Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
СДСМ ја обвинува власта за институционален неуспех и бара одговорност за кризата со загадената вода во Гостивар. Портпаролката Богданка Кузеска изјави дека информациите биле скриени и дека одговорните функционери треба да понесат политичка и кривична одговорност. Од опозицијата велат дека министерот за здравство Клековски најавил дека до крајот на неделата се очекува водата да биде безбедна за пиење, но прашуваат кој ќе потпише дека водата е ...
Околу 74 милиони евра се очекува да бидат инвестирани во Клиничката болница во Тетово, во еден од најголемите инфраструктурни здравствени проекти за Полошкиот регион. Проектот предвидува реконструкција и модернизација на хируршкиот и интернистичкиот блок, изградба на три нови објекти – меѓу кои и посебен оддел за гинекологија, акушерство и неонатологија – како и опремување со современа медицинска технологија. „Тука сме со тимот на терен на ...
Владата на Република Македонија го именува Арбен Фетаи за специјален пратеник на Европската Унија со седиште во Брисел, соопшти самиот Фетаи преку објава на социјалните мрежи. Тој истакна дека именувањето претставува голема чест, но и уште поголема одговорност. Како специјален пратеник, неговата задача ќе биде да работи на унапредување на процесот на европската интеграција на земјата преку зајакнување на политичката поддршка во институциите и ...
Потврдени се три нови случаи на западнонилска треска, со што бројот на потврдени случаи се искачи на 11. Двајца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, а еден на Клиниката за неврологија. Министерот за здравство, Сашо Клековски, изјави дека дел од новите случаи немаат историја на патување надвор од државата и се регистрирани во Скопје. „Освен случаите кои патувале во Грција, дефинитивно има и случаи кои не патувале ...
Гостиварци велат дека состојбата со епидемијата предизвикана од загадената вода се смирува и дека ситуацијата постепено се враќа во нормала. Откако беше дадено зелено светло водата да може да се користи за техничка употреба, очекуваат во текот на оваа недела водата од водоводот да може да се користи и за пиење. АНКЕТА СО ГРАЃАНИ: – Овие Швајцарци што доаѓаат тука не знаат дали водата се пие или не. Треба да ја затворат чешмата, а со што ја ...
Кавги, обвинувања и жестоки полемики, вака започна денешната собраниска седница на која пратениците од опозициските партии на Албанците реагираа на закажувањето на седницата. Тие го нападнаа претседателот на Собранието Африм Гаши затоа што закажал три седници во краток рок, како и за тоа што на еден од законите што е на дневен ред Гаши ја потпишал верзијата на македонски, но не и на албански јазик. „Дневниот ред заедно со сите материјали ...
Кичево се очекува да добие нова болница, по планот за изградба на нов болнички објект, кој беше разгледан за време на посетата на заменик-министерот за здравство Јовица Андовски, заедно со претставници на Општината, кичевската болница и Светската банка. Планираната инвестиција изнесува околу 1,38 милијарди денари, односно 22,5 милиони евра. Според Андовски, со децении граѓаните се соочуваат со несоодветни болнички услови, а целта е создавање ...
Собранието денеска ја избра Мери Дика Георгиевска за нов судија на Уставниот суд, откако предлогот доби поддршка од 64 пратеници. Одлуката ја соопшти претседателот на Собранието, Африм Гаши, по спроведеното гласање. „Судија на Уставниот суд се избира со мнозинство гласови. Предлогот Мери Дика Георгиевска да биде избрана за судија на Уставниот суд го ставам на гласање. 64 гласа за, нема воздржани ниту против. Дика Георгиевска е избрана за ...
Предлог-законот „Скопје – европска престолнина на културата 2028“ беше отстранет од денешната дневен ред на седницата на Собранието. Одлуката дојде по вонредна координација меѓу претседателот на Собранието и координаторите на пратеничките групи, откако претходно пратениците од опозицијата го блокираа утврдувањето на дневниот ред со процедурални забелешки. Според договорот, се очекува законот да се дискутира на нова седница по летниот одмор на ...
