Министерството за здравство континуирано ја следи епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар и согласно последните податоци од јавните здравствени установи информираме дека од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, велат од министерството за здравство. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се ...

Братот со сопругата тргнале да ја пречекаат сестрата на скопскиот аеродром во саботата навечер. Но, при враќањето кон Косово, тие ја згрешиле насоката и паднале во бездна, при што сите тројца го загубиле животот. ТВ21 ја сними трасата по која се движело возилото со германски регистарски таблички во кобната ноќ. Од магистралниот пат кај Блаце, поради недостиг на сообраќајна сигнализација, возачот погрешно продолжил кон недовршениот автопат. ...

Симптомите кај пациентите во Гостивар и понатаму се исти: повраќање, болки во стомакот и дијареја. АНКЕТА: „Повраќање, ме боли стомакот, нормално. Не знаеме дали е од водата или е некој вирус. Ова трае веќе три-четири дена. Завчера дојдов, примив инфузија, а денес повторно. Навистина има многу, многу заболени, интересно е ова.“ „Па сега зедов една инфузија. Два дена инејкции зедов, повраќање ваму-таму, никако не помага. Лекови пијам, еве ...

Уапсена е директорката на Јавното претпријатие „Водовод“ во Гостивар, Артана Асани, заедно со уште двајца нејзини соработници, во врска со загадувањето на водата во градот. Претходно, градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани, соопшти дека директорката на претпријатието е суспендирана од работа сè до објавувањето на конечните резултати. „Сите што во моментов имаат улога во ЈП не ги извршуваат своите работни обврски. Денеска ќе бидат ...

Поранешниот репрезентативец на Ливерпул и Англија, Кевин Киган, почина на 75-годишна возраст по борба со ракот, објави неговото семејство во понеделник. Киган , кој се смета за еден од најголемите играчи на својата генерација, му беше дијагностициран рак во четврта фаза и беше подложен на третман во јануари, пишува France 24 . „Со голема тага објавуваме дека Кевин Киган почина на 75-годишна возраст“, се вели во соопштението на семејството на ...

На автопатот Велес – Скопје утрово бил приведен професионален возач, кој управувал товарно возило без одобрение и под дејство на алкохол. Тој имал присуство на алкохол од 1,81 промили. Станува збор за превоз на дигална, а истиот бил без одобрение. „Денеска (20.07.2026) во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на ...

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Иран се обидува да го искористи Ормутскиот теснец како „алатка за притисок врз светот“. Тој ја обвини дека се обидува да контролира витална меѓународна рута и ги повика другите земји да го споделат товарот за заштита на глобалниот поморски транспорт. Во разговор со новинарите пред да замине на состанок на Филипините, Рубио рече дека американските воени операции се фокусирани исклучиво на ...

Државата ќе продолжи со мерките за следење и обезбедување стабилно снабдување со нафта и нафтени деривати. Собранието денеска ја усвои одлуката за продолжување на кризната состојба, која ќе остане во сила до 20 октомври 2026 година. Одлуката беше донесена со 88 гласа „за“, без ниту еден глас „против“ или „воздржан“. Новиот период на важност на кризната состојба започнува од 21 јули. Владата претходно, на седницата одржана на 17 јули, побара ...

Полицијата откри сомнежи за сериозни злоупотреби при користење на државните мерки за вработување, при што четири компании, нивните сопственици и едно службено лице се осомничени дека незаконски прибавиле повеќемилионска финансиска корист. Од Министерството за внатрешни работи информираа дека Надворешната канцеларија за криминалистички работи Пробиштип поднела кривична пријава против четири правни лица од Пробиштип, нивните сопственици и ...

Иранската Револуционерна гарда во понеделникот соопшти дека погодила американски воени цели низ Блискиот Исток, по уште една ноќ американски воздушни напади врз ирански градови, што претставува нова ескалација на конфликтот и практично го урна привремениот договор за прекин на огнот. Цената на нафтата накратко се искачи над 90 долари за барел поради новите нарушувања на поморскиот сообраќај низ Ормутскиот Теснец, но подоцна дел од растот беше ...

Војната меѓу Русија и Украина продолжува да се интензивира. Украина во текот на ноќта изврши масовен напад со околу 400 беспилотни летала врз Москва, само еден ден откако Русија го изведе еден од најголемите балистички ракетни напади врз Киев од почетокот на целосната инвазија. Според руските власти, во нападот две лица се повредени, а на повеќе локации избувнале пожари на објекти. Од местата погодени од нападот се издигнувал густ чад, ...

