GTA VI со денови е главна тема во гејмерскиот свет, а Илон Маск неодамна на Twitter ги сподели своите искуства со франшизата. GTA V е неверојатно популарен, а тоа што постигна невиден успех беше главната причина за лежерниот пристап на студиото Rockstar, па на трејлерот од новиот дел чекавме десет години. Одговарајќи на твит од еден од неговите вработени, Маск напиша дека претходно се обидел да игра GTA V. „Се обидов, но не ми се допадна да ...

Apple веќе некое време развива камери под екранот, а извештаите сугерираат дека тие ќе се појават на моделите на iPhone 19 на компанијата. Веќе подолго време кружат гласини дека Apple ќе имплементира камери под екранот и Face ID на iPhone, со што целосно ќе го отфрли засекот на дисплејот. Во новиот извештај се споменува дека јужнокорејскиот добавувач на Apple почнал да развива камера под екранот за идните модели на iPhone. Иако ова е возбудлива ...

Sega најави пет нови видео игри од своето класично издание. Како што рекоа од Sege за време на The Game Award церемонијата, нови видео игри од сериите Jet Set Radio, Shinobi, Golden Axe, Streets of Rage и Crazy Taxi се во развој. Leave it to @sega to blow our minds with 5 NEW GAMES in one trailer! This is Sega Power Surge! #TheGameAwards pic.twitter.com/O0an9RbWxm — The Game Awards (@thegameawards) December 8, 2023 Иако немаме официјални датуми ...

Се појавија нови информации за серијата iPhone 17, а се однесуваат на надградба на предната камера. Според аналитичарот Мингчи Куо, Apple се подготвува за голема надградба на селфи камерата, но само со серијата iPhone 17. Компанијата од Купертино, наводно, ќе го опреми iPhone од 2025 година со сензор од 24 мегапиксели. Ова е значително подобрување во однос на сегашната камера, имајќи предвид дека iPhone 15 има сензор од 12MP на предната страна. ...

VR функциите на Microsoft ќе бидат отстранети од идните верзии на оперативниот систем Windows. И покрај тоа што една деценија се промовира како „следна голема работа“, виртуелната реалност едноставно не може да добие стабилна основа. Microsoft го објави крајот на својата VR визија. Компанијата ја прекина поддршката за Windows Mixed Reality. Функциите за VR на Microsoft ќе бидат отстранети од идните верзии на оперативниот систем Windows, што ќе ...

YouTube стана поагресивен во последно време во обидот да ги спречи луѓето да користат блокатори на реклами. Ако не сакате да се плеткате или да плаќате за YouTube Premium, ова е список на сајтови што можат да послужат како замена за YouTube. 1. Vimeo Оваа страница е креирана од луѓе кои вообичаено снимаат филмови, па не е изненадување што е меѓу првите избори за креативците. Претежно, овде можете да најдете токму такви, малку посериозни снимки. ...

Низ годините, сè повеќе програмери решија да ги објавуваат своите игри на платформата Steam и секоја година се објавуваат рекорден број на наслови. Во текот на 2023 година, PC платформата на компанијата Valve постигна нови рекорди, со повеќе од 14.500 игри објавени во текот на претходните 12 месеци. Според статистиката на SteamDB, на Steam пристигнале 14.531 наслови на игри, надминувајќи го рекордот од 2022 година за повеќе од 2.000 игри. Ова ...

Истражувачката лабораторија за вештачка интелигенција на Google, DeepMind, го претстави AutoRT, роботски систем инспириран од принципите на роботиката на Исак Асимов, кој го подобрува донесувањето одлуки за задачи во реалниот свет. Во значаен чекор кон подобрување на способностите на роботите, роботскиот тим на DeepMind претстави три иновации кои имаат за цел да овозможат побрзо, поефикасно и побезбедно одлучување за роботите во реални услови. ...

Треба да размислите за вашата лозинка како прва линија на одбрана против потенцијалните напаѓачи, па затоа никогаш не треба да ја користите оваа. Во денешниот дигитален свет, не може доволно да се нагласи колку е важно да се креираат сигурни и сложени лозинки. McAfee создаде водич за тоа зошто „123456“ не е прифатлива лозинка и дава неколку совети како да креирате безбедна лозинка. Криминалците постојано бараат чувствителни информации што можат ...

Има се повеќе компании кои се занимаваат со хуманоидни роботи, а меѓу нив е и кинеската Kepler, која ќе го претстави својот производ наречен „Forerunner“ на CES во Лас Вегас. Од Kepler велат дека нивната Forerunner серија за општа намена покажува напредни способности во движењата на телото, прецизна контрола на рацете и софистицирана визуелна перцепција. Ова го позиционира како „опасен“ конкурент на Optimus на Tesla во областа на хуманоидната ...

Xiaomi ја претстави својата нова софтверска платформа, HyperOS, уште во октомври и вети дека ќе ја донесе на речиси 100 уреди во 2024 година. Тоа значи дека кинеската компанија завршила со MIUI OS, иако некои телефони и таблети нема да го добијат ажурирањето бидејќи се престари. Минатиот месец, Xiaomi потврди дека ќе ги објави надградбите на HyperOS на најмалку осум уреди во првиот квартал од 2024 година. Изгледа дека првиот паметен телефон што ...

