Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Борбата со вирусот Западен Нил во земјава однесе уште еден човечки живот, со што вкупниот број на починати од оваа инфекција достигна пет лица. Најновата жртва е 73-годишен жител на скопската населба Ново Лисиче (Општина Аеродром), кој по повеќе од три недели хоспитализација им подлегна на компликациите. Директорот на Клиниката за инфективни болести, Фадил Цана, информираше дека пациентот се наоѓал во исклучително тешка здравствена состојба ...
По усвојувањето на новиот Закон за игри на среќа, продолжуваме со неговата имплементација и дорегулација преку донесување на еден од потребните правилници – Правилник за утврдување на репутацијата, интегритетот и потеклото на средствата за приредување игри на среќа – акт со кој детално се пропишува потребната документација за потврдување на репутацијата на правните и физичките лица кои поднесуваат барање за лиценца за казино, обложувалница, ...
На 21.08.2026 во 06:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишија од слобода Ѓ.Р.(58) од Струмица. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени пиштол „Црвена застава“ калибар 9 мм, 187 парчиња муниција за пиштол, 40 парчиња муниција за пушка, две рамки за пиштол и една воздушна пушка, за кои постои основано сомнение дека неговиот син Д.Р.(33) ги поседувал без документација. Запознаен е јавен ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Иран е подготвен да постигне „вистински договор“ со кој би се ставил крај на конфликтот, додавајќи дека Вашингтон следи „што ќе се случи понатаму“. Американскиот лидер исто така рече дека САД имаат „целосна контрола“ врз областа околу стратешки важниот Ормуски Теснец, кој е затворен откако започна конфликтот кон крајот на февруари. Прекинот на сообраќајот низ теснецот е едно од ...
На ден 22.08.2026 година, до 13:00 часот, регистрирани се вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои 11 се активни, 3 се под контрола, а 3 се изгаснати, велат од ЦУК. Активни пожари – 11: Општините Студеничани и Зелениково: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер, со крак кон село Палиград и над село Вражале, Општина Зелениково – мешана шума. Општина Студеничани: село Цветово, стариот пат кон село Елово – ниска вегетација и шума. ...
Министерството за внатрешни работи информира дека сообраќајот на Граничниот премин Табановце се одвива нормално и без поголеми задржувања. Во изминатиот период беа регистрирани зголемени задржувања поради постапувањето со возилата со странски регистарски ознаки кај кои системот „Безбеден град“ има евидентирано сообраќајни прекршоци. Дополнително, ставена е во функција мобилната апликација „Безбеден град“, која во оваа фаза е наменета за ...
Од почетокот на функционирањето на системот „Безбеден град“, од 2 февруари до 20 август 2026 година, регистрирани се вкупно 310.865 сообраќајни прекршоци, од кои 301.835 се однесуваат на надминување на дозволената брзина. Кога станува збор за возила со странски регистарски таблички, во овој период регистрирани се 180.378 прекршоци, додека само на 19 и 20 август биле евидентирани 5.514 прекршоци. Министерството за внатрешни работи апелира до ...
OpenAI лансира верзија на ChatGPT наменета за тинејџери, првата генерација која расте со вештачката интелигенција и која веќе ја користи за училишни задачи, прашања поврзани со секојдневниот живот, па дури и за дружење. Компанијата со седиште во Сан Франциско соопшти дека ChatGPT за адолесценти, кој ќе биде лансиран во вторник, е приспособен за деца на возраст од 13 до 17 години, со посилни заштитни мерки, вклучително и ограничувања за ...
Во засилена полициска акција во Скопје, во текот на ноќта меѓу 21 и 22 август, санкционирани се 262 возачи, од кои 102 мерки се изречени на возачи на мотоцикли и мопеди. Евидентирани се 93 случаи на управување без заштитна кацига, додека останатите прекршоци се однесуваат на несоодветна категорија, управување без положен возачки испит и други сообраќајни прекршоци, меѓу кои и поминување на црвено светло. Полицијата привремено одзела еден ...
