ОВЕН (21. 3 – 20. 4) Месечината во деветтата куќа бара максимален труд кога станува збор за договори со партнери од странство или некакво стручно усовршување. Средба со некој на чии шарм тешко ќе останете рамнодушни. Главоболка. БИК (21. 4 – 21. 5) Со Месецот во куќата на финансии, парите доаѓаат преку бизнис со лица кои живеат во странство. Ви пречи што некој што ви се допаѓа е премногу таинствен. Конфликт или расправија со брачен или ...

Денеска Европската комисија утврди дека ТикТок и Мета ги прекршуваат своите обврски според Законот за дигитални услуги да им обезбедат на истражувачите соодветен пристап до јавни податоци. Исто така утврди дека Инстаграм и Фејсбук, кои се дел од платформата Мета, ги прекршуваат обврските да им обезбедат на корисниците едноставни механизми за пријавување на нелегална содржина, и не им дозволуваат ефикасно да ги оспоруваат одлуките на модераторите ...

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ги прекинува сите трговски разговори на САД со Канада откако владата на најнаселената канадска покраина Онтарио емитуваше реклама во која американскиот претседател Роналд Реган зборува негативно за царините. Соопштението на Трамп дојде откако Претседателската фондација и институтот „Роналд Реган“ објавија дека реклама на владата на Онтарио го искривила претседателското радио обраќање што Реган ...

Најмалку 25 лица загинаа, а неколку други се повредени кога автобус се запали утрово по судир со мотоцикл во јужната индиска држава Андра Прадеш, соопштија локалните власти. Автобусот се запалил на патот во близина на селото Чина Текур во округот Курнол во Андра Прадеш, објави веб-страницата на Индија ТВ. Според полициското соопштение, автобусот што сообраќал од Хајдерабад до Бенгалуру со 42 патници се запалил веднаш по судирот. Според ...

Руски воени авиони синоќа накратко го нарушија воздушниот простор на Литванија, објави претседателот на земјата, Гитанас Науседа, нарекувајќи го инцидентот јасно кршење на територијалниот интегритет на земјата членка на ЕУ и НАТО. „Ова е јасно кршење на меѓународното право и територијалниот интегритет на Литванија “, напиша Науседа на мрежата X, објави АП. Министерството за надворешни работи на Литванија планира да ги повика претставниците на ...

Обилните дождови и силните ветрови во петокот навечер создадоа проблеми во делови од Хрватска, а особено драматично беше во Загреб, Славонија и Меѓумурје, каде што пожарникарите имаа полни раце работа. Пожарникарите во Загреб интервенирале на 66 повици. Повеќето од нив вклучувале отстранување на паднати дрвја, лимови и огради, испумпување вода и отстранување на заштитни огради и отстранување на електричен столб. Иако времето се смири, ...

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција е подготвена да биде домаќин на самит меѓу Русија и САД, истакнувајќи дека Истанбул веќе ја потврди својата улога како место за дипломатски иницијативи насочени кон мир во Украина. „Важноста на Турција и Истанбул во мирната визија за решение во Украина повторно стана јасна. Подготвени сме да организираме преговори во секое време. Штета што средбата во Будимпешта не се одржа“, изјави ...

Унгарија работи на наоѓање начин да ги заобиколи санкциите на САД врз руските нафтени компании, изјави премиерот Виктор Орбан, без да даде детали или да наведе како ќе го спроведе тоа. Американскиот претседател Доналд Трамп, близок сојузник на унгарскиот лидер, во средата воведе санкции против Русија за прв пат во својот втор мандат, насочени кон Лукоил и Роснефт, во обид да изврши притисок врз Москва да се согласи на прекин на огнот во Украина. ...

Поранешните двајца грчки премиери Алексис Ципрас и Антонис Самарас се подготвени да се вратат на политичката сцена. Непишаното правило во оваа земја вели дека поранешните грчки премиери треба да се воздржуваат од враќањето на сцената, но очигледно дека двајцата не сакаат да го следат тој пример, анализира Дојче Веле. Тоа не е опција за Алексис Ципрас, кој управуваше со Грција сред должничката криза од 2015 до 2019 година. И покрај тоа што ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува граѓаните дека, согласно Одлуката за денот и моментот на воведувањето и денот и моментот на завршувањето на летното сметање на времето во 2025 година, донесена од Владата на Република Северна Македонија на 28 март 2025 година и објавена во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 68, летното сметање на времето ќе заврши во недела, на 26 октомври 2025 година. Со ...

Најмногу дожд во последните 24 часа наврна во Маврови Анови, 14 литри на метар квадратен. На Попова Шапка наврна 12 литри. Во Скопје и околината, два литри на метар квадратен. Времето денеска ќе биде релативно топло со повремени локални врнежи од дожд, а наместа врнежите ќе бидат проследени и со грмежи. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од ...

