Серија на земјотреси ноќеска се случиле на тлото на Средна и на Јужна Америка. Првиот земјотрес беше во Аргентина, во провинцијата Ла Риоха со јачина од 5,7 степени. Епицентарот се наоѓал приближно 188 километри северозападно од градот Сан Луис, дом на околу 183.000 жители. Шест минути подоцна се случил моќен земјотрес во Костарика, во провинцијата Сан Хозе со јачина од 5,9 степени. Според Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), ...

Подготовките за мировниот самит меѓу претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, и претседателот на Русија, Владимир Путин, во Будимпешта сè уште се во тек, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан. На својот Фејсбук профил, Орбан напиша дека унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто моментално е во Вашингтон и дека разговорите продолжуваат, иако датумот за средбата сè уште не е одреден, објави Ројтерс. „Самитот ќе ...

Американскиот претседател Доналд Трамп, потврди дека во блиска иднина ќе нема самит со претседателот на Русија Владимир Путин, по најавите дека лидерите на САД и на Русија ќе се сретнат во Будимпешта. Трамп кажал дека „не сака уште еден пропаднат состанок“, и дека клучна пречка останува одбивањето на Русија да ги прекине борбите на линијата на фронтот. „Не сакам уште еден пропаднат состанок и не сакам да губиме залудно време“, рече Трамп. Висок ...

Перуанскиот претседател Хозе Хaри прогласи вонредна состојба во Лима во траење од 30 дена, во обид да го запре бранот насилство што ја тресе земјата и придонесува за социјални немири, соопшти денес владата на земјата. Во телевизиско обраќање, Хари објави дека вонредната состојба ќе вклучува евентуално распоредување на војската за поддршка на полицијата, како и ограничување на одредени уставни права, вклучително и слободата на собирање и движење, ...

Силен земјотрес со јачина од 4,7 степени според Рихтеровата скала се случи ноќеска на границата меѓу Турција и Грција, во близината на Фетије, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот бил почувствуван на грчкиот остров Родос. Како што е наведено, епицентарот на земјотресот бил на отворено море, на длабочина од 30 километри, североисточно од Родос. Според исказите на очевидци објавени на веб-страницата на EMSC, земјотресот ...

Овен (21. 3 – 20. 4) Враќањето на Нептун во Риби, знак со кој оваа планета владее, ја поттикнува вашата креативност и носи успех на уметниците. Можно е да имате семејни проблеми и расправии со партнерот околу финансии. Постојат и склоности кон повреди, несоница и интроспекција. Бик (21. 4 – 21. 5) Враќањето на Нептун во 11-тата куќа ве враќа кон некој стар план, идеја или пријателство. Акцентираната седма куќа носи тензии со саканата личност, но ...

Штетата од кражбата на скапоцени камења од Лувр минатиот викенд изнесува околу 88 милиони евра, изјави денеска париската обвинителка Лор Беко. „Тоа е исклучително спектакуларна сума, но не може да се изрази колкава е историската штета“, рече Беко, пренесува Фигаро. Таа оцени дека крадците веројатно нема да заработат тие 88 милиони евра, особено ако дојдат на „исклучително глупа идеја“ да го преработат накитот. „Можеме да се надеваме дека ќе ...

Американските акции пораснаа на отворањето денес, поттикнати од добрите извештаи за профит од компании како што се Кока-Кола и 3М. Вредноста на берзанскиот индекс Дау Џонс се зголеми за околу 401 поен, или за 0,7 проценти, S&P 500 за 0,1 процент, како и Nasdaq, објави CNN (CNBC). Кока-Кола и 3М го предводеа патот, зголемувајќи се за три проценти и пет проценти, соодветно, откако нивните најнови извештаи ги надминаа проценките на акциите. ...

Управата за финансиска полиција, по наредби и насоки на Основното јавно обвинителство Прилеп, денеска спроведува акција во прилепската Општа болница поради наводи за злоупотреби во работењето. Според првичните информации, истрагата опфаќа повеќе лица, вклучително и поранешната директорка и други раководни лица, а се сомнева на злоупотреби со јавни набавки во вредност од околу 800.000 евра, дознава ТВ21. Шест лица се приведени во полициска ...

По наредба на Основното јавно обвинителство Прилеп, Управата за финансиска полиција започна постапка поврзана со наводи за злоупотреби во работата на прилепската болница. Од Обвинителството информираат дека дејствијата се во тек, а повеќе детали ќе бидат објавени утре. Се очекува дека активностите ќе ги вклучуваат преглед на документација и други мерки кои ќе помогнат да се утврди евентуалната одговорност на лицата поврзани со овие наводи. ...

Според сите извештаи, најавениот состанок Трамп-Путин, кој требаше да се одржи во Будимпешта следната недела, пропадна. Барем кога станува збор за блиска иднина. Имено, висок функционер на Белата куќа изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот претседател Владимир Путин немаат планови за средба „во блиска иднина“, пренесува Ројтерс. Оваа изјава доаѓа само неколку дена откако Трамп предложи нов самит со рускиот лидер. Дописникот ...

