Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Проблемот со ограничениот престој на професионалните возачи во Шенген-зоната повторно ги извади македонските превозници на улица. Тие за следниот понеделник најавуваат протест пред Делегацијата на Европската Унија во Скопје, со барање конечно да се најде решение за правилото според кое возачите од земји надвор од ЕУ можат да престојуваат најмногу 90 дена во период од 180 дена. Од „Макам-транс“ информираат дека протестот е договорен на ...
Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да започне постапката против поранешниот вицепремиер Артан Груби и уште седум лица за злоупотреби во АД „Државна лотарија“. Обвинителството на 13 август годинава поднесе предлог-обвинителен акт против Артан Груби и уште седум лица, кои се сомничат дека во текот на 2023 и 2024 година заеднички преземале дејствија со кои ги надминале границите на своите овластувања и посебни службени должности, со ...
САД му се заканија на Иран со, како што го нарекоа, „најголемата финансиска офанзива досега“, додека Вашингтон се подготвува во понеделник да воведе економски санкции насочени кон трговските партнери на Иран. Иран, пак, се закани дека ќе го запре целиот извоз на нафта од Персискиот Залив, доколку продолжи економската војна. Американскиот министер за финансии Скот Бесент во понеделник во 13 часот по источноамериканско време (17:00 GMT) ќе ...
Времето денес ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. ...
Кире Михаилов, заменик генерален директор на ЈП „Национални шуми“ на Македонија,информираше дека пожарот кај делчевски Голак е ставен под целосна контрола. „Иван Гоцевски, градоначалникот на општина Делчево заедно со неговиот тим успеаја експресно да ги мобилизираат сите служби при што за неполн час во справувањето со големата огнена стихија се бореа преку 300 луѓе од земја и од воздух со огромна бројка специјализирани возила, тешка ...
Колку е сериозна можноста за одржување предвремени парламентарни избори? Политичките партии овие денови ја вжештија атмосферата, откако премиерот Христијан Мицкоски повторно ја отвори темата, изјавувајќи дека доколку опозицијата сака предвремени избори, тој е подготвен за нив. Политичкиот аналитичар, Петар Арсовски вели дека во моментов предвремените избори им одговараат само на ВМРО-ДПМНЕ, а евентуално и на ДУИ, но сепак нагласува дека она ...
Болеста на сипаници кај овците предизвикува големи материјални штети и ја загрозува егзистенцијата на десетици сточари во земјава. Од Здружението на сточари алармираат дека состојбата на терен е критична, додека реакцијата на надлежните институции се оценува како задоцнета. Според претседателот на Здружението на сточари, Насер Џемаили, штетите веќе го зафатиле источниот дел од земјата, каде што над 100 сточари ги изгубиле своите цели стада. ...
Две лица загинаа, а околу половина милион луѓе останаа без електрична енергија во Латвија и Литванија, откако силен циклон со обилни врнежи и ветрови го погоди регионот во текот на саботата и раните утрински часови во неделата, извести Асошиејтед прес. „Се чини дека ова е најсилната бура во Латвија од 2005 година, според вкупното влијание што го имаше“, изјави Андрис Виксна од Латвискиот центар за животна средина, геологија и метеорологија за ...
Ова е главниот извор на реката Треска во Кичево, кој се наоѓа во селото Извор. Од него истекуваат од 600 до 1.000 литри вода во секунда, а имало периоди кога протокот достигнувал и до 2.000 литри во секунда. Но, тоа било порано, а денес изворот постепено пресушува. Екоактивистите за тоа ги обвинуваат градежните работи што се изведуваат на автопатот Кичево-Охрид – известува репортерката на ТВ21, Салије Садику. Од Крушина до Ботун, сите извори ...
Вкупно 31 пожар на отворен простор се регистрирани во изминатите 24 часа, од кои осум се активни, додека 23 се целосно изгаснати, информираше утрово Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активни пожари има во осум општини. Во прилепскиот регион активен е пожарот во селото Бонче, каде гори ниска вегетација и нискостеблести растенија. Пожар има и во подрачјето меѓу селата Моране, Вртакица и Рамни Габер, со крак кон Палиград, како и над селото ...
