Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Репрезентацијата на Ирак е последниот патник на Светското првенство кое ќе се одржи во јуни и јули во САД, Канада и Мексико. Ирачаните со 2-1 ја совладаа селекцијата на Боливија, и се најдоа во групата „И“ со Франција, Сенегал и Норвешка. Претходно учество на Светското првенство обезбедија и Конго, Босна и Херцеговина, Чешка, Шведска и Турција, со што се комплетираа групите на Мундијалот. Ова се конечните групи на Светското првенство: The ...
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Б.Т.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „уцена“. На 07.02.2026, првопријавената, поранешна вработена во угостителски објект во Куманово, го уценувала сопственикот дека ако не ја врати на работа или не ѝ даде 5.000 евра, на социјална мрежа ќе објави фотографии како доказ за несоодветно ракување со храната во објектот, со цел создавање ...
Попова Шапка утрово беше најстудено место во земјава со измерени -3 степени. Во Маврово беа измерени -1 степен, додека во Лазарополе и во Крушево беа измерени нула степени. На Попова Шапка има и најмногу снег – 57 сантиметри. Најмногу дожд во изминатото деноноќие наврна во Маврово (седум литри на метар квадратен), потоа во Битола шест, Охрид пет, додека врнежи имаше и во Претор, Попова Шапка, Берово, Лазарополе, Виница, Тополчани, Скопје, ...
Денеска (01.04.2026) околу 03:30 часот полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка и СВР Струмица ги лишија од слобода С.М.(31) осуден на казна затвор од пет години и М.М.(38) осуден на казна затвор од четири години, двајцата од Струмица. Лицата беа во бегство од КПУ Затвор Струмица, а претходно осудени поради сторено кривично дело по чл.236 ст. вв чл.45 од Кривичниот законик. Лицата се спроведени во КПУ Затвор ...
Полицијата во Хрватска во текот на ноќта добила телефонски повик дека неколку луѓе се наоѓаат во реката Сава, на подрачјето помеѓу местата Штитар и Бабина Греда. – Полициската управа Вуковар-Срем утрово, 1 април 2026 година, во 01:42 часот добила телефонска пријава дека има неколку лица во реката Сава помеѓу Штитар и Бабина Греда“, стои во соопштението. За пронаоѓање и спасување на луѓе, на местото на настанот итно беа испратени полициски ...
Овен Односите се во центарот на вниманието. Полната Месечина во Вага може да донесе важен разговор или одлука поврзана со партнерство. Можеби ќе сфатите што функционира, а што не. Разговорите денес можат да донесат јасност. Бик Фокусот е на секојдневните обврски и на балансот меѓу работата и одморот. Полната Месечина може да ви покаже дека е потребно подобро да го организирате времето. Хармонијата со Плутон може да донесе решение за проблем ...
Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи кои наместа ќе бидат пообилни (над 20 l/m²). Поради спуштање на ладна воздушна маса, на планините и некои од повисоките места врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Ќе дува засилен повремено силен ветер кој наместа ќе достигнува и над 70 km/h. Во Скопје, претежно облачно со врнежи од дожд. Ќе дува засилен до силен ветер од северен правец. Под влијание на циклонска активност ќе има врнежи ...
Во натпревар на двете поразени селекции во баражот за пласман на Светското првенство, Македонија одигра без голови против Република Ирска на гостувањето во Даблин. Македонската репрезентација главно ја мина во дефанзива на овој натпревар, додека Ирска имаше неколку шанси, но Димитриевски на крајот беше херој за ова реми. Македонија влезе во мечот по поразот од Данска од 4-0, додека Ирците, пак, загубија од Чешка во полуфиналниот бараж. Во ...
Репрезентацијата на Турција се пласираше на Светското првенство, откако вечерва славеше минимален триумф над Косово во Приштина со 0-1. Голот вреден победа и пласман на Мундијал го постигна Артукоглу во 53. минута од средбата. На Мундијал патува и селекцијата на Босна и Херцеговина, која ја шокираше репрезентацијата на Италија победувајќи ја на пенали со 4-1. По регуларниот дел беше 1:1, а потоа БиХ успеа да ги реализира сите четири пенали, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната во Иран нема да трае долго. Трамп рече дека во одреден момент ќе ги повлече американските сили од регионот на Персискиот Залив, но „не сега“. „Земјите мора да се вмешаат и да го решат тоа. Иран е десеткуван“, додаде Трамп. Тој посочи дека „не размислува“ за иранските залихи на високо збогатен ураниум, бидејќи се длабоко закопани. „Дури ни не размислувам за тоа. Само знам дека е толку ...