Пред викендот, споделуваме нова доза среќни вести. Го имаме најновиот среќен добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ вреден 5.533.942 денари! Г.П. од Куманово на 17.10.2025, на видеолотариските терминали во Делта бет Моцарт ја освои најпосакуваната ВЛТ добивка. „40 Лаки Кингс“ е среќната игра, која му овозможи да освои 5.533.942 денари. Тимот на Видеолотарија од срце му честита на големата добивка и му посакува радост, исполнети соништа и незаборавни ...

Во текот на вчерашниот ден (23.10.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1065 издадени платни налози, 716 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење. Понатаму, според статистичкиот преглед од полициските активности, евидентирани се 50 прекршоци за неправилно паркирање, 82 мерки ...

Во последниот период, Анима Мунди алармира на серија повторливи и систематски случаи на дислоцирање на цели легла и чопори кучиња во Скопје. Животните, кои често не се познати на локалните заедници, се појавуваат преплашени, дезориентирани и во очигледен стрес, поради што организацијата ја оценува оваа практика како нехумана и опасна. Последниот случај се случи во близина на „Аркадија“, каде осум кучиња беа оставени на улица без контрола и ...

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса во недела најпрвин во западните, а во текот на ноќта и во понеделник претпадне, ќе има врнежи од дожд кои повремено ќе бидат пообилни и поројни со услови за појава на грмежи. Поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен пороен дожд (над 30 l/m²) и засилен ветер се очекуваат во текот на ноќта, особено во западните делови од земјата. Од вторник температурите ќе бидат во опаѓање. Под ...

Денеска (24.10.2025) околу 09:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на скопската обиколница, кај клучка Хиподром, исклучок кон Куманово, товарно возило „мерцедес“ удрило во банкина. Со повреди се здобил возачот, кој е пренесен во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ за укажување на лекарска помош. Поради преземање на мерки за отстранување на возилото од коловозот, сообраќајот во овој дел од автопатот е во прекин, а возилата се ...

Во текот на вчерашниот ден и ноќта, Јавното претпријатие Комунална хигиена-Скопје спроведе активности за собирање и транспорт на комуналниот отпад од контејнерите поставени на повеќе локации во градот. Меѓу нив се булеварот Гоце Делчев до хотел ВИП, булеварите Партизански одреди и Митрополит Теодосиј Гологанов, како и улиците Даме Груев и Џон Кенеди, како и други локации во општина Аеродром. Во рамките на овие активности беа подигнати вкупно 350 ...

Енергетската заедница јасно сигнализира дека времето за подготовка истекува, реформите напредуваат, но ниту една од земјите во регионот, вклучувајќи ја и Македонија, сè уште не ги исполнила условите за изземање на електричната енергија од идниот режим на CBAM. Позитивно е што во 2024 година се забрза растот на обновливите извори, а јглеродната интензивност се намали. Сепак, за евентуално изземање ќе треба да се доврши пазарното поврзување со ЕУ ...

Денеска (24.10.2025) околу 12:00 часот во СВР Штип е пријавено дека на магистралниот пат Македонска Каменица- Делчево, во близина на село Илиово, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „волво“ со приколка со бугарски регистарски ознаки, управувано од В.Х. Г., патничко возило „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од Б.П. и патничко возило „фиат“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано ...

Сметот во Скопје беше една од главните теми во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21 вечерва. Дебатиравме со политикологот Борјан Ѓузелов, со професорот Берат Дехари, а наш соговорник беше и Никола Србов, политички аналитичар. Сите се сложија дека сликата во главниот град не е добра, и дека најмногу страдаат граѓаните поради препукувањата на актуелната градоначалничка Данела Арсовска со ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја продолжи. „Не ми се јасни ...

Политичкиот аналитичар Никола Србов во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, вечерва рече дека влезот на Амар Мециновиќ од Левица во вториот круг за градоначалник на Скопје не е изненадување, и дека тоа се должи на слабоста на СДСМ. „Успехот на Левица и вториот круг во Скопје е поради неуспехот на СДСМ“, рече Србов. На прашање дали очекува дека СДСМ да ги даде гласовите на Левица во вториот круг, Србов додаде: „Според мене би било понижување ...

Политикологот Борјан Ѓузелов во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, истакна дека СДСМ требало да профитира од тоа што на власт во Скопје досега била Данела Арсовска, кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ пред четири години. „И денеска имаме ѓубре по улиците, и за жал СДСМ не успеа доволно добро да најде некој кандидат кој ќе биде пандан на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, и не успеаја да мобилизираат гласови, наспроти тоа Левица излезе со еден ...

