Американскиот претседател Доналд Трамп упати нови остри пораки кон Иран, предупредувајќи дека Техеран има „последна шанса“ да постигне договор со САД пред, како што рече, да се соочи со „обезглавување“. „Мислам дека можеби ќе можеме да постигнеме нешто, но сакам да им дадам уште една последна шанса пред да бидат обезглавени“, изјави Трамп пред новинарите, повторувајќи ја заканата за можен голем воен напад врз Иран. Тој истакна дека ...

До 22:00 часот вечерва на територијата на Македонија се евидентирани седум активни пожари, информираа надлежните служби. Во Прилеп има пожар кај депонијата „Тризла Теке“ и се шири во три правци – кон Маркови Кули, кон преслапот кај црквата „Богородица“ и кон локалитетот Три Багреми. Активен пожар има и во Општина Охрид, кај депонијата во Буково, како и во Општина Крушево, во атарот на селото Јакреново, каде гори ниска вегетација. Во Општина ...

Денеска пожарот кој изби во близина на Тиквешкото езеро во Кавадарци, се влоши, па се гасеше со два ер-трактори, и по еден хеликоптер на АРМ и на МВР. Меѓутоа ЦУК известува дека вечерва биле пријавени уште два нови пожари. „Градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев пријави два нови пожари кај Камен дол, во близина на Каменоломот Градба промет, гори нискостеблеста шума и трева, вториот помеѓу селата Цирково и Манастирец, со можност за ...

Со доаѓањето на иселениците е зголемено и количеството отпад во Тетово! На терен се гледаат преполни канти кои шират непријатна миризба, додека нивното собирање, како што изгледа, се врши со задоцнување. Граѓаните бараат итна реакција и поголемо присуство на екипите на терен. „Сега температурите се над 30 степени Целзиусови. На нив треба да им работи фирмата 24 часа дневно, треба да работи. Како се плаќа за обврските? 50% ги плаќаат овие ...

Четворица жители на селото Добри Дол, општина Врапчиште, се осомничени дека предизвикале општа опасност откако на свадбена прослава пукале со огнено оружје. По поднесена кривична пријава од Министерството за внатрешни работи, Основното јавно обвинителство Гостивар поведе постапка против четири лица поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „Предизвикување општа опасност“ од член 288 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот ...

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, рече дека пожарот во Кавадаречко се влошува, и дека е предизвикан злонамерно, односно дека од пет локации веднаш „Пожарот кој што беше активен во Кавадарци, денеска се реактивираше и тоа со голема силина, почна да се движи кон тешко пристапен терен во близина на Тиквешкото Езеро со што со дејство почнаа две ер-трактори, а ќе им се придружат еден полициски и еден армиски ...

Центарот за социјална работа презеде мерки за здгрижување на жена и нејзините три деца од Сингелиќ, по случај третиран со сомнежи за семејно насилство. Официјалниот документ обезбеден од ТВ21 покажува дека, по разгледувањето на случајот, Центарот за социјална работа му предложил на Судот донесување на заштитни мерки. Основниот граѓански суд во Скопје го прифатил барањето и донел мерки против Семи Кадри, кои ќе важат 12 месеци. „Основниот ...

Стотици мигранти поставија камп на плажа во шпанската енклава Сеута во Северна Африка во понеделник, додека локалните власти се борат да се справат со илјадниците луѓе кои сè уште се заглавени на малата територија по масовниот бран гранични преминувања минатата недела. Шпанија проценува дека околу 69.500 мигранти се вратиле во Мароко во последните четири дена, што е поголема од првичната проценка од околу 50.000 луѓе кои пристигнаа во Сеута ...

22 милиони евра ќе чини изградбата на новата болница во Кичево. Според најавата на Владата, објектот ќе се гради на влезот на градот покрај магистралниот пат, во близина на касарната. Но, по долгата историја со недовршената болница, прашањето е дали граѓаните на Кичево сè уште веруваат во едно ново ветување. АНКЕТА: „Какво ново, 30 години се гради, какво ново, 100 влади се сменија.“ „Веруваме дека ќе се изгради, таму е подобро, попространо.“ ...

Швајцарски геолог и локален рудар беа убиени во четврток во Централноафриканската Република, северно од главниот град Бангуи, според соопштението на локалното јавно обвинителство во понеделник, објави АП. Лука Маџини и рударот биле киднапирани од неидентификувани мажи навечер, а подоцна убиени, според Фредерик Пуну, геолог кој работел заедно со Маџини кога тој бил киднапиран. „Токму додека си заминуваше, падна во рацете на напаѓачите“, рече ...

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, учествуваше како главен говорник на Втората меѓународна конференција за борба против дискриминацијата, организирана во Каиро од Генералниот секретаријат на Лигата на арапските држави, во соработка со ICESCO (Исламска светска образовна, научна и културна организација). Според соопштението на Собранието, на конференцијата присуствувале претставници на парламенти и влади, меѓународни организации, ...