Француската авиокомпанија „Ер Франс“ денес објави дека ја продолжува суспензијата на летовите до и од аеродромот „Бен Гурион“ во Тел Авив до 19 април. Во соопштение, објавено од „Тајмс оф Израел“, „Ер Франс“ наведува дека суспензијата на летовите се продолжува поради безбедносната ситуација и затворањето на воздушниот простор на Израел поради војната со Иран. Се додава дека „Ер Франс“ „го следи развојот на ситуацијата во регионот во реално ...
Семејното насилство и фемицидот се актуелни теми и оваа година во канцеларијата на народниот правобранител. За семејното насилство, Фатон Селами, рече дека е потребна побрза полициска интервенција. Според него, се работи интензивно на законските регулативи, преземање мерки од Центарот за социјални работи и од Јавниот обвинител. -Жртвата, откако ќе го пријави случајот, треба да биде заштитена од државата, како таа, така и децата. Да ја ...
Целосна реорганизација на распределбата на предметите во Јавното обвинителство најави новиот државен јавен обвинител Ненад Савески, кој откри дека институцијата ја затекнал во состојба на, како што рече, сериозен организациски хаос. На брифинг со новинарите, Савески соопшти дека ќе ги повлече сите дадени овластувања за постапување по предмети, со исклучок на неколку случаи, со цел воспоставување ред и контрола во работата на обвинителите. ...
Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад Савески денеска оствари средба со амбасадорот на Европската унија во земјава Михалис Рокас, со кого на почетокот на својот мандат разговараше за приоритетите на соработката и на европската поддршка за институцијата. “Средбата е доказ за актуелната соработка, но и силен поттик за идните заеднички проекти”, истакна Савески. Амбасадорот Рокас му го честиташе изборот на една од највисоките ...
Пратеничката група на Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија со поддршка од пратеници на владиното мнозинство до собраниските служби во Собранието достави Предлог на закон за дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата по скратена постапка. Новото решение ќе овозможи возачот кој поседува возачка дозвола од Б категорија, да има право да управува мотоцикли со автоматски менувач од категоријата „А1“. „Овој предлог на закон има ...
Во рамки на официјалната посета на црногорскиот претседател, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова и претседателот Јаков Милатовиќ одржаа заедничка прес-конференција. „Средбава се случува во пресрет на 20-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете држави, еден важен настан за одбележување, среќен настан, но и, морам да кажам, 20 години од добивањето на нашиот кандидатски статус за Европската Унија. Мило ми е што ...
Во врска со објавените написи во дел од медиумите во кои се наведува дека студентите се „на удар“ на Управата за јавни приходи и дека им се бара плаќање данок за летна работа во Германија за период од последните пет години, Управата за јавни приходи се огласи со соопштение, со цел да ја информира јавноста и студентите со цел да се избегнат несоодветни толкувања на нејзините активности. „УЈП не наметнува нови обврски, ниту бара исполнување на ...
Поскапува лебот во повеќе градови низ земјава. Во дел од пекарниците во Штип, Кочани, Прилеп и Битола се очекува повисока цена на одредени видови леб веќе од утре, а некаде веќе имало корекции. Најавите се дека цените на белиот леб од 450 грама, во дел од пекарите ќе одат нагоре од 3 до 5 денари. Информациите стигнале и до Групацијата на мелничко – пекарската индустрија при Стопанската Комора, но од таму велат секоја пекара индивидуално ...
Неизвесностите од глобалното окружување и нивното негативно влијание врз македонската економија, тековните економски показатели и можните мерки коишто во иднина ќе треба да се преземат од страна на Владата, а се во интерес на приватниот сектор и одржување на економската активности, беа теми на состанокот на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска со претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и членови на Управниот одбор на ...
Делницата од Автопатот Требениште–Ќафасан нема да биде откажана, туку ќе се направи нов проект за тој дел, велат од Министерството за транспорт и врски. Заменичката министерка Калтрина Зеколи за ТВ21 изјави дека по добивањето на одлуката на хартија од УНЕСКО, ќе започнат постапки за редизајн за да се избегнат археолошките зони од културното наследство, но без да се загрозува животната средина според нивните забелешки. Зеколи ги отфрла ...
