Пожарот што ја зафати Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според директорот на ЦУК, Мухамед Али, екипи на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје интервенирале на терен, а состојбата во моментов се стабилизира. „Пожарот во Парк-шумата Гази Баба е ставен под контрола. Центарот за управување со кризи веднаш реагираше, воспоставувајќи контакт и координација со надлежните ...

Осум лица се лишени од слобода во изминатото деноноќие на повеќе локации низ државата, откако при полициски проверки кај нив била пронајдена дрога, информираат од Министерството за внатрешни работи. Во периодот од 25 до 26 јули 2026 година, полициски службеници од СВР Скопје на различни локации во главниот град ги лишиле од слобода Ј.Ч. (47), А.Б. (19), Ф.Р. (27), Н.К. (19), М.О. (26), сите од Скопје, како и В.М. (35) од селото Морани, ...

Осумдесет и едногодишен жител на Градско го загубил животот во тешка несреќа што се случила во атарот на селото Уланци, откако тракторот што го управувал излетал од патот. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 25 јули во СВР Велес. Несреќата се случила околу 18 часот кај местото викано „Србиново“, каде С.Л. (81) од Градско, управувајќи трактор со приколка, изгубил контрола над возилото и излетал ...

Шеснаесетгодишно момче од скопското село Кондово починало откако му се слошило за време на посета кај роднини во селото Сингелиќ, информираат од Министерството за внатрешни работи. Според полициските информации, на 25 јули во 16:22 часот во СВР Скопје било пријавено од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ дека кај нив во бессознание бил донесен 16-годишник, кој кратко време подоцна починал. Според пријавеното, момчето било во посета кај роднини ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека очекува во текот на утрешниот ден надлежните институции да потврдат дека водата за пиење во Гостивар повторно е технички исправна за користење, откако завршните анализи покажале позитивни резултати. Одговарајќи на новинарски прашања при увидот во градежните работи на клучката кај Момин Поток, Мицкоски рече дека екипи на ЈП „Водовод и канализација“ од Скопје се ангажирани во Гостивар, каде што се ...

Силни земјотреси со јачина од 5,8 и 5,0 степени според Рихтеровата скала денеска ја погодија Алјаска, соопшти Американскиот геолошки завод (USGS). Епицентарот на земјотресот со јачина од 5,8 степени бил на 99 километри југоисточно од Атка, на длабочина од 10 километри, соопшти USGS, пренесува Ројтерс. Претходно, Алјаска беше погодена и од земјотрес со јачина од 5,0 степени, чиј епицентар се наоѓал на 103 километри југоисточно од Атка, на ...

Германската влада вети дека ќе ги изведе пред лицето на правдата одговорните за смртоносниот напад што се случи во саботата вечер во близина на Парадата на гордоста во Берлин, додека полицијата побара помош од јавноста за пронаоѓање на осомничен, кој според нејзините информации е поврзан со исламистички кругови. Бело возило околу 22:00 часот по локално време влета во толпа луѓе во паркот Тиргартен, во близина на Бранденбуршката порта, ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Максималната темпертура ќе биде во интервал од 26 до 37 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. T=32°C. P=978hPa. U=30%. V=3m/s. UV index=8 Утре времето ќе биде променливо ...

По повод 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес во Скопје, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска положи цвеќе пред Споменикот на жртвите, оддавајќи им почит на сите кои ги загубија животите во трагедијата од 26 јули 1963 година. По тој повод, Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук истакна дека и по повеќе од шест децении Скопје продолжува да се сеќава на жртвите од земјотресот, кој на 26 јули 1963 година, во 05:17 часот, ...

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека за утре (27 јули) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија). Според информациите од надлежните грчки власти, штрајкот ќе трае од 05:00 до 09:00 часот, според македонско време. Во тој период, патничките возила ќе можат да ја преминуваат границата на секои 10 минути, додека товарниот сообраќај ќе ...

На 26 јули 1963 година, во 05:17 часот, Скопје беше погодено од катастрофален земјотрес со јачина од 6,1 степени според Рихтеровата скала. Во трагедијата загинаа 1.070 лица, околу 3.000 беа повредени, а повеќе од 200.000 граѓани останаа без покрив над главата, откако беа уништени илјадници објекти. Катастрофата предизвика голем бран на меѓународна солидарност. Десетици држави испратија помош за обновата на градот, а во поддршката на Скопје ...

