Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Две лица се во тешка состојба откако се урна зграда на градилиште до бензинска пумпа во центарот на Сиднеј. Итните служби биле известени за уривањето во квартот Ултимо денеска непосредно пред 11 часот по локално време, а по пристигнувањето затекнале ѕид и покрив кои се урнале врз блиските автомобили, пренесува Еј-Би-Си Њуз. Маж во шеесеттите и маж во триесеттите години биле извлечени од под урнатините и пренесени во болница во тешка состојба. ...
Кубанската национална електроенергетска мрежа доживеа колапс доцна синоќа, соопшти државната електроенергетска компанија наведувајќи дека околу 10 милиони жители на островската земја се во мрак. Компанијата „Union Electrica de Cuba“ не изнесе дополнителни детали во своите објави на социјалните мрежи. До најновиот прекин во снабдувањето дојде по три прекини на струја на ниво на целата земја во текот на јули во момент кога е во сила ...
Земјотрес со јачина од 5,1 степен го погоди Египет рано утрово, соопшти Германскиот истражувачки центар за геонауки. Американскиот геолошки завод првично ја процени јачината на 5,3 степени, но подоцна ја коригираше на 5,0. Земјотресот се случи околу 3 часот наутро по локално време на релативно мала длабочина од 10 километри во близина на градот Фајед, сместен на Суецкиот Канал. Засега нема извештаи за штети или жртви. Силните земјотреси се ...
Во врска со случајот што во последните дена е предмет на јавен интерес, а се однесува на третманот на пациентка, Министерството за здравство информира дека, по налог на министерот, Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) спроведува вонреден инспекциски надзор во сите три здравствени установи во кои била третирана и тоа Општа болница Струмица, Клиничка болница Штип и Универзитетска клиника за неврологија Скопје. Во наредните денови ...
♈ Овен Работните обврски ќе бараат брзи одлуки, но вашата енергија ќе ви помогне да ги надминете предизвиците. Во љубовта, искрен разговор ќе расчисти недоразбирање. Внимавајте на заморот. ♉ Бик Денот е поволен за финансиски одлуки и планирање на идни инвестиции. Партнерот ќе ја цени вашата поддршка, а слободните Бикови би можеле да запознаат интересна личност. ♊ Близнаци Ќе бидете во центарот на вниманието благодарение на вашите идеи. Можно ...
Сончево и топло со мала локална облачност. Во западните делови ќе дува слаб до умерен ветер претежно од североисточен, а во источните делови од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 19, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со слаб ветер од променлив правец.Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 39 степени. Под влијание на топла ...
На граничниот премин „Богородица“ вечерва се создадоа долги колони од возила, а интензитетот на сообраќајот значително е зголемен поради продолжениот празничен викенд и летната туристичка сезона. Според снимката од надзорните камери, голем број патнички возила чекаат во неколку колони на излез од државата кон Грција, додека товарниот сообраќај се одвива во посебна лента. Зголемената фреквенција е очекувана во овој период од годината, кога ...
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и раководител на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов, информира дека денеска низ државата биле регистрирани околу 20 пожари на отворен простор, при што најголемиот дел се веќе изгаснати, а останатите се ставени под контрола. Според Ангелов, пожарот на територијата на Општина Струга, кој беше видлив од поголема далечина и предизвика загриженост кај граѓаните, е под контрола. ...
На 01.08.2026 во 13:25 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишија од слобода Д.Б.(54) од Велес, затоа што во близина на Башино Село, велешко, додека со алат сечел метален предмет, од искрите настанал пожар на сува трева. Повредени лица нема, а пожарот го изгаснал Д.Б. и други лица кои биле во близина. Известен бил јавен обвинител, а увид извршила увидна екипа од СВР Велес и по документирање на настанот против Д.Б. ќе биде поднесена ...
Силна бура, која предизвика поплави, ги зафати централните и јужните региони на Чиле, предизвикувајќи смрт на две лица, додека стотици се повредени или засегнати. Неколку места во регионите Мауле и Лос Лагос се во состојба на тревога. Заменик-министерот за внатрешни работи Максимо Павес вчера ја потврди смртта на две лица во регионот Лос Риос, предизвикана од „паѓање на дрво врз нивниот автомобил“. Националната дирекција на Службата за ...
Организаторите на унгарскиот психоделичен фестивал Озора, еден од најголемите транс настани во Европа, одлучија да ја скратат програмата откако починаа двајца посетители. Вчера, 45-годишен Американец се искачи на една од декоративните структури околу главната сцена, а потоа падна и почина, изјави полицијата за унгарскиот регионален портал FEOL. Властите и организаторите веруваат дека мажот извршил самоубиство, пишува француската агенција AFP. ...
Во тек е сезоната на боровинки – шумски плод кој во овој период има голема побарувачка и на домашниот и на странскиот пазар. За жителите на тетовскиот планински регион, бербата и продажбата на боровинки претставуваат важен извор на приходи секое лето. Сепак, локалните жители се жалат дека се соочуваат со нелојална конкуренција, бидејќи на Шар Планина за берба доаѓаат и граѓани од Косово, Албанија и од други градови во земјата. Според нив, ...
Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, напаѓани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ- порача премиерот Христијан Мицкоски во своето обраќање од Пелинце. Рече дека денес татковината не е земјата и државата за која сонуваа илинденците и ...
Македонија го одбележува 2 Август – националниот празник Илинден, во чест на двата клучни историски настани што ги поставија темелите на македонската државност – Илинденското востание од 1903 година и Првото заседание на АСНОМ во 1944 година. Под мотото „ИЛИНДЕН-непокор,слобода, иднина!“ со свечености во Крушево, Пелинце и Скопје, се одбележуваат 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, информираше дека е завршен уште еден значаен инфраструктурен проект во населбата Дижон, во рамки на инвестициите за модернизација на комуналната инфраструктура и подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамките на проектот на улицата „Фаик Коница“ целосно е реконструирана водоводната мрежа, изградена е фекалната канализација, а извршено е и асфалтирањето на улицата, со што целосно е ...
