Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Поранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, која ги загуби претседателските избори од Доналд Трамп, изјави за Би-Би-Си дека би можела повторно да се кандидира за Белата куќа во 2028 година. Камала Харис во интервју за Би-Би-Си изјави дека е можно еден ден да биде претседател и дека е уверена дека во иднина ќе има жена во Белата куќа. Таа ги отфрли анкетите дека е аутсајдер кога станува збор за избор на следниот демократски претседателски ...
Северна Кореја ги заобиколува санкциите на ОН со користење на криптовалути за трговија со стоки и оружје, додека испраќа ИТ работници во странство за перење пари и генерирање приходи. Под Ким Џонг-ун, Пјонгјанг ги засили сајбер нападите, начин земјата, која е под повеќекратни меѓународни санкции поради нејзините забранети воени програми, да собира странска валута. Тимот за мониторинг на мултилатералните санкции (MSMT), кој го следи ...
Три лица, вклучувајќи и еден болничар, беа убиени во руските ракетни напади врз Украина во текот на ноќта, соопштија украинските власти, додавајќи дека 17 се повредени. „Еден болничар е убиен, а друг е повреден по повторен ракетен оган врз населбата Петропавливска во регионот Дњепропетровск“, во централно-источна Украина, соопшти Министерството за внатрешни работи на социјалните медиуми. Во регионот, една жена е убиена, а седум лица се ...
Кина и САД денес започнаа нови трговски разговори во Куала Лумпур, во обид да најдат решение за царинската војна меѓу двете најголеми економии во светот. АФП од лице место објави дека кинескиот потпретседател Хе Лифенг пристигнал во кулата Мердека 118, вториот највисок облакодер во светот, каде што се одржуваат разговорите. Американската делегација пристигнала низ посебен влез, подалеку од видното поле на камерите. „Кинеската и американската ...
Воздушните операции на двата најголеми аеродроми во Литванија беа прекинати неколку часа доцна синоќа поради присуството на метеоролошки балони за кои се верува дека доаѓаат од Белорусија, но воздушниот сообраќај беше обновен преку ноќ. Аеродромите во главниот град Вилнус и вториот по големина град во земјата, Каунас, беа погодени, соопшти Министерството за транспорт на Вилнус и операторите на аеродроми. Балоните најчесто ги користат шверцерите ...
Сопственикот на германската компанија „Бокер Машиненверке“, која го произведе механичкиот лифт што го користеа крадците за време на грабежот во Лувр, Александар Бокер, го искористи настанот за рекламирање. „Кога работите треба да се завршат брзо“, гласи слоганот на рекламата напишана покрај фотографија од механички лифт за транспорт на мебел паркиран пред Лувр, што Александар Бокер ја објави на социјалните мрежи како реклама за неговата ...
Од Коалицијата Влен велат дека шокирани, но не и изненадени, го слушале лидерот на ДУИ, Али Ахмети како „повторно избувнува со банален, навредлив и недостоен јазик за човек кој некогаш тврдеше дека ги претставува Албанците“. „Од „загарите“ до „газиместан“, овој срамен јазик е најјасен доказ за губењето на контролата, паниката и политичкиот крај на човек кој 20 години го третираше својот народ како приватна сопственост. Ахмети денес повеќе не ...
Со поместување на часовниците за еден час назад, од 3 часот на 2 часот наутро, вечерва од сабота кон недела, започнува зимското сметање на времето. Според владината одлука, летното сметање на времето ќе заврши утре (недела), на 26 октомври 2025 година. ЕУ не може да ги прекине промените на часовникот од 2018 година. Тие наведуваат неколку студии кои покажаа дека промената на часовниците напролет и наесен негативно влијае на економијата и ...
Тајландската кралица мајка Сирикит, која донесе гламур и елеганција во оживувањето на монархијата по Втората светска војна и која повремено се мешаше во политиката во подоцнежните години, почина на 93-годишна возраст, соопшти кралското семејство во саботата. Сирикит не се појави во јавноста откако доживеа мозочен удар во 2012 година. Таа беше хоспитализирана од 2019 година поради голем број болести, соопшти палатата, пред да развие инфекција на ...
Утрово се измерени 0 степени во Берово, додека пак веднаш следува и Лазарополе со 1 степен. 2 степени има на Попова Шапка, 3 во Маврови Анови, Крива Паланка, 4 во Скопје–Петровец, Струмица, 5 во Битола, Крушево, Тетово, Прилеп, Куманово, Штип, Демир Капија, Велес, 6 во Скопје–Зајчев Рид, 7 во Кавадарци, 8 во Претор, 9 во Виница, Гевгелија. Сончево со умерена облачност, а во западните делови променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до ...
