сценарио на долго траење на ова жариште. Сведоци сме дека ...

Професорот при УКИМ Ванчо Узунов, вечерва во Бизнис21 рече дека очекува војната да не заврши брзо, и дека ќе има негативни ефекти врз македонската економија до крајот на годината. Узунов кажа дека овој конфликт ќе има влијание и врз оние земји кои не се диркетно вклучени во него. „Сите војни досега ги платиле граѓаните, и меѓу граѓаните најмногу сиромашните. Историјата цела е таква. Во денешниот глобален апсект, не е важно дали си учесник во ...

Конфликтот на Блискиот Исток кој придонесе за енормно зголемување на цените на нафтата и на горивата, беше главна тема во вечерашното издание на Бизнис 21. Гости беа Ванчо Узунов, професор на УКИМ, Синиша Наумоски – универзитетски професор и Нухи Алиу – претседател на Комората на северозападна Македонија. Ги прашавме дали сега зголемувањето на минималната плата е можно после оваа криза. „Тоа значи прво дека аргументацијата на Синдикатите ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 3, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 15 степени. Времето денеска ќе биде променливо облачно со ...

Вчера (20.03.2026) во 17:20 часот на булевар ,,Гоце Делчев” во Штип, од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Сектор за сообраќајни работи со помош на специјално возило пресретнувач на Министерството за внатрешни работи измерена е брзина на движење на патничко моторно возило ,,голф” со штипски регистарски ознаки од 105 километри на час во населено место каде што максималната ...

Сончево со мала до умерена облачност. Во текот на денот наместа ќе има преодно зголемување на облачноста. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. T=15°C. P=976hPa. U=30%. V=3m/s. Утре и во почетокот на новата седмица ќе има услови за ...

Цената на суровата нафта „Брент“ вечерва се искачи на повеќе од 110 долари, покажуваат податоците од светските берзи. Цената на суровата нафта „Брент“ вечерва околу 21:50 часот се зголеми за 7,74 проценти на 111,13 долари за барел. Како што објавија светските медиуми, глобалните цени на нафтата се зголемија за повеќе од седум проценти, што е последица на геополитичките тензии и војната на Блискиот Исток. Цената на суровата нафта „Брент“ ...

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, информира дека партијата учествува на Самитот на Европската народна партија (ЕПП) во Брисел, каде главна тема ќе бидат глобалните предизвици и процесот на проширување на Европската Унија. „Два дена сме овде во Брисел за да ја одбележиме 50-годишнината од формирањето на Европската народна партија, најголемата политичка сила во демократска Европа, чиј нераскинлив дел е и ВМРО-ДПМНЕ“, изјави ...

По три недели на комуникациски хаос, технолошки проблеми и емоционална магла, конечно доаѓа космичко олеснување. Првиот ретрограден Меркур за 2026 година, кој од 26 февруари го успоруваше и комплицираше нашиот живот во водолискиот знак Риби, завршува со своето движење наназад на 20 март. Иако сите ќе почувствуваат намалување на притисокот, за четири хороскопски знаци овој астролошки заокрет ќе означи почеток на сосема ново поглавје, носејќи ...

Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ретклиф, денеска потврди дека Иран бара разузнавачка помош од Русија, Кина и други американски ривали, додека американската и израелската војска продолжуваат со воздушните напади врз цели во таа земја. „Иранците бараат разузнавачка помош од Русија, Кина и други противници на Соединетите Американски Држави, а за тоа дали тие земји (обезбедуваат помош) можеме да разговараме ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Државниот завод за ревизија, предводени од помошничката на главниот државен ревизор, Катерина Чалоска Алексова, кои вршат ревизија на успешноста на тема „Жени лидери – жени во политиката, парламентот, на раководни функции во органи на централната власт “ за периодот од 2020-2025 година. Сиљановска-Давкова ги поздрави резвизорските активности за унапредување на родовата ...

Конкурсот за 155 вработувања во Клиничката болница во Тетово сè уште не е завршен, бидејќи имало жалби на второ ниво од други кандидати. Според директорот на болницата, дел од кандидатите се веќе примени на работа, додека останатите чекаат конечна одлука. „За конкурсот за 155 вработувања во Клиничката болница во Тетово, донесовме одлуки и се чекаат завршувањето на законските процедури за да се издадат и останатите одлуки. Како што во декември ...

Од денес, граѓаните ќе се снабдуваат со поевтини горива. На продажните места на најголемите нафтени компании во земјава – ОКТА, Пуцко Петрол, Макпетрол и Лукоил – цените на горивата се за два денари пониски од максималната цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Ова доаѓа како директен резултат на понудата од ОКТА, која им овозможи на трговците да купуваат гас по пониски цени за два денари. Одлуката претходно ја објавија ...

Обвинението кое БИРН го доби од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, ја лоцира одговорноста кај 13 полицајци затоа што не постапиле според усвоениот план за акциска контрола во дискотеката, на кобниот 16 март 2025 за време на големиот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Планот бил одобрен два дена пред трагедијата. Обвинителката Алексова Трајчева ги обвинува полицајците дека планот бил одобрен без да се спроведат ...

Пратеникот на Европскиот фронт, Блерим Беџети, објави на Фејсбук неколку пораки од Собранието, кои според него се испратени само на македонски јазик. Тој го обвини претседателот на Собранието, Африм Гаши, за непочитување на албанскиот јазик, нагласувајќи дека тоа не е случајност, туку „политичка линија“. Беџети ја оцени ситуацијата како алармантна, додавајќи дека исклучувањето на албанскиот од службените комуникации го нарушува достоинството ...

Цената на златото деновиве бележи несвојствен пад, во услови кога кризата на Блискиот Исток и тензиите со Иран сè уште траат. Ова е спротивно на досегашните пазарни логики, кога во време на геополитички ризици инвеститорите традиционално се префрлаа кон злато како „сигурно засолниште“, што доведуваше до раст на неговата цена. Овој пат, тоа не е случај. Златото падна под 5.000 долари за унца, што отвора дилеми дали се менува однесувањето на ...

Иако водата не можеше да се користи цел месец поради загаденост, на стружани сепак им беа доставени сметките за февруари. Дури ни одлуката на општинскиот совет, донесена пред неколку дена, со која општината требаше да ги преземе обврските за плаќањето, не ги стопираше сметките. „Што се однесува до буџетот, треба да се види како ќе се пренаменат тие средства и тие нема да паднат на товар на јавното претпријатие, туку на општината. Сметам дека ...

103-ка

3 часа - Нова ТВ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
80%
1024
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
66%
1023
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.57
58%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.19
76%
1025
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
88%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
73%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
46%
1020
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
37%
1023
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
55%
1024
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
55%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
62%
1021
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Родиум

323115.00

Бакар

12.05

Алуминиум

3.48

Рутениум

52180.66

Паладиум

48611.93

Сребро

2363.77

Калај

49.78

Цинк

0.00

Злато

147595.33

Кобалт

45.39

Платина

63594.18

Иридиум

253540.09