Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Универзитетската клиника за очни болести по повод успешно реализирани трансплантации на рожница, во соработка со тим експерти од Америка. -Во рамки на посетата на експертите од САД, успешно се реализирани вкупно 16 трансплантации на рожница. Оваа посета претставува значајно продлабочување на соработката што ја воспоставивме со нив при првата посета, кога беа поставени темелите на ова ...

И покрај обврските и предизвиците во Буџетот, Владата ги следи состојбите, презема внимателно мерки и одлучува навремено. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска којашто учествуваше на денешната конференција „Централното банкарство во услови на постојани светски промени: поттикнување стабилност, иновации и издржливост“ во организација на Народната банка. „Притисокот што го имаме за сервисирање на обврските во ...

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски денеска присуствуваше на тркалезна маса на тема: Воведување на уставна жалба? На неа присуствуваа и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, како и амбасадорите на ЕУ и на ОБСЕ, Михалис Рокас и Кристијан Вал. „Дозволете ми да ја изразам мојата искрена благодарност до Делегацијата на Европската Унија за реализацијата на проектот „Зајакнати капацитети на Уставниот суд“, како и за ...

На 23.03.2026 во 13:00 часот, полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода Н.Д.(33) од с.Сопотница, демирхисарско. Имено, врз основа на наредба од Основен суд Битола, полициски службеници извршиле претрес во домот и помошни простории, сопственост на Д.Д(64) од с.Сопотница, Демир Хисар, кои ги користи Н.Д., при што биле пронајдени две ловечки пушки, муниција за ловечка пушка. По документирање на настанот, против него ќе следува ...

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска истакна дека состојбата со горивата во Македонија е стабилна, и дека е договорено со „Окта“ попуст од 3 денари за дизел горивото, кое стапува на сила веднаш. Исто така рече дека нема потреба од ограничување на количината на гориво кое го полнат странските државјани на пограничните простори, особено во северниот, западниот и јужниот дел на земјава. „Имаме апсолутно доволно количини за граѓаните, зголемен е ...

На 23.03.2026 во 19:45 часот во Струга, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при ОВР Струга ги лишија од слобода Л.Р.(19) и неговиот 15-годишен брат поради пстоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали“. При претрес во нивниот дом во Струга, извршен со судска наредба, пронајдени се и одземени пиштол ...

Иран почна да им наплаќа на бродовите за минување низ Ормутскиот теснец, еден од клучните светски транспортни правци за нафта и гас. Дел од комерцијалните бродови сè повеќе минуваат низ иранските територијални води преку таканаречениот „Техерански коридор за патарина“, каде што иранските сили ги проверуваат бродовите и во некои случаи наплаќаат за премин, според анализата на поморските податоци објавена од „Лојдс лист“ . „Најмалку два брода ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ја информира јавноста дека преземените мерки од страна на Владата, во комбинација со конкретни чекори од економските оператори, даваат резултати – цените на горивата се стабилизирани, а ценовниот притисок е значително ублажен. Во таа насока, ОКТА ја продолжува иницијативата за попусти на горивата и по првично предвидениот рок на крајот на март, при што мерката ќе трае до 6 април. ...

Од Движењето „Сигурна Српска“ објавија дека нивниот претседател и градоначалник на Бања Лука Драшко Станивуковиќ, е приведен на хрватскиот граничен премин откако бил приведен неколку часа. Додадоа дека Станивуковиќ, по враќањето од Будимпешта, не дозволил да биде приведен и претресен, ниту пак дозволил да му бидат одземени личните работи. Станивуковиќ објави на Фејсбук кратко по полноќ. „Не им дозволив да ме притворат по 14-ти пат, да ме ...

На 24 март 2026 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на поставеноста на монетарната политика. На оваа седница, Извршниот одбор одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4%. ...

Иранска ракета со боева глава од 100 килограми утрово погоди мала улица во центарот на Тел Авив, предизвикувајќи голема штета. Шестиот бран напади на Иран од полноќ предизвика голема штета на три згради и блиски возила по директен удар. Автомобилите на местото на несреќата беа целосно уништени, а блиските згради беа сериозно оштетени. За среќа, немаше сериозни повреди. Четири лица побараа помош поради многу благо вдишување чад и не беа ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, заедно со директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Ана Михајлов, вчера оствари средба со извршната потпретседателка на Европската комисија за социјални права и вештини, квалитетни работни места и подготвеност, Роксана Минзату. На средбата стана збор за унапредување на соработката во областа на образованието, вештините и младинските ...

