Скопје
-1ᴼ /
-1ᴼ
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице на кое му се ставаат на товар три кривични дела – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45, односно телесни повреди сторени како продолжено дело на семејно насилство, потоа Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1, како и кривично дело – Наведување на самоубиство и помагање во ...
Намалување на цената на нафтата и нафтените деривати за околу 2 и пол денари за литар, најави премиерот Христијан Мицкоски откако претходно таа рипна за дури 14 и пол денари. Тој појасни дека за ова намалување претходно работеле со компанијата ОКТА од каде се согласиле на фирмите со кои соработуваат да им даде попуст од околу 45 до 50 долари по тон, а бензинските пумпи да продаваат по таа цена, што би значело намалување на цената на нафтата. ...
Војната на Блискиот Исток влезе во својот 14-ти ден. САД и Израел од една страна, а Иран од друга страна, продолжуваат да разменуваат напади. Израелската војска соопшти дека околу 6 часот утрово идентификувала ракети лансирани од Иран кон израелска територија. Израелец кој преживеал ракетен напад, опиша сцени на паника и уништување откако ракета удрила во близина на неговата куќа, кратко по полноќ во селото Зарзир, северен Израел. „По полноќ, ...
На бродот под турско знаме му беше дозволено да помине низ Ормутскиот теснец откако властите добија дозвола од Техеран, објави турскиот министер за транспорт и инфраструктура Абдулкадир Уралоглу. Уралоглу им изјави на турските медиуми дека Анкара продолжува да комуницира со иранските власти во врска со преостанатите четиринаесет турски бродови што сè уште се наоѓаат на другата страна од тесниот морски премин меѓу Иран и Оман. „Таму има ...
Денеска започнуваме со три вредни, значајни инфрастрктурни проекти за Кочани, проекти со кои ќе го смениме ликот на Кочани. Тоа е изградба на влезниот булевар, понатаму изградба на мост на Кочанска река и проект за изградба на цевковод со кој ќе овозможиме чиста вода за пиење за поголем дел од градот, изјави заменик претседателот на Владата, Александар Николоски, кој заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски и градоначалникот ...
Собранието на Северна Македонија во среда, на 18 март, ќе одржи седница на која треба да се гласа за избор на нов државен јавен обвинител. Владата го предложи Ненад Савески, судија во Основниот кривичен суд Скопје, а за негов избор потребни се најмалку 61 глас од пратениците. Савески е судија од 2016 година во одделот за организиран криминал и корупција во Кривичниот суд во Скопје. Претходно работел како јавен обвинител во Основното јавно ...
Во име на студентите, група пратеници изготвија предлог-резолуција со која се бара правосудниот испит да се полага и на албански јазик. 20-те потписи се од опозициски пратеници – од Европскиот фронт, од Алијанса за Албанците, од пратеникот од турската заедница Бејџан Илјас и Фатмир Битиќи од СДСМ. Текстот е доставен до Собранието за пратениците да го разгледаат и, според нивната проценка, да го поддржат. „Предлог-резолуцијата е едноставна по ...
Секторот за внатрешни работи Битола информира дека денеска во СВР Битола е пријавено дека во стан во Битола, без траги на насилство, бил пронајден починат А.Д.(19) од Битола. Смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош Битола, а од страна на јавен обвинител телото е дадено на обдукција. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола. Секторот за внатрешни работи Битола информира дека денеска во СВР Битола е пријавено дека во стан ...
Министерство за финансии на САД привремено ги укина санкциите за продажба на дел од руската нафта, мерка која ќе важи 30 дена и се однесува на нафта и нафтени производи натоварени на бродови од 12 март. Американскиот секретар за финансии Скот Бесент изјави дека мерката се однесува само на нафта која веќе е во транзит и дека нема значително да ја зголеми финансиската корист за Русија. И покрај одлуката, цените на нафтата продолжија да растат ...
На 12.03.2026 во 17:55 часот во СВР Битола е пријавено дека од с.Саждево, крушевско, во Општата болница Прилеп без знаци на живот бил донесен А.И.(20) од с. Саждево. Според пријавеното, тој бил удрен од струен удар, по што починал, а смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош. Увидот го извршила увидната екипа на ОВР Прилеп. На 12.03.2026 во 17:55 часот во СВР Битола е пријавено дека од с.Саждево, крушевско, во Општата болница ...
