Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, соопшти дека е завршен проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост, Мостот Око и мостот кај Македонскиот народен театар (МНТ). Новото осветлување на Камениот мост беше пуштено во употреба вечерва, во присуство на градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Ѓоксу, турскиот амбасадор Алпер Акташ и претставници на Халкбанк. Проектот е реализиран во рамки на ...
По речиси петчасовен прекин, повторно е воспоставено снабдувањето со електрична енергија во дел од строгиот центар на Скопје. Дефектот во близина на Собранието е саниран по интервенцијата на екипите на ЕВН. Повеќе државни институции, станбени и деловни објекти вечерва останаа без електрична енергија, меѓу кои Управниот суд, објекти во околината на Државниот пазарен инспекторат, Државниот завод за статистика, како и просториите на Телевизија ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, од Министерскиот форум ЕУ – Западен Балкан за правда и внатрешни работи во Будва, порача дека борбата против корупцијата мора да донесе конкретни резултати, одговорност за високата корупција и ефикасна конфискација на незаконски стекнатиот имот. Тој нагласи дека владеењето на правото и борбата против корупцијата се основа за демократска стабилност и доверба во институциите, фокусирајќи се на предметите од ...
Бугарија не гледа потреба од посредник во разговорите со Македонија и смета дека прашањата поврзани со евроинтегративниот процес веќе се утврдени на европско ниво. Ова го порача бугарската министерка за надворешни работи, Велислава Петрова-Чамова, одговарајќи на пратеничко прашање во бугарското Собрание. „Нетипично е да има посредник меѓу земја-членка на Европската Унија и земја-кандидат за договорености кои не се од билатерален карактер, ...
Извештајот на Европската комисија констатира „добар напредок“ на Македонија во дигиталната трансформација и медиумите, со што нивото на подготвеност е оценето како „меѓу умерено и добро“. Ова го соопшти министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, презентирајќи ги наодите од Извештајот на ЕК за 2026 година. Тој посочи дека подобрената оценка е резултат на донесени закони, воспоставени системи и услуги што сè повеќе ги користат ...
♈ Овен – Денот носи динамика и можност за нов почеток. Не носете избрзани одлуки, особено на работа. Во љубовта, искрен разговор може да расчисти недоразбирање. ♉ Бик – Финансиската стабилност ви е во фокус. Можно е да добиете добра вест поврзана со работа или пари. Во љубовта, покажете повеќе нежност. ♊ Близнаци – Комуникацијата ви е најсилна страна денес. Очекувајте интересен разговор или средба која може да отвори нови можности. Не се ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и услови за краткотрајна нестабилност во попладневните часови. Ќе дува умерен повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 20, а максималната ќе достигне од 31 до 39 степени. Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 20, а ...
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ја спомена можноста за уривање на познатата концертна сала Центар „Кенеди“ во Вашингтон, доколку судските власти го блокираат решението на управниот одбор за повторно поставување на името на Трамп на фасадата. Управниот одбор, во кој претседателот постави свои блиски соработници, во декември го додаде неговото име кон она на неговиот демократски претходник, преименувајќи ја салата во ...
Американскиот бизнисмен и филантроп Бил Гејтс предупреди на ризиците што ги носи вештачката интелигенција (ВИ), оценувајќи дека нејзиното влијание врз работните места и животот на луѓето треба да се третира како глобален приоритет. Во интервју за „Њујорк тајмс“, Гејтс изјави дека ВИ може да предизвика големи последици на пазарот на трудот и дека нејзиното влијание би можело да биде подолготрајно од вообичаениот економски циклус. Според него, ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека економијата на земјата се враќа на патеката на раст по три години рецесија и стагнација. Според него, и покрај војните во Украина и на Блискиот Исток, како и глобалните трговски тензии, главните економски показатели укажуваат на подобрување. Мерц очекува рецесијата целосно да биде надмината до крајот на годината, а прогнозите за 2027 година веќе се ревидирани нагоре. Тој оцени дека Германија ...
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „можеби ќе излезе нешто“ од посетата на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Русија. Трамп ова го изјави во интервју за емисијата „Glenn Beck Program“ на телевизијата „Blaze“, по извештаите на американските медиуми дека Ретклиф вчера пристигнал во Москва на разговори со руски официјални лица за војните во Украина и Иран. Претходно, „CBS“ објави дека директорот на ЦИА престојувал во руската ...