♈ Овен Ќе бидете полни со енергија и подготвени за нови предизвици. На работното место можно е да добиете признание за вашиот труд. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти сите дилеми. ♉ Бик Денот е поволен за финансиски одлуки и планирање. Не трошете пари импулсивно. Партнерот ќе ви покаже колку му значите, а слободните Бикови ги очекува интересно познанство. ♊ Близнаци Комуникацијата ќе ви биде најсилното оружје. Ќе решите недоразбирање ...

Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 ...

Ќерката на македонската држајанка која беше уапсена во Улцињ под сомнение дека со автомобил прегази шарпланинец, излезе со своја верзија за инцидентот. Таа за ТВ Сител изјави дека прегазувањето било заштитна реакција откако шарпланинецот, тежок над 50 килограми, влегол во нивниот апартман, го усмртил нивното мало куче од расата Ши-цу и се обидел да ги нападне неа и нејзиниот малолетен брат. Според нејзините зборови, мајката го употребила ...

Големите шумски пожари што ја зафатија шпанската заедница Мадрид и покраината Авила уништија речиси 25.000 хектари земја и директно засегнаа повеќе од 63.000 луѓе, објави весникот „Ел Паис“ во саботата. Според најновите бројки од шпанското Министерство за внатрешни работи, пожарите во Мадрид и Авила изгореа околу 25.000 хектари. Во Авила изгореа помеѓу 13.000 и 15.000 хектари, додека во Мадрид изгореа околу 9.940 хектари. Повеќе од 30.000 ...

Во судир на два патнички автобуси на патот помеѓу Деир ез-Зор и Дамаск загинаа 35 лица, а 30 се повредени. Бројот на жртвите беше потврден за државната новинска агенција САНА од страна на функционер на сириското министерство за здравство во саботата, објави Ројтерс. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, кои ги објави агенцијата САНА, во несреќата учествувале автобус што превезувал припадници на силите за внатрешна ...

На ден 25.07.2026 година, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 1 е под контрола, а 8 пожари се изгаснати. Активни пожари (3): Општина Пробиштип – атар на с. Плешинци кон с. Стрмош (ниска вегетација, грмушки и ниска шума). Општина Куманово – атар на с. Винце (сува трева). Општина Петровец – од с. Горно Коњари кон с. Винце (сува трева, грмушки и шума). Пожар под ...

Општина Чаир денес свечено ја промовираше улицата „Авни Мула“, именувајќи еден од своите јавни простори по една од најзначајните личности на албанската музика и култура. На свеченоста присуствуваа градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, како и светски познатата сопранистка Инва Мула, ќерка на големиот уметник Авни Мула. Промоцијата се одржа во деновите кога Чаир е домаќин на Меѓународниот музички фестивал „Чаршија“, што на овој чин му ...

Според графичкиот приказ со дневните податоци за пациентите кои побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, што го објави Министерството за здравство, епидемијата во градот е во опаѓање. Како што покажуваат податоците, најголем број пациенти биле регистрирани на 18 јули, кога лекарска помош побарале 649 лица. Вчера, на 24 јули, биле евидентирани само 80 нови случаи. „Денеска имаме околу 80 новопријавени ...

Во врска со водоснабдувањето во Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок, при денешната посета, министерот за здравство Сашо Клековски ги повика новинарите на непосреден увид во состојбата на самото место. – Тоа дека водата не е за пиење не е тајна — станува збор за јавно објавена состојба која се однесува на сите чешми во болницата и во населеното место Лешок. Состојбата во Лешок е слична на таа во голем дел од руралните ...

Во електровлечната подстаница Драчево, меѓу железничките станици Лисиче и Драчево, е извршена кражба од големи размери, при што е уништен значителен дел од електроенергетската опрема, соопшти МЖ Инфраструктура. Според информациите, крадците насилно превртеле два трансформатори тешки повеќе од 30 тони, го истуриле трансформаторското масло и ги украле бакарните намотки, како и бакарни жици, шини и друга опрема неопходна за функционирање на ...

Во Болницата за белодробни заболувања во селото Лешок, Општина Теарце, водата не е безбедна за пиење. Според министерот за здравство, Сашо Клековски, ова не е нов проблем, бидејќи, како што рече, водата во ова село не е погодна за пиење во летниот период повеќе од една деценија. Причината е зголемената потрошувачка во лето поради доаѓањето на иселениците, поради што е потребно зголемување на капацитетите на водоснабдителниот систем. ...

