Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Сите апликации за имигрантски визи во САД се суспендирани од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, додека Стејт департментот презема чекори за дополнително заострување на условите и ограничување на пристапот за апликантите за кои властите проценуваат дека би можеле да зависат од американската државна помош. Ова во вторникот го потврдил претставник на Стејт департментот, кој навел дека иницијативата започнала во сите ...
Роботската хирургија во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, која е единствен центар за роботска хирургија во земјава, Косово и Албанија, продолжува со примена и кај комплексни тумори на бубрег. Уролошкиот тим на болницата успешно изведе роботски асистирана нефректомија (отстранување на бубрег) кај 59-годишна пациентка. Операцијата ја изведоа уролозите:д-р Александар Мицковски, проф. д-р Сотир Ставридис и д-р Владимир Лозановски со поддршка ...
Вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти, присуствуваше на поставувањето на камен-темелникот на автопатот Скопје-Блаце. Тој истакна дека со овој проект се поставува темелот на нова и модерна врска меѓу Косово и Македонија, што, како што рече, дополнително ќе ја зајакне инфраструктурната поврзаност меѓу двете земји. Курти посочи дека, покрај скратувањето на растојанието и олеснувањето на движењето, автопатот Скопје-Блаце има за ...
Жешкиот бран денеска ги зафати речиси сите делови од Македонија, а според официјалните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во попладневните часови температурите на повеќе места надминаа 35 степени. Највисока температура од 37,9 степени Целзиусови е измерена во Демир Капија и Гевгелија во 14 часот, односно 12 часот по UTC. Веднаш зад нив е Велес, каде се измерени 37,8 степени. Во Скопје, на мерната станица Зајчев Рид, ...
Сексуалната експлоатација и злоупотреба на деца сè повеќе се префрла и во дигиталниот простор, а ново истражување открива загрижувачки размери на проблемот во Северна Македонија. Според извештајот „Disrupting Harm“, едно од десет деца на возраст од 12 до 17 години кои користат интернет било изложено на сексуална експлоатација или злоупотреба со помош на технологијата во текот на една година. Тоа одговара на околу 12.000 деца на национално ...
Поранешниот премиер Димитар Ковачевски со ироничен статус на социјалните мрежи ја коментира одлуката на Советот на Општина Пехчево, чии советници едногласно се изјаснија против изградбата на дата-центри. Ковачевски во објавата се осврнува на прашањето за потрошувачката на вода и влијанието што изградбата и функционирањето на големи дата-центри би можеле да го имаат врз локалните ресурси. „Имала среќа Америка што Пехчево не е во Силиконска ...
Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека постапувајќи по кривичниот предмет КЖ-711/26, во јавноста познат како „Талир“, по одржана нејавна седница на ден 26.08.2026 година, разгледување на списите на предметот, а имајќи го предвид и предлогот на Вишото јавно обвинителство Скопје, донесе пресуда со која жалбата на Основното јавно обвинителство Скопје ја одби како неоснована и ја потврди пресудата на Основниот ...
Првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска присуствуваше на церемонијата со која беше означен почетокот на работите на автопатот Скопје–Блаце, проект од стратешко значење за инфраструктурното поврзување, економскиот развој и зајакнувањето на соработката меѓу Северна Македонија и Косово. На церемонијата присуствуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши, претседателот на Владата, Христијан ...
Посетителите и спортските риболовци кои планираат престој на Мавровското Езеро во наредните денови ќе мора да ги почитуваат новите ограничувања. Поради одржувањето на Светското првенство во риболов, привремено се забранети риболовот и употребата на пловни средства. Од Јавното претпријатие Национален парк „Маврово“ информираат дека забраната стапува во сила на 26 август и ќе трае до 7 септември 2026 година, односно до целосното завршување на ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. T=38°C. P=977hPa. ...
