Поранешниот претседател на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, излегува од притвор со гаранција во имот вреден 508 илјади евра. Судот, по позитивно мислење од Обвинителството, му определил мерки на претпазливост, јавување во суд и одземање на патната исправа. Притворот е укинат и за Томислав Младеновски и Ѓуро Чубриновски, со гаранции од 206 илјади, односно 1,6 милиони евра. Инаку, во истрагата се опфатени 18 лица, кои се сомничат за проневера на повеќе од ...

Лирим Хајредини, оперативен директор на телевизијата Алсат-М, бил пронајден без знаци на живот во утринските часови. По настанот, на местото излегле полициски екипи и истражители, а телото на починатиот е предадено на обдукција со цел да се утврдат околностите за смртта. Хајредини беше дел од Алсат-М 16 години, каде што беше ценет поради неговата посветеност и професионализам. Погребот ќе се одржи во петок во Тетово. Во овие болни моменти, ...

Демократската унија за интеграција реагираше на обвинението на Обвинителството против осум лица, меѓу кои и поранешниот вицепремиер Артан Груби, оценувајќи го како политичко и селективно обвинение. Од партијата велат дека по две години истрага, јавноста треба да знае врз кои конкретни докази и аргументи е подигнато обвинението, а бараат целосна транспарентност на процесот и меѓународен надзор над случајот. ДУИ нагласува дека ја почитува ...

Пожарот во шумата над селото Габер се проширил на планински и непристапен терен. Според Центарот за управување со кризи (ЦУК), ситуацијата во близина на населените места е под контрола и во моментов не претставува опасност за жителите. За гаснење на пожарот ќе бидат ангажирани три авиони „Air Tractor“ и еден авион на Министерството за внатрешни работи. Пожарот се движи во правец на селото Вржале, а екипите на терен ја следат ситуацијата. „Во ...

Опозициската и владејачката партија разменија меѓусебни обвинувања, по вчерашните изјави на министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, поврзани со разговорите со ЕУ за одблокирање на преговорите на земјата за членство во Унијата, дадени во гостување на министерот Муцунски на ТВ Сител. „Тимчо Муцунски денеска тврди: „Тајни разговори или ‘разговори под радарот’ нема. Никогаш не сум кажал такво нешто и тоа лесно може ...

Охридскиот рамковен договор е дел од нашата понова историја и од политичката и институционалната реалност на државата. Денес, на годишнината од неговото потпишување, важно е на овој документ да гледаме со зрелост, со почит кон различните ставови што постојат во општеството и, пред сè, со одговорност кон иднината, напиша премиерот Христијан Мицкоски во објава на социјалните мрежи по повод 25-годишнината од договорот. „Свесни сме дека ...

Тројца државјани на Судан, осомничени како илегални мигранти, биле пронајдени од царинските службеници за време на деталната контрола на камион со стока од Кина, натоварена во пристаништето во Солун и наменета за царинење во Македонија. Тројцата лица го пресекле кабелот од предниот дел од товарниот простор и се скриле меѓу кутиите. Случајот е предаден на Министерството за внатрешни работи и претставува четврти случај на илегални мигранти ...

Полицијата на Косово денеска соопшти дополнителни информации за апсењето на лице осомничено за шпионажа на граничниот премин Мердаре, пренесува ТВ21. Полицијата соопшти дека Ф. С., со одлука на Специјалното обвинителство, е задржан во притвор 48 часа. При претресот на неговиот дом во Драгаш, истражителите заплениле 39.500 евра, 500 динари, четири мобилни телефони и документи релевантни за случајот. „Лицето Ф. С., кое денеска беше уапсено од ...

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против осум лица, меѓу нив и Артан Груби, за злоупотреба на службената положба и овластување. Според обвинението, со нивните дејствија на Државна лотарија ѝ била нанесена штета од над 507 милиони денари. Обвинетите во текот на 2023 и 2024 година, според Обвинителството, овозможиле набавка на видеолотариски терминали. Тие, како што се наведува, постапиле и покрај тоа што Државна лотарија ...

МВР денеска извести за два случаи на уапсени лица, по претреси извршени во Скопје и Кичевско во кои им била пронајдена дрога. „На 11.08.2026 во 21:30 часот во с.Србјани, кичевско, полициски службеници од ОВР Кичево ги лишија од слобода И.Б.(43) и А.Л.(29), двајцата од Кичево. Претходно, полициски службеници дале знак за запирање на патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал И.Б., а сопатник бил А.Л., при што тие ...

Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше пријавено дека се оддалечила од домот, денеска е пронајдена, соопшти СВР Охрид. Од СВР Охрид информираа дека полициски службеници денеска во 12:20 часот, по преземени мерки и активности, ја пронашле малолетничката на крстосницата на улиците „АСНОМ“ и „Никола Карев“. Во содејство со Центарот за социјални работи, таа е предадена на родителите. Малолетната К.Ј. (15) од Охрид, за која вчера беше ...

Мета отстранила повеќе од 750.000 профили на Инстаграм и Фејсбук за кои се сомнева дека им припаѓаат на корисници под 16 години во Австралија. Забраната за користење социјални мрежи за лица под 16 години стапи во сила на 10 декември. Австралиските власти ја воведоа поради загриженост за влијанието врз менталното и физичкото здравје на младите. Сепак, податоците покажуваат дека повеќе од 80 отсто од лицата под 16 години и понатаму користеле ...

Милиони луѓе вчера го следеа реткото целосно затемнување на Сонцето. Месечината целосно го покри Сонцето во делови од Шпанија и Исланд, создавајќи спектакуларни сцени. Целосното затемнување беше видливо и од делови на Гренланд и североисточна Португалија. Во останатиот дел од Европа феноменот беше видлив како делумно затемнување. Настанот привлече голем број туристи и љубители на астрономијата, кои со заштитни очила го следеа небесниот ...

Амбасадорот на Албанија во Македонија, Денион Мејдани, по повод 25-годишнината од Охридскиот рамковен договор, преку објава на социјалните мрежи ја истакна важноста на Договорот за уставниот поредок и европската иднина на земјата. Мејдани оценува дека Охридскиот договор ги постави темелите за поправедна држава, заснована врз еднаквост, правична застапеност, официјална употреба на јазиците и децентрализација. Тој нагласува дека и по 25 години ...

Како дел од платформата „Повеќе од финансии – поддршка за заедницата“, преку која Flex Credit континуирано ја покажува посветеноста кон општеството надвор од своето основно работење, финансиското друштво организираше хуманитарна акција за донација на питка вода во Гостивар. Оваа иницијатива е уште еден чекор во потврдувањето на принципот дека бизнис успехот има смисла само кога му служи на општеството. Преку оваа иницијатива беа обезбедени и ...

Во вторник и среда, 18 и 19 август, е првиот рок за пријавување за студии на УКИМ. На 23 факултети има вкупно 8.851 слободно место за академската 2026/2027 година. Од нив, 4.395 се во државна квота, 3.621 за кофинансирање и 835 за вонредни студенти. Најмногу места има на Медицинскиот факултет, ФИНКИ, Филолошкиот, Економскиот и Филозофскиот факултет. Кандидатите најпрво треба да се регистрираат на upisi.ukim.mk и да ја пополнат електронската ...

МВР информира дека и покрај зголемениот број барања во летниот период, издавањето патни исправи се одвива непречено. Во јули биле поднесени околу 55 илјади барања за лични документи. Термин за редовна постапка граѓаните добиваат за еден до два дена, а документите најдоцна за седум дена. Од МВР велат дека организациските мерки овозможиле пократки рокови и покрај зголемениот број граѓани од дијаспората. На иселениците им се препорачува навреме ...

Македонија бележи значителен напредок на Глобалниот индекс за сајбер-безбедност (NCSI), откако се искачи за дури 29 позиции и сега се наоѓа на 30. место меѓу 155 рангирани држави и територии. Според најновото рангирање, земјата има освоено 84,17 од можни 100 поени, со што се вбројува меѓу државите со високо ниво на подготвеност за спречување сајбер-закани и справување со сајбер-инциденти. Глобалниот индекс за сајбер-безбедност го развива ...

Градоначалникот на општина Сарај, Мухамед Елмази, синоќа објави дека започнало механизираното чистење на депонијата во Радуша, за која се верува дека претставува закана за животната средина и изворот на вода за пиење, Рашче. „Во продолжение на акциите за чистење на дивите депонии на територијата на Општина Сарај, во соработка со Градот Скопјe, презедовме акција за чистење на депонијата во населбата Радуша. Ова е уште еден чекор во нашите ...

Докторот токсиколог и професор на Медицинскиот факултет, Андон Чибишев, реагираше на дезинформациите што се проширија на социјалните мрежи дека водата за пиење во Скопје е загадена со бактеријата Escherichia coli. Чибишев вели дека не го разбира мотивот за ширење на вакви информации и предупредува дека евентуално загадување на водата со оваа бактерија би можело да предизвика сериозни последици врз здравствениот систем. „Не го разбирам мотивот ...