Авион на „Американ ерлајнс“, управуван од регионалниот авиопревозник „СкајВест ерлајнс“, беше принуден да изврши итно слетување во Небраска доцна во вторникот откако пилотите не можеа да стапат во контакт со екипажот и слушнаа тропање на вратата од пилотската кабина, соопшти Федералната администрација за воздухопловство (FAA). Летот 6469 полетал од аеродромот Епли во Омаха во 18:41 часот по локално време, со дестинација Лос Анџелес. Но, речиси ...

Денес времето во земјава беше променливо облачно со сончеви периоди, а во некои подрачја дуваше слаб до умерен ветер од јужен правец. Во Штип ветерот достигнуваше брзина до 50 километри на час. Според податоците од метеоролошките станици, највисоката дневна температура е измерена во Скопје-Петровец со 21 степен, додека најниската е забележана на Попова Шапка – 7 степени. Во останатите градови температурите се движеа од 12 степени во Лазарополе и ...

Страшна семејна трагедија ја погоди денеска Бугарија, откако се случило тројно убиство во селото Љулјаково во општина Руан на југоистокот на земјата. 25-годишен маж убил тројца членови на своето семејство, при што потоа ја запалил куќата. Неговиот седумгодишен брат, успеал во последен момент да избега, иако бил ранет, сепак, успеал да се спаси и да ја извести полицијата. Како што објавува бугарскиот портал „Нова“, несреќата се случила околу ...

Во Гостивар недостигаа само 21 глас за изборите да бидат успешни во неделата и кандидатот на коалицијата НАИ, Валбон Лимани, да ја слави победата уште во првиот круг од локалните избори. Лимани изјави дека работат на утврдување дали имало законски прекршоци во некое избирачко место, со цел да поднесат жалба до Државната изборна комисија (ДИК) за повторување на гласањето. -Според Државната изборна комисија, не е постигнат цензусот во општина ...

Украинскиот парламент одобри 90-дневно продолжување на воената состојба и општата мобилизација, што значи дека сега ќе трае до почетокот на февруари, соопшти парламентарната прес-служба. Продолжувањата, предложени од претседателот Володимир Зеленски, беа одобрени со двотретинско мнозинство. Воената состојба истекува на 5 ноември. Воената состојба и мобилизацијата за прв пат беа воведени 30 дена по руската инвазија во февруари 2022 година и ...

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, изјави дека им рекол на земјите од регионот и на Израел „сè уште не“ кога му понудиле да влезе во Појасот Газа „со силни сили“ за да се справи со Хамас. Трамп напиша на мрежата „Truth Social“ дека бројни сојузници на Блискиот Исток „експлицитно и насилно“ ја изразиле својата подготвеност, на негово барање, да влезат во Газа и да го „соборат Хамас“ ако групата продолжи да го „крши ...

Покрај ќесите со отпадоци, на ова место се фрлени и душеци и килими. „Вака изгледа состојбата на улицата „Џон Кенеди“, токму спроти училиштето „Васил Главинов“. Како што можете да видите, граѓаните не само што не можат да поминат по тротоарот, туку ѓубрето излегло и на главната улица.“, вели репортерката на ТВ21. Бидејќи не можат да поминат на овој дел од улицата, граѓаните и децата кои одат на училиште се изложени на ризик од автомобилите. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес изјави дека примирјето во Газа е сè уште „многу кревко“ и повика на повторно отворање на влезните точки на територијата, бидејќи станува збор за „апсолутна вонредна состојба“ и целта е да се овозможи влез на хуманитарна помош. „Ситуацијата е сè уште многу кревка и ние го знаеме тоа. Важно е Хамас целосно да ги почитува обврските што ги презеде и притисокот да продолжи да гарантира целосно почитување ...

Според аналитичарот Имер Селмани, резултатите од првиот круг на локалните избори во албанскиот политички блок не биле целосно очекувани, бидејќи се предвидувало ист број на општини. Селмани очекува во вториот круг владејачката коалиција да освои околу 85% од општините. Според него, разликата меѓу НАИ и ВЛЕН ќе биде помала само во бројот на советници. „Некаде над 80%, можеби и 85% од општините ќе ги освои владејачката коалиција, што значи ...

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и предложи мерка притвор против едно лице осомничено за кривично дело – Предизвикување општа оапсност по член 288 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 16 октомври, на улицата „Народни херои“ во Скопје, со бензин предизвикал пожар на паркиран автомобил во сопственост на друго лице. Бензинот го носел во пластично шише, го полеал автомобилот и го запалил, а со тоа предизвикал значителна ...

