Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Кина успешно го изврши првиот лет на беспилотното летало TP200, првиот домашен цивилен дрон со голема носивост развиен според стандардите за пловидбеност, наменет за широк спектар на задачи – од поморски патроли до итно снабдување на оддалечени подрачја. Како што пренесе кинескиот весник „Science and Technology Daily“, дронот TP200 може да носи максимален товар и да остане во воздух до 24 часа, со опсег на лет од околу 3.000 километри. ...
Три месеци исполнети со страв, неизвесност и постојано чекање. Така 44-годишна пациентка од Скопје го опишува периодот од појавата на првите симптоми до операцијата во Клиничката болница „Аџибадем Систина“, со која ѝ беше отстранета цистична туморска формација на десниот јајчник, со тежина од речиси 10 килограми. Наместо да го живее своето секојдневје, нејзините денови биле исполнети со лекарски прегледи, медицински документи, телефонски ...
Министерството за здравство соопшти дека во Гостивар денеска се евидентирани 109 нови први контакти поврзани со актуелната епидемиолошка состојба. Во изминатите четири дена бројот на нови контакти се движел меѓу 80 и 125 дневно, додека вообичаениот јулски просек во претходните години изнесувал околу 25 случаи. Досега се регистрирани 869 формални пријави, а епидемиолошка анкета е спроведена со 622 лица. По препорака на Комисијата за заразни ...
Туристичкиот сектор во Македонија бележи значителен раст, особено кај бројот на странски гости, изјави премиерот Христијан Мицкоски, посочувајќи дека владините мерки за привлекување туристи почнуваат да даваат резултати. Одговарајќи на новинарско прашање за тековната туристичка сезона, Мицкоски нагласи дека зголемувањето е забележливо и преку бројот на пристигнувања на аеродромите, но и преку туристичките статистики. „Владините мерки и ...
Власта и опозицијата со спротивставени ставови за состојбата со животната средина и водоснабдувањето во земјава. Додека од ВМРО-ДПМНЕ велат дека Владата реализира големи инфраструктурни проекти за подобра комунална мрежа и почиста животна средина, од СДСМ обвинуваат дека граѓаните се соочуваат со сериозни проблеми со квалитетот на водата и бараат одговорност од надлежните. Од ВМРО-ДПМНЕ информираат дека Владата продолжува со реализација на ...
И покрај зголемувањето на цената на нафтата и бензинот во последните две недели, премиерот Христијан Мицкоски вели дека земјава сè уште има најевтини горива во регионот. Мицкоски рече дека очекува цената да падне во наредните недели, притоа нагласувајќи дека се разгледуваат можните мерки што владата би можела да ги преземе. „Акцизите се анализираат во период од две недели. Втората половина од месецот завршува и во понеделник ќе го пресметаме ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, информираше дека бројот на нови пријавени случаи поврзани со епидемијата во Гостивар изнесува 109. Тој соопшти и дека е воведен засилен здравствен надзор во постакутната фаза на епидемијата, со цел следење на заразните заболувања кои би можеле да се појават. „Заклучно со денеска во Гостивар имаме 109 нови први контакти. Бројот во последните четири дена се движеше од 80 до 125, но во овој момент не ...
Парламентот на Црна Гора денес ги одобри измените на Законот за здравствено осигурување, со кои на жените со дијагностицирана секундарна дисменореа – болни менструални циклуси придружени со грчеви, гадење и замор – им се дава право на два дена платен одмор месечно. Според црногорските медиуми, ова право важи за жени кои имаат болна менструација предизвикана од органски проблеми, како што се ендометриоза, фиброиди, полипи и други гинеколошки ...
Војната во Украина влегува во нова фаза на ескалација, со жестоки судири долж линијата на фронтот и воздушни напади кои ги погодија и внатрешните територии на Русија. Руските сили ги интензивираа бомбардирањата врз населените места во источниот дел на Украина, предизвикувајќи жртви и повредени меѓу цивилното население. Според украинските власти, нападите во регионите Доњецк и Дњепропетровск резултирале со седум загинати и повеќе од 20 ...