Истрагата за загадувањето на водата во гостиварскиот водовод доби нов развој, откако полицијата, во координација со Основното јавно обвинителство Гостивар, приведе три лица кои се поврзуваат со случајот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, полициски службеници од Полициската станица Гостивар ги лишиле од слобода А.А. од село Здуње, вршител на должност директор на ЈП „Комуналец“ Гостивар, В.Д. од село Форино, раководител ...

Резултатите од анализите на водата во Гостивар, кои во текот на денот ги изврши Институтот за јавно здравје, ќе бидат доставени до Јавното обвинителство, информираше директорката на ИЈЗ, Марија Андоновска, на прес-конференција во Владата. „Не е важно само да се утврди причината, туку најважно е да се утврди одговорноста. Никој не смее да го загрозува здравјето на граѓаните. Како Институт продолжуваме да ја следиме епидемиолошката состојба“, ...

Трагично заврши потрагата по три лица од Косово кои беа пријавени за исчезнати откако заминале од Меѓународниот аеродром Скопје. Тие биле пронајдени починати во превртено возило на автопатот Граничен премин Блаце–Скопје, делница која е затворена за сообраќај и е во изградба. Во Полициската станица Бит Пазар на 19 јули во 13:40 часот, М.Ш. (56) од Косово пријавил дека не може да стапи во контакт со неговата сопруга Ф.Ш.Т., нејзиниот брат У.Т. ...

„Во ниту еден момент немало криење информации од Министерството за здравство за состојбата во Гостивар“, изјави денеска министерот за здравство Сашо Клековски. „Јас бев првиот кој во саботата информираше дека првите случаи се регистрирани на 13 јули. Министерството за здравство и јас ќе продолжиме транспарентно да ги објавуваме податоците, бидејќи немаме што да криеме“, рече Клековски на денешната прес-конференција во Владата. Првата ...

Државна Видеолотарија на Македонија – Касинос Австрија, преку проектот „Играј одговорно“, продолжува со иницијатива за превенција и психо-социјална поддршка на лица со проблематично играње игри на среќа. Во мрежата која е дел од оваа иницијатива, вклучени се советувалиштата во Скопје, Куманово, Прилеп, како и советувалиштето во Радовиш кое започна да функционира од април годинава. Советувалиштата функционираат во рамки на проектот „Играј ...

ТВ21 дознава дека е уапсена директорката на Комуналното претпријатие во Гостивар, Артана Асани, како и уште двајца нејзини соработници, како последица на загадувањето на водата во Гостивар. Да потсетиме, во гостиварскиот регион е прогласена епидемија поради загадувањето на водата. Надлежните информираат дека водата во моментов не е за пиење и не смее да се користи ниту за хигиена и техничка употреба. ТВ21 дознава дека е уапсена директорката ...

Жителите на Гостивар и во наредните денови ќе добиваат дополнителни количини вода за пиење, додека се очекува расчистување на проблемот со градскиот водовод по прогласената епидемија. Премиерот Христијан Мицкоски информираше дека денеска во градот ќе пристигнат уште три шлепери со околу 60.000 литри флаширана вода. Мицкоски посочи дека Владата во изминатите два дена презела активности за да им помогне на граѓаните, откако надлежните ...

И покрај малото намалување во однос на претходниот месец, потребните средства за покривање на основните животни трошоци и понатаму остануваат високи. Според пресметката на синдикалната минимална кошница, во јуни 2026 година на едно домаќинство му биле потребни 68.654 денари за основните месечни потреби. Во споредба со мај, кога вредноста на кошницата изнесувала 68.742 денари, има намалување од 88 денари. Најголем дел од семејниот буџет и овој ...

До петок под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град. Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне. Во Скопје, до петок ќе биде променливо облачно, ...

Бројот на загинати од двата силни земјотреси со јачина од 7,2 и 7,5 степени, кои го погодија северот на Венецуела пред речиси еден месец, достигна 5.208 лица, откако властите во последниот биланс додадоа уште 89 жртви. Како што соопшти претседателот на Националното собрание, Хорхе Родригез, бројот на повредени останува 16.740 лица, додека 17.907 луѓе останале без дом. Дополнително, 23.820 жители се сместени во 107 привремени кампови, а ...

13-годишно момче го загуби животот, а уште три лица се повредени по уривање на фонтана во Сиудад Родриго, во провинцијата Саламанка, за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство. Според шпанските власти, несреќата се случила веднаш по полноќ кај фонтаната „Глориета дел Арбол Гордо“, каде што голем број навивачи се искачиле врз конструкцијата за да ја прослават победата на Шпанија. Горниот дел од фонтаната ...