„The Hollies“ објавија дека ја завршуваат својата концертна кариера по 63 години, со што се става крај на една од најдолговечните британски поп-групи. Веста беше потврдена на 20 август, во соопштение објавено на официјалната Фејсбук страница на бендот, во кое се наведува дека гитаристот Тони Хикс се повлекува од настапите поради здравствени причини. Тапанарот Боби Елиот, другиот долгогодишен член кој сè уште беше дел од групата, соопшти дека ...
40-годишен жител од Скопско е лишен од слобода поради сомнение дека, под дејство на алкохол, физички ги нападнал мајка му и сестра му. Случајот е регистриран на 22 август 2026 година, а околу 15:15 часот полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.З. (40). Според пријавата, околу 13:00 часот, во семејниот дом, 40-годишникот, под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 71-годишна мајка и 45-годишната сестра. Полицијата ...
Полицијата во Куманово лишила од слобода 30-годишен маж по пријава за инцидент со 18-годишна девојка. На 22 август 2026 година, околу 22:30 часот, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Н.Ј. (30) од Куманово. Според пријавата, на 20 август, околу 00:15 часот, додека 18-годишната девојка се движела по улицата „Никола Карев“ во Куманово, осомничениот, наводно, ја допирал по телото, по што со мотоцикл го напуштил местото. Н.Ј. е задржан ...
Канадскиот премиер Марк Карни во саботата најави воведување контрацарини за стоки од САД, откако Отава се откажа од, како што го нарече, „лошиот договор“ со Вашингтон, со што дополнително се продлабочува трговскиот спор меѓу долгогодишните сојузници. Преговорите меѓу двете соседни земји пропаднаа во петокот во Вашингтон, по што стапија во сила новите американски царини од 50 отсто за канадски производи во вредност од околу 20 милијарди ...
Голем број екипи и сили се на терен, ангажирани за гаснење на пожарот во реонот на Палиград и Китка. Во интервенцијата се вклучени 3 авиони и два пинцгауери на ДЗС, 1 хеликоптер на МВР, екипите на Противпожарната бригада на Град Скопје, како и екипите на Национални шуми – информираат од Центарот за управување со кризи. „Директорот на ЦУК, Мухамед Али акцијата ја координира директно од терен. Сите екипи дејствуваат со засилен интензитет за ...
Францускиот претседател Емануел Макрон вети дека ќе ја забрза испораката на нови ракети за противвоздушна одбрана на Украина. Ова го најави по разорните руски напади врз украинскиот град Кривји Рих и по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски. „Разговарав со претседателот Зеленски по двојниот руски напад среде бел ден врз трговски центар во Кривји Рих, во кој има голем број цивилни жртви, и го изразив нашиот ужас и длабока ...
Полски државјанин е задржан на граничниот премин „Табановце“, откако било утврдено дека управувал возило со брзина од 164 километри на час на делница каде што максимално дозволената брзина е 80 км/ч. Случајот се случил на 22 август 2026 година, околу 17:53 часот, при излез од државата. Полициски службеници извршиле контрола на возило „Форд“ со полски регистарски таблички, управувано од М.Ј. (46) од Полска. При контролата, преку системот ...
Одлуката на Обвинителството дека нема основи за сомневање за кривични дела во случајот со јавните набавки за модуларните болници, веќе неколку дена е причина за меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата. Во последното соопштение, од владејачката ВМРО-ДПМНЕ велат дека модуларните болници беа поставени низ државата за време на ковид пандемијата како „урбана опрема“. Според нив, за да биде возможно болница да спаѓа во категоријата „урбана ...
Федерален суд во САД ја укина одлуката на администрацијата на претседателот Доналд Трамп за суспендирање на обработката на постојаните доселенички визи за 75 земји во светот, меѓу кои беа и Косово, Албанија и Македонија, објави „Ле Монд“. Судијката на Федералниот суд за Јужниот округ на Њујорк, Жанет Варгас, ја оцени одлуката како „спротивна на законот“ и наведе дека државниот секретар Марко Рубио ги надминал своите законски овластувања. ...