Владата денеска на седница го утврди Предлог-законот за парничната постапка, со кој се намалуваат паричните казни за учесниците во постапката. „Ова системско и реформско решение е од исклучително значење за правосудниот систем. Клучни новини: – Се воведува задолжително застапување од адвокат – Се уредуваат клучни прашања како вештачење, достава и спорови од мала вредност – Се намалуваат паричните казни за учесниците во постапката – Се ...
Народниот правобранител, Фатон Селами, веќе иницирал активност за усогласување на законите кои се однесуваат на полагањето на правосудниот испит, вклучувајќи ја правната практика, нотарството и извршителите. Тој истакнува дека до сега Законот за употреба на јазиците, донесен во 2019 година, не се применувал во пракса. Според Селами, актуелните закони не предвидуваат можност испитите да се полагаат на друг јазик освен македонски, што создава ...
Иако во Тетово снабдувањето со вода за пиење достигнува над 400 литри во секунда, овој ресурс не стигнува до сите домаќинства. Од Јавното комунално претпријатие „Шарри“ велат дека главниот проблем е поврзан со загубите во застарената мрежа, како и со нелегалните приклучоци кои не се фактурираат. Според нив, загубите во мрежата се значителни и директно влијаат врз недостигот на вода во одредени делови. Директорот на претпријатието, Валон ...
На денешниот брифинг за медиумите, министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, информираше за тековните активности и политики насочени кон справување со аерозагадувањето и унапредување на заштитата на животната средина, нагласувајќи ја посветеноста на институцијата кон транспарентност и отворен дијалог со јавноста. Министерот нагласи дека подготовките за новиот Закон за индустриски емисии, кој стапува на сила во 2027 ...
Медиумскиот екосистем се соочува со сè поголем ризик од дезинформации и манипулативни информации, кои често потекнуваат од центри со одредени интереси. Вака оценува Нора Калиќи од Советот за етика во медиумите, која нагласува дека и самите медиуми стануваат жртви на вакви содржини поради временскиот притисок и недостигот на проверка. „Медиумскиот екосистем е загрозен од информации кои се манипулирани и насочени од различни цели, кои доаѓаат ...
Согласно објавениот нов податок за минимална плата, Министерството за внатрешни работи изврши линеарно покачување на платата за вработените во МВР во бруто износ од 2470 денари и тоа почнувајќи со исплата на плата за месец март 2026. Во наредниот период, со имплементација на новиот Закон за внатрешни работи ќе биде разгледана можноста за дополнително покачување на плати за вработените во МВР. Министерството за внатрешни работи продолжува да ...
Дури кај 39 полициски службеници внатрешната контрола на МВР констатирала сериозни пропусти во работењето во случајот со насилството на Стојанче врз Ивана, која заедно со својата малолетна ќерка трагично ги загубија животите по пад од зграда. Од МВР соопштуваат дека пропустите се поврзани со начинот на постапување по пријавите за семејно насилство во семејството. Одделот за внатрешна контрола веќе го известил надлежното обвинителство, кое ...
Кремљ ладно реагираше на предлогот на Украина за воспоставување „енергетско примирје“ за време на велигденските празници, велејќи дека не видел детален предлог за прекин на огнот и дека наместо тоа се залага за сеопфатен мировен договор. Володимир Зеленски претходно изјави дека сојузниците на Украина „сигнирале“ до Киев за можноста за намалување на нападите со долг дострел врз рускиот нафтен сектор поради порастот на глобалните цени на ...
На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – поправната установа Затвор Прилеп, осуденикот А.Ф.(34) од прилепско, физички го нападнал осуденикот Ф.С.(45) од Прилеп и притоа употребил остар предмет, нанесувајќи му повреди, констатирани во Општа болница Прилеп. Се преземаат мерки за расчистување на настанот. На 30.03.2026 во 10:00 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека во отворениот дел од Казнено – ...
На 51-годишна возраст почина Едуард Кокшаров, поранешен тренер и долгогодишен спортски директор на ракометниот клуб Вардар. Информацијата ја соопшти клубот Мешков Брест, каде што Кокшаров ја извршуваше тренерската функција до неговата ненадејна смрт. Кокшаров остави значаен белег во Вардар, каде што покрај директорската улога, една сезона беше и тренер на тимот. Тој беше дел од најголемите успеси на „црвено-црните“, вклучително и освојувањето ...