Скопје
27ᴼ /
27ᴼ
Вчерашното невреме предизвика хаос насекаде низ Скопје. Поради тоа, телефоните во Центарот за управување со кризи не престануваа да ѕвонат, при што оваа институција примила повеќе од 12 илјади повици за помош. И денеска, додека екипата на ТВ21 престојуваше таму, телефоните постојано ѕвонеа. Директорот Мухамед Али изјави дека секој повик бил примен и проследен до надлежните институции. Според него, сите барања за помош пристигнале од ...
Бугарскиот парламент го одобри барањето на САД за користење на воздухопловната база Безмер како логистичка поддршка за американските операции на Блискиот Исток. Одлуката беше изгласана со 136 гласа „за“, 13 „против“ и двајца воздржани. Од 24 јули до 1 октомври во базата ќе можат да бидат распоредени до осум американски авиони-танкери KC-135, до 250 припадници на персоналот и придружна опрема. Бугарските власти нагласуваат дека од територијата ...
Според податоците од јавните здравствени установи во Гостивар, во текот на вчерашниот ден (21.07.2026 година) продолжи трендот на значително намалување на бројот на новопрегледани пациенти, односно лица кои првпат побарале лекарска помош поради симптоми на гастроентеритис. Во Општа болница „Д-р Ферид Мурад” – Гостивар се регистрирани 60 нови прегледи на инфективното одделение, 37 нови прегледи на педијатриското одделение и 11 прегледи во ...
Невремето што вчера го зафати главниот град предизвика штета и на еден од најпознатите историски симболи на Скопје. Од силниот ветер и обилните врнежи оштетени се и стрелките на стариот часовник на зградата на Музејот на град Скопје – истиот часовник кој со децении го покажува 5:17 часот, како спомен на катастрофалниот земјотрес од 1963 година. Невремето што вчера го зафати главниот град предизвика штета и на еден од најпознатите историски ...
Нема никаков сомнеж дека Европската унија сака да ве види како полноправна членка, порача евроамбасадорот Михалис Рокас на седницата на Националниот совет за евроинтеграции, на која тема на расправа беше Клучните аспекти на процесот на европската интеграција. Тој не заборави да потсети дека земјава успешно ги исполни обврските од Реформската агенда, но посочи дека членството е клучно за забрзан развој. Сепак, нагласи дека е потребно ...
Денеска во Центарот за управување со кризи се одржа седница на Главниот штаб со која претседаваше Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, а на која присуствуваше и директорт на ЦУК, Мухамет Али. На седницата беа разгледани информациите и резултатите од анализите поврзани со состојбата со водоснабдувањето во Општина Гостивар, при што беа донесени повеќе заклучоци и мерки за заштита на здравјето на граѓаните. Согласно резултатите од ...
Македонија има за цел да воспостави нова динамика во реформите за европска интеграција, со посебен фокус на правосудниот систем. Министерот за правда, Јетон Шасивари, оствари средба со амбасадорот и шеф на Делегацијата на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас. На средбата се разговараше за спроведувањето на реформите во правосудството, владеењето на правото и исполнувањето на обврските од Реформската агенда и Кластерот „Темелни ...
Партнерството со земјоделците подразбира институциите да бидат присутни на терен и да дејствуваат координирано кога нивниот труд и производството се загрозени, порача министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, при денешната посета на селата Дабиље и Пиперово во струмичкиот регион, каде што невремето предизвика штети врз градинарските култури. Министерот Серафимовски, заедно со градоначалникот на Општина ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, сака претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, да биде следниот генерален секретар на Организацијата на Обединетите нации, објави „Њујорк пост“, повикувајќи се на извори блиски до американската администрација. Според овие извори, Трамп смета дека Инфантино „е почитуван од сите во светот“ и дека има посебна способност „да ги обединува луѓето“. Мандатот на актуелниот генерален секретар ...
По случајот со загадувањето на водата во Гостивар, во Тетово се засилени контролите на квалитетот на водата за пиење. Директорот на ЈКП „Шар“, Валон Зеќири, информираше дека последните анализи потврдуваат оти водата во Тетово е безбедна за консумирање и граѓаните можат да ја користат без загриженост. Зеќири изјави дека, со цел да се зголемат безбедноста и довербата на граѓаните, анализите кои претходно се вршеа двапати неделно, отсега ќе се ...
