Скопје
32ᴼ /
32ᴼ
Повеќе од 220 илјади фалсификувани фудбалски дресови и комплети, со проценета вредност од над 18,5 милиони фунти на официјалниот пазар, биле запленети од британската полиција во рамки на национална операција против кршење на правата од интелектуална сопственост, засилена за време на Светското првенство во фудбал 2026 година. Операцијата, предводена од Одделението за криминал поврзан со интелектуална сопственост при Лондонската полиција ...
Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е Б.С. од Скопје. Тој освои џекпот вреден 6.905.253 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Евротип на 24.07.2026 година во Скопје.Среќната игра е 20 Хот бласт. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 13.07.2026 до 19.07.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 17.784.387 денари кон ...
Продолжуваат политичките реакции по состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија обвинувања околу одговорноста за кризата и начинот на кој институциите реагирале. Од СДСМ велат дека институциите доцнеле со реакцијата и дека дури сега официјално признале дека постои ризик од појава на хепатит А и Е, како и други заразни заболувања. Според партијата, нивниот претседател Венко Филипче предупредил на ...
На 97. седница, пратениците се очекува да гласаат за предлогот судијката на Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска, да биде избрана за нов уставен судија. Во моментов, Уставниот суд работи со седум од вкупно девет судии, што значи дека му недостигаат уште двајца членови за да биде во полн состав. Едното место остана испразнето по оставката на судијата Гоце Наумовски, додека за второто се очекува Собранието да гласа за изборот на Мери ...
Шумските пожари кои со денови беснеат во Франција и Шпанија и натаму претставуваат сериозна закана, и покрај делумната стабилизација на состојбата во одредени подрачја. Властите предупредуваат дека нов топлотен бран и силни ветрови би можеле повторно да ги разгорат пожарите. Во Франција, од претпазливост, евакуирани се речиси 4.000 лица од кампови, туристички населби и други сместувачки капацитети во летувалиштето Лакано, западно од Бордо, ...
Утрово земјотрес со епицентар во соседна Албанија беше почувствуван и во југозападниот дел на Македонија, покажуваат податоците на Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според информациите од опсерваторијата, потресот бил регистриран во 7:52 часот, а неговиот епицентар се наоѓал на околу 144 километри југозападно од Скопје. Земјотресот имал локална магнитуда од 4,0 степени според Рихтеровата скала. Според ...
♈ Овен Денот ви носи нова енергија и желба за промени. На работното место ќе имате можност да се докажете, но внимавајте на импулсивните одлуки. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти недоразбирањата. ♉ Бик Фокусирајте се на финансиските прашања и избегнувајте непотребни трошоци. Некој близок ќе ви даде корисен совет. Вечерта е идеална за одмор и време со семејството. ♊ Близнаци Комуникацијата ќе биде вашето најсилно оружје. Очекувајте ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 31 до 38 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб променлив ветер.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 35 степени. Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде во првата ...
Седницата на Парламентот на Црна Гора беше прекината по жестока вербална расправија меѓу пратеникот на Демократската народна партија (ДНП), Милан Кнежевиќ, и министерот за внатрешни работи Данило Шарановиќ, јавува „Вијести“. Инцидентот се случил за време на расправата за повеќе предлог-закони од областа на матичните книги, државјанството, живеалиштето и централниот регистар на население. Според медиумот, поголем инцидент бил спречен откако ...
Уганданските власти денес соопштија дека последниот пациент со ебола е излечен и отпуштен од болница кон средината на јули. Уганда инсистира дека епидемијата на ебола потекнува од источен Конго, кој се граничи со Уганда. Според локалните власти, првите случаи на ебола во Уганда биле меѓу конгоанските државјани кои ја преминале границата за да побараат медицинска помош пред да се знае дека имаат ебола. Конго прогласи епидемија на 15 мај, ...
Ќерката на конзервативниот лидер, Кеико Фуџимори денес треба да положи заклетва како претседател на Перу, откако победи на претседателските избори во јуни со помалку од 50.000 гласови меѓу 27,3 милиони гласачи. Фуџимори, ќерка на поранешен претседател затворен за кршење на човековите права, ќе стане деветтиот претседател на Перу за една деценија. 51-годишната се надева дека ќе стабилизира турбулентен политички пејзаж. Во текот на изминатата ...