На Попова Шапка утрово измерени -4 степени, согласно информациите од УХМР за 8:30 часот. Следуваат Берово со -1 степен, потоа Маврово и Крушево со нула степени. Најтопло утрово беше во Скопје и во Велес каде беа измерени 6 степени. Најмногу дожд наврна исто на Попова Шапка (4 литри на метар квадратен), а во Претор наврна еден литар на метар квадратен. На Попова Шапка висината на снежната покривка изнесува 58 сантиметри. Времето денеска ...

На 23.03.2026 во 23:30 часот на регионалниот пат Демир Капија – Неготино, кај место викано „Острово“, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Михајлово го лишија од слобода Б.Е.(29) од Република Турција. Претходно, при преземање мерки, кај клучка Тремник, полициските службеници забележале дека од возилото „шкода камик“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, излегле неколку лица. Набргу, возилото е запрено, ...

Украинската воена разузнавачка служба има „неоспорни“ докази дека Русија продолжува да му обезбедува разузнавачки информации на Иран, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по состанокот со шефот на воената разузнавачка служба. „Русија ги користи сопствените можности за сигнално разузнавање и електронско разузнавање, како и дел од податоците добиени преку соработка со партнери на Блискиот Исток“, рече Зеленски на „Сју“. Кремљ ...

Цената на нафтата повторно е во пораст, откако вчера доживеа мал пад по најавата на претседателот на САД, Доналд Трамп дека Америка имала „добри преговори со Иран“. Цената од типот Брент повторно ја надмина границата од 100 долари за барел, откако доживеа остар пад во понеделникот за околу 96 долари. Во вторник наутро на азиските пазари, референтната цена се зголеми за 3,75 проценти на 103,69 долари. Брент се намали за повеќе од 10% во ...

Овен Денес, вашата владејачка планета Марс ве охрабрува да преземете иницијатива во тежок разговор. Не избегнувајте конфронтација, туку водете ја со дипломатски тон. Очекувајте неочекувани вести поврзани со вашите финансии кои ќе бараат брз одговор. Вечерта е погодна за спорт. Бик Вашиот фокус денес е на материјалната сигурност и преиспитување на личните ресурси. Ѕвездите ве советуваат да ги одложите импулсивните купувања и да се ...

Променливо облачно со сончеви периоди. Претежно во планинските региони ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 16 степени. Во Скопје, променливо облачно. Ќе дува умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени. Во среда и во ...

Министерството за одбрана на Колумбија во понеделник соопшти дека авион „Херкулес Ц-130“ на „Локид Мартин“ учествувал во несреќа на југот од земјата, а локалниот радиодифузер „БлуРадио“ објави дека во авионот имало 110 војници. Министерот за одбрана Педро Санчез изјави дека авионот полетал од Пуерто Легуизамо, длабоко во јужниот амазонски регион на Колумбија на границата со Перу, додека превезувал воен персонал. „Точниот број на жртви и ...

Македонската музичка платформа Терапија ќе учествува на фестивалот „Експо мјузик“, кој ќе се одржи од 17 до 19 април во Тирана. Од платформата информираат дека ќе бидат дел од тимот за поврзување на фестивалите со цел зајакнување на регионалната соработка, а ќе се претстават и во македонскиот павилјон заедно со други претставници од музичката и креативната индустрија. „Терапија“ е формирана за време на пандемијата, кога музичката индустрија ...

Милјонариос, колумбискиот гигант од Богота, објави многу тажни вести. Јуниорот на „сино-белите“ Сантијаго Кастриљон (18) се онесвести на теренот во главниот град во саботата, а во понеделник беше потврдено дека младиот фудбалер починал. За време на натпреварот од јуниорското првенство против Санта Фе, му беше укажана прва помош, по што беше итно префрлен на одделот за интензивна нега. Лекарите се бореа за неговиот живот до недела вечерта. ...

Иранското Министерство за надворешни работи соопшти дека немало разговори со Соединетите Американски Држави во последните 24 дена, што директно ги побива тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека тие воделе „многу добри и продуктивни разговори“ за завршување на војната. Портпарол на иранското министерство нагласи дека немало директен контакт, и покрај сигналите за кои Техеран вели дека дошле преку трети земји. Според државната ...

Новиот државен јавен обвинител Ненад Савески најави дека ќе има средба со обвинителите кои постапуваат во предметот „Кочани“, со цел да се запознае со текот на постапката и доказите во случајот. Во интервју за 360 степени на Македонска Радио Телевизија, Савески изјави дека предметот е во рана доказна постапка и дека е можно да се почека позрела фаза од процесот за да се направи целосна анализа. „Ќе имам средба со јавните обвинители коишто ...

