Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Најстудено утрово беше во Берово и во Виница, каде беа измерени -4 степени. После нив следуваат Крива Паланка со -3, додека -1 беше во Прилеп, Струмица, Тетово и Маврово. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС): -4 Берово, Виница, -3 Крива Паланка, -1 Прилеп, Струмица, Тетово, Mаврови Анови, 0 Штип, Кавадарци, 1 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец, Демир Капија, Велес, 2 Охрид, Kрушево, Гевгелија, 3 Претор. ВРЕМЕТО ДЕНЕСКА Променливо облачно со сончеви ...
Руски генерал загина во експлозија на автомобил во Москва, објави Ројтерс, повикувајќи се на рускиот Истражен комитет. Според извештаите, генералот бил одговорен за обука на руските вооружени сили. Службите во моментов ги истражуваат околностите на несреќата, а деталите за причината за експлозијата сè уште не се објавени. Смртта на високиот офицер предизвика загриженост за безбедноста во рамките на руската воена структура и потенцијалното ...
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против американски државјанин со потекло од Нигерија, бидејќи по преземени повеќе истражни дејствија во текот на вчерашниот ден се обезбедија докази за основано сомнение дека сторил кривично дело – Неовластено држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи од член 396 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик. Воедно, против ...
Најмалку 16 лица загинаа кога патнички автобус се преврте на индонезискиот остров Јава, соопштија официјалните лица. Возачот на автобусот во кој имало 34 патници, ја изгубил контролата на патот и удрил во бетонска ограда, пред да се преврти. Автобусот патувал од Џакарта кон древниот кралскио град Јогјакарта кога се превртел пред влегувањето на излезната рампа на патарината Карпјак во градот Семеранг во Централна Јава. Полициските екипи и ...
ОВЕН Денот носи конфронтации со авторитети, правила и обврски кои не можат повеќе да се одложуваат, па затоа ќе мора да ги засукате ракавите. Доколку наидете на пречка, не се обидувајте да се пробиете низ неа, туку побарајте структура, согласност и јасни рамки. Во врската, потребна е посериозна дискусија за одговорностите и идните планови. Слободните можат да забележат личност која делува зрело и стабилно, но не е премногу отворено. Потребен ...
Македонија повторно се соочува со загрижувачка ситуација во врска со загадувањето на воздухот, при што многу градови се во состојба на тревога поради значителното зголемување на штетните честички PM10 и PM2.5, кои достигнаа многу високи нивоа и ги надминуваат дозволените граници. Според мерењата од мониторинг станиците, во некои урбани средини загадувањето ги надминало препорачаните норми неколку пати, претворајќи го воздухот во сериозен ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска го одржа неделниот состанок на тема реформска агенда. Премиерот напомена дека на состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи. „Денеска одржавме неделен состанок на тема реформска агенда. На состанокот беа разгледани тековните приоритети и рокови за спроведување на клучните реформи, при што беше нагласена потребата од меѓуинституционална координација и јасна ...
Проблемите со исплатите на социјалната помош за кое имаше големи реакции во јавноста, беше неколку дена и тие се вообичаени секој месец, ова во интервју за Радио Слободна Европа го истакна заменик министерот за социјална политика Ѓоко Велковски. Тој зборуваше и во однос на дупката во пензискиот фонд, рече дека проблемот е во тоа што бројот на пензионерите е многу близок со оној на вработените, а голем дел од граѓаните не сакаат да работат а ...
Германија слави победа за своите производители на автомобили откако Европската комисија ја олесни планираната забрана за мотори со внатрешно согорување до 2035 година. Сепак, промената на политиката би можела да се покаже како неочекуван благодет за кинеските конкуренти, давајќи им дополнително време да ја консолидираат својата предност на европските и глобалните пазари во развој, пишува Политико . Извршната власт на ЕУ вели дека новиот пакет ...
Утрово во 10:05 часот на автопатот Скопје – Тетово во близина на Желино, се судриле две товарни возила, при што повреден е возач на едно од возилата. Несреќата се случила откако товарно моторно возило „Ивеко“ сопственост на „Македонија пат“, се судрило со товарно возило „Мерцедес“. „На околу 500 метри после клучка Желино, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Ивеко“ сопственост на „Македонија пат“ управувано од Ј.С. (54) од с. ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави Доналд Трамп, на 18 декември потпиша извршна наредба со која марихуаната е прекласифицирана од Прва во Трета категорија на контролирани супстанци на федерално ниво. Со ова таа повеќе не се третира како супстанца без признаена медицинска употреба, туку како контролирана супстанца со признаена медицинска вредност. Оваа одлука не значи декриминализација на марихуаната на федерално ниво, ниту ...