И натаму не се откриваат детали од разговорите што се водат во тајност насочени за деблокирање на евроинтегративниот процес. Министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски во интервју за МИА потврди дека Владата води разговори за надминување на отворените прашања кои не држат пред вратите на Европската унија, дека се уште тој процес мора да се води во тајност, но напомена дека и во тие разговори се поставени црвените линии. „Ние не сме ...

Шкендија го дозна можниот противник во плеј-оф фазата на УЕФА Конференциската лига. На денешната ждрепка одржана во седиштето на УЕФА во Нион, Швајцарија, беше одредено дека, доколку тетовскиот тим го елиминира Хибернијан од Шкотска во третото квалификациско коло, во последната фаза пред лигашката фаза ќе се соочи со победникот од дуелот меѓу Гетеборг од Шведска и Гент од Белгија. Од тетовскиот клуб велат дека во моментов се фокусирани на ...

Околу 1.600 дански воени регрути во понеделник ја започнаа новата, продолжена програма за задолжителна воена служба, која наместо досегашните четири, сега ќе трае 11 месеци. Мерката е дел од пошироката стратегија на Данска за зајакнување на одбранбените капацитети поради војната во Украина и зголемените безбедносни предизвици на Арктикот. Реформата беше најавена во 2024 година и предвидува проширување на воената регрутација, при што за првпат ...

Романските вооружени сили извршија контролирана експлозија со цел да пренасочат поголемо количество вода кон Стариот Дунав и нуклеарната електрана Чернавода, за да се обезбеди подобро ладење на реакторите во услови на екстремно високи температури. Според романскиот весник „Адеварул“, во операцијата биле употребени околу 180 килограми експлозив за отстранување на голема карпа која го ограничувала протокот на водата. Вршителот на должноста ...

Пожарот во кавадаречкиот регион повторно се реактивираше и се прошири на тешко пристапен терен, поради што надлежните служби ги засилија активностите за негово локализирање. Во гаснењето од воздух се вклучени два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување, кои од утрово дејствуваат врз најкритичните делови од пожарот. На терен е и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја следи состојбата и координацијата на активностите со ...

Политичката пресметка околу загадената вода за пиење во Гостивар продолжува, откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска повторно разменија меѓусебни обвинувања за одговорноста за состојбата и за начинот на кој институциите се справуваат со кризата. На прес-конференција, Маја Борозан од Форумот на жени на СДСМ обвини дека во над 50 населени места водата не е исправна за пиење и оцени дека станува збор за „тотален колапс на институциите“. Од СДСМ ...

Претседателот на Лига на Албанците, Зијадин Села, негира дека средбата со актуелниот премиер на Косово, Албин Курти, имал за цел каков било обид за негово вклучување во Владата на Македонија преку коалицијата ВЛЕН и ВМРО-ДПМНЕ. Во изјава за ТВ21, Села рече дека средбата се одржала по покана на Курти и дека тој не е заинтересиран да биде дел од Владата. „Во овој момент не вреди да станеме дел од Владата“, изјави Села, додавајќи дека ...

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен го пофали шпанскиот премиер Педро Санчез за начинот на кој шпанските власти се справиле со пристигнувањето на околу 60.000 мигранти во Сеута, оценувајќи дека кризата истовремено ја покажала потребата од дополнително зајакнување на миграциската политика на Европската унија. Во писмо испратено на 3 август, а во кое увид имал „Еурактив“, фон дер Лајен наведува дека шпанските и ...

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села, заедно со претседателот на Собранието на партијата, Елми Азири, во Приштина се сретна со вршителот на должноста премиер на Косово, Албин Курти. По средбата, Села соопшти дека се разговарало за политичките случувања во Косово, Македонија и регионот, како и за заедничките предизвици. Според Села, на средбата била изразена загриженост поради, како што ги нарече тој, тенденциите за обезвреднување на ...

По повод Светската недела на доење, што годинава се одбележува под мотото „Доење за одржлив почеток во животот – да го зајакнеме тоа што функционира“, Министерството за здравство потсетува дека доењето е најприродниот и најбезбедниот начин на исхрана на новороденчињата и доенчињата. Мајчиното млеко ги обезбедува сите неопходни хранливи материи за правилен раст и развој, го зајакнува имунитетот, го намалува ризикот од бројни заболувања и ...

На 02.08.2026 година во 14:15 часот, во струшкото село Ташмаруништа лишен од слобода е С.Г.(52) од Струга по претходна пријава дека сторил кривично дело „ Спречување службено лице во вршење службено дејствие” по што упатувал вербални навреди кон јавни лица, присутни на настан за одбележување на 2 август, Денот на Републиката. По целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава. На 02.08.2026 година во 14:15 ...