Поранешниот аргентински репрезентативец Анхел Ди Марија смета дека Лионел Меси треба да продолжи да настапува за националниот тим сè додека самиот го посакува тоа. „Момците од репрезентацијата заслужуваат многу повеќе од обичен аплауз за сè што постигнаа во овој период. Бев загрижен за време на секој натпревар на Светското првенство 2026. Овој тим секогаш пронаоѓаше нешто посебно во себе што му помагаше да победува. Во финале понекогаш ...

Шпанскиот национален тим ќе плати приближно 30 проценти од наградниот фонд за освојување на Светското првенство во 2026 година во даноци, објави „Фокс њуз“. Победникот на турнирот ќе добие уплатница со 15 милиони долари даноци. Според американскиот медиум, ФИФА обично преговара со земјите домаќини на Светското првенство за ослободување на националните федерации од даноци. Сепак, американските власти ги сметаа шпанските репрезентативци за не ...

Со ескалацијата на конфликтот меѓу САД и Иран во последните недели, се појавија информации дека Пакистан започнал нов дипломатски обид за враќање на завојуваните страни на преговарачката маса. Исламабад се обидува да посредува меѓу Вашингтон и Техеран уште од почетокот на конфликтот, а овие напори добиваат и јавна поддршка од Кина. „Немам прецизни информации за тоа што се случува во моментов, но можам да кажам дека дипломатскиот ангажман не е ...

Полемиката меѓу актуелниот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот претходник Бујар Османи продолжува по изјавите за тоа дали протоколите со Бугарија се дел од Преговарачката рамка со ЕУ. Откако Муцунски изјави дека, според неговото толкување како министер и правник, протоколите не се дел од Преговарачката рамка, Османи на Фејсбук потсети дека истото го тврдел и тој додека беше шеф на дипломатијата. Муцунски денеска возврати ...

Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека епидемијата во Гостивар влегува во фаза на смирување, откако бројот на лица кои бараат лекарска помош значително се намалил. Според него, во последните 24 часа се регистрирани 80 нови пациенти, што е двојно помалку во споредба со претходните денови. Досега се евидентирани околу 4.000 заболени, поднесени се околу 750 пријави за заразни болести, а анкетирани се речиси 490 лица. Клековски најави ...

Министерот за здравство Сашо Клековски при посетата на Специјалната болница за белодробни заболувања во Лешок изјави дека водата во селскиот водовод и натаму не е безбедна за пиење, но дека болницата со години користи вода од диспанзери. Тој посочи дека проблемот со неисправната вода во Лешок постои повеќе од една деценија и дека се работи на негово трајно решавање. Во текот на следната недела се очекува да бидат направени нови анализи, по ...

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Примање поткуп предвидено во член 357 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, во периодот од 23 април до 24 јули годинава, како службено лице – виш референт за шалтерски услуги во Агенција за вработување на РСМ – Центар за вработување Прилеп, побарал и примил поткуп во вкупен ...

Министерството за здравство објави табеларен приказ со дневните показатели за пациенти кои првпат побарале лекарска помош во Општата болница и Здравствениот дом во Гостивар, заклучно со 24 јули. Според податоците, трендот на намалување на бројот на прегледи продолжува. На 24 јули се евидентирани вкупно 80 први прегледи – 65 во Општата болница и 15 во Здравствениот дом, што е значително помалку во однос на претходните денови. Од 14 до 24 јули ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
4.01
22%
1010
weather icon

Белград

33ᴼ / 33ᴼ
6.82
55%
1012
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.93
22%
1011
weather icon

Софија

30ᴼ / 30ᴼ
3.21
28%
1012
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
5.95
32%
1011
weather icon

Љубљана

35ᴼ / 33ᴼ
0.45
35%
1012
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.71
35%
1010
weather icon

Тирана

33ᴼ / 33ᴼ
4.02
30%
1012
weather icon

Подгорица

33ᴼ / 33ᴼ
2.11
32%
1011
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1011
weather icon

Будимпешта

40ᴼ / 37ᴼ
1.79
23%
1012
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
5.88
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Цинк

0.00

Платина

56135.20

Сребро

1994.05

Злато

136962.18

Калај

56.46

Алуминиум

3.25

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Бакар

13.51

Родиум

274085.11

Паладиум

43499.96

Иридиум

252383.36