Три лица загинаа, а 15 се повредени во експлозија што синоќа избувна во близина на едно кафуле во центарот на Москва, потврди руското Министерство за внатрешни работи. „Московската филијала на МВР работи на местото на инцидентот. Според достапните информации, денеска околу 20:10 часот по локално време се случила експлозија во близина на летна бавча на кафуле, во која три лица загинаа, а 15 се повредени“, изјави синоќа претставник на МВР. ...
За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот. Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и спасување на членовите на екипажите. Според видеото објавено на ...
По повод 2 Август – Денот на Републиката, Државниот архив претстави избор на архивски документи и фотографии од своите фондови и збирки, посветени на Првото заседание на АСНОМ и создавањето на современата македонска државност. Од Државниот архив потсетуваат дека на 2 август 1944 година, со одржувањето на Првото заседание на АСНОМ во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, биле поставени темелите на современата македонска држава и биле донесени ...
На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово било пријавено дека кај нив било донесено четиригодишно девојче од Берово, кое, според пријавеното, во семејниот дом испило дел од капсула за перење алишта. За настанот е известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Берово и се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 01.08.2026 во 20:30 часот во ОВР Берово, од Итната медицинска помош Берово ...
Јужна Кореја ја регистрира својата највисока температура откако почнаа евиденциите во 1904 година. Температурата достигна 42,5 степени во југоисточниот град Јангсан, соопшти метеоролошката агенција на земјата. Мерењето е направено во 13:26 часот по локално време, соопшти агенцијата на својата веб-страница. Градот се наоѓа во близина на главното пристаниште Бусан. Претходната рекордна температура измерена во Јужна Кореја беше 41,4 степени. ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце порача дека секоја генерација има свој Илинден и своја историска задача, а денешната генерација има обврска да ја зачува Македонија силна, праведна и просперитетна, како држава во која младите ќе сакаат да останат и да ја градат својата иднина. Во обраќањето по повод 2 Август – Денот на Републиката, Мицкоски истакна дека оддавањето почит на илинденците и асномците ...
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, како дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, присуствуваше на одбележувањето на 2 Август – Денот на Републиката, при што во Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце беше положено свежо цвеќе во чест на илинденците и асномците, кои со својата борба ги поставија темелите на македонската државност. По оддавањето почит во Пелинце, владината делегација, заедно со ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска од Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, по повод 2 Август – Денот на Републиката, порача дека Илинден не е само историски датум, туку завет, карактер и симбол на непокорноста на македонскиот народ. Во своето обраќање тој истакна дека слободата не започнува на границите на државата, туку во срцето на народот, нагласувајќи дека токму затоа двата Илиндена – Илинденското востание и Првото заседание на АСНОМ ...
Струмичките пожарникари утринава успешно спасија мајка и дете кои паднале во провалија покрај трим-патеката што води кон манастирот „Св. Илија“. Како што информираат од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Струмица, дојавата за несреќата била примена околу 5:15 часот, по што веднаш на терен бил испратен тим од пожарникари-спасители. Со употреба на специјализирана спасувачка опрема, екипите успеале безбедно да ги извлечат двете лица од ...
По повод 2 Август – Денот на Републиката, претседателот на ДУИ, Али Ахмети, упати честитка во која порача дека Илинденските идеали се темелат на слобода, еднаквост и соживот, оценувајќи дека земјата денес се оддалечува од тие вредности. Ахмети истакна дека духот на Крушевската Република бил визија за држава во која сите заедници рамноправно ја делат одговорноста и иднината. Според него, наместо поголема инклузивност, во последните години се ...
Нашата должност е да го продолжиме патот на илинденците, а денешната борба е за достоинствен живот, правда, владеење на правото и европска иднина на Македонија, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во обраќањето од Крушево по повод Денот на Републиката. Филипче потсети дека идеалите за кои се бореле илинденците и денес остануваат патоказ за развојот на државата и обврска на сегашните генерации да изградат подобра иднина за сите ...
Министерот за правда Јетон Шасивари беше дел од владината делегација која во Крушево положи свежо цвеќе на Споменикот на бранителите на Крушевската Република и на Споменикот на хероите на месноста „Слива“, во чест на големиот државен празник – Илинден. Со овој чин беше оддадена почит кон илинденците и сите борци кои со својата пожртвуваност и визија ги поставија темелите на државата. Наследството на хероите од Илинден останува трајна обврска ...
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска се обрати на чествувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов – Ченто на плоштадот „Македонија“ во Скопје. На свеченоста претседателката ја нагласи важноста на Илинден како ден за потсетување и за одбележување на борбата на многу генерации за самостојна македонска држава. Според неа, имаме долг кон ...
Празникот Илинден денеска се одбележува низ државата со свечености по повод 123 години од Илинденското востание и Крушевската Република и 82 години од Првото заседание на АСНОМ – двата клучни темели на македонската државност. Централната прослава ќе се одржи во Крушево, каде се предвидени чествувања на „Мечкин Камен“ и обраќање на потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски. Свечености ќе има и во Пелинце, каде ќе говори премиерот ...
Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар е стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 1 август се регистрирани вкупно 57 први прегледи, што е за три помалку во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 60 прегледи. Нема нови хоспитализации. Заклучно со 1 август, регистрирани се вкупно 1.041 формална пријава за заразна болест и изработени се 734 нови ...