Танкер за нафта, санкциониран од САД под обвинение дека транспортира ирански нафтени деривати, е киднапиран во близина на брегот на Јемен и се упатил кон Сомалија. Инцидентот е последниот показател за повторното појавување на сомалиските пирати. Шест вооружени лица се качиле на палубата на „Sibu 1“, брод под знамето на Еритреја, на 20 август, соопшти британската организација за поморска безбедност UKMTO (United Kingdom Maritime Trade ...
САД воведоа царини од 50 отсто за дел од стоките од Канада, откако двете долгогодишни сојузнички земји не успеаја да постигнат трговски договор, при што двете страни меѓусебно се обвинуваат за неуспехот на повеќедневните преговори. Новите царини стапија во сила веднаш по полноќ и опфаќаат канадска стока во вредност од околу 20 милијарди долари, меѓу која и дрвени хокеарски палки, кои денес ретко се користат. Станува збор за релативно мал дел ...
Овен Денот ви носи повеќе енергија и желба да завршите нешто што подолго време го одложувате. Во љубовта избегнувајте тврдоглавост и оставете простор и за туѓото мислење. Финансиски, бидете внимателни со непланираните трошоци. Бик Ќе почувствувате потреба да забавите и да посветите повеќе време на себе. Можно е пријатно изненадување од блиска личност. На работен план не брзајте со одлуките, бидејќи деталите ќе бидат поважни отколку што ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови за пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне претежно во планинските региони ќе има услови ...
Една едноставна утринска навика може да придонесе за подобро здравје на срцето – пиењето зелен чај, пишува „EatingWell“. Срцевите заболувања и понатаму се меѓу водечките причини за смрт кај мажите и жените. Сепак, околу 80 отсто од случаите на кардиоваскуларни заболувања, вклучително и мозочниот удар, може да се спречат со поздрав начин на живот. Зелениот чај содржи катехин наречен EGCG, соединение со антиоксидативни и антиинфламаторни ...
Бројот на банкноти во оптек во Европската Унија расте, и покрај сè пошироката употреба на плаќањата преку паметни телефони. Новите податоци покажуваат дека големите пожари што зафатија делови од Европа дополнително ја зголемиле потребата граѓаните да имаат готовина како резерва во случај на итни ситуации. Иако во многу европски градови готовината сè повеќе отстапува место на електронските плаќања, количината на физички пари во оптек всушност ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп започна процес на префрлање 725 милиони долари кон Обединетите нации, покажува известувањето доставено до Конгресот, во кое увид имал „Ројтерс“. Експерти за финансии и хуманитарна помош оценуваат дека уплатата би претставувала чекор кон намалување на американскиот долг кон ОН, кој изнесува повеќе милијарди долари, објави „Ројтерс“. Парите се споменуваат во писмо на Стејт департментот ...
Денеска (21.08.2026) во 13:15 часот, на Граничен премин Табановце, при излез од Македонија, полициски службеници извршиле проверка на патничко моторно возило „порше“, со холандски национални ознаки управувано од М.А.(35), државјанин на Холандија. При извршената проверка, преку системот „Safe City“ било констатирано дека лицето е евидентирано како сторител на кривично дело по член 297-А од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно ...
Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ја критикуваше Турција и нејзиниот претседател Реџеп Таип Ердоган, откако таа земја издаде меѓународен налог за апсење на Нетанјаху. Во соопштението од кабинетот на премиерот се наведува дека Ердоган „сега се обидува да ја прошири својата агресија против Израел и во Сирија“ и дека Израел нема да го толерира тоа, пренесува „Тајмс оф Израел“. Соопштението уследи по израелскиот напад врз ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски на 20 август потпиша указ со кој се воведуваат санкции против неколку руски физички и правни лица поврзани со создавањето и дистрибуцијата на анимираната серија „Маша и Медо“. Од Кабинетот на претседателот на Украина наведуваат дека санкциите се однесуваат на пет руски лица и четири организации кои се поврзани со создавањето и дистрибуцијата на серијата. Според украинските власти, преку детска ...
Остри коментари и забелешки од премиерот Мицкоски на одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал за запирање на постапката за набавката и изградбата на модуларните болници за време на Ковид кризата. За овој процес кој што трае 5 години живи гореа 14 луѓе , рече тој и додаде дека сепак и покрај тоа што предметот е затворен од Обвинителството предводено од Ислам Абази, тој може повторно да се отвори. -Ова не е политичка ...