Овен Средината на викендот ве соочува со прашања што сте ги одложувале. Емоционалниот интензитет е висок, но не доаѓа да ве загрижи – доаѓа да ве ослободи. Разговорот со сакана личност може да открие перспектива што не сте ја виделе. Не бегајте од непријатностите, бидејќи таму лежи клучот. Финансиското прашање бара внимание, но не брзајте со донесување одлуки. Вечерта е за одмор и љубов. Бик Саботата ви носи желба за промена, но не драматична – ...
Променливо облачно и релативно топло со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат поројни со услови за појава на грмежи. Ќе дува засилен до силен ветер од југозападен правец (над 70 km/h). Максималната температура ќе биде во интервал од 19 до 25 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремен дожд, локално пороен. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од јужен правец. Максималната ...
Инфлацијата во Соединетите Американски Држави малку се забрза во септември, при што цените на бензинот паднаа малку помалку, објави денес Министерството за труд. Потрошувачките цени беа за 3,0 проценти повисоки во септември отколку во истиот месец минатата година, пресмета Министерството, сигнализирајќи ја највисоката годишна стапка на инфлација од почетокот на годината. Во август, цените беа за 2,9 проценти повисоки на годишна основа, по ...
Шефилд Венздеј, еден од најстарите клубови во Англија и член на Чемпионшип, е ставен во стечај, изјави во петок судски извор. Одлуката автоматски резултира со одземање на 12 бода од клубот од Шефилд, кој беше 21-ви во лигата и сега е убедливо последен со -6 бода, 15 бода помалку од местото што носи спас од испаѓање. Барањето за назначување стечаен управник во случајот е поднесено во Судот за банкрот и трговски друштва, специјализиран суд на ...
Бројот на случаи на птичји грип во Германија нагло се зголеми во последните две недели, изјави денес министерот за земјоделство Алојз Рајнер, предлагајќи зголемени заштитни мерки за спречување на ширењето на вирусот. „Моментално имаме многу епидемии, како кај дивите птици, така и на живинарските фарми“, рече Рајнер, истакнувајќи дека ова не е невообичаено за овој период од годината, но „брзото ширење на инфекцијата во последните 14 дена покажува ...
Британскиот премиер Кир Стармер во средата повика на „да се направи повеќе“ за зајакнување на капацитетите за удари со долг дострел на Украина, за време на состанокот со украинскиот претседател Володимир Зеленски, пред состанокот на сојузниците на Украина. „Мислам дека можеме да направиме повеќе по прашањето на капацитетите, особено капацитетите со долг дострел“, рече Кир Стармер пред состанокот на таканаречената „коалиција на добронамерните“, ...
„Апсолутно не е пораз! На 2 ноември играта почнува 0-0“. Националната алијанса за интеграција на локалните избори освои над 114 илјади гласови и 159 советници на државно ниво, и е победник во споредба со ВЛЕН, која освои над 91 илјада гласови и 122 советници. Ова го изјави лидерот на интегративците, Али Ахмети, по денешната седница на Централното претседателство, каде што беа разгледани резултатите од локалните избори. Тој оцени дека и овојпат ...
Европската комисија утврди дека американскиот технолошки гигант Мета и кинеската платформа ТикТок ги прекршиле своите обврски да им обезбедат на истражувачите соодветен пристап до јавни податоци според Законот за дигитални услуги, додека на корисниците на Инстаграм и Фејсбук не им е обезбеден едноставен механизам за пријавување на нелегална содржина. Комисијата денес изјави дека прелиминарните наоди покажуваат дека Фејсбук, Инстаграм и ТикТок ...
Американскиот претседател Доналд Трамп го помилува основачот на најголемата светска берза за криптовалути „Бинанс“, Чангпенг Жао, познат по иницијалите ЦЗ, кој пред две години се изјасни за виновен за обвинението за перење пари додека беше извршен директор на берзата. Трамп објасни дека ја донел одлуката по препорака на „многу почитувани поединци“ и дека верува дека Чангпенг Жао не е виновен за други обвиненија, и додаде дека помилувањето не е ...
НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 2.505.628 илјади МКД и забележа значителен раст на кредитното портфолио и раст на вкупните депозити. Овие позитивни финансиски индикатори се резултат на засилената деловна активност и позицијата на НЛБ Банка како доверлив партнер за ...