Црногорската полиција го уапси македонскиот државјанин Андреј Танасковски во Никшиќ, кој се бараше за обидот за убиство на Марко Љубиша, познат под надимакот Кан, кој бил член на озогласениот „Шкаљарски“ клан јавуваат црногорските медиуми, повикувајќи се на неколку извори од Управата на црногорската полиција. Според информациите, Танасковски е уапсен во таен стан во населбата Видрован во Никшиќ. Со него е уапсен и 34-годишниот Нено Марковиќ ...
Халкбанк го доближува банкарското работење до своите корисници преку 12 кратки и корисни видеа за брзо и лесно користење банкарски услуги преку мобилен телефон. Станува збор за серија едукативни видеа со актерката Дарја Ризова, во кои се објаснети чекорите за користење на најчестите банкарски услуги преку мобилната апликација на Халкбанк. Банката во изминатиот период постојано работеше на зголемување на бројот на функционалности на ...
Царинските службеници на граничниот премин Богородица спречија обид за големо криумчарење цигари, при што беа запленети 5.000 штеки цигари без акцизни маркички, со проценета вредност од околу девет милиони денари. Акцијата била спроведена при детална контрола на товарно моторно возило пријавено за транзит од Грција кон Србија. Според царинската документација, камионот превезувал градежен материјал – камена волна. Сепак, при темелниот преглед, ...
Американскиот претседател Доналд Трамп денеска во Белата куќа ќе се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски, во пресрет на погребот на сенаторот Линдзи Греам. Ова ќе биде нивна втора средба овој месец. Зеленски пристигнува во Вашингтон за да му оддаде почит на Греам, кој непосредно пред смртта го посети Киев и помогна во обезбедувањето поддршка за пакет санкции против земјите што купуваат руски енергенси. Во меѓувреме, ...
Цените на суровата нафта денеска повторно забележаа пад, при што достигнаа најниско ниво во изминатата седмица. Пазарите позитивно реагираа на најавите за можно намалување на тензиите на Блискиот Исток, а дополнителен притисок врз цените создаде и зголемената понуда на глобалниот пазар, покажуваат податоците на Trading Economics. Суровата нафта брент од Северното Море се тргуваше по цена од околу 88 долари за барел, додека американската лесна ...
♈ Овен Ќе бидете полни со енергија и подготвени за нови предизвици. На работното место може да добиете интересна понуда или признание за вашиот труд. Во љубовта, искрен разговор ќе ги расчисти сите дилеми. ♉ Бик Денот е идеален за средување на финансиските обврски и планирање на идните чекори. Некој близок ќе ви даде корисен совет. Вечерта е резервирана за мир и релаксација. ♊ Близнаци Ќе бидете во центарот на вниманието благодарение на ...
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен, ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 21, а максималната ќе достигне од 30 до 35 степени. Во Скопје сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени. Од ...
Американската полиција соопшти дека најмалку тројца вооружени напаѓачи учествувале во престрелката на фестивалот на храна „Bite of Seattle“, во близина на кулата „Спејс Нидл“ во Сиетл, при што загинаа три лица, а четворица беа повредени. Според истражителите, меѓу осомничените се 15-годишник, кој е уапсен, и едно лице кое загинало на местото на настанот, додека полицијата интензивно трага по трет напаѓач. Документите доставени до судот ...
Основниот суд во Улцињ ѝ одреди 30-дневен притвор на 43-годишната С.С. од Скопје, осомничена за кривичното дело убивање и мачење животни, откако со автомобил прегази и усмрти куче од расата шарпланинец. Според судот, притворот е определен поради опасност од бегство, бидејќи таа по настанот наводно се обидела да ја напушти Црна Гора, но била уапсена од полицијата. Според информациите на црногорските медиуми, инцидентот се случил откако ...
Европската Унија мобилизираше дополнителни противпожарни сили откако големите шумски пожари во Франција и Шпанија зафатија повеќе од 122.000 хектари шумско земјиште, а службите за итни интервенции предупредуваат дека огнената стихија се шири побрзо отколку што може да биде ставена под контрола. Во Франција пожарите зафатија околу 42.000 хектари, додека во Шпанија беснее рекорден пожар на површина од 80.000 хектари. Повеќе од 300.000 луѓе се ...
Вооружени вооружени лица убија најмалку 30 лица во напад врз селото Наридон во државата Кадуна во северозападна Нигерија, изјавија жителите за АП. Нападот се случил доцна во недела навечер во областа Каура. Неколку лица се повредени, а телата на жртвите се однесени во блиската болница, каде што се подготвуваат нивните погреби. „Не знам кој останал да се бори за нив“ Дерек Кристофер, претседател на Мрежата за мир и безбедност во Јужна Кадуна, ...