По тешката ноќ, поротивпожарните екипи успеаја да го запрат пожарот кој ги загрозуваше селата Бонче, Подмоље и Лопатица во регионот на Прилеп, додека главниот дел од пожарот во Мариовско е ставен под контрола. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информираше дека ситуацијата останува најзагрижувачка во Никуштак во Липково, каде пожарот е надвор од контрола. Во текот на денешниот ден таму се испратени ...
ДУИ повторно ја предизвикува власта за предвремени избори. Интегративците го обвинуваат ВЛЕН дека молчи за барањето за избори, тврдејќи дека избегнува соочување со граѓаните од страв од резултатот. – Поминаа 24 часа од барањето за предвремени парламентарни избори. Од ВЛЕН сè уште ниту збор. Тие што го погазија легитимитетот, сега се кријат штом од нив се бара легитимитетот да го измерат пред граѓаните. ВЛЕН знае дека го немал и го нема ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Таранто, Италија, го посети Медитеранското (олимписко) село и се сретна со македонските спортисти кои учествуваат на 20. Медитерански игри. Таа, во обраќањето пред учесниците посочи дека спортот е повеќе од натпревар за резултат, тој е школа за формирање на цврст карактер преку превземање одговорност и вежбање истрајност. Според неа, преку спортот се обликува и негува не само личниот, туку ...
„Два дена по големиот метеж овде на граничниот премин Табановце, третиот ден изгледа малку порелаксирано, бидејќи по четирите шалтери кои функционираа два дена, од денес функционираат осум шалтери за плаќање на сообраќајните прекршоци на странски државјани, кои транзитирале или престојувале во Македонија. Но, многу од нив се жалат дека онлајн апликацијата не функционира и има големи доцнења при чекањето на 40°C за да ги платат казните“, вели ...
Во текот на изминатото деноноќие, на целата територија на државата полициските службеници лишиле од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување со возило“. Од нив осум возачи управувале возило без возачка дозвола, од кои еден бил малолетник. Двајца возачи управувале возило под дејство на алкохол, при што еден од нив предизвикал сообраќајна незгода, додека еден возач управувал возило и покрја тоа што имал активна ...
Вкупно 43 случаи со западнонилска треска се потврдени на целата територија на Македонија, а во скопскиот регион први случаи се регистрирани во општините Центар и Чаир. Како што информираше министерот за здравство, Сашо Клековски, потврдена е и мртва птица, гавран, кој имал западнонилска треска, а угинатите птици се собираат од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство. Преносители на оваа болест се комарците, а во скопскиот регион има 34 ...
Утре, во земјата ќе се задржи многу топло време, со дневни температури кои на места се очекува да надминат 40 Целзиусови степени – соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Според прогнозата, од недела и во следните денови температурата ќе биде во постепено опаѓање. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Утре, во земјата ...
МВР апелира до граѓаните и операторите на дронови строго да ги почитуваат правилата за безбедно користење на воздушниот простор. Поради зголемениот ангажман на полициските хеликоптери, особено при гаснење пожари, ризикот од инциденти е зголемен. Операторите кои ќе забележат или слушнат полициски хеликоптер мора веднаш безбедно да го приземјат дронот. Од МВР предупредуваат дека приближување, следење или снимање на хеликоптер од непосредна ...
Премиерот Христијан Мицкоски тврди дека растот на пензиите во првите две години од мандатот на актуелната влада е значително поголем во споредба со истиот период од претходната влада предводена од СДСМ и ДУИ. Според неговата пресметка, просечната старосна пензија во актуелниот владин мандат пораснала за повеќе од 6.800 денари. Мицкоски, при посетата на Прилеп, беше прашан да направи споредба меѓу просечната старосна пензија во периодот на ...
Просечната плата во земјава продолжи да расте, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во јуни годинава, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен достигнала 48.381 денар, што е за 6,4 проценти повеќе во споредба со истиот месец минатата година. Најголем придонес кон годишниот раст имаат неколку сектори во кои просечните примања бележат значително зголемување. Највисок раст од 10,6 проценти е регистриран во ...