Повеќе од 17.000 лица ја напуштиле Македонија во последните 24 часа преку граничните премини „Богородица“ и „Дојран“ кон Грција, додека во истиот период во државата влегле околу 16.000 патници, покажуваат најновите податоци на Министерството за внатрешни работи. Поради зголемената фреквенција на возила, во текот на денот се создадоа долги колони на двата гранични премини, а најголем метеж беше забележан кај „Дојран“, каде што колоната возила ...

Сончевото и многу топло време ќе продолжи до крајот на неделава. Од четврток во попладневните часови локално се најавуваат дожд и грмежи. – Продолжува периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која наместа ќе надмине 40 степени Целзиусови. Од четврток до крајот на седмицата во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност со краткотраен пороен дожд и грмежи – велат од УХМР. Од среда ...

Обилни дождови и поплави погодија делови од јужна Индија во текот на викендот, при што во државата Керала загинаа најмалку 11 лица, илјадници луѓе се раселени, додека во свлечиште во соседната држава Карнатака загинаа три лица, соопштија надлежните локални служби. – До вчера речиси 7.700 луѓе се евакуирани во околу 275 прифатни центри ширум Керала – изјави премиерот на таа држава В. Д. Сатисан. Тој потврди дека денеска ќе се сретне со ...

Британскиот премиер Енди Бернам изјави синоќа дека претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, не е вистинскиот човек да го предводи светскиот фудбал. Реакцијата на официјален Лондон доаѓа откако контроверзниот план предложен од Инфантино за продажба на удел од комерцијалните права на идните светски првенства на приватни инвеститори пропадна по жестоки критики од целиот свет. „Не верувам дека тој е вистинскиот човек да го води фудбалот напред на ...

Во текот на изминатото деноноќие, заклучно со 08:00 часот на 03.08.2026 година, регистрирани се вкупно 30 пожари на отворен простор, јавуваат од Центарот за управување со кризи. Во моментов нема активни пожари, еден пожар е ставен под контрола, а 29 пожари се изгаснати. Пожар под контрола (1): Општина Македонски Брод – помеѓу селата Слатина и Грешница (нискостеблеста деградирана шума и ниска вегетација). Во текот на изминатото деноноќие, ...

Големиот шумски пожар што избувна во петокот во централна Грција и се прошири кон западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, и натаму не е ставен под контрола. И четврти ден по ред, околу 500 пожарникари се борат со огнената стихија, во која животот го загубија две лица по судар на два хеликоптери ангажирани во гаснењето на пожарот. Со намалувањето на интензитетот на ветерот утрово повторно беа активирани и воздушните сили, ...

Министерството за здравство информира дека епидемиолошката состојба во Гостивар останува стабилна и континуирано се следи од надлежните здравствени институции. Во текот на 2 август се регистрирани вкупно 84 први прегледи, што е за 27 повеќе во споредба со претходниот ден, кога беа евидентирани 57 прегледи. И покрај дневното зголемување, бројот на прегледи останува значително понизок во однос на пикот од 18 јули, кога беа регистрирани вкупно ...

Министерството за здравство информира дека во однос на западнонилската треска, до Институтот за јавно здравје не се пристигнати нови лабораториски потврдени случаи. Последните примероци од суспектните случаи се негативни на PCR-тестирањето. Исто така, на Клиниката за инфективни болести нема новопримени пациенти со сомнение за западнонилска треска. Министерството за здравство, во координација со надлежните институции, продолжува внимателно да ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
5.07
18%
1010
weather icon

Белград

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
37%
1012
weather icon

Загреб

38ᴼ / 38ᴼ
1.46
23%
1011
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
4.04
27%
1012
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
4.07
19%
1011
weather icon

Љубљана

37ᴼ / 37ᴼ
0.89
23%
1013
weather icon

Атина

35ᴼ / 32ᴼ
5.81
36%
1010
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
4.57
25%
1012
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
2.31
29%
1011
weather icon

Букурешт

35ᴼ / 34ᴼ
4.92
32%
1012
weather icon

Будимпешта

41ᴼ / 37ᴼ
0.89
20%
1012
weather icon

Истанбул

30ᴼ / 29ᴼ
5.98
100%
1011
Currency

61.525

Currency

53.2455

Currency

71.6902

Currency

37.5744

Currency

38.0006

Currency

65.9708

Currency

7.88813

Currency

0.65758

Currency

0.33763

Currency

0.52419

Currency

1.11911

Currency

0.55999

Паладиум

43499.96

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Бакар

13.51

Калај

56.46

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Родиум

274085.11

Алуминиум

3.25

Злато

136962.18

Платина

56135.20

Сребро

1994.05