Скопје
-2ᴼ /
-2ᴼ
Париз Сен Жермен и Астон Вила вечерва ќе се соочат за Суперкупот. Натпреварот ќе се одржи во Салцбург, Австрија, со почеток во 21:00 часот. ПСЖ ќе игра за трофејот како победник на Лигата на шампионите за сезоната 2025/26, додека Астон Вила како победник на Лигата на Европа. Парижаните се исто така актуелни шампиони на Суперкупот на УЕФА, откако го победија Тотенхем на пенали во 2025 година. Париз Сен Жермен и Астон Вила вечерва ќе се ...
Бројот на жртви од земјотресот со јачина од 7,4 степени што го погоди западна Колумбија во понеделник се искачи на 254, додека спасувачките екипи продолжуваат да бараат преживеани под урнатините, јавува Ројтерс. Најмногу жртви се регистрирани во Переира, каде што загинаа 101 лице, и Кали со 95 жртви. Земјотресот сериозно оштети станбени згради, болници и училишта, а илјадници останаа без покрив на главата. Спасувачките напори се попречени од ...
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата изјави дека тајно ги сменил авионите во Турција минатиот месец по налог на американската тајна служба, но дека авионот со кој на крајот летал сепак бил поранлив од „Ер Форс Уан“. По самитот на НАТО во Анкара, Трамп беше префрлен од „Ер Форс Уан“ во воен авион преку камион за кетеринг во извонредна измама предизвикана од иранска закана за атентат, објавија американските медиуми. Белата куќа не ...
♈ Овен Денот носи силна мотивација и желба да завршите нешто што долго време го одложувате. На работа избегнувајте импулсивни одлуки. Во љубовта, искрен разговор може да расчисти недоразбирање. ♉ Бик Фокусот е на финансии и стабилност. Можно е да добиете корисна информација поврзана со пари или работа. Во љубовта не дозволувајте тврдоглавоста да создаде непотребна дистанца. ♊ Близнаци Ќе бидете комуникативни и полни со идеи. Денот е одличен ...
Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Утре ќе се задржи сончево и многу топло време со мала до умерена облачност. Во четврток и во петок попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ...
Унгарскиот парламент го избра Андраши Бака, поранешен врховен судија, за нов претседател на земјата, објави Ројтерс. Бака беше избран на претежно церемонијалната функција од страна на владејачката десничарска партија Тиса. Пратениците од опозициската партија Фидес не учествуваа на изборите. Неговиот мандат е симболичен чекор во напорите на премиерот Петер Маѓар да ги демонтира упориштата на моќта на поранешниот премиер Виктор Орбан, објави ...
Најмалку 18 лица, претежно тинејџери, загинаа денес кога два пикапа што превезуваа земјоделски работници се судрија во северен Египет, објави АФП. „Повеќето од загинатите беа тинејџери на возраст од 13 или 14 години“, изјави извор кој побара да не биде именуван. Најмладата жртва имала 10 години, објави локалниот весник Ал-Масри Ал-Јум. Египетското Министерство за здравство првично соопшти дека загинале 47 лица, а околу 30 се повредени. ...
Парламентот на Либан гласаше за укинување на смртната казна, со што Либан стана првата земја на Блискиот Исток што официјално ја отфрла смртната казна. Мнозинството пратеници денес ја поддржаа мерката, а само парламентарниот блок на Хезболах се спротивстави, јавува Би-Би-Си. Законот сега треба да биде одобрен од владата, која претходно ја објави својата поддршка, а потоа потпишан од претседателот Џозеф Аун. Според новите одредби, смртната ...
Бој Џорџ им порачал на членовите на „Калчр Клаб“ дека би можеле да бидат отпуштени доколку одбијат да ја изведуваат неговата контроверзна песна „We Will Dance Again“, која предизвика поделени реакции по објавувањето минатиот месец. Песната привлече внимание поради нејзиниот став кој, според критичарите, го отфрла опишувањето на израелската воена операција во Газа како геноцид, а истовремено ги критикува музичарите кои јавно ја поддржале ...
Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека изминатиов период е забележана појава на фишинг напади кои се изведуваат преку лажни СМС пораки, електронски пораки, веб-страници, мобилни апликации и пораки на социјалните мрежи. Лажните пораки наводно пристигнуваат од Оддел за моторни возила како известување од системот „Безбеден град“ и во истите е наведен лажен линк преку кој се пренасочуваат граѓаните да извршат уплата за ...