По преземени мерки и активности во координација со Одделот за криминалистичка полиција при БЈБ, СВР Битола до Основното јавно обвинителство Битола поднесе кривична пријава против Б.А.(53) од Битола поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „измама“. Имено, на 23.10.2025 пријавениот со уште едно лице во три наврати и со лажно прикажување или со прикривање факти измамиле 88-годишна битолчанка и 67-годишен битолчанец и се обиделе ...
На 23.10.2025 во Неготино, полициски службеници од ОВР Неготино го лишија од слобода Б.П.(38) од Неготино. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, откриена е импровизирана лабораторија за производство на дрога и психотропни супстанци во која биле пронајдени и одземени над 120 грама амфетамин спакувани во повеќе различни пакувања, марихуана, како и предмети со остатоци од масло од хашиш. Лицето е задржано во полициска станица и во ...
Утре (25.10.2025), со почеток во 11:00 часот во Градскиот парк во Скопје, ќе се одржи петтото издание на „SKOPJE AIR FAIR 2025“ – настан посветен на промоција и популаризација на воздухопловството во Република Северна Македонија, во организација на Здружението за подобро воздухопловство „Авикон“. На настанот, покрај бројни воздухопловни институции, компании и организации, ќе учествува и Одделот за воздухопловни единици при Министерството за ...
Управниот одбор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје со допис до јавноста предупредува на, како што велат, „крајно алармантна состојба“ во работењето на претпријатието, која сериозно го намалува капацитетот за собирање и транспорт на отпадот во главниот град. Во дописот стои дека Управниот одбор во текот на изминатите четири години навремено ги изгласувал сите планови и програми предложени од директорите, меѓу кои и Плановите за ...
Компанијата за присилна наплата „ЦИОС – група“ тврди дека „Македонски железници – Транспорт“ имаат долг кој од 3,85 милиони евра пораснал на повеќе од 25 милиони евра заклучно со крајот на 2023. Побарувањето, велат од ЦИОС, е гарантирано со државна гаранција врз основа на договорите во рамки на Меѓународната железничка унија од 2004 година. „ЦИОС“ за долгот бара вонсудско порамнување. „Основниот долг, во износ од околу 3,85 милиони евра, до ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на Berlin Global Dialogue 2025, еден од највлијателните глобални форуми што ги обединува државниците, визионерите и економските лидери кои ја обликуваат иднината. Оваа година, форумот се одржува под мотото „Shifting Power, Shaping Prosperity“, со фокус на тоа како новата мултиполарна реалност може да создаде стабилен и одржлив глобален развој. Министерката ...
И натаму хаос со ѓубрето по улиците и тротоарите. Веќе неколку дена Скопје се наоѓа во ваква состојба. Во близина на исчистените контејнери се гледаат и фрлени автомобилски гуми. -Местото овде на улицата „Џон Кенеди“ спроти училиштето „Васил Главинов“ е исчистено, каде што пред неколку дена известивме дека граѓаните не можеа да поминат од ѓубрето, но на неколку други локации сè уште не е исчистено, вели репортерката на ТВ21, Фазиле Халили. Освен ...
Од 1-ви јануари следната година македонските компании кои извезуваат производи на пазарот на Европската унија ќе бидат на удар. Ниската цена нема да биде главниот адут за конкурентноста на македонските производи. Европската унија воведе такса за декарбонизација, односно ќе се плаќа дополнителна сума на пари за производ во чие производство била користена енергија која загадува. Но, проблемот за македонските компании е тоа што користат електрична ...
По завршувањето на вчерашната седница на ДИК, на која беа отфрлени сите 57 приговори поднесени за првиот круг на локалните избори, започна да тече законскиот рок од 24 часа за незадоволните страни да побараат правда во втора инстанца преку тужби до Управниот суд. Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека сите приговори се разгледани во законскиот рок и дека Комисијата ќе чека одлука од судот, по што повторно ќе заседава доколку има основ ...
Првиот круг на локалните избори помина, но што може да се очекува од вториот круг кој на 2 ноември треба да се одржи во 33 општини, ова беше темата на која се дебатираше во магазинот Клик плус на Тв21. Беше ли изненадување резултат на ВРЕДИ? Според професорот Берат Дехари, она што го постигнаа тие се должи на соработката со владиниот партнер ВМРО-ДПМНЕ. -Очигледно и кристално јасно е дека нормално функционира ВМРО со ВРЕДИ и во централна власт и ...