Енди Барнам во понеделник ќе стане седмиот британски премиер во последната деценија, ветувајќи дека ќе ја „преобликува“ земјата и дека поголем фокус ќе стави на прашањата што ги засегаат граѓаните, како кризата со трошоците за живот и слабите јавни услуги. Откако Кир Стармер ќе го одржи прошталниот говор пред улицата „Даунинг стрит 10“ и официјално ќе му ја понуди оставката на кралот Чарлс, монархот ќе го прими Барнам и ќе побара од него да ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Тетово поднесе кривична пријава против службено лице вработено на Меѓународниот универзитет во Тетово, кое извршувало работни задачи како административен службеник – виш соработник за логистика и теренско работење, поради постоење основи на сомнение дека сторило кривични дела „Злоупотреба на службената положба и овластување“ од член 353 и „Фалсификување исправа“ од член 378 од ...

Скопјани и возачите во главниот град треба да сметаат на измени во сообраќајот во наредните денови, поради официјалната посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во земјава од денеска до 23 јули 2026 година. Поради посетата, СВР Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе спроведе мерки за воведување посебен режим на сообраќај на сообраќајниците во поширокото централно подрачје на Скопје. Од ...

Шпанскиот играч за врска Родри е прогласен за најдобар фудбалер на Светското првенство 2026, според изборот на ФИФА. Триесетгодишниот фудбалер не постигна ниту еден гол на осумте натпревари што ги одигра на турнирот. Во финалето, одиграно синоќа, Шпанија ја совлада Аргентина со 1:0 по продолженија и ја освои титулата светски шампион. Родри претходно со шпанската репрезентација ги освои Европското првенство 2024 и Лигата на нации 2022/23. За ...

Измените на Изборниот законик повторно предизвикаа остра политичка пресметка меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, при што двете партии меѓусебно се обвинуваат за блокирање на процесот и за обиди за политички профит. Од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека СДСМ, Левица и ДУИ не сакаат државата да ги реализира реформските процеси и намерно го блокираат донесувањето на Изборниот законик. Според партијата, претставниците на опозицијата учествувале во подготовката на ...

ОВЕН Имате можност својата кариера да ја пренасочите кон она што сакате да го работите. Но сѐ уште имате константни трошоци, парите бргу ви одат. Но ова влијание е добро поставено, така да очекувајте и истовремен прилив на пари. Влегувате во неверојатно поволен период за љубов, ви се враќаат сликите на некогаш прекрасно поминатите доживувања. Токму тоа чувство ви ја враќа силата, подобро да се организирате самите и да ја пронајдете среќата. ...

Шпанската фудбалска репрезентација денеска треба да се врати во Мадрид, каде што се очекува околу еден милион навивачи да ги пречекаат новите светски шампиони, по големото славје што во текот на ноќта ја зафати целата земја. Шпанија во неделата, во финалето на Светското првенство во Ист Радерфорд, ја совлада Аргентина со 1:0 и ја освои својата втора светска титула. Претходно, „црвената фурија“ го крена трофејот во 2010 година во Јужна Африка. ...

Властите во Демократска Република Конго доцна во неделата соопштија дека бројот на потврдени случаи на ебола во земјата се зголемил на 2.344, од кои 930 завршиле со смртен исход. Одговорот на властите во Конго на епидемијата на ебола е отежнат поради недостигот од центри за лекување, како и отпорот на локалните заедници кон воведувањето строги хигиенски мерки, пренесува Ројтерс. Извршниот директор на Програмата за вонредни здравствени ...

weather icon

Скопје

27ᴼ / 27ᴼ
1.97
37%
1013
weather icon

Белград

26ᴼ / 25ᴼ
2.68
61%
1013
weather icon

Загреб

27ᴼ / 27ᴼ
2.31
39%
1012
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.63
37%
1013
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
2.44
53%
1012
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 21ᴼ
1.37
54%
1014
weather icon

Атина

30ᴼ / 27ᴼ
1.79
44%
1010
weather icon

Тирана

26ᴼ / 26ᴼ
1.22
46%
1013
weather icon

Подгорица

25ᴼ / 25ᴼ
2.77
49%
1013
weather icon

Букурешт

28ᴼ / 26ᴼ
0.45
47%
1012
weather icon

Будимпешта

33ᴼ / 31ᴼ
3.13
32%
1012
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 24ᴼ
5.03
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Платина

56135.20

Паладиум

43499.96

Родиум

274085.11

Рутениум

53852.50

Бакар

13.51

Алуминиум

3.25

Калај

56.46

Иридиум

252383.36

Злато

136962.18

Сребро

1994.05