Јужнокорејското Обвинителство побара затворска казна од една година за сопственик на ресторан со две „Мишелин ѕвездички“, обвинет за ставање мравки како додаток во десертите на гостите, објавија тамошните медиуми. Судските документи не го именуваат ресторанот, ниту сопственикот. Обвинителите во понеделникот побарале и казна од 20 милиони вони (околу 12.200 евра) за ресторанот, бидејќи мравките не се меѓу 10-те видови инсекти дозволени во ...
Одделот за трауматологија при Универзитетската клиника за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје е пуштен во употреба по целосно реновирање, со цел да се подобрат условите за лекување на пациентите и за работа на медицинскиот персонал. Одделот располага со 26 болнички кревети, а во текот на една година се изведуваат околу 1.100 хируршки интервенции, кои ги извршуваат девет хирурзи-трауматолози. Станува збор за еден од главните ...
Во Владата денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда. Премиерот Христијан Мицкоски на својот фејсбук-профил објави дека на состанокот биле разгледани досегашниот напредок и следните активности во однос на реформите. – Денеска се одржа состанок посветен на реформската агенда, на кој беа разгледани досегашниот напредок, тековните активности и следните чекори за навремено исполнување на предвидените обврски, напиша Мицкоски. Тој ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, заедно со претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска ја посетија Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски” во Скопје, по повод пуштање во употреба на комплетно реновираното одделение за трауматологија. – Посебно ми е драго што сме тука, бидејќи додека траат разговорите за нови клинички болници не смееме да заборавиме на постојните. Оваа зграда на хируршката клиника ...
На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, од Територијалната противпожарна единица Кичево, пријавено е дека настанал пожар во стан на улицата „4 Јули“. во Кичево. Од екипа на ТППЕ Кичево пожарот бил изгаснат, а во станот било пронајдено опожарено телото на С.С.(37) од Кичево. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а увид на местото извршиле јавен обвинител и екипа на ОВР Кичево. На 21.07.2026 во 18:55 часот во ОВР Кичево, од ...
Во магичниот амбиент на црквата „Света Софија“ во Охрид, и оваа година ќе се одржи традиционалната Австриска вечер, еден од најпрепознатливите настани во програмата на фестивалот „Охридско лето“. Како ексклузивен спонзор, Касинос Австрија Интернешанал Македонија и годинава со гордост ја поддржува реализацијата на овој врвен музички настан. Во рамките на 66. издание на фестивалот, на 24 јули (петок), со почеток во 21:00 часот, во црквата ...
Клиничката болница – Штип ги извести сите болници и здравствени домови од Источниот регион во наредните денови да не ги упатуваат пациентите со скршеници на Одделението за ортопедија, поради сериозните оштетувања што ги предизвика силното невреме. Од болницата соопштија дека елементарната непогода нанела значителна штета на Одделот за ортопедија и на ортопедската операциона сала, поради што во моментот не може да се обезбеди соодветен третман ...
Десет мажи кои претходно биле киднапирани се пронајдени мртви на три локации во мексиканската држава Закатекас. Меѓу жртвите се поранешен градоначалник, двајца градски службеници, вклучувајќи пожарникар, и неколку локални претприемачи. Најстрашната сцена беше откриена во близина на Позо де Гамбоа во општината Пануко, каде што пет полуголи тела со траги од мачење висеа од локалниот мост. Четири тела беа оставени на влезот во градот Морелос, а ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остварил онлајн-средба со директорот на Директоратот за соседство и проширување при Европската комисија, Герт Јан Копман, на која се разговарало за реформските закони и обврските што државата треба да ги исполни до декември годинава во рамки на евроинтеграцискиот процес. Одговарајќи на новинарски прашања, Мицкоски истакна дека Владата продолжува со исполнување на реформската агенда и дека најголемиот дел ...
Управувачкиот комитет за кризни состојби денеска ќе одржи седница на која ќе се разгледуваат и усвојуваат плановите за повторно ставање во функција на водоводниот систем во Гостивар. Ова го соопштија премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски при посетата на реконструираното Одделение за трауматологија на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ во Скопје. Премиерот Мицкоски најави дека на ...