Во врска со проблемот со собирање и транспортирање на комуналниот отпад на територијата на Град Скопје, Владата на денешната седница ги донесе следните заклучоци: Се задолжуваат Државниот комунален инспекторат, Државниот инспекторат за животна средина, Државниот санитарен и здравствен инспекторат и Институтот за јавно здравје, во соработка со Министерството за внатрешни работи, согласно своите законски надлежности, веднаш да отпочнат со ...

Во 43 општини е избран градоначалник и со тоа таму гласањето уште во првиот круг е завршено, додека во 33 општини ќе има втор круг за две недели, односно гласањето ќе се одржи на 2 ноември. Ова го соопштија од Државната изборна комисија од каде велат дека на тие избори ќе се соочат двајцата кандидати за градоначалници кои добија најголем број гласови во првиот круг. Но она што треба да се знае е дека по завршувањето на вториот круг изборите нема ...

Министерството за здравство информира дека за вакцинација против сезонски грип се пријавени околу 60 илјади граѓани, а досега се вакцинирани над 8 илјади лица. Вакцинацијата се спроведува на вкупно 35 вакцинални пункта низ државата, од кои пет се во Скопје. Сите заинтересирани граѓани можат да се пријават преку апликацијата vakcinacija.mk или преку матичниот лекар. Со бесплатната вакцинација се опфатени ризичните категории население, како што ...

Основниот кривичен суд му го продолжи притворот на поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, за уште еден месец. Неговиот адвокат Боби Спирковски најави жалба до Апелациониот суд, посочувајќи дека притворот е неоправдан и дека обвинението се темели на „вештачки конструирани“ дела. Спирковски истакна дека одбраната приложила нови докази кои, според него, покажуваат дека нема штета ниту основ за тешки обвиненија, и дека ...

Македонија се наоѓа на праг на нова индустриска трансформација. Бизнис Акцелератор УКИМ, во име на ЕИТ заедницата во С. Македонија, започна иницијатива за 2025 година со цел да ја зајакне циркуларната економија во земјата преку поврзување на индустријата, академската заедница и креаторите на политики, како и да им помогне на компаниите да обезбедат пристап до европски и национални фондови и програми за поддршка. Во соработка со водечки ...

На 20.10.2025 во 09:20 часот во ОВР Гостивар е пријавено дека на регионалниот пат Гостивар-с.Србиново, на влез за с.Лакавица, патничко возило „даеву ланчија“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Т.Ф.(69) од с.Беловиште, гостиварско, излетало од патот. Од здобиените повреди на местото починал возачот Т.Ф., а смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Гостивар во содејство со јавен ...

Во тек на минатата недела на Клиниката за неврохирургија првпат се изведе операција на мозок со помош на системот за стереотаксија (framed stereotactic brain biopsy). -Испишуваме ново поглавје во неврохирургијата. Големо е задоволството кога имаме развој во јавните здравствени установи, преку воведување нови методи. Станува збор за минимално инвазивна постапка која се изведува со помош на рамка што се поставува врз главата на пациентот. Потоа, ...

Основното јавно обвинителство Битола, по спроведена претходна постапка, до надлежниот суд поднесе Обвинителен предлог против службено лице – поранешна директорка на Државниот ученички дом „Мирка Гинова“, која е обвинета за продолжени кривични дела Злоупотреба на службената положба и овластување и Фалсификување исправа, како и две кривични дела предвидени во Законот за трансформација во редовен работен однос. Со продолжените злоупотреби на ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, се обрати на панелот посветен на вештачка интелигенција и иновации во рамки на министерскиот состанок за земјите од Западен Балкан, организиран од Европската комисија и еврокомесарката Екатерина Захариева. Во своето обраќање, министерот Андоновски порача дека Македонија го трансформира пристапот кон иновациите, од фрагментиран систем во интегриран, ефективен и европски усогласен модел. ...

weather icon

Белград

10ᴼ / 9ᴼ
7.2
67%
1015
weather icon

Загреб

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1015
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
1.54
70%
1014
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
4.39
92%
1016
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
94%
1015
weather icon

Атина

19ᴼ / 17ᴼ
1.03
63%
1004
weather icon

Тирана

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
76%
1006
weather icon

Подгорица

15ᴼ / 15ᴼ
2.06
72%
1008
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
9.26
86%
1017
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
1.79
88%
1015
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 18ᴼ
3.6
45%
1009
weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
2.57
76%
1010
Currency

61.6238

Currency

52.9069

Currency

70.6047

Currency

35.1461

Currency

38.2593

Currency

65.7014

Currency

7.48319

Currency

0.6928

Currency

0.34051

Currency

0.52462

Currency

1.24411

Currency

0.58801

Цинк

3.23

Никел

473339.37

Иридиум

145787.60

Алуминиум

2.91

Родиум

255598.44

Кобалт

58.42

Злато

135056.24

Платина

52952.77

Бакар

10.95

Сребро

1878.05

Калај

40.48

Рутениум

29192.88