Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Министерот за здравство, Сашо Клековски информираше за новата состојба со загадената вода во Гостивар. Тој кажа дека продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти. Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (20.07.2026 година) продолжува трендот на намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на ...
Во време кога брзината, практичноста и дигиталните услуги стануваат клучен дел од успешното работење, безготовинските плаќања сé повеќе не се предност – туку неопходност. Денес клиентите очекуваат да можат да платат брзо, едноставно и без готовина – без разлика дали купуваат во продавница, во локално кафуле, во салон за убавина или при испорака на производ. Токму затоа, Халкбанк се приклучи на иницијативата „Вредноста на безготовинското ...
Велосипедист загина вчера по судир со патничко возило на патот Кочани – Брана Гратче, соопштија од полицијата. 65-годишниот велосипедист на лице место им подлегнал на повредите. „На 20.07.2026 околу 15:30 часот во ОВР Кочани е пријавено дека на локалниот пат Кочани – Брана Гратче се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со кочански регистарски ознаки, управувано од И.Б.(51) од Кочани и велосипед управуван од Д.Ѓ.(65) од ...
Тројцата осомничени во истрагата за загадувањето на водата за пиење во Гостивар денес се појавија пред судија на претходна постапка во Основниот суд во Гостивар, откако Јавното обвинителство отвори истрага за кривично дело „тешки кривични дела против животната средина и природата, предизвикани со загадување на водата за пиење“. Пред судијата се појавија в.д. директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани , ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска од Гостивар порача дека здравствената криза отвора сериозни прашања за навременоста на институционалната реакција и одговорноста на надлежните. „И уште една многу важна работа, а тоа е да поставиме неколку многу важни прашања, нешто за тоа што се случувало во изминатиот период и чија е одговорноста за работите кои што се случувале и што сега се случува, односно како може да се спречи и дали се ...
Ферибот полн со патници се судри со товарен брод во пристаништето на Крит ! Камерите го забележаа моментот кога патничкиот ферибот „Елирос“ и товарниот брод „Јосиф К.“ се судрија во пристаништето Суда. Во моментот на несреќата, фериботот „Елирос“ пловел на редовна линија кон Пиреја со 100 патници, 32 патнички автомобили и 74 камиони. Во исто време, товарниот брод, кој превезувал 84 камиони, изведувал маневар за пристигнување во пристаништето. ...
Управата за хидрометеоролошки работи најавува дека до петок, под влијание на низа влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно, со повремени поројни врнежи од дожд и грмежи. На повеќе места се очекува атмосферска нестабилност, додека локално процесите ќе се претворат во краткотрајни бури, придружени со силни ветрови и изолирани појави на град. Според прогнозата, пообилни врнежи од дожд се очекуваат до петок, додека ...
Царинската управа, преку Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, во наредниот период ќе спроведува зајакнати теренски контроли на пловните објекти кои се користат на Охридското Езеро. Контролните активности ќе бидат насочени кон проверка на тековниот царински статус на пловните објекти и исполнетоста на законските обврски согласно царинските прописи. Царинската управа ги повикува сите сопственици и корисници на ...
Министерот за животна средина и просторно планирање, Мухамед Хоџа денеска на прес-конференција од Владата истакна дека случајот со загадувањето на водата во Гостивар е „сериозен инцидент кој го загрози здравјето на илјадници граѓани“. Тој очекува целосно да се утврдат сите факти и околности и да се утврди кривична и морална одговорност, и кажа дека снабдувањето на водата за пиење и одржувањето на системите за водоснабдување се надлежност на ...
Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов денеска на прес-конференција во Владата истакна дка и натаму е на сила забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод. „Забраната за користење на водата од гостиварскиот водовод за пиење и подготовка на храна останува на сила сè додека лабораториските тестови не ја потврдат нејзината безбедност. Продолжуваме внимателно да ја следиме состојбата и да ги преземаме ...