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) соопшти дека за време на вчерашното силно невреме биле измерени исклучително високи удари на ветер, кои на одредени локации се доближиле до историските рекордни вредности. Според податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, на повеќе места во земјава биле регистрирани оркански удари со брзина поголема од 130 километри на час. Од УХМР информираат дека од вкупно 47 мерни места ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска во изјава за медиумите порача дека штетите од синоќешното невреме ќе бидат утврдени и согласно законските процедури и досегашната практика ќе бидат надоместени од надлежните институции. Како што вели, Владата има механизми за помош како и при секоја елементарна непогода. „Оваа Влада никогаш не ги оставала граѓаните сами да се снаоѓаат. Им благодарам на институциите и на градоначалниците што во текот на ...
СДСМ побара политичка одговорност поради масовното труење на граѓаните во Гостивар, оценувајќи дека здравствените институции целосно потфрлиле во заштитата на јавното здравје. Од партијата побараа оставки од министерот за здравство Сашо Клековски, директорката на Институтот за јавно здравје Марија Андоновска, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Оливер Миланов, како и од одговорните лица во локалните центри за јавно здравје. На ...
Вкупно 33 лица побарале медицинска помош во две скопски болници по силното невреме што вчера го зафати главниот град. На Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ биле прегледани 22 пациенти, додека на Универзитетската клиника за ТОАРИЛУЦ биле згрижени уште 11 лица. Директорот на „Св. Наум Охридски“, Небојша Настов, информираше дека двајца пациенти се задржани на болничко лекување, а останатите биле третирани поради ...
Вкупно 11 пациенти биле итно примени во Ургентниот хируршки центар со повреди здобиени за време на невремето. Според информациите што за МИА ги потврди директорот на ТОАРИЛУЦ, д-р Игор Мерџановски, тројца граѓани се здобиле со тешки телесни повреди, додека осуммина поминале со полесни повреди. Поради сериозноста на состојбата, дел од пациентите се задржани на болничко лекување: На Клиниката за неврохирургија е хоспитализирана пациентка која ...
За задоволување на хигиенските потреби на пациентите и вработените во Гостиварската болница, обезбедена е вода од цистерни. Од управата општата болница „Д-р Ферид Мурад“ – Гостивар, информираат дека од синоќа во кругот на болницата е поставена цистерна со вода. Возилото е обезбедена преку соработка со ЈКП „Тетово“ – Тетово и ќе биде на располагање наредниов период. -Цистерната ќе биде во функција на пациентите и болничкиот персонал за ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, учествуваше на седницата на Националниот совет за европска интеграција, каде ги претстави владините ставови за Извештајот на Европската комисија за владеење на правото за 2026 година и спроведувањето на Реформската агенда. Во своето обраќање, Сали истакна дека членството во Европската Унија останува највисок стратешки приоритет на државата и дека реформите во ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп планира да му достави на Конгресот на одобрување договор со Саудиска Арабија за споделување нуклеарна технологија, за кој американските медиуми наведуваат дека не содржи заштитни мерки за да се спречи нејзина употреба во програми за развој на нуклеарно оружје. Станува збор за документ познат како Договор според член 123 од американскиот Закон за атомска енергија, кој минатата година ...
Во Музејот на град Скопје денеска свечено беше откриен споменик на Махатма Ганди, духовниот водач на индиската борба за независност и една од највлијателните личности во светската историја. Настанот се одржа во рамки на официјалната посета на претседателката на Индија, Драупади Мурму, на Северна Македонија. На церемонијата присуствуваа претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, индиската претседателка Драупади Мурму и градоначалникот на ...
Американскиот секретар за одбрана, Пит Хегсет, на 21 јули му изјави на Конгресот дека војната со Иран досега ги чинела Соединетите Американски Држави 37,5 милијарди долари, во споредба со речиси 29 милијарди долари колку што беше проценето во средината на мај. Тој го бранеше барањето на Пентагон за околу 67 милијарди долари дополнителни средства. Сведочејќи пред Комитетот за буџетски распределби на Сенатот, Хегсет и генералот Ден Кејн, ...