Белград
9ᴼ /
8ᴼ
Во Градската болницата „8- ми Септември “ во Скопјe беше промовирана комора за третман под висок притисок, која се очекува наскоро да биде ставена во функција за пациенти со изгореници, хронични рани и рани кои тешко заздравуваат од дијабетес, но и од други болести, што недостасуваше во јавната медицина. Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека овој проект е плод на соработка меѓу приватниот и јавниот сектор. „Длабоко веруваме дека ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против две лица, кои се осомничени дека како соизвршители учествувале во извршувањето на кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Осомничените, на 10 октомври, заедно со други засега непознати лица, влегле во златарница во Гостивар и со сила и закана со огнено оружје одзеле 18 килограми злато. Двајцата ...
Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека се сретнал со Билал Касами од ВЛЕН, нагласувајќи дека односите меѓу коалициските партнери остануваат стабилни. „Да, се сретнав со Билал Касами, разговаравме и мислам дека тој веќе почна да ги испраќа вистинските пораки што му доликуваат на градоначалник на мултиетничка општина како Тетово.“, порача Христијан Мицкоски. Мицкоски ги нарече шпекулации написите на порталите за наводна соработка со поранешниот ...
Министерката за образование Весна Јаневска потенцираше дека иднината на државата зависи од квалитетот на високото образование и побара заеднички ангажман за негово подобрување. На Првиот годишен форум за квалитет во високото образование, таа истакна дека владата го зголемила буџетот за наука и овозможила бесплатен пристап до базите „Web of Science“ и „Scopus“. Јаневска најави и реформа на Агенцијата за квалитет во високото образование и ...
Силен земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтер го погоди денеска подрачјето источно од Гвадалупе, во регионот на Мали Антили. „Доста долг и интернзивен потрес. Седев на столче, и ми се чинеше дека трае бескрајно“, напиша еден од сведоците на земјотресот на страницата на Евромедитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ). „Звучеше како мотор на хеликоптер во позадина, а тресењето беше помеѓу 20 и 30 секунди“, напиша друг. Според сеизмолошките ...
Обилните врнежи од дожд ги направија нефункционални двата извора кои го снабдуваат Тетово со вода, вклучувајќи го, за првпат, и изворот од Попова Шапка. Властите предупредуваат дека водата не треба да се користи за пиење без претходно да се преврие, бидејќи микробиолошките анализи сè уште не се готови. „Ова што се случи, никогаш досега не се случило — за првпат имаме матна вода од изворот што доаѓа од Попова Шапка. Имавме матна вода и од ...
Во просториите на Општина Берово денеска се одржа официјалното примопредавање на функцијата градоначалник помеѓу досегашниот прв човек на општината Звонко Пекевски и новоизбраниот градоначалник Петар Ружински. Со потпишување на записниците за примопредавање, Ружински и официјално ја презеде одговорноста за управување со Берово, нагласувајќи дека ќе работи со посветеност, транспарентност и визија за подобар живот на граѓаните. „Овој чин не е само ...
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска одговори во врска со шпекулациите објавени на одредени портали за наводна коалиција со Рамиз Мерко. Тој вели дека се апсолутни неточни. „Тоа се портали кои, претпоставувам, се финансирани од еден ист центар, којшто сега е разочаран бидејќи Рамиз Мерко не ги поддржува ДУИ во вториот круг. Претпоставувам сега за да најдат противтежа, како да направат сензација за да ја потонат таа ...
Горивата од вечерва на полноќ ќе бидат со нови, повисоки цени, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Цената на ЕУРОСУПЕР 95 се зголемува за 0,5 денари, и од утре ќе изнесува 73,5 денари по литар. Цената на ЕУРОСУПЕР 98+ од утре ќе изнесува 75,5 денари, што е повисока за половина денар. ЕУРОДИЗЕЛ се зголемува за 1 денар, и од утре ќе се продава по 68 денари за литар. За 1 денар се зголемува и цената на екстра лесното масло за домаќинство, ...
Од ВЛЕН денеска преку соопштение велат дека по секој пораз доаѓа нервоза, а тоа најдобро се видело кај лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Симнат од тронот, излезе да ги навреди Албанците. Почна со „загари“, заврши со „Газиместан“. Ова е вистинскиот Али Ахмети без филтерот на пропагандата и без телепромптерот на Груби. Победите на ВЛЕН во Чаир, Сарај, Арачиново, Желино и Теарце, како и водството во Тетово, Боговиње, Дебар, Струга, Брвеница и Долнени, ...