Во Клиничката болница „Аџибадем Систина“ успешно е изведена првата операција со роботскиот систем MedBot Toumai®, со што официјално започнува нова ера на напредна, прецизна и минимално инвазивна хирургија во болницата, во земјава и во регионот. Кај 57-годишен пациент беше изведена радикална роботски асистирана простатектомија со роботски асистирана лапароскопска лимфаденектомија. Станува збор за комплексна операција за лекување карцином на ...
Јеменските Хути, кои се сојузници на Иран, во понеделник изјавија дека ќе воведат поморска блокада врз Саудиска Арабија, отворајќи потенцијален нов фронт против САД во нивната војна со Иран и зголемувајќи ја заканата за глобалните резерви на енергија и трговијата надвор од Заливот. Ескалацијата доаѓа по еден од најсмртоносните периоди во војната за американските трупи. Пентагон во понеделникот ги идентификуваше двајцата американски војници ...
Големо невреме проследено со силен ветер и дожд, синоќа го зафати источниот и југоисточниот дел на земјата. Најкритично беше во Дојран, каде што невремето предизвика за неколку паднати дрвја, кои придонесоа материјална штета. Како што информира градоначалникот Илија Тентов, нема повредени лица. „Околу 20 часот Стар Дојран беше зафатен од силно невреме проследено со обилни врнежи и силен ветар кое за среќа помина без повредени, само со ...
Министерството за внатрешни работи соопшти дека задржале лице во полициска станица, поради тоа што управувл возило со 4,35 промили алкохол во крвта. Настанот се случил во Кочани, а лицето било од село Митрашинци, беровско. „На 20.07.2026 во 15:05 часот во Делчево, полициски службеницо од ОВР Делчево го лишија од слобода А.Т.(26) од с.Митрашинци, беровско. При сообраќајна контрола на бул.„Македонија“ во Делчево, полициските службеници сопреле ...
Американската војска соопшти дека извршила нов бран напади врз Иран, со цел дополнително да ја ослаби нејзината способност за напад врз бродови во Ормутскиот теснец. Нападите, кои ја одбележаа десеттата ноќ по ред од воените операции, се случија откако американскиот претседател Доналд Трамп вети дека ќе го казни Иран за убиството на американски војници. Претходно, Трамп изјави дека Иран бил погоден „многу силно“ претходната ноќ, „во чест“ на ...
Претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова, денес ќе ја пречека со највисоки државни и воени почести претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По церемонијата на пречек во претседателскиот кабинет, ќе се одржи средба „тет а тет“ меѓу двете претседателки, по што ќе следи пленарен состанок на делегациите на Македонија и Индија, како и заедничка ...
ОВЕН Љубов: Кога ќе се сретнете со вашата сакана личност, првите впечатоци лесно можат да ве измамат. Контролирајте ги вашите изливи на љубомора. Работа: Бидете внимателни и одговорни за вашите постапки, нема причина да правите избрзани потези. Здравје: Во вечерните часови ќе уживате во излегување или релаксација. БИК Љубов: Обидете се да ги разберете работите за кои вашиот партнер упорно премолчува. Некои одговори не се лесно достапни. ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 37 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до ...
Јавното обвинителство вечерва соопшти дека е донесена Наредба за спроведување на истражна постапка против три лица, поради тоа што се сомничат за тешки дела против животната средна и природата предизвикани со дејствија со тоа што ја загадиле водата за пирење. „Осомничените соизвршители, во својство В.Д. директорка на ЈП “Комуналец” – Гостивар, технички раководител на Сектор за технички работи и раководител на Одделението за водовод, ...
Аргентинската суперѕвезда Лионел Меси не проговори по поразот од Шпанија со 1-0 во финалето на Светското првенство во неделата. 39-годишникот го напушти стадионот и не зборуваше со медиумите. Но, во понеделник, Аргентинецот го прекина молчењето објавувајќи порака на својата страница на Инстаграм. „Многу боли и ќе биде потребно време оваа рана да заздрави. Но, со себе ги носам и сите добри работи… Натпреварите каде што ја сменивме ситуацијата ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во понеделник изјави дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен за време на неговата посета на САД, откако градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, изјави дека сè уште размислува за тој потег. „Бенјамин Нетанјаху нема да биде уапсен, на никаков начин, додека е во Соединетите Американски Држави“, напиша Трамп во објава на социјалните мрежи во која не се осврна на коментарите на ...