Долгоочекуваната изградба на втората фаза од автопатската делница Скопје – Блаце официјално започна. Станува збор за 10,5 километри сложена траса која треба да го поврзе Скопје со веќе изградената делница од 1,5 километар во близина на граничниот премин Блаце. Предвидено е работите да завршат за четири години, а изведувач на проектот е домашната градежна компанија „Гранит“ АД Скопје. Делницата ќе се гради на комплексен ридско-планински терен, ...
Министерството за внатрешни работи во периодот од 18 мај до 31 јули 2026 година спровело засилени контролни акции на целата територија на државата, со посебен фокус на возачите на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. Од МВР информираат дека во текот на контролите биле констатирани вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на овие видови возила, како и дополнителни 33 прекршоци направени од велосипедисти. ...
На планината Водно од денеска е пуштен во употреба нов моторички парк, наменет за рекреација, вежбање и развивање на здрави навики кај сите генерации. Интересно за овој нов простор е што е целосно изграден од стеблата на паднатите дрвја по силното невреме што неодамна го зафати Скопје. Ова соопшти градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, кој истакна дека наместо паднатите стебла да завршат како отпад, тие се искористени за создавање нова вредност за ...
На ден 25/26.08.2026 година, до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои 3 се активни, 4 се под контрола, а 24 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активни пожари – 3: Општините Студеничани и Зелениково – с. Моране – с. Вртекица – с. Рамни Габер и кракот кон с. Палиград, како и над с. Вражале – Општина Зелениково, мешана шума; Општините Гостивар и Македонски Брод – с. Трново (Општина Гостивар) кон селата Битово и ...
Грчкиот пазар на недвижности продолжува да привлекува странски купувачи, а интересот за куќи и станови за одмор годинава е особено изразен. Најголема побарувачка има за Халкидики, но интересот значително расте и за Атина, Солун и јужните предградија на Атика. Податоците од пребарувањата на платформата за недвижности „Спитогатос“ во вториот квартал од годинава покажуваат дека странските купувачи најмногу се интересираат за имоти во Халкидики. ...
Македонскиот ракометен гигант РК Вардар 1961 го претстави специјалниот јубилеен дрес со кој ќе настапува во новата сезона. Дизајнот е инспириран од големиот јубилеј – 65 години од основањето на клубот, години исполнети со големи победи, европски трофеи и генерации ракометари кои го испишаа името на Вардар во историјата, и на македонскиот и на европскиот ракомет. Во новата сезона, на гостински терен Вардар ќе настапува во дрес со кој тимот ...
Иран соопшти дека повторно ги започнал разговорите со соседен Оман за управување со Ормускиот Теснец, додека се соочува со зголемен економски притисок од американскиот претседател Доналд Трамп во рамки на поширокиот конфликт. Двете земји веќе неколку недели водат разговори со прекини за контролата на сообраќајот низ теснецот, а вчера соопштија дека разговарале за „заеднички привремен навигациски коридор“ и се договориле да го расчистат од ...
♈ Овен – Денот носи динамика и можност да завршите нешто што долго го одложувате. Внимавајте на импулсивни реакции во разговорите. ♉ Бик – Финансиските прашања доаѓаат во преден план. Добар ден е за планирање, но избегнувајте непотребни трошоци. ♊ Близнаци – Комуникацијата ви е најсилната страна. Можно е да добиете интересна вест или покана која ќе ви го промени планот. ♋ Рак – Ќе имате потреба од повеќе мир и време за себе. Во љубовта, ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 37 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност, во попладневните часови во делови во котлината ќе има услови за пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната ...
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека Украина добила потврда од Велика Британија дека може да продолжи со производството на ракети со долг дострел SCALP, пренесува Анадолија. Зборувајќи на прес-конференција во Киев, заедно со естонскиот претседател Алар Карис, Зеленски рече дека Франција, исто така, потврдила укинување на ограничувањата и издавање лиценци за ова оружје. „Добивме потврда од Велика Британија во врска со ...