Геологот Ден Шугар, вонреден професор на Универзитетот во Калгари, рече дека снимката покажува голема количина снег стопена во 24 часа пред катастрофата. „Некои од глечерите во долината вчера беа покриени со снег, а денес тие се претежно чист мраз. Со други зборови, иако сè уште не сум ги видел податоците од метеоролошките станици, сигурно било топло“, рече тој. Непалските планини покриени со снег изгубиле речиси една третина од својот мраз ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не смета оти врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хаменеи, е мртов, туку дека е многу тешко ранет. Говорејќи во емисијата на конзервативниот политички коментатор Глен Бек, Трамп истакна дека според неговите информации иранскиот лидер не е починат, туку претрпел сериозни повреди. Моџтаба Хаменеи, син и наследник на иранскиот врховен лидер Али Хаменеи, ја презеде функцијата по смртта на ...
Министерот за правда Јетон Шасивари вечерва истакна дека на денешен ден во 1910 година, во Скопје е родена Гонџе Бојаџиу или попозната како Мајка Тереза. Нејзиниот животен пат остави белег далеку надвор од нејзиниот роден град. „На 116-годишнината од нејзиното раѓање, ја паметиме пред сè преку вредностите што имаат универзално значење: хуманизмот, солидарноста, достоинството и почитта кон секој човек. Нејзината животна приказна е дел и од ...
На територија на државата денеска до 18 часот се регистрирани вкупно 19 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, три се под контрола, а 11 се изгаснати. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни се пожарите во општините Студеничани и Зелениково, каде огнот се шири од селата Моране, Вртекица и Рамни Габер кон кракот за село Палиград, како и над село Вражале во Општина Зелениково, каде гори мешана шума. ...
Најмалку 157 лица загинаа во разорните поплави и одрони на кал што го погодија Непал, соопшти локалната полиција. Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнати, а властите стравуваат дека бројот на жртвите дополнително ќе се зголеми. Најтешко е погоден округот Читван, каде што се пронајдени 64 тела. Во Дадинг се регистрирани 27 жртви, во Навалпараси Ист 22, а во Горка 19. Смртни случаи се пријавени и во Нувакот, Танахун и Расува. ...
Денеска се одбележува роденденот на Мајка Тереза, една од најпознатите Албанки во светот и симбол на хуманизмот, посветеноста и љубовта кон луѓето во неволја. Во Скопје, нејзиниот роден град, се одржаа низа активности за одбележување на нејзиниот живот и дело. Наутро беа положени венци пред спомен-плочата и цвеќе од страна на институционалните претставници. „Денеска сме тука во близина на поранешната стара куќа на Мајка Тереза, во центарот на ...
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди на ризиците што изградбата на дата-центрите може да ги донесе за снабдувањето со вода, земјоделството и цената на електричната енергија. Тој рече дека центрите ќе трошат големи количества вода и енергија, отворајќи прашање дали земјоделците би можеле да се соочат со недостиг на вода и дали ќе биде потребен дополнителен увоз на електрична енергија. „Понатаму, овие дата-центри трошат големи ...
Регионалниот пат Кичево-Дебар, поточно од кичевското село Извор до Дебарскиот мост, сè уште не е завршен! Причината е тоа што компанијата која ги изведува работите наишла на тешкотии со одрон на земјиштето. Дел од патот е асфалтиран, но свлечиштето го зафатило патот на повеќе места. За целосно да биде пуштен во употреба, треба да се постават потпорни ѕидови. Но, министерот за транспорт Александар Николоски уверува дека ќе биде завршен, иако ...
Упатувајќи им искрени честитки, им посака успешна и професионална работа, со порака дека, заедно со своите поискусни колеги, треба да бидат цврст темел на правдата, правната сигурност и владеењето на правото. „Вашата професионалност, интегритет и одговорност се од особено значење за јакнењето на довербата на граѓаните во правниот систем“, истакна министерот Шасивари. Новите нотари ја преземаат својата одговорна функција со обврска да ...