Извозот на информациски, компјутерски и телекомуникациски услуги (ИКТ) од Северна Македонија во 2025 година достигна 676 милиони евра, што претставува раст од 7 проценти во однос на 2024 година, покажуваат податоците на Народната банка. ИКТ индустријата останува една од ретките македонски индустрии што бележи континуиран раст на извозот и остварува значителен суфицит во трговската размена со светот. Во 2025 година увозот на ИКТ услуги ...
На 11.03.2026 во 02:20 часот во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Т.(40) од Скопје, по претходна пријава дека околу 01:30 часот физички го нападнал неговиот 61-годишен татко, а потоа му го опожарил неговото патничко возило. Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а увид е извршен од увидна екипа од СВР Скопје. По целосно документирање на случајот ...
На 12.03.2026 во 14:50 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.С.(40) од Скопје, вработен во Јавно претпријатие „Комунална хигиена Скопје“, постапувајќи по претходна пријава дека околу 11:20 часот физички го нападнал Б.К.(48) од Скопје, додека извршувал службени дејствија во својство на внатрешна контрола во јавното претпријатие. По целосно документирање на случајот ќе ...
На 12.03.2026 во 13:00 часот во СВР Битола 32-годишен маж од Битола пријави дека во периодот од 19.01.2026 до 13.02.2026 преку електронска пошта воспоставил комуникација со лице кое се претставило како директор на компанија што тргува со крипто валути и истиот го довел пријавителот во заблуда, при што му дозволил пристап до неговиот компјутер и во повеќе наврати му префрлил вкупно 340.000 денари. Се преземаат мерки за расчистување на ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека институциите во Македонија реагирале ефикасно по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, оценувајќи дека од аспект на системска реакција државата постапила подобро отколку во сличен настан што се случил во Кран Монтана во Швајцарија. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека не сака да прави споредби меѓу трагедии, но сепак се осврна на реакцијата на институциите. „Кога правите ...
Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против С.Р. во својство на поранешен в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело “Злоупотреба на службената положба и овластување” од член 353 ст.4 и ст.3 вв ст.1 од КЗ на РСМ, “Фалсификување исправа” од член 378, ст.1 од КЗ на РСМ и кривично дело “Проневера во службата” – во обид од ...
Експлозии го потресоа Техеран, објавија иранските државни медиуми, додека толпи се собираа за да го одбележат Денот на Кудс, годишен меѓународен митинг во поддршка на Палестинците. Израел претходно предупреди дека може да погоди цели во иранскиот главен град. Според иранската новинска агенција Тасним, експлозиите се слушнале во центарот на градот во близина на големиот митинг за Денот на Кудс. Снимките и фотографиите од настанот покажаа ...
Вчеравечер (12/13.03.2026) во СВР Тетово, неколку професори од Средното медицинско училиште „Никола Штејн“ во Тетово, пријавија дека добиле информации од родители на ученици, дека М.Р. праќал пораки до учениците односно се заканувал оти ќе постави бомби и ќе изврши убиства во училиштето. Веднаш се преземени соодветни мерки и активности од полициски службеници од СВР Тетово и по добиена судска наредба, извршен е претрес во с.Палатица, ...
Американскиот претседател Трамп им рече на лидерите на Г7 на виртуелен состанок во среда дека Иран „наскоро се предава“, објави Аксиос во петокот, повикувајќи се на тројца претставници од земјите од Г7 кои беа информирани за повикот. Според извештајот, Трамп им рекол на сојузниците дека „се ослободил од рак кој нè закануваше сите нас“, додека се фалел со резултатите од операцијата „Епски бес“ за време на повикот на Г7 во среда наутро. Трамп ...
Турското Министерство за одбрана објави дека балистичка ракета лансирана од Иран, која влегла во турскиот воздушен простор, била неутрализирана од воздушните и ракетните одбранбени системи на НАТО распоредени во источниот Медитеран. Во соопштението се наведува дека Турција презема сите потребни мерки против каква било закана насочена кон нејзината територија и воздушен простор. Се додава дека се во тек консултации со надлежната земја за ...