САД ја проширија својата воздушна офанзива против Иран, напаѓајќи град каде што се наоѓа нуклеарна централа, додека Иран одговори со напади врз Бахреин и Кувајт, во време кога дипломатите инсистираат разговорите да продолжат. Во понеделник, иранските медиуми објавија напади во областа Тебриз, каде што се верува дека се наоѓаат подземни ракетни бази, како и во Бушер, каде што се наоѓа единствената функционална цивилна нуклеарна централа во ...
На денешната вонредна седница, Владата донесе Одлука за определување на видот на енергентите, временскиот период, како и начинот на пресметка на акцизата, со што се овозможува намалување на акцизата на нафтените деривати, а со тоа и намалување на цените на бензинот и дизелот, информираше министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил, посочувајќи дека Владата продолжува со проактивен пристап во ...
Еден маж е уапсен во понеделник откако намерно го запалил влезот на зграда на адресата Федерал Плаза број 26 во Њујорк, каде што, меѓу другото, се наоѓа имиграциски суд, изјави директорот на ФБИ, Кеш Пател. „Утрово, едно лице активираше запалива направа пред зграда на адресата Федерал Плаза број 26 во Њујорк. Тој моментално е во притвор, а досега се пријавени две полесни повреди“, напиша тој на платформата X. Покрај судницата, во зградата се ...
Поскапуваат горивата од вечерва на полноќ. Бензините поскапуваат за три денари по литар, додека дизелот се зголемува за шест денари. „Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,88% во однос на одлуката од 13.7.2026 година. Референтните цени на нафтените ...
Не стивнуваат реакциите од пратениците на албанската опозиција откако во петокот беше закажана седница на Комисијата за образование доцна попладнето. Пратениците добиле порака во 16 часот и 16 минути дека седницата ќе се одржи во 16.30 часот но потоа била откажана и презакажана за денеска. Пратениците бараат објаснувања зошто сите процедури на Деловникот се прекршени. „Се закажува седница на работното тело на Комисијата за образование и не се ...
Вода во чешмите има, но не се осмелуваат да ја пијат бидејќи се сомневаат дека е затруена. Таква е состојбата во градот Гостивар. Анкетирани од Телевизија 21 во текот на денешниот ден, велат дека вода за пиење купуваат или полнат од јавните чешми во селата кои не се снабдуваат од градскиот водовод. Според нив, тешко е во овие високи температури да се справуваат со ваква состојба, бидејќи од страв од евентуално труење не се осмелуваат ниту ...
Светската куќа на фудбалот ФИФА ќе отвори дисциплинска постапка поради инцидентите во кои беа вклучени неколку членови на аргентинската репрезентација по финалето на Светското првенство против Шпанија. Светската фудбалска организација ќе ги анализира судиските извештаи и видео снимките од натпреварот пред да одлучи дали да изрече санкции. Меѓу настаните што ќе бидат испитани е и исклучувањето на Леандро Паредес поради агресивно однесување по ...
Кинескиот индустриски сектор одржа стабилен раст и продолжи да биде клучен двигател на економијата во првата половина од 2026 година, изјави на прес-конференција во понеделник Ванг Вејминг, главен инженер во кинеското Министерство за индустрија и информатичка технологија. Додадената вредност на производството на големите индустриски претпријатија се зголеми за 5,4% на годишно ниво, при што 32 од 41 главни индустриски сектори во земјата ...
Министерството за здравство сè уште не ги објави резултатите за причината на епидемијата во Гостивар. Министерот Сашо Клековски рече дека не може да даде информации без да биде дадена дозвола од Јавното обвинителство. „Јасно го кажувам тоа дека, штом ќе добијам дозвола за пристап до информациите, ќе комуницираме. И во претходната комуникација ја користев логиката на исклучување врз основа на оваа демографија. Значи, имаме заболени лица од ...