Google неодамна објави дека ќе започне да ги отстранува колачињата (Cookies) за одреден дел од корисниците и конечно почна да го имплементира. Заштитата од следење неодамна беше воведена за само 1% од корисниците (околу 30 милиони од нив), односно сите колачиња беа елиминирани за нив. Засега целта е да се отстранат сите колачиња до 1 јули оваа година, а оние кои се опфатени со првиот бран на отстранување колачиња ќе бидат известени кога ќе го ...

Ако сте корисник на услугата за управување со лозинка LastPass, ќе ве интересираат овие информации. LastPass е една од најпопуларните услуги за управување со лозинки, и иако е од 2018 година, стандардно во поставките на услугата беше да се создаде лозинка од 12 знаци, но корисниците имаа опција да креираат лозинка со помалку знаци. Тоа ќе се промени, бидејќи популарниот менаџер за лозинки сега одлучи да побара од корисниците на услугата да ...

Објавени се сите победници за The Game Awards 2023. Повеќе од 100 глобални медиуми го дадоа својот глас во 31 категорија, а победниците беа објавени на стримот The Game Awards, заедно со неколку нови трејлери и лансирање на видео игри. Baldur’s Gate 3 и Alan Wake 2 се бореа за титулата во неколку категории. На крајот, Alan Wake 2 доби три награди, а Baldur’s Gate 3 освои шест. Целата листа на победници * Game of the Year: Baldur’s Gate 3 * Best ...

Linux добива своја верзија на „синиот екран на смртта“ (BSOD). Како што пренесува Phoronik, услугата systemd-bsod доаѓа до системите на Linux која може да генерира порака на цел екран на дистрибуциите на Linux. Слично како што „синиот екран на смртта“ беше создаден за Windows, верзијата на Linux ќе се користи како алатка за итни случаи за евиденција на грешки. Ако системот на Linux не успее да се подигне, ќе генерира порака на цел екран што ...

Корисниците на уреди со Android треба да бидат внимателни ако имаат некоја од апликациите од списокот на нивниот телефон. Компанијата Google отстрани 13 апликации од Play Store, за кои експертите за безбедност на McAfee открија дека ја содржат малициозната грешка Xamalicious. Xamalicious е вирус кој им овозможува на напаѓачите далечински да преземаат податоци од уредот на корисникот откако ќе се инсталира апликацијата. Ова им овозможува на ...

Злонамерни апликации крадат лични податоци од уредите со Android и нудат „брз и лесен пристап“ до финансиските ресурси. Десетици малициозни апликации за позајмување пари, генерално наречени SpyLoan, се преземени повеќе од 12 милиони пати оваа година од Google Play Store, но бројката е многу поголема бидејќи се достапни и од надворешни продавници и сомнителни веб-страници. SpyLoan Android заканата краде лични податоци од уредот, вклучувајќи ...

Помеѓу новите модели се: Odyssey OLED G8, Odyssey OLED G6 и ажурираниот Odyssey OLED G9 Samsung Electronics Co. Ltd., денес ги најави новите гејмнинг монитори Odyssey OLED, кои ќе дебитираат на CES® 2024, најголемиот светски технолошки настан организиран од Consumer Technology Association (CTA)®, a кој ќе се одржи во Лас Вегас следната недела. Новите OLED модели нудат перформанси и визуелна јасност што гејмерите ја бараат од своите монитори, а ...

Facebook воведе нов збунувачки систем во поставките, кој на многумина нема да им се допадне. Facebook неодамна имплементираше нова поставка, наречена „Link History“, која создава специјално складиште на сите врски на кои сте кликнале во мобилната апликација на Facebook. Ако сте проактивни, можете да се откажете од оваа опција, но компанијата практично им наметнува историја на врски на корисниците и тие податоци се користат за насочени реклами. ...

Компаниите кои стојат зад социјалните мрежи заработиле повеќе од 11 милијарди долари од реклами на малолетници во САД минатата година, според студијата на Харвард. Истражувачите велат дека наодите ја покажуваат потребата од владина регулација на социјалните медиуми, бидејќи компаниите кои сакаат да заработат пари од децата користејќи ги нивните платформи, не успеале да се саморегулираат. Тие забележуваат дека регулативите, како и поголемата ...

Во Белград е отворен музејот Yandex, кој на посетителите ќе им овозможи да се вратат во минатото и бесплатно да пробаат дел од легендарните компјутери и конзоли. Компанијата Yandex отвори музеј во Белград наменет за сите љубители на ретро уреди, технологии, стари конзоли и оние кои сакаат од прва рака да дознаат како некогаш изгледале и функционирале првите компјутери и гејмерски конзоли. Музејот е отворен во работните денови од 11 до 19 часот и ...