Светот е во шок по објавувањето на аудио-записите од контролната кула на аеродромот „Ла Гвардија“ во Њујорк, кои ги откриваат последните панични секунди пред кобниот судир меѓу авион на „Ер Канада“ и противпожарно возило. Во несреќата загинаа двајцата пилоти, а десетици патници се повредени. Драмата започнала кога лет на „Јунајтед ерлајнс“ пријавил чад во кабината, што предизвикало итен излез на противпожарните служби на аеродромот. ...

Најмалку две лица загинаа откако авион на „Ер Канада експрес“ од Монтреал се урна во противпожарно возило при слетување на аеродромот Ла Гвардија во Њујорк, објавија американските медиуми. Аеродромот беше затворен, а летовите беа пренасочени. Катрин Гарсија, извршна директорка на Пристанишната управа на Њујорк и Њу Џерси, изјави дека 32 од 41 повредени лица се пуштени на домашна нега, додека деветмина се хоспитализирани со „сериозни повреди“. ...

Од полноќ горивата ќе се продаваат повторно по повисоки цени. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука, врз основа на светските берзи и зајакнувањето на доларот во однос на денарот, цената на дизелот да се зголеми за 3,5 денари по литар, екстра лесното масло за домаќинство да поскапи за 2,5 денари по литар, цената на мазутот за 0,15 денари, додека цените на двата вида бензин остануваат непроменети. Од РКЕ соопштуваат дека и покрај ...

Владата на вчерашната вонредна седница донела одлука за прогласување на 30-дневна кризна состојба на целата територија на државата за да може да ја донесе мерката за намалување на ДДВ-то за горивата од 18 на 10% – потврди премиерот Мицкоски. Тој смета дека со намалувањето на ДДВ-то презеле поробусна акција, бидејќи ако интервенирале во акцизите намалувањето кај бензините би било 1, а за дизелот 2 денара по литар, а вака цените на горивата се ...

Алтернатива минатата недела одлучи партијата да се приклучи во новата партија ВЛЕН. Но, со една од точките партијата на Беким Сали бара пред потпишувањето на конечниот договор да се прецизираат правата на секој орган. Претседателот на Беса, Билал Касами, изјави дека субјектите од оваа коалиција вечерва се состануваат за да го конкретизираат функционирањето како обединета партија и дека ќе се разјаснат и со Алтернатива. „Алтернатива, како и ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изрази оптимизам дека е можен договор со Иран. По денешната најава за петдневен прекин на нападите врз ирански енергетски објекти, Трамп изјави дека САД разговарале и со Израел за можен договор, кој би вклучувал и гаранција дека Иран нема да поседува нуклеарно оружје. Говорејќи пред полетувањето на претседателскиот авион од Florida кон Memphis, Трамп рече дека Израел би бил задоволен доколку се постигне ...

Со финансирање од Европската унија, средното училиште „Моша Пијаде“ во Тетово е претворено во модерно училиште. Иако нуди квалитетни стручни насоки, ова училиште е меѓу помалку избраните од учениците. „Од денес упатувам повик до сите медиуми и јавноста овој училиштен центар повеќе да не се идентификува како земјоделско средно училиште, туку да се препознае како што е денес – еден од најразвиените државни и регионални центри за стручно ...

103-ка

3 часа - Нова ТВ
weather icon

Скопје

1ᴼ / 1ᴼ
1.54
80%
1024
weather icon

Белград

7ᴼ / 6ᴼ
2.06
66%
1023
weather icon

Загреб

12ᴼ / 7ᴼ
2.57
58%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1024
weather icon

Сараево

7ᴼ / 7ᴼ
1.19
76%
1025
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
88%
1027
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
5.14
73%
1018
weather icon

Тирана

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
46%
1020
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
4.63
37%
1023
weather icon

Букурешт

9ᴼ / 7ᴼ
4.12
55%
1024
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 10ᴼ
1.34
55%
1025
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 7ᴼ
5.14
62%
1021
Currency

61.6417

Currency

52.514

Currency

71.4322

Currency

37.831

Currency

38.6395

Currency

67.1558

Currency

7.6911

Currency

0.70048

Currency

0.33434

Currency

0.52509

Currency

1.16272

Currency

0.55344

Бакар

12.05

Иридиум

253540.09

Цинк

0.00

Родиум

323115.00

Злато

147595.33

Паладиум

48611.93

Алуминиум

3.48

Рутениум

52180.66

Калај

49.78

Сребро

2363.77

Платина

63594.18

Кобалт

45.39