Украинскиот претседател Володомир Зеленски за „Аксиос“ изјави дека новите американски санкции кон Русија ќе предизвикаат сериозна штета на руската воена машинерија, но и дека дополнително на Украина и се потребни ракети со долг дострел,со цел да го натера Путин да се согласи на мир. „Претседателот Трамп е загрижен за ескалација. Но, ако нема преговори ескалацијата ќе се случи секако. Ако Путин не запре, мора да биде сопрен со нешто. Санкциите се ...
На 26.10.2025 во 17:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Бит Пазар во Скопје, по претходна расправија во врска со случена сообраќајна несреќа, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Б.(21) од Скопје и друго машко лице, кое употребило остар предмет и му нанело повреда на Б.Б.. Другото лице заминало од местото, но набргу се вратило и испукало неколку истрели од огнено оружје и не повредило никој. Се ...
Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција – Специјализирано одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција поднесе кривична пријава против А.Б., на работно место „самостоен инспектор“ во Одделот за сузбивање на организиран и ...
По санкциите од САД и ЕУ кон Русија, Македонија не треба да стравува од енергетска криза во државава. Ова на прес конференција го истакна премиерот Христијан Мицкоски кој порача дека Владата е подготвена и работи тоа да не се случи. „Не, нема да има, подготвени сме, ние ова одамна го антиципиравме и заедно работиме со дел од портфолијата во рамки на Владата за да не се случи тоа. Знаете имаше и ремонтни активности на гасоводот што ги потпишала ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денес изјави дека ја отфрла можноста за кандидатура за потпретседател на САД во 2028 година, пристап што некои од неговите поддржувачи го предложија за да го заобиколат републиканскиот претседател за уште еден мандат. „Можев да го направам тоа“, им рече Трамп на новинарите во авионот „Ер Форс Уан“. „Не би го направил тоа. Мислам дека е премногу паметно. Да, би го исклучил затоа што е премногу паметно. Не ...
По инцидентот што ја потресе населбата Забјело во Подгорица пред две ноќи, црногорската полиција приведе десетици странски државјани и спроведе низа проверки, додека двајца мажи од Азербејџан и Турција беа уапсени под сомнение за учество во насилството. Во меѓувреме, беше демолиран и еден бар во сопственост на Турци. Како што соопшти Управата на полицијата, уапсени се државјанинот на Азербејџан Ј.Г. (31) и државјанинот на Турција Н.Д. (54), кои ...
Народната банка и Централната банка на Холандија, по шеснаесетти пат, ја организираат Конференцијата за плаќањата и пазарната инфраструктура, продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите и предизвиците во областа на платежните услуги. На годинашната конференција, под наслов „Преповрзување на плаќањата за дигиталната ера“, којашто ќе се одржи на 28 и 29 октомври во Охрид, ќе учествуваат домашни и странски ...
На 65-годишна возраст, по кратко боледување, почина Коста Јаневски, филмски работник и еден од сопствениците и основачите на радио Антена 5. Учествуваше во основањето, техничкиот развој и креирањето на програмата, а ја извршуваше функцијата Технички директор во Антена 5 од 1994 година. Работеше на техничката и програмска реализација на сите домашни и меѓународни музички и културни настани пренесувани на програмата на Антена 5: Британските ...
Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ги потсетува радиодифузерите дека денеска е крајниот рок за објавување резултати од испитувањето на јавното мислење за вториот круг од Локалните избори 2025 година. Согласно Изборниот законик, анкетите на јавното мислење поврзани со учесниците во изборниот процес може да се објавуваат најдоцна пет дена пред датумот определен за одржување на изборите за вториот круг на гласање, односно најдоцна ...