Ако сакате да го набљудувате небото, утре, 12 август, нè очекува целосно затемнување на Сонцето, а само неколку часа подоцна и максимумот на метеорскиот дожд Персеиди. Во среда, 12 август, првпат по 28 месеци, сенката на Месечината ќе ја допре Земјата за време на целосно затемнување на Сонцето, кое ќе биде видливо од делови на Гренланд, Исланд и Шпанија. Само неколку часа подоцна, метеорскиот дожд Персеиди ќе го достигне својот максимум под ...
Четворица членови на екипажот загинале во напад врз мал товарен брод во теснецот Баб ел-Мандеб, соопшти во вторникот јеменското Министерство за транспорт. Во меѓувреме, извори известија и за ракетен напад врз контејнерски брод во близина на брегот на Пакистан, за кој постојат сомневања дека бил извршен од американски сили. Доколку се потврдат смртните случаи на бродот „Тихама“, во египетска сопственост, тоа би биле првите жртви во напад на ...
Спасувачките екипи во вторникот интензивно пребаруваа низ урнатините во западна Колумбија, во потрага по преживеани по силниот земјотрес во кој, според проценките на локалните власти, загинале повеќе од 250 луѓе. Семејства и роднини стоеја покрај урнатините, чекајќи каков било знак дека нивните најблиски се сè уште живи. Земјотресот со јачина од 7,4 степени, најсилниот што ја погодил Колумбија во последните неколку децении, ја потресе земјата ...
Полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода пет лица во врска со две кривични дела, пријавени на 09.08.2026. Во координација со СВР Тетово, од слобода се лишени Ј.Ј.(24), А.О.(22) и А.А. (24), сите од Гостивар, поради сомнение дека на 09.08.2026 околу 04:00 часот, во близина на градскиот парк во Скопје, го нападнале В.О. (23) од Австрија и се обиделе да му одземат пари и лични предмети, при што едниот од нив му нанел расекотина. ...
Околу 2,4 милиони девојчиња во моментов се исклучени од средното образование во Авганистан како резултат на политиката на талибанската влада, според проценката објавена денеска од организација за образование и култура на ОН со седиште во Париз. „Жените се избришани од јавниот живот, и како што нова генерација девојчиња расте без образование, нивната иднина станува сè потемна“, се наведува во соопштението. Таа бројка би можела да порасне на ...
Демократска Република Конго во вторникот соопшти дека бројот на потврдени смртни случаи од ебола достигнал 2.011. Најновите податоци од Институтот за јавно здравје на Конго, до кои дошла Ројтерс, покажуваат и 4.381 потврден случај во пет провинции. Задоцнетото откривање на случаите, конфликтите и преоптоварените здравствени служби придонеле вирусот да се шири побрзо отколку во претходните епидемии. Сегашната епидемија, 17-та по ред во Конго, ...
Министерството за внатрешни работи и Фондот за здравствено осигурување вечерва информираа дека проблемот со здравственото осигурување на вработените во МВР е надминат и дека тие повторно можат непречено да ги користат здравствените услуги. -Во текот на денот, двете институции беа во континуирана координација и во соработка со Управата за јавни приходи, ги презедоа потребните активности за утврдување и отстранување на причините што доведоа до ...
Постојат одлуки што ја менуваат смислата на зборот „живот”. Одлуки донесени во најтешките мигови, кога болката е најголема, а срцето сепак избира да даде согласност. Токму таква одлука, донесена од едно семејство минатиот месец, денес значи нов почеток за двајца пациенти. Со нивната хумана согласност за органодарителство, беше извршена трансплантација – и два живота добија нов, квалитетен продолжеток. Зад секоја трансплантација стои приказна ...
Критикувајќи ги ВЛЕН за влегувањето во Владата без политички легитимитет, лидерот на ДУИ, Али Ахмети, во емисијата „Клик“ на РТВ21, изрази надеж дека ова ќе биде „последната грешка“ на албанските партии и дека нема да ја повторат во иднина. Според него, најдобро решение за Македонија се предвремени избори следната година. „Треба да се промени климата, сигурно мислам дека и македонската партија на мнозинството сфатила дека работите не одат ...
Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката. Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, ...