Растењето на децата е исполнето со мали, но значајни моменти во кои постепено учат да носат сопствени одлуки. Дел од тие искуства е и начинот на кој се запознаваат со вредноста на парите, како да ги користат, како да штедат и како одговорно да располагаат со нив. Во време кога дигиталните плаќања се сè почести, родителите бараат начин како децата да ги научат овие навики постепено и безбедно, со доволно слобода за учење, но и со родителски ...
Израелската војска соопшти дека го прекинала својот најнов бран воздушни напади врз Техеран, Шираз и Ахваз во Иран. Нападите во Техеран и Шираз беа насочени кон места за производство и складирање оружје, додека нападите во Ахваз беа насочени кон команден центар на Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГЦ), соопшти војската. Операциите беа насочени кон разни ирански воени инфраструктури, вклучувајќи командни центри и постројки за ...
Американската војска ја потврди смртта на четири члена на екипажот на авион што беше соборен во западен Ирак, во инцидент за кој се вели дека не е предизвикан од „непријателски или пријателски оган“, туку бил вклучен втор американски танкер, објави CNN. Се работи за авион за полнење гориво KC-135 Stratotanker на американските воздухопловни сили се урна во западен Ирак. Најмалку пет члена на екипажот биле на танкерот што се урна, изјави ...
По серијата изменети видеа за војната во Иран и успесите на американските сили објавени од Белата куќа, Иран одговори – исто така во форма на видео. Иранската амбасада во Хаг објави видео на социјалните мрежи во четврток, создадено со помош на вештачка интелигенција, во анимациски стил што потсетува на филмот „Inside Out“. „Во спомен на 168-те невини ученици од Минаб, чии животи беа сурово одземени од најзлобните луѓе во светот. Нивните имиња ...
На 14.03.2026 во 12:05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на ул.„Мирче Ацев“, лево по ул.„Филип 2-ри Македонски“, десно по ул.„11-ти Октомври“, право по ул.„Димитрие Чуповски“, десно по ул.„Васил Главинов“, право по бул.„ВМРО“, лево по бул.„Илинден“ до пред Влада на Р.С.Македонија во Скопје. Од тие причини Единицата за безбедност на патниот ...
На 12.03.2026 во 15 часот, на магистралниот пат Струга-Ќафасан, во близина на струшкото село Радолишта, полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на патниот сообраќај, од слобода го лишија К.Т.(29) од Радолишта. При извршена сообраќајна контрола, полициските службеници сопреле патнички автомобил „голф“ со струшки регистарски ознаки и притоа, констатирале дека тој немал положено возачки испит и нема право на управување моторно ...
Иранската државна телевизија објави голема експлозија на плоштад во Техеран каде што беа закажани демонстрации. Фотографиите и снимките објавени од IRIB покажуваат густ чад како се издига над градот. Полуофицијалната новинска агенција Тасним соопшти дека експлозијата е резултат на американско-израелското бомбардирање, кое погоди област јужно од улицата Енгелаб, една од главните сообраќајници во центарот на Техеран. Додаде дека провладините ...
Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да вложува во развојот на музичката и културната сцена во земјава. Како партнер на програмата на Национаната опера и балет, со задоволство споделуваме дека вечерва, петок 13.03.2026 во 19:30 ќе биде изведена „Мадам Батерфлај“ од Џакомо Пучини. Станува збор за едно од најемотивните и најизведувани дела на светскиот оперски репертоар. Мадам Батерфлај“ е музичка драма со силна човечка приказна, во која ...
Утрово најстудено е во Берово каде се измерени -4 степени. Следуваат -2 Битола, Струмица, -1 Скопје-Петровец, Mаврови Анови, 0 Крива Паланка, Велес, Попова Шапка, Демир Капија, Тетово, Гевгелија, Штип, 1 Куманово, Прилеп, Охрид, Претор, Кавадарци, 2 Скопје-Зајчев Рид, 3 Kрушево, 4 Виница. На Попова Шапка измерени се 58 cm снежна покривка. Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. ...
Овој петок, 13 март, го означува вториот ден од годината што го носи мрачниот скандал на најфаталниот датум во календарот. Меѓутоа, за разлика од другите периоди, овој пат феноменот е многу невообичаен, бидејќи се случува два последователни месеци, а до крајот на годината ќе имаме уште еден петок 13-ти . Календарска аномалија Поради фактот што годината не е престапна година и февруари има точно 28 дена, што формира четири полни недели, ...