Неколку хумани граѓани веќе се одзваа на повикот објавен на ТВ21.мк и со нивната поддршка семејството Младеновски од Скопје успеа да обезбеди шпорет и околу 2 кубни метри дрва. Благодарение на нивната добрина, ова семејство барем засега ќе има топол дом во студените денови што следуваат. Но битката за живот и здравје на Дивна Младеновска и нејзиниот син продолжува. Тие живеат во стара, распадната куќа без струја, во услови што сведочат за крајна ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави во понеделник дека е подготвен да се сретне со севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун за време на неговата претстојна посета на Јужна Кореја, доколку Ким го сака тоа, пишува „Анадолу“. „Би бил среќен да се сретнам со него ако сака. Се сложувавме одлично. Ако сака да разговара, ќе бидам во Јужна Кореја“, им рече Трамп на новинарите во „Ер Форс Уан“ за време на летот од Малезија до Јапонија, како дел од ...
Новите 5 авионски линии на Визер – Бари, Стокхолм, Мадрид, Ларнака и Базел почнуваат од Меѓународниот Аеродром Скопје и од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид, денеска, 27 октомври и утре, 28 октомври, соопштуваат од ТАВ Македонија. „Многу сум среќен што денеска, на почетокот на зимската сезона, пет нови авиолинии почнуваат од двата аеродроми, во Скопје и Охрид. Секако со поддршка на Владата и благодарение на посветеноста на Виз ер. Сигурен сум ...
Покрај тоа што беше најладното место утрово со три степени целзиусови, Попова Шапка беше местото каде што наврна најмногу дожд на метар квадратен, соопштуваат од УХМР. На Попова Шапка наврнаа 86 литри на метар квадратен, што е многу повеќе од вториот град на овој список Крива Паланка, каде наврнаа 57 литри. Во Маврово наврнаа 55 литри на метар квадратен. МИНИМАЛНА ТЕМПЕРАТУРА (ВО оС): 3 Попова Шапка, 7 Маврови Анови, Лазарополе, Крушево, 8 ...
На 26.10.2025 околу 20 часот на ул.„Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Р.Т.(30) од Скопје. Околу 19:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на територија на Чаир се слуша пукање, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и од слобода е лишен Р.Т., кој бил затекнат со пиштолот. „По документирање на случајот, против Р.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава по чл.396 од КЗ.“, велат од МВР. ...
Жителите на населбата Забјело во Подгорица се собраа синоќа на протест откако група турски државјани нападнаа и избодоа момче од Подгорица претходната ноќ. Во исто време, црногорската полиција спроведе рации и приведе 45 турски државјани. Полицијата досега идентификуваше и приведе двајца турски државјани кои се поврзани со синоќешното ранување на М.Ј. од Подгорица со употреба на ладно оружје. Како што објавија медиумите во Подгорица, група ...
Од АМСМ утрово предупредуваат на внимателно возење од Скопје во правец кон Велес по автопатот, поради одрон, поради кој се случени и две сообраќајни несреќи. „На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот се одвива по десната коловозна лента. Испратени служба од ПС за БПС Велес, во меѓу време на истото место случени се две сообраќајни незгоди со матријална штета ...
МОСКВА беше цел на десетици напади со беспилотни летала синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој известуваше за ситуацијата во текот на целата ноќ. Според него, руските сили собориле 34 украински беспилотни летала што летале кон главниот град, пишува The Kiev Independent. Руското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека вкупно 193 дронови биле пресретнати во текот на ноќта, вклучувајќи 40 над Московската област. Министерството ...
Овен Денеска вашата енергија и иницијатива доаѓаат до израз. Идеално време е да ја преземете водечката улога во проектите и да се справите со работите што сте ги одложувале. Во љубовта, искрениот разговор може да ги разјасни недоразбирањата. Здравје: Внимавајте на стресот и оддалечете ги очите од екранот. Бик Финансиската ситуација бара внимание – проверете ги сметките и испланирајте буџет. Во вашиот емотивен живот, нежните гестови од вашиот ...
Претпладне претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни и поројни со услови за појава на ретки грмежи. Попладне врнежите ќе престанат, а облачноста ќе се намали. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 13, а максималната ќе достигне од 13 до 19 степени. Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени врнежи од дожд, локално пообилни. ...
Од Јавното претпријатие Водовод и Канализација во Тетово, известуваат дека водата во градот е небезбедна за пиење, и препорачуваат истата да се користи само за основни потреби. „Ве известуваме дека за еден час ќе започне пуштањето на водата во дистрибутивната мрежа низ целиот град. Сепак, поради интензивните врнежи од дожд кои продолжуваат и вечерва во регионот на Планината конкретно во реонот на Попова Шапка, дојде до заматување на водата во ...