Анализирајќи ги резултатите од првиот круг на локални избори, политичкиот аналитичар Никола Србов во „Клик Плус“ потенцира дека апсолутен губитник е АКИ, додека кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ биле според очекувањата. „Кај ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е чиста работата, сите очекуваа ваков резултат на ВМРО-ДПМНЕ, па дури и СДСМ, односно сите од нивниот табор очекуваа ваков непријатен резултат на овие избори. Перцепцијата што се очекувашем а што се доби е во т.н. ...

Професорот Берат Дехари, беше еден од тројцата соговорници во „Клик Плус“ на ТВ21. Заедно со Дехари, разговаравме и со Борјан Ѓузелов и со Никола Србов, за првиот круг од локалните избори. Ниската излезност, кој победи, а кој загуби најмногу, дали ќе има предвремени парламентарни избори, беа само дел од темите со соговорниците. За ниската излезност, професорот Дехари рече дека тоа треба да биде аларм за цела држава. „Во албанските блокови имаше ...

Политичкиот аналитичар Никола Србов, во вечерашното издание на „Клик Плус“ на ТВ21 кажа дека и покрај тоа што конкуренцијата била најголема до сега на едни локални избори, сепак, имало мала излезност. Според него тоа се должи на неколку фактори, меѓу кои и на опозицијата, која, според него, не успеала да поттикне голем дел од граѓанството да излезе на гласање. „Понудата на овие избори беше најголема до сега со независните кандидати, така да не ...

Вечерва во дебатниот магазин „Клик Плус“ на ТВ21, главна тема беше за првиот круг локални избори. Разговаравме со политикологот Борјан Ѓузелов, потоа со професорот Берат Дехари и со политичкиот аналитичар Никола Србов. Првото прашање кое им го поставивме на соговорниците беше на што се должи ниската излезност во првиот круг. Ѓузелов рече дека се должи на три фактори. „Има неколку тези кои може да ги изложиме, најпрво има еден очекуван пад на ...

Шкендија е првата екипа од првенството на Македонија која оствари триумф во групна фаза во едно европско натпреварување. На тетовскиот тим тоа му успеа со вечерашната победа над ирски Шелбург со минимални 1-0, со што ги освои првите три бода во групната фаза во Лигата на Конференции. Првакот во ПМФЛ до триумфот стигна благодарение на автогол во последните мигови од мечот. Претходно гостите од Ирска имаа статива и уште неколку шанси, додека ...

Американските федерални обвинители денес објавија дека поднеле обвиненија во два одделни случаи поврзани со нелегално коцкање против повеќе од 30 лица, вклучувајќи сегашни и поранешни играчи и тренери на НБА. Меѓу уапсените и осомничените за вмешаност во една од шемите се бекот на Мајами Хит, Тери Розиер, тренерот на Портланд Треил Блејзерс, Чонси Билапс и поранешниот играч на НБА, Дејмон Џонс. Директорот на ФБИ, Кеш Пател, на прес-конференција ...

Десетици граѓани од Чашка дојдоа пред зградата на ДИК во Скопје. Со нив беше и победникот на изборите за оваа општина, Суат Шаќири, од редовите на НАИ. Тие изјавија дека дошле да ги одбранат своите гласови, за кои имало пет жалби од ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, чијшто кандидати ги загубија изборите. Додека надвор стоеја жителите на Чашка, внатре, на седницата на ДИК, жалбите беа одбиени како неосновани. „Во записникот можете и самите да видите дека нема ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека Израел ќе ја изгуби „целата поддршка“ од САД ако се обиде да продолжи со анексијата на окупираниот Западен Брег. „Тоа нема да се случи. Нема да се случи. Нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. А тоа сега не можете да го направите. Имавме голема арапска поддршка. Нема да се случи затоа што им дадов збор на арапските земји. Нема да се случи. Израел ќе ја изгуби целата ...

weather icon

Белград

9ᴼ / 8ᴼ
7.2
70%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.03
71%
1014
weather icon

Сараево

5ᴼ / 5ᴼ
4.67
91%
1017
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.54
97%
1016
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
1.03
78%
1005
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
87%
1006
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
1.54
88%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.77
86%
1017
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 8ᴼ
0.51
94%
1016
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 17ᴼ
4.12
55%
1010
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Рутениум

29192.88

Никел

473339.37

Платина

52952.77

Калај

40.48

Злато

135056.24

Иридиум

145787.60

Паладиум

46425.68

Сребро

1878.05

Кобалт

58.42

Родиум

255598.44

Цинк

3.23

Бакар

10.95