Три лица добија кривични пријави поради сомнение за поткуп и противзаконско влијание при полагање стручен испит за стоматолози. Според Министерството за внатрешни работи, меѓу пријавените се студентка од Битола, професор од Стоматолошкиот факултет и претседател на испитна комисија при Министерството за здравство. Истрагата покажала дека студентката во декември минатата година му уплатила пари на професорот, кој, според сомневањата, требало да ...
Армијата ќе продолжи да им помага на граѓаните на Гостивар онолку долго колку што ќе има потреба, информираше министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој изјави дека капацитетите на Армијата, вклучително и цистерните и опремата за снабдување со техничка вода, остануваат на располагање на граѓаните. Според него, поддршката ќе продолжи согласно проценките на надлежните институции и потребите на терен. Мисајловски нагласи дека приоритет во овој ...
Армијата ќе продолжи да им помага на граѓаните на Гостивар сè додека постои потреба од тоа, изјави министерот за одбрана Владо Мисајловски. Тој посочи дека капацитетите на Армијата, вклучувајќи ги цистерните и опремата за снабдување со техничка вода, и понатаму остануваат на располагање на граѓаните. Според него, поддршката ќе продолжи во согласност со проценките на надлежните институции и потребите на терен. Мисајловски нагласи дека во овој ...
Владата донесе одлука до крајот на 2026 година да се вработат 300 приватни специјализанти во јавните здравствени установи. Според Министерството за здравство, со оваа одлука се настојува да се задржат младите лекари во земјата, да се надмине недостигот од специјалистички кадар и да се зајакнат капацитетите на клиниките, болниците и здравствените домови. Воедно, се очекува да се обезбеди порамномерна распределба на медицинскиот персонал и да ...
Водата од градскиот водовод во Гостивар и понатаму не е безбедна за пиење и подготовка на храна, бидејќи во водоводната мрежа е детектирана нова резидуална бактерија, изјави премиерот Христијан Мицкоски. Тој објасни дека во системот веќе не се присутни фекалните колиформни бактерии, но по спроведеното хиперхлорирање и чистење на инсталациите се појавила друга бактерија, која се задржала во мрежата поради тоа што делови од инсталацијата ...
Русија го обвини основачот на Телеграм, Павел Дуров, за олеснување на терористичка активност, тврдејќи дека популарната апликација за пораки ја користеле украински разузнавачки служби за организирање напади на руска територија. Како одговор на обвинувањата, официјалниот профил на Телеграм на платформата X објави фотографија од Дуров на која покажува среден прст. Обвиненијата, кои ги соопшти руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), ...
Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека во овој момент водата во Гостивар е само за техничка употреба и дека така ќе остане одреден период. Мицкоски посочи дека во водата нема колифорни бактерии, но дека се појавиле други бактерии како последица на хиперхлорирањето. „Зошто? Затоа што сега во инсталацијата нема фекални колифорни бактерии, но се појавила нова бактерија која е присутна во инсталациите бидејќи тие не се користеле подолг период, ...
Општина Тетово ги повика граѓаните и правните субјекти кои сè уште не ги подмириле даночните обврски, што поскоро да ги извршат плаќањата, посочувајќи дека е близу до одблокирање на својата сметка по повеќе од една деценија. Во јавното соопштение, Општината им се заблагодарува на сите кои го платиле данокот на имот и останатите обврски, оценувајќи дека нивниот придонес директно влијае врз развојот на градот. „Благодарение на граѓаните кои ги ...
Вчера (28.07.2026) во 19:55 часот во Полициската станица за граничен надзор Охридско езеро во Охрид било пријавено дека две лица кои со „СУП“ даски пловеле во водите на Охридското езеро на околу 1000 метри од езерскиот брег, наспроти авто камп во Охрид, со извикување барале помош. Полициски службеници од езерската полиција, веднаш се упатени на посочената локација, по што на околу 2000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, ...
Спортскиот центар „Борис Трајковски“ и „Македонски Телеком“ постигнаа договор за соработка, по што големата спортска сала е преименувана во „Т Арена“. Целиот спортски центар „Борис Трајковски“ доби нов изглед со карактеристичната магента боја на брендот „Т“. „Ова е важен момент за нас, за ‘Борис Трајковски’ и за Македонски Телеком, кој повторно се враќа како присутен партнер во оваа арена. Покрај визуелното уредување на надворешните и ...