На пациентите со рак не им се намалуваат проблемите! Откако беа обезбедени видовите терапии што им недостасуваа, сега се расипа единствениот скенер во јавна сопственост кој дијагностицира тумори. Пет-скенерот, кој се наоѓа во Универзитетскиот институт за позитронско-емисиона томографија, веќе два месеца е во дефект. Дел од пациентите се принудени да бараат можности во странство или во приватни болници, каде што едно снимање чини околу 1.300 ...
До први септември ќе се чека каква ќе биде одлуката на Европската унија за проблемот со транспортерите од регионот, а доколку тоа не биде прифатливо, ќе следуваат протести и блокади на границите. Ова е исходот од денешниот состанок на работната група на претставниците од транспортниот сектор од Македонија, Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Билјана Муратовска од МАКАМ Транс рече дека по завршувањето на протестот, кој се одржа во ...
Министерот за земјоделство, Борче Серафимовски, информираше дека е постигнат договор меѓу земјоделците, откупувачите и преработувачите за цената на пиперката за ајвар. Од утре, „ајварката“ ќе се откупува по 40 денари за килограм за прва класа, 30 денари за прва-втора класа и индустриската класа, додека за најниската класа цената ќе изнесува 15 денари. Договорот е постигнат по неколкудневни преговори, а министерот упати апел до откупувачите и ...
Царинската управа спречила обид за криумчарење на повеќе од 3 илјади игли и опрема за тетовирање на граничниот премин „Блаце“. При детална контрола на товарно возило, царинските службеници пронашле и 60 пакувања со вкупно 7,2 литри боја за тетовирање, 150 парчиња маст и дополнителна опрема за тетовирање, кои возачот се обидел нелегално да ги внесе во земјава. Царинската управа спречила обид за криумчарење на повеќе од 3 илјади игли и опрема ...
СДСМ ја обвини Владата за негрижа поради депонијата создадена во близина на изворот Рашче, од каде со вода се снабдуваат Скопје или околу 25 проценти од граѓаните во земјава. Според опозицијата, состојбата претставува директна закана за водата за пиење и здравјето на граѓаните, а се бара одговорност за создавањето на нелегалната депонија во ова заштитено еколошко подрачје. „Цела држава ја отруја од неодговорност – 50 населени места во ...
33-годишен жител на Велес е уапсен од полицијата во Охрид под сомнение дека извршил кривично дело „силување“ врз 21-годишна шведска државјанка. Според нејзината пријава, случајот се случил ноќта помеѓу 8 и 9 август, во ноќен клуб во Охрид, каде што осомничениот, наводно, имал сексуален однос со неа без нејзина согласност. Од МВР информираат дека по целосно расчистување и документирање на случајот, против 33-годишникот ќе биде поднесена ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, потпиша извршна наредба со која се бара намалување на бројот на вакцинации за деца, при што повторно повика вакцината која штити од морбили, заушки и рубеола, позната како ММР, да се подели на три одделни дози. Воедно, бројот на вакцини се намалува на 11, од 18 кои ги препорачува Американската академија за педијатрија. „Мојата администрација ги признава златните стандарди за препораки за вакцинација на ...
Полицијата го расветли случајот со пукањето на 8 август во Тетово, при што од слобода се лишени три лица. Според СВР Тетово, 34-годишен жител на Селце е осомничен дека неколкупати пукал со автоматско оружје од мотоцикл во правец на куќа во селото, по што го напуштил местото на настанот, пренесува ТВ21. Во рамки на истрагата, полицијата извршила претрес и во стан во Тетово, при што биле одземени 66 куршуми со калибар 12 милиметри, две кациги, ...
Американскиот Стејт департмент неодамна објави откажување на повеќе од 175.000 визи за странски државјани за време на администрацијата на претседателот Доналд Трамп, додека продолжува широката антиимиграциска кампања, која им одзеде на десетици илјади други луѓе привилегии за патување и имиграција. Министерството во соопштението наведува дека откажувањата ги погодиле странците кои „ги прекршиле условите за виза, извршиле кривични дела, ...
Силниот земјотрес што во понеделникот ја погоди западна Колумбија е десеттиот земјотрес во светот годинава со магнитуда од најмалку 7 степени, покажуваат податоците наведени во извештајот. Земјотресот со магнитуда 7,4 степени се случил во утринските часови, со епицентар во близина на Сан Хозе дел Палмар, околу 400 километри западно од главниот град Богота. Потресот бил почувствуван и во Еквадор, Венецуела и Панама, а следел и последователен ...