Полска побара од Соединетите Американски Држави екстрадиција на поранешниот министер за правда Збигњев Зиобро, кој е во бегство и се соочува со 26 обвиненија, претежно за наводна злоупотреба на средства од фондот за помош на жртви на кривични дела. Полското обвинителство соопшти дека преку дипломатски канали до американските власти е испратено барање за негов притвор и екстрадиција. Зиобро ги отфрла обвинувањата, тврдејќи дека станува збор за ...
Иран соопшти во понеделникот дека и натаму ја задржува контролата врз Ормутскиот Теснец и дека не бара обновување на мировните разговори со Соединетите Американски Држави. Изјавата следува еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп ја прекина двонеделната кампања на воздушни напади, откако, според високи американски воени претставници, операцијата ги достигнала своите максимални воени ефекти, јавува „Ројтерс“. По 13 последователни ...
Унгарскиот парламент во среда го избра кандидатот на партијата Тиса на премиерот Виктор Орбан, Петер Маѓар, за судија во уставниот суд, во брза постапка што предизвика критики поради сличностите со методите на поранешниот премиер Виктор Орбан. Универзитетскиот професор Пал Соневенд беше избран за деветгодишен мандат со 138 гласа „за“ и пет „против“, од 199 пратеници во парламентот. Тој ќе го замени судијата Чаба Хенде, поранешен министер за ...
Со благослов од Бигорскиот манастир, коњаницата „Патот на Црешовото топче“ денеска го продолжи својот традиционален марш кон Крушево, во пресрет на големиот национален и православен празник Илинден. Околу триесет коњаници пристигнаа во манастирот „Свети Јован Крстител“, каде што се помолија и добија благослов за повеќедневното патување до Мечкин Камен. Настанот е дел од долгогодишната традиција за оддавање почит на илинденските херои и ...
Угостителските објекти во Струга во текот на летната сезона ќе можат да работат еден час подолго од вообичаеното, а за претстојниот продолжен празничен викенд ќе имаат дозвола за работа до три часот по полноќ. Одлуката ја донесе Советот на Општина Струга на последната седница, со цел да се овозможи непречено одржување на културни, туристички и други јавни манифестации. Согласно одлуката, за време на викендите и јавните настани угостителските ...
Тројца мажи беа спасени од морето во близина на хотелот „Риксос“ во Дубровник попладнево, откако не можеа да стигнат до копното поради високите бранови, потврди полицијата во Дубровник. Полицијата извести дека странски државјанин кој пливал пред хотелот „Риксос“ не можел да излезе од морето поради високите бранови. Друг странски државјанин скокнал во морето за да му помогне, но ниту еден не успеал да стигне до брегот. Потоа спасител влегол во ...
Предложениот ребаланс на буџетот обезбедува дополнително забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и развојните приоритети на Владата. Ова во образложението го истакна министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочовска која рече дека измените се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност и развој. „Овие измени и дополнувања ги носиме во услови на изразена глобална неизвесност . ...
Конечно, водата во Гостивар е исчистена од фекално загадување и сега може да се користи како техничка вода, но не и за пиење и подготовка на храна. Ова го соопшти Управувачкиот комитет за управување со кризи. Емилија Аневска од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје изјави дека земени се шест примероци од потрошувачи во Гостивар и дека три последователни дена не биле евидентирани колиформни бактерии. Сепак, мониторингот ќе продолжи сè додека не ...
Дивоградбите што се наоѓаат во заштитеното подрачје на УНЕСКО околу Охридското Езеро ќе бидат урнати, вели градоначалникот на Струга, Менди Ќира. Според него, општината ги разгледува барањата за легализација, но сите објекти што не ги исполнуваат условите или ја попречуваат инфраструктурата и Генералниот урбанистички план ќе бидат срамнети со земја, бидејќи за езерските плажи се очекува да биде донесен и нов закон. „Јавно ги повикувам сите ...
Собранието го усвои ребаланс на Буџетот за 2026 година, со кој според Министерството за финансии се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализацијата на владините развојни приоритети. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска истакна дека ребалансот е направен со цел навремено усогласување на буџетските проекции со економските околности и ...