Бројот на граѓани кои побарале лекарска помош во јавните здравствени установи во Гостивар продолжува да се намалува, покажуваат последните податоци од здравствените институции. Во текот на вчерашниот ден, 28 јули 2026 година, биле евидентирани вкупно 71 новопрегледан пациент, што претставува дополнително намалување во однос на претходниот ден. Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар биле извршени 49 прегледи. Од нив, 29 пациенти биле ...
Основното јавно обвинителство Гевгелија донесе Наредба за спроведување истражна постапка против српски државјанин осомничен за кривично дело – Избегнување на плаќање акциза од член 279-б став 2 вв став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, со намера да избегне целосно плаќање на акциза од значителна вредност од речиси 5 милиони денари на која бил обврзан со Закон за акцизите, се обидел да пренесе 5000 штеки цигари без акцизни маркички преку ...
Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со којшто се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот чија ...
На 29.07.2026 во 01:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ги лишија од слобода Г.Ј.(44) од село Топлица и А.А.(46) од селото Чегране поради основано сомневање дека сториле кривично дело „мачење животни“. Претходниот ден околу 23:45 часот на влез во селото Топлица, полициски службеници од Полициското одделение Галате затекнале група граѓани и кучиња со видливи повреди и крварења од борба. Според пријавеното, лицата претходно се ...
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 31 до 38 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. T=35°C. P=986hPa. U=25%. V=2m/s. UV index=8. Под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време. Особено топло ќе биде за време на викендот и во текот на ...
На 27.07.2026, Единицата за финансиски криминал при Секторот за криминалистички истраги во Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против три лица. А.Т.(27) од Битола заради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело „давање награда за противзаконито влијание“ по член 358-а ст.2 в.в. ст.1, С.Ч.(56) од Гостивар за „примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 ст.2 ...
Интензитетот на сообраќајот надвор од урбаните средини е зголемен, а најголема фреквенција на возила е регистрирана на граничниот премин „Богородица“. Според информациите на Автомото сојузот на Македонија (АМСМ), времето на чекање за премин на границата изнесува околу 40 минути. Од АМСМ информираат дека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез и излез од државата. Од АМСМ апелираат до возачите да ...
Повеќе од 220 илјади фалсификувани фудбалски дресови и комплети, со проценета вредност од над 18,5 милиони фунти на официјалниот пазар, биле запленети од британската полиција во рамки на национална операција против кршење на правата од интелектуална сопственост, засилена за време на Светското првенство во фудбал 2026 година. Операцијата, предводена од Одделението за криминал поврзан со интелектуална сопственост при Лондонската полиција ...
Најновиот добитник на СУПЕР МИЛИОНЕР е Б.С. од Скопје. Тој освои џекпот вреден 6.905.253 денари. Најпосакуваната ВЛТ добивка е освоена на видеолотариските терминали кај деловниот соработник Евротип на 24.07.2026 година во Скопје.Среќната игра е 20 Хот бласт. Тимот на Видеолотарија Касинос Австрија му честита на добитникот. Во периодот од 13.07.2026 до 19.07.2026 година, Видеолотарија Касинос Австрија исплати вкупно 17.784.387 денари кон ...
Продолжуваат политичките реакции по состојбата со водоснабдувањето во Гостивар, откако СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ денеска разменија обвинувања околу одговорноста за кризата и начинот на кој институциите реагирале. Од СДСМ велат дека институциите доцнеле со реакцијата и дека дури сега официјално признале дека постои ризик од појава на хепатит А и Е, како и други заразни заболувања. Според партијата, нивниот претседател Венко Филипче предупредил на ...
На 97. седница, пратениците се очекува да гласаат за предлогот судијката на Апелациониот суд Скопје, Мери Дика Георгиевска, да биде избрана за нов уставен судија. Во моментов, Уставниот суд работи со седум од вкупно девет судии, што значи дека му недостигаат уште двајца членови за да биде во полн состав. Едното место остана испразнето по оставката на судијата Гоце Наумовски, додека за второто се очекува Собранието да гласа за изборот на Мери ...