Оман му достави на Иран предлог за воспоставување заеднички регионален механизам за управување со Ормутскиот теснец, финансиран од доброволни членарини, објави Ројтерс. Според предлогот на Оман, кој се чини дека добива поддршка во други делови од регионот, Иран нема да врши ексклузивна контрола врз теснецот, витален воден пат за глобален транспорт на јаглеводороди, изјавија извори од Заливот за Ројтерс. Предлогот е моделиран според Малачкиот ...
По земјотресот со магнитуда од 6,8 степени, регистрирани се повеќе од 60 последователни потреси со магнитуда од 1 до 4 степени, објави Јапонската метеоролошка агенција. Земјотресите со овој интензитет генерално не се чувствуваат. Агенцијата предупредува дека жителите на најпогодените области мора да бидат подготвени за нови силни земјотреси, како и за можни лизгања на земјиштето, околу една недела. По земјотресот со магнитуда од 6,8 степени, ...
Четири лица се спасени од трговскиот центар „Еон“ во Кумамото во Јапонија, кој делумно се урна по земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтер што го погоди во неделата, објави јавниот радиодифузен сервис НХК, повикувајќи се на локални претставници. „Досега, четири лица се спасени и ниту еден од нивните животи не е во опасност“, објави НХК, а пренесува Си-Ен-Ен. Сепак, НХК ги цитираше локалните претставници кои изјавија дека уште 10 лица се ...
Ирак од април досега извезе 2,1 милион тони нафта по копнен пат преку Сирија, а оттаму преку Медитеранот кон Европа, поради блокадата на Ормуската Теснина. Ахмед Кубаџи, заменик-претседател на сириската државна нафтена компанија, ги откри овие детали во интервју за весникот „Д Нешнал“ (The National), објавено денеска. Како што пренесува ДПА, тој рече дека бројот на цистерни се зголемил од првичните 10 на 1.000 дневно, а извозот се состои од ...
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, наводно разгледува радикален план за продажба на удел во Светското првенство на приватни инвеститори, потег што би можел фундаментално да го промени начинот на кој се води најпопуларниот спорт во светот. ФИФА се обидува да профитира од огромниот успех на овогодинешниот турнир, при што светското управно тело за фудбал планира да продаде малцински удел вреден околу 17,5 милијарди евра на нов комерцијален ...
Албанскиот пратеник и лидер на партијата „Можност“, Агрон Шехај, е суспендиран од работата на парламентот во траење од 60 дена поради инцидент со доверлив документ поврзан со договор за заем од 302 милиони долари меѓу Албанија и САД за набавка на воена опрема. Според владејачката Социјалистичка партија, Шехај ја изнел копијата од документот од просторијата каде што пратениците имале право само да ја разгледуваат, и покрај забраната. ...
Жителите на Крушево повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и за домашни потреби, по три последователни лабораториски анализи со исправни резултати. Центарот за јавно здравје во Прилеп потврди дека водата е безбедна од бактериолошки и хемиски аспект, со соодветно ниво на хлор. По овие резултати, Агенцијата за храна и ветеринарство ја изврши финалната контрола и ја укина забраната за користење на водата од ...
Само неколку секунди снимка од безбедносните камери на едно полициско возило беа доволни Основниот суд во Гостивар да го прогласи за виновен поранешниот службеник на Полицијата во Кичево, Ардијан Пињоли, во случајот со кражбата на 18 килограми злато во Гостивар, осудувајќи го на пет години затвор. Според Основниот суд во Гостивар, Пињоли го употребил службеното возило „Chevrolet Spark“ за да им помогне на маскираните разбојници, исклучувајќи ...
Во текот на вчерашниот ден (27.07.2026) во периодот од 17.00 до 22.00 часот спроведена е акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли и лесни електрични возила, при што санкционирани се 178 возачи. Од нив, 156 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 13 возачи се лишени од слобода поради сторено кривично дело по член 297-а од Кривичниот ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека ставот на Владата останува непроменет дека протоколите не треба да бидат дел од Преговарачката рамка со Европската Унија. Според него, ова била позицијата на извршната власт од самиот почеток и продолжува да биде иста, но Бугарија го брани спротивниот став, повикувајќи се на она што е договорено со претходната влада, која според Мицкоски прифатила сè. „Ние како Влада сметаме дека протоколите не треба ...