Меѓународен тим на истражувачи постави нов светски рекорд кога станува збор за пренос на податоци преку еден оптички кабел. Научниците успеале да пренесат 22,9 Pb/s, т.е. петабити во секунда (22.900 терабити) со комбинирање на различни технологии. На овој начин беше соборен претходниот рекорд кој изнесуваше 10,66 петабити во секунда, а зад потфатот стојат научници од Јапонија, Холандија и Италија. Јапонските истражувачи успеаја да создадат кабел ...

На овој начин, Firefox ќе му се придружи на Chrome во намалувањето на една форма на веб-напад што се потпира на уфрлен код. Во дебата која трае од 2017 година, Mozilla конечно одлучи да имплементира нова безбедносна карактеристика во својот веб-прелистувач. Ова го потврди Фредерик Браун, инженерот за безбедност на Firefox, во изјавата: „Уверени сме во резултатите што ги има Trusted Types во спречувањето на XSS базиран на DOM на популарните ...

Создаден е нов злонамерен напад, кој може да ги украде ингеренциите на корисниците на Android при дејствата за „autofill“. Во рамките на презентација на конференцијата за безбедност Black Hat Europe, истражувачите за сајбер безбедност од Меѓународниот институт за информатичка технологија (IIIT) истакнаа дека развиле нов злонамерен напад, наречен AutoSpill, кој ги напаѓа програмите за управување со лозинки (password managers). Нивните тестови ...

Платформата за игри Steam повеќе нема да поддржува некои постари верзии на Windows и MacOS платформите. Од почетокот на 2024 година, како што беше претходно најавено, Steam ќе ја загуби официјалната поддршка за верзиите на оперативните системи Windows 7, Windows 8 и Windows 8.1. Според анкетите, повеќе од 95 проценти (95,57%) од анкетираните корисници на Steam имаат инсталирани верзии на Windows 10 и 11 на оперативниот систем. Речиси два отсто ...

Компанијата Telegram објави дека го подобрила квалитетот на разговорите преку својата истоимена платформа. Telegram воведе нов дизајн на повици и нови анимации кои треба да го надминат неговиот главен конкурент, апликацијата WhatsApp на Meta. Позадините на Telegram ќе се менуваат врз основа на статусот на повикот, односно врз основа на тоа дали телефонот ѕвони или повикот е во тек или разговорот е завршен, пренесува порталот Tech Crunch. Channel ...

На почетокот на секој месец, Statcounter го објавува својот редовен извештај кој ја открива состојбата на пазарот на интернет прелистувачи. Кога станува збор за декември 2023 година, според анализата на Statcounter, Chrome продолжува да доминира во растот, Microsoft Edge бележи нов личен рекорд, додека Safari има ненадеен пад. Откако го загуби второто место од Safari во мај 2023 година, Microsoft Edge сега се врати на второто место на листата на ...

TikTok сака да се врати на огромниот пазар во Азија. Кинеската компанија TikTok ќе инвестира 1,39 милијарди евра во развојот на индонезиската платформа за онлајн тргување GoTo Gojek Tokopedia, со цел да се врати на најголемиот пазар во Југоисточна Азија. TikTok ќе купи 75 отсто од платформата GoTo Gojek Tokopedia за 780 милиони евра, а трансакцијата ќе биде склучена до првиот квартал на 2024 година, пренесува CNN. Регулаторите во Индонезија го ...

Huawei уште во 2020 година најави дека ќе изгради фабрика во Франција, каде што ќе произведува опрема за мобилна мрежа. Веќе три години кинеската компанија не спомнува ништо за ова, поради што многумина мислеа дека плановите се откажани. Сепак, се чини дека тоа не е случај. Повикувајќи се на извори запознаени со ова прашање, во новиот извештај Ројтерс наведува дека Huawei ќе започне со изградба на нова фабрика оваа година, во место во близина на ...

Првиот Unpacked настан на Samsung оваа година доаѓа малку порано од вообичаеното. Првиот овогодишен настан Samsung Unpacked ќе се одржи на 17 јануари. Нормално, овој настан се случува во првата недела од февруари, така што ова е интересна промена. Настанот ќе се одржи во живо во Сан Хозе и ќе се емитува на голем број канали на Samsung, вклучувајќи го и YouTube. Who’s ready for a new era of mobile?! #SamsungUnpacked is going to be epic. Don’t ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1020
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
0.51
81%
1015
weather icon

Загреб

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
1013
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
1019
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.02
69%
1016
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
2.57
83%
1014
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
86%
1021
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
1.03
67%
1020
weather icon

Подгорица

11ᴼ / 11ᴼ
1.03
100%
1020
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 11ᴼ
1.54
74%
1017
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 5ᴼ
2.68
80%
1011
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
1.03
82%
1021
Currency

61.535

Currency

59.4535

Currency

74.1864

Currency

37.0442

Currency

41.4916

Currency

65.4016

Currency

8.13332

Currency

0.5696

Currency

0.37661

Currency

0.52563

Currency

1.68587

Currency

0.69437

Алуминиум

2 $

Иридиум

135048 $

Кобалт

476 $

Никел

484372 $

Рутениум

14887 $

Калај

29 $

Сребро

966 $

Злато

85151 $

Бакар

8 $

Паладиум

29356 $

Платина

30929 $

Цинк

92572 $