Македонска навигација (М-НАВ) успешно го отстрани стариот радар на Меѓународниот аеродром Скопје, користејќи го периодот на густа магла и намалена фреквенција на летови за да го заврши овој значаен инфраструктурен зафат. Од М-НАВ информираат дека активностите се спроведени токму во услови на намалена прегледност, претворајќи го неповолното време во предност. „Овој период беше оптимално искористен за комплетно и безбедно приведување кон крај ...
Летот AF7562 на „Ер Франс“, кој сообраќаше на релацијата од аеродромот Орли во Париз до Ајачо, беше пренасочен кон Лион по нешто повеќе од 35 минути лет поради технички проблем. Авиокомпанијата објави дека проблемот е поврзан со авион Ербас А320 , без да даде детали, објави BFM TV. „Одлуката е донесена во согласност со процедурите на производителот, правилата на компанијата и примената на принципот на претпазливост“, соопшти авиокомпанијата. ...
На 21.12.2025 во 04:30 часот пред угостителски објект во Градскиот парк во Скопје полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода У.И.У.(37) од Нигерија, (со американски пасош и лична карта) поради тоа што физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија. При извршен преглед кај него биле пронајдени и одземени пиштол „глок“, две рамки и 30 куршуми за кои не поседувал дозвола. По целосно документирање на случајот ...
Новогодишната елка беше поставена под вода во Охридското Езеро, во близина на водниот музеј „Залив на коските“, со што симболично беше означен почетокот на новогодишните и божиќните празници, а организаторите нагласуваат дека празничната манифестација е посветена на децата кои страдаат од ретки болести. Станува збор за традиција која трае повеќе од 20 години, а елката годинава ја поставија нуркачи од нуркачкиот центар „Амфора“, во соработка ...
Голем број на македонски државјани во изминатите недели се соочија со проблеми при одењето или враќањето од Грција поради штрајк на земјоделците, поради што беа затворени граничните премини. Како што пренесуваат грчките медиуми, во текот на празничната сезона нема да има блокади кон Грција, се со цел на граѓаните да им биде овозможено патување. Земјоделците донесоа одлука да ги прекинат блокадит, и граничните премини и патиштата да бидат ...
Министерството за внатрешни работи апелира до сите учесници во сообраќајот во услови на намалена видливост да бидат крајно внимателни при управување на возило. Воедно, апелираме до граѓаните во овој период на предновогодишни забави и семејни веселби, да не седнуваат зад воланот доколку претходно конзумирале алкохол. На територија на СВР Скопје во периодот од 15-20.12.2025 констатирани се 53 сообраќајни незгоди. Сообраќајните контроли ...
Поради маглата која и денеска, 21 декември 2025 година, е присутна во скопската котлина, на Меѓународниот Аеродром Скопје има намалена видливост што резултираше, во периодот од 00:00 часот на полноќ до 12 часот напладне, авиокомпаниите да откажат 20 лета и да пренасочат 1 лет. По 11 часот слетаa авионите од Дортмунд и од Виена, а во моментов се очекува да полета авионот за Хамбург. Согласно временската прогноза која ни стигнува од ...
Две лица, државјани на Македонија ги загубиле животите во тешка сообраќајка што се случила рано утрово на автопатот Белград – Ниш во соседна Србија. Според српските медиуми, автомобилот излетал од патот, при што задобиле повреди кои биле фатални за нивните животи. Несреќата се случила кај клучката Умчари. Според неофицијалните информации, возилото „Сеат“ со германски регистарски ознаки изгубило контрола и излетало надвор од патот. Од ...
Поради променети органолептички својства и утврдено присуство на ларви и инсекти, инспектор за храна на Агенцијата за храна и ветеринарство, неделава забрани увоз на киви наменети за индустриска преработка. Станува збор за 22.340 килограми од овој вид овошје, увоз од Република Србија, за која пратка, со органолептички преглед од страна на инспектор за храна, утврдено е дека истата не е безбедна за увоз и за понатамошна преработка. На ...