Пожарникарите од Кавадарци, со поддршка од екипите на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), продолжуваат со интензивни активности за целосно локализирање на пожарот што избувна кај кавадаречката депонија. Во текот на денот огнот во еден момент се проширил надвор од границите на депонијата, но со брзата интервенција на противпожарните екипи бил ставен под контрола. На тој начин биле заштитени и околните лозови насади. Директорот на ДЗС, ...
Министрите за надворешни работи на Оман и Иран разговараа за рамковен договор за воспоставување привремен коридор во Ормуска Теснина и операција за деминирање на овој стратешки поморски пат од клучно значење за светската трговија, соопштија двете земји. За време на состанокот во Техеран, оманскиот министер за надворешни работи, Бадр Албусаиди, и неговиот ирански колега, Абас Арагчи разговараа за постепена рамка што вклучува воспоставување ...
Во периодот од 18.05.2026 до 31.07.2026 година, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли на целата територија на државата, насочени кон возачите на велосипеди, велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и четирицикли. При спроведените контроли, констатирани се вкупно 6.932 прекршоци сторени од возачи на велосипеди со помошен мотор, мопеди, мотоцикли, трицикли и ...
Денеска се одржа конститутивната седница на Извршниот комитет на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ на која присуствуваше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ проф. д-р Христијан Мицкоски. На седницата се разговараше за актуелната политичка и економска состојба како и за идните активности и приоритети на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ. Во рамки на седницата се разговараше за изработка на нова програма на Унијата на жени која ќе се базира на пет стратешки ...
Директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Џон Ратклиф, се наоѓа во Москва на средби со руски претставници, според повеќе извори запознаени со разговорите. Неговото присуство во руската престолнина се поврзува со американскиот воен транспортен авион „Боинг Ц-17А Глоубмастер III“, кој во вторникот слета на меѓународниот аеродром Внуково во Москва. Податоците објавени од Flightradar24 покажуваат дека авионот, со ознака ...
Доли Партон, икона на американската кантри музика, пејачка-текстописец, забавувачка и претприемачка, почина во вторник во Нешвил на 80-годишна возраст. Партон беше позната по својот уникатен талент, силна личност и животна приказна што ја однесе од сиромаштија до глобален успех, според „Њујорк тајмс“. Информациите за смртта ги објави нејзиниот внук Брајан Сивер преку видео порака. „Се викам Брајан Сивер, јас сум син на Кеси Партон. Денес, во ...
Владата донесе одлука за намалување на цените на училишниот прибор, која ќе важи од денеска до 30 септември 2026 година, соопшти портпаролката на Владата, Марија Митева. Според одлуката, трговците на големо треба да ги намалат цените за најмалку 10 отсто, додека во малопродажбата намалувањето треба да изнесува најмалку 15 отсто. Мерката опфаќа училишни ранци, тетратки, моливи, пенкала, бои, пластелин, маркери, лепила, папки, дидактички ...
Украинскиот претседател Володимир Зеленски му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за честитките по повод Денот на независноста, како и за неговите желби за мир и закрепнување на Украина. Во објава на социјалната мрежа „Икс“, Зеленски истакна дека ја цени поддршката од Србија за територијалниот интегритет на Украина и нејзината посветеност кон принципите на Повелбата на Обединетите нации. „Благодарен сум на Србија и на ...
Скопската обиколница, една од главните артерии што поврзува различни делови од главниот град, веќе подолго време има бројни оштетувања на асфалтот. Влошената состојба на овој пат им создава потешкотии на возачите, а не ретко претставува и потенцијална опасност за сообраќајни несреќи. „Средната лента на Скопската обиколница има многу дупки и е речиси целосно руинирана, како резултат на тоа сите возила, вклучително и автомобилите, но и ...
Во Клиничката болница во Тетово беа доделени 145 решенија за вработување за здравствениот кадар кој со години работел без регулиран статус. На овој настан присуствуваа лидерите на ВЛЕН, заменик-претседателот на Владата, како и самиот министер за здравство, Сашо Клековски. Последниот рече дека овие решенија биле неопходни за функционирањето на болницата и стабилизирањето на кадарот. Тој истакна дека со овој чекор конечно се решава статусот на ...