Државната изборна комисија (ДИК) едногласно ги усвои одлуките и упатствата за одржување на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница, закажани за 18 октомври. За организација и спроведување на изборите предвидени се 21,1 милион денари, односно околу 343 илјади евра. Од вкупната сума, 3 милиони денари или околу 48,8 илјади евра се наменети за платено политичко рекламирање во медиумите. Останатите средства ќе бидат искористени ...
Најавата на еврокомесарката Марта Кос за зајакнати механизми за проширувањето на Унијата во октомври според вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали е позитивен сигнал. Македонија добива пораки од дипломатите дека се следи динамиката на спроведување, вели Сали и додава дека се потребни интензивни чекори за реализација на обврските. „Секако нашите институции се навремено информирани и иницирани да проширувањето на реформската ...
Потврден е еден случај на Западнонилска треска во Куманово, додека надлежните служби веќе ја спровеле епидемиолошката анкета за да утврдат каде и како дошло до изложувањето. -Да, има потврден случај во Куманово. Таму е спроведена епидемиолошка анкета со членовите на семејството. Постои можност за изложување во близина на реката Пчиња, моментално работиме прецизно да утврдиме преку географско мапирање каде се наоѓа таа зона, изјави Сашо ...
Поранешниот заменик-министер за транспорт, Беким Реџепи, реагираше на денешниот настан со кој се означи почетокот на втората фаза на од автопатот Скопје–Блаце, посочувајќи дека Владата на ВМРО-ДПМНЕ–ВЛЕН промовира проект кој, според нивните претходни изјави, беше критикуван како криминален, коруптивен и неизводлив. „Но, овој проект не започнува од нула во 2026 година. Подготовките, проектирањето, обезбедувањето на финансирањето и процедурите ...
Сите по ред фрлија по една лопата за камен-темелникот на автопатот Скопје-Блаце. Премиерот Христијан Мицкоски рече дека овој проект е последниот сегмент кој ќе го претвори стариот пат во автопат, поврзувајќи ја Македонија со двете морски пристаништа, она во Драч во Албанија и она во Бар во Црна Гора, но и дека трговската размена со Косово уште повеќе ќе се зголеми. „Истовремено се создадоа услови на територијата на земјата да се изградат 6 ...
Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 12 возачи поради „безобѕирно управување возило“. Од нив 10 управувале возило без возачка дозвола, од кои двајца малолетници. Еден возач возел под дејство на алкохол и еден возач управувал возило и покрај тоа што имал активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите ...
Ко-претседателот на ВЛЕН, Изет Меџити, изјави дека во изминатите две години врската меѓу Косово и Северна Македонија е зајакната, посочувајќи дека „никогаш досега Приштина и Скопје не биле поблиску“. Меџити истакна дека првата заедничка седница била одржана со Владата на Косово, при што го спомена и системот „One Stop Shop“, за кој рече дека го зголемил протокот на граѓани и стока за 40 отсто. Говорејќи за автопатот Скопје-Блаце, Меџити рече ...
Зголемените цени на горивата повторно ги спротивставија СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, при што двете партии со различни аргументи ја обвинија спротивната страна за состојбата со цените и животниот стандард на граѓаните. Од СДСМ денеска обвинија дека цените на горивата се „до плафон“, посочувајќи дека од вчера дизелот надминал 100 денари за литар. Според партијата, тоа претставува дополнителен удар врз стандардот на граѓаните, додека Владата предводена од ...
Во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за случајот „Онкологија“, во кој се обвинети поранешниот директор Нино Васев и онколозите Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски. Техничкиот советник на Васев, доктор Владимир Даниловски, посочи дека во лекувањето на одредени пациенти учествувале од три до осум медицински лица. Според него, не може да се прави изолирана проценка на лекувањето и да се бара индивидуална одговорност од еден ...
Не изостанаа партиските препукувања за автопатот Скопје-Блаце. Од ВЛЕН, алудирајќи на претходните владеења, рекоа дека повеќе од една деценија автопатот останал политичко ветување, со симболични почетоци и предвидени средства, но никогаш не бил завршен. Опозициската ДУИ, пак, го обвини ВЛЕН дека продолжувањето на автопатот Скопје-Блаце го претставува како успех, иако, според партијата, проектот бил завршен на 2 мај 2023 година и истата година ...