Министерството за внатрешни работи презема мерки по ширењето лажни информации на социјалните мрежи дека водата за пиење во Скопје е загадена со опасна бактерија. Од МВР за МИА информираат дека Секторот за компјутерски криминал ги идентификува профилите од кои биле објавувани повици граѓаните да не ја пијат водата во Скопје. Дел од лицата веќе се повикуваат на информативен разговор. „Секторот за компјутерски криминал при Министерството за ...

Во текот на јули биле поднесени околу 55 илјади барања за издавање лични документи, информира Министерството за внатрешни работи на Косово. Според информациите, граѓаните во моментов термин за поднесување барање добиваат за еден до два дена, додека изработката и доставувањето на документите трае најмногу до седум дена. Од Министерството посочуваат дека процесот на издавање лични документи се одвива без поголеми доцнења, а граѓаните можат ...

Фудбалскиот клуб Фламуртари се прости од својот поранешен фудбалер Агим Бубеќи, кој почина на 63-годишна возраст, оставајќи трага во историјата на клубот од Валона. Бубеќи бил пронајден мртов во својот стан во Валона. Тоа што го немало неколку дена, ги аламрирало соседите. Се претпоставува дека Од клубот упатија искрени сочувства до семејството, роднините и целата спортска јавност по повод загубата на Бубеќи, кој беше дел од генерацијата на ...

Романската нуклеарна централа Чернавода утрово започна со процесот на контролирано исклучување на вториот реактор поради континуирано и значително намалување на нивото на водата во Дунав, а се очекува електраната да престане да снабдува електрична енергија со националниот електроенергетски систем околу 11 часот по локално време, објави компанијата „Нуклеарелектрика“. „Одлуката за контролирано исклучување на втората единица е донесена поради ...

♈ Овен – Денот носи енергија за нови почетоци. На работа бидете одлучни, но избегнувајте импулсивни реакции. Во љубовта ве очекува интересен разговор. ♉ Бик – Финансите бараат поголема внимателност. Не трошете непотребно. Во љубовта, искреноста ќе ви помогне да надминете недоразбирање. ♊ Близнаци – Ќе имате многу обврски, но и доволно енергија да ги завршите. Можно е да добиете интересна вест или покана. Вечерта е одлична за дружење. ♋ Рак – ...

Променливо облачно време со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со силен ветер и услови за појава на град. Температурата ќе опадне за неколку степени. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец, кој наместа повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 37 степени. Во ...

Легендарниот гитарист Ричи Блекмур повторно ќе се качи на сцената со „Дип Парпл“, за првпат по 1993 година. Тој вечерва ќе им се придружи на бендот на концертот во Џонс Бич Театарот во Њујорк, како дел од бисот. 81-годишниот Блекмур претходно го контактирал пејачот Ијан Гилан, кој ја прифатил идејата и добил согласност од останатите членови на бендот. Иако се очекува да изведе само една песна, неговото враќање на сцената со „Дип Парпл“ се ...

Целосното затемнување на сонцето на 12 август 2026 година се случува во знакот Лав, а во астролошките толкувања е поврзано со нови почетоци, лични промени и преиспитување на врските. Некои астролози веруваат дека неговото влијание би можело да биде особено видливо во љубовниот живот на одредени знаци. Лавовите свртуваат нова страница За Лавовите, ова би можело да биде период на силно лично преиспитување. Тие би можеле појасно да разберат што ...

Сегашната епидемија на ебола во Конго би можела да стане најсмртоносна во историјата, надминувајќи го претходниот бран во кој загинаа повеќе од 11.000 луѓе, изјави денес шефот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејесус. Епидемијата се шири побрзо од која било друга во историјата, а борбата против вирусот е попречена од вооружени конфликти, јавна недоверба и недостаток на лекови, објавува АП. „Ако продолжи со ова ...

Голем пожар избувна доцна попладнево во селото Диа, во близина на Тирана, а поради силниот ветер огнената стихија за кратко време зафати голема површина. Според локалните медиуми, пламените јазици брзо се шират, додека густиот чад ја прекрива целата област. Во еден момент во опасност биле и две противпожарни возила и неколку пожарникари, кои навреме успеале да се повлечат. Во гаснењето на пожарот се ангажирани пожарникари, припадници на ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

6ᴼ / 0ᴼ
1.03
77%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1029
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
3.01
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
88%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
67%
1027
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.03
67%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 2ᴼ
1.35
78%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.06
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Алуминиум

3.07

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Злато

130856.75

Калај

46.54

Сребро

1670.34

Рутениум

61086.42

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Паладиум

32279.35