Овен Денот носи динамика и желба да завршите нешто што подолго време го одложувате. Во љубовта избегнувајте импулсивни реакции. Финансиски, внимавајте на непланирани трошоци. Бик Ќе имате потреба од мир и одмор. Не дозволувајте туѓите проблеми да ви го нарушат расположението. Во љубовта ве очекува пријатен разговор или убаво изненадување. Близнаци Комуникацијата ќе ви биде најсилната страна. Можно е да добиете порака или повик што ќе ви го ...
Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Попладне наместа ќе има зголемена облачност и услови за пороен дожд, грмежи, засилен ветер и изолирано невреме со силен ветер и појава на град. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Сончево и многу топло со мала до умерена ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција го освои Алесио Окипинти од Италија. Трет на ...
Со високи државни почести и презентација на оперативните капацитети пред Офицерскиот дом во Битола, Единицата за брзо распоредување (ЕБР) одбележа 25 години од своето основање. Набавена опрема, професионален развој и четврт век континуирана поддршка на безбедносниот систем ја одбележаа оваа значајна годишнина од формирањето на единицата во 2001 година. Клучна улога во најтешките полициски операции Министерот за внатрешни работи, Панче ...
Огнена стихија од големи размери попладнево го зафати Струмичкиот Регион, ширејќи се брзо низ атарите на селата Водоча и Баница, како и во месноста Софилар. Ситуацијата на терен стана дополнително драматична кога пламените јазици се доближија до самите домови, што бараше итна и брза реакција на надлежните служби за спречување поголема катастрофа. Првиот човек на Општина Струмица, Петар Јанков, преку социјалната мрежа „Фејсбук“ порача дека е ...
Уште еден починат од вирусот на Западнонилска треска со вкупниот број на починати досега е 5 пациенти. Директорот на Инфективна клиника Фадиљ Цана вели дека се работи за 73-годишен човек со тешка клиничка слика и бројни заболувања кои придонеле за влошувања на состојбата и негова смрт. Тој рече дека пациентот бил жител на Аеродром односно Долно Лисиче и се лекувал 22 дена. Цана информираше и за тоа колку во моментов има хоспитализирано на ...
По повеќе од еден месец, повторно е ставен во функција единствениот ПЕТ скен со што пациентите веќе ќе можат да ги закажуваат потребните снимања, а се најавува дека ќе се снимаат по девет пациенти дневно. Апаратот кој најмногу е потребен за дијагнози за онколошки болни, не работеше поради дефект на циклотронот, системот за производство на радиоизотопи. Од Министерството за здравство информираа дека ќе бидат обезбедени и дополнителни количини ...
Брзата интервенција на велешките пожарникари спречила пожарот во семејна куќа во Велес да се прошири и да предизвика поголема материјална штета. Огнот избувнал во дневната соба на куќа на улицата „Глигор Прличев“ број 8. Од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Велес информираат дека дојавата била примена синоќа во 19:08 часот, по што веднаш биле испратени едно противпожарно возило и тројца пожарникари. По пристигнувањето на екипата, ...
Две лица загинаа, а осум се повредени, меѓу кои и едно дете, во напад со руска балистичка ракета врз Бориспилскиот округ во Киевската област, изјави денеска шефот на регионалната државна администрација, Тимур Ткаченко. Според него, во нападот биле оштетени магацин, паркинг, возила, приватен имот и бензинска пумпа, пренесува „Укринформ“. На повредените им била укажана потребната медицинска помош, а бројот на повредени лица и нивната ...
Високите температури повторно ја зголемуваат опасноста од пожари на отворен простор, а во моментов низ земјава се активни најмалку 20 пожари. Од Дирекцијата за заштита и спасување посочуваат дека особено критична е состојбата во струмичкиот регион. Попладнево пожар избувнал во атарите на селата Баница и Водоча, каде огнот брзо почнал да се шири. На терен се екипи од противпожарните служби од Струмица, Гевгелија, Валандово и Радовиш, кои ...
Гужвите на граничните премини и незадоволството на дел од возачите поради сообраќајните казни во Македонија предизвикаа остра реакција од адвокатот Владимир Туфегџиќ. Тој преку објава на социјалните мрежи ја критикуваше, како што ја нарече, „балканската ирационалност“ и однесувањето од инает, оценувајќи дека на тој начин граѓаните најмногу си создаваат проблеми самите на себе. Туфегџиќ се осврна на ситуациите во кои патници и возачи се ...