Маглата утрово предизвика големи проблеми за полетувањата и слетувањата на скопскиот аеродром, поради тоа сите летови беа откажани или пренасочени кон најблиските градови. Дел од авионите се најавени со задоцнувања, но не е познато дали во текот на денот ќе има слетувања или полетувања. Поради намалената видливост, откажани се летовите на: „Виз Ер“ (Wizz Air): Кон Дортмунд, Брисел, Париз, Љубљана, Базел, Меминген и Венеција; „Кроација ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, татко и син од гевгелиското село Богородица, за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 од Кривичниот законик. При претрес со судска наредба во домот на осомничениот татко на 17 декември биле откриени ...
ОВЕН Иако денес ќе треба да патувате или да се занимавате со нешто уникатно и невообичаено, внимавајте на вашите секојдневни обврски и активности во спротивно ќе се појават проблеми. Следете ги правилата и не отстапувајте премногу од вообичаените методи на работа, бидејќи тие можат да го загрозат вашиот углед и на крајот вашата позиција. Здравиот разум ќе биде вреден во златна тежина. БИК Иако некој упорно ќе ви ја нуди својата помош, има ...
По ноемвриското намалување на Синдикалната минимална кошница (СМК), во декември повторно зголемување на износот што е потребен да преживее четиричлено семејство во Македонија. Кошницата за овој месец е 65.492 денари и е за 319 денари повисока во споредба со минатиот месец. Според пресметките на Сојузот на синдикати на Македонија, најмногу едно семејство одвојува за да се прехрани и тоа 23.648 денари, што е многу блиску до износот на ...
Јавниот долг до крајот на годинава ќе се искачи на 60,9 проценти од БДП и ќе изнесува 10,2 милијарди евра, а 2026 година ќе ја завршиме со јавен долг од 62% и земјава ќе должи над 11,1 милијарда евра. Ова во емисијата Бизнис 21 го откри заменик министерот за финансии Николче Јанкуловски. Тој потенцираше дека планот е фискална консолидација и спроведување на фискалната стратегија според која за неколку години долгот треба да го намалиме под 60 ...
Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ синоќа ја обвини Цементарницата „Усје“ како еден од најголемите загадувачи во Скопје и поднесе иницијатива за нејзина дислокација од градот, поради, како што велат, сериозното загадување што секојдневно го предизвикува. Според податоците на платформата „Клајмат трејс“, топланата во Кисела Вода се наоѓа меѓу 10-те најголеми светски загадувачи. Од иницијативата побараа Советот на Град Скопје и ...
На 67-годишна возраст почина познатиот театарски, филмски и телевизиски актер Лазе Манасков, соопшти Драмскиот театар од Скопје, каде што го помина целиот свој работен век. Манасков е роден на 27 март 1958 година во Скопје, а дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Од 1983 година беше член на скопскиот Драмски театар, каде што активно настапуваше до своето пензионирање во 2022 година. Покрај бројните улоги на театарската ...
Родители на жртви од пожарот во „Пулс“ денеска го одржаа 34. по ред „Марш за ангелите“, протестувајќи против, како што велат, недоволната транспарентност и ефективност на истрагата. Маршот, кој започна од „Паркот на Револуцијата“ и се движеше кон зградата на Судот и Обвинителството, беше придружен со пораки за проширување на истрагата и утврдување индивидуална одговорност, пренесува „360 степени“. Родители побараа јавни образложенија од ...
Измените на Кривичниот законик кој деновиве се најде во Собранието поднесени од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ наскоро треба да се најде на расправа во законодавниот дом а кои се однесуваат за оние контроверзни измени на членот 353 донесени во 2023 со кој се амнестираат функционери од злоупотреби на функцијата. На измените инсистираше и претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски кој постави и рок тие да бидат донесени до крајот на годинава. ...
Претседателот на Бразил, Луиз Инасио Лула да Силва, денеска на отворањето на самитот на Меркосур изјави дека евентуална воена интервенција на Соединетите Американски Држави во Венецуела би претставувала „хуманитарна катастрофа“ и „опасен преседан за светот“. „Вистинските закани за нашиот суверенитет денес доаѓаат во форма на војна, антидемократски сили и организиран криминал. Повеќе од четири децении по војната за Фолкландските Острови, ...