До денес попладне во Гостивар се евидентирани 109 нови заболени од контаминираната вода. Во последните четири дена бројот на нови случаи се движел од 80 до 125 дневно, а вкупниот број достигна 4.303. Министерот за здравство Сашо Клековски изјави дека бројот во последните четири дена се движел меѓу 80 и 125, но додаде дека не може прецизно да се утврди колкав дел од нив се дел од вообичаената состојба, а колкав се поврзани со епидемијата. ...
Цените на нафтата продолжија да паѓаат во вторникот на светските берзи, по сигналите дека Соединетите Американски Држави и Иран се подготвуваат повторно да ги започнат мировните разговори по прекинот на борбите. Цената на суровата нафта „Брент“ денеска продолжи да се намалува и изнесува 85,7 долари за барел. Во споредба со вчера, цената на „Брент“ денеска е пониска за речиси 3%. Во меѓувреме, цената на американската сурова нафта WTI се намали ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, пред погребот на американскиот сенатор Линдзи Грејем, кој силно лобираше во Вашингтон за поддршка на Киев во конфликтот со Русија. Се очекува Зеленски, пред погребот на Грејем попладнево, да има кратка средба насамо со Трамп, најверојатно без присуство на новинари, изјавил за „Ројтерс“ извор запознаен со плановите. „Ројтерс“ ...
Вредноста на биткоинот (BTC) денеска во 15:15 часот на најголемата светска берза за криптовалути „Бајненс“ падна за 2,4 отсто, на 55.855,27 евра. Вкупниот обем на тргување со биткоини во последните 24 часа изнесува 22,7 милијарди евра, што е малку повеќе во однос на вчерашниот ден. Индексот на страв и алчност (Fear and Greed Index) за биткоинот денеска се наоѓа на ниво 29, што спаѓа во категоријата „страв“, а е нешто подобро во однос на ...
Министерството за внатрешни работи апелира до граѓаните да бидат особено внимателни поради зачестените „фишинг“ напади преку лажни СМС и електронски пораки, во кои измамници се претставуваат како системот „Безбеден град“. Како што информираат од МВР, лажните пораки наводно се испраќаат од Одделот за моторни возила и содржат известување за наводно сторен сообраќаен прекршок. Во нив е поставен лажен линк преку кој од граѓаните се бара да ...
Граѓаните на Русија и Кина повеќе нема да можат да влегуваат во Црна Гора без виза, почнувајќи од 1 ноември 2026 годинa. Одлуката доаѓа откако црногорската влада ги одобри измените на Регулативата за визи, насочени кон хармонизирање на визната политика со Европската Унија. Покрај Русија и Кина, на оваа листа се и граѓаните на Белорусија, Саудиска Арабија и Турција, на кои исто така ќе им биде потребна виза за влез во Црна Гора. Министерството ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави нова мерка во образованието, според која сите ученици што ќе се запишат во прва година во средните училишта ќе добијат бесплатни училишни униформи. Според Ѓорѓиевски, целта на мерката е да се намалат социјалните разлики меѓу учениците, да се олесни финансискиот товар за семејствата и да се создаде еднаква и попријатна училишна средина. „Училиштето треба да биде место каде што младите ќе се ...
Три лица од Куманово се лишени од слобода во две одделни полициски акции, откако при претреси во нивните домови биле пронајдени наркотични средства и нелегално оружје. Како што информира Министерството за внатрешни работи, на 27 јули во 20:35 часот полициски службеници од СВР Куманово го привеле 19-годишниот Г.М. од Куманово. При претрес во неговиот дом, извршен по судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Младиот кумановец бил ...
Француската фудбалска федерација ја потврди големата вест – Зинедин Зидан е новиот селектор на репрезентацијата на Франција. Легендарниот фудбалер на „триколорите“ го наследува Дидие Дешам и за првпат во својата тренерска кариера ќе предводи национален тим. Назначувањето на Зидан долго време беше очекувано, а сега и официјално е ставена точка на сите шпекулации. Француската легенда, која како играч остави неизбришлива трага во историјата на ...