Скопје
29ᴼ /
29ᴼ
Гостивар постепено излегува од актуната фаза на епидемијата, но здравствените власти остануваат на штрек. Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека состојбата се стабилизира , но поради ризикот од појава на нови заразни заболувања надлежните продолжуваат со засилен епидемиолошки надзор. Според него, во последните четири дена дневно биле регистрирани меѓу 80 и 125 нови први прегледи, при што се уште не може прецизно да се утврди ...
Експертот за сајбер-безбедност Џеремаја Фаулер изјави за британскиот весник „Сан“ (The Sun) дека на интернет биле достапни бази на податоци што содржеле телефонски броеви и приватни адреси за е-пошта на бројни познати личности. Тој додаде дека податоците вклучувале и датотека со информации за уредите поврзани со тие адреси за е-пошта – како што се моделите на телефони и верзиите на оперативните системи и веб-прелистувачите – што би можело да ...
Јужна Кореја планира да донесе посебен закон со кој законски ќе ја потврди својата посветеност на политиката на неширење нуклеарно оружје, додека истовремено продолжува со програмата за изградба на подморници на нуклеарен погон, пишува агенцијата „Јонхап“, повикувајќи се на информации од јужнокорејската влада. Нацрт-законот, кој Министерството за одбрана наскоро ќе го достави на јавна расправа, дефинира пет основни принципи за државниот ...
Во акција на царинските службеници на граничниот премин Богородица заплените се 5.000 штеки цигари со проценета вредност од околу девет милиони денари. Цигарите биле откриени при контрола на товарен камион кој бил пријавен за транзит од Грција кон Србија, а српскиот возач е приведен под скомнение за криумчарење. Против него е поднесена кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија. „Со камионот пријавен за транзит од ...
Ќе се разговара за војните во Иран и во Украина кои се во критична фаза. Средбата со Нетанјаху ќе биде прва по почетокот на војната со Иран, која предизвика тензии меѓу двајцата лидери. Се очекува разговорите да бидат фокусирани на Иран, безбедносната состојба на Блискиот Исток, Појасот Газа и можностите за обновување на дипломатските напори. Трамп и Нетанјаху ќе разговараат и за спроведувањето на договорот меѓу Израел и Либан, како и за ...
Сериозни пропусти во работењето на Комисијата за заштита на конкуренција откри државниот завод за ревизија. Во извештајот за 2024 година, ревизорите изразија мислење со резерва и посочија низа неправилности, од спорни постапки при јавните набавки и нецелосна евиденција за иречените глоби, до неосигурување на државен имот, што преставува прекршување на законските обврски. Според ревизорските наоди, институцијата со години назадот не ...
Вознемирувачка снима од Хрватска го шокира регионот. Немоќен млад човек беше брутално претепан, газен и влечен по улица, додека нападот беше снимен. Полицијата трага по напаѓачите. Полициските службеници спроведуваат интензивна криминалистичка истрага и работат на утврдување на идентитетот на лицата поврзани со физичкиот напад врз млад човек на улицата Зајчева, во центарот на Славонски Брод, неофицијално пренесува порталот SBOnline. Нападот ...
Жозе Мурињо сака Гонзало Гарсија да остане во клубот и не го поддржува неговото заминување, објавува шпанскиот весник „Марка“. Според информациите од овој весник, искусниот португалски стручњак смета дека во тимот моментално нема напаѓач кој ги има карактеристиките на Гарсија. Затоа Мурињо е јасен во својот став дека младиот напаѓач треба да остане дел од тимот следната сезона. „Марка“ наведува дека тренерот верува дека Гарсија може да игра ...
Како што пренесува „Еј-Би-Си Њуз“ (ABC News), пожарникарите ги пронашле телата на шест деца на возраст од пет до 15 години, како и на нивните родители. Од Канцеларијата на шерифот на округот Отава соопштија дека сите членови на семејството починале од прострелни рани. Според резултатите од обдукцијата, 47-годишниот Кристофер Каролкјевич извршил самоубиство, додека смртта на неговата 39-годишна сопруга Аманда и на нивните шест деца е ...
Опозициски пратеник предизвика вистински хаос во албанскиот парламет откако одзел доверлив документ поврзан со воениот договор меѓу Албанија и САД. По инцидентот следувала драматична потера низ собраниската зграда. Во албанскиот парламент се случи несекојдневен инцидент кој многумина на социјалните мрежи го споредуваат со сцени од култната британска комедија „Летечкиот циркус на Монти Пајтон“. На видеоснимка што се прошири на интернет се ...
Авионска дезинсекција против возрасни комарци на подрачјето на Скопје ќе се спроведе на 30 и 31 јули, доколку временските услови бидат поволни, соопшти денеска Град Скопје. Следната фаза од третманот против возрасни комарци ќе се реализира на 30 и 31 јули, со авионска дезинсекција, доколку временските услови бидат поволни. Во случај на неповолни временски услови, третманот ќе биде одложен за првиот нареден ден со соодветни услови, за што ...
За само пет часа, полицијата исрече 59 санкции за возачи на мотоцикли и електрични тротинети во Кочани и Виница. Во акциската контрола, спроведема во неделата вечер, најголем дел од прекршоците се однесувале на управување мотоцикли без заштитен шлем, но биле ебидентирани и случаи на возење брз соодветна дозвола, под дејство на алкохол, како и други сообраќајни прекршоци. При контролата биле откриени и три кривични дела, при што од слобода ...
Според информациите од германскиот „Скај Спорт“, Реал Мадрид направил нов потег во преговорите со бразилскиот интернационалец за продолжување на неговиот договор. Кралскиот клуб наводно испратил контрапонуда до Винисиус и неговите претставници во обид да постигнат конечен договор по месеци разговори. Мадрид сака што поскоро да го затвори прашањето за нов договор и да го обезбеди останувањето на еден од своите најважни играчи. Истиот извор ...
Цената на барел сурова нафта „Брент“, која е глобален ценовен репер, во еден момент падна за повеќе од 9 отсто, на под 88 долари. Ова претставува значаен пресврт во однос на минатата недела, кога цената надмина 100 долари, пишува Би-Би-Си. До падот на цените дојде по изјавата на американската амбасадорка во Обединетите нации дека нападите врз Иран биле прекинати втора ноќ по ред со цел да се „отвори простор за преговори“. Портпаролот на ...
Деветнаесетгодишниот Андреј Танасковски, како што е осомничен, на 7 август 2025 година, во комплексот на хотелот Маестрал во Будва, се обидел да убие висок член на ќелијата Шкаљарски балкански нарко картел - Марко Љубиша од Будва, заврши уапсен. Андреј Танасковски (19) е државјанин на Северна Македонија кој беше уапсен под сомнение за обид за убиство на Марко Љубиша Кан, висок член на криминалниот клан Шкаљарци од август 2025 година. ...
Канцеларијата на локалниот шериф денеска добила информација дека полицијата доцна во неделата навечер излегла на местото на настанот откако се слушнале истрели во куќа во градот Ашбурн, Вирџинија. Таму ја пронашле 57-годишната Миа Биениеми со повеќекратни прострелни рани, објави Си-Ен-Ен. Таа брзо била префрлена во болница и е во стабилна состојба откако ѝ била укажана прва помош. Полицијата брзо го лоцирала Елајџа Зајон Биениеми, кој бил ...
Филип Кровиновиќ, еден од капитените на Хајдук до неодамна ќе игра во шампионатот на Бразил, за легендарниот тим на Гремио. Изненадувачкиот трансфер одекна како бомба во јавноста во Хрватска, затоа што реално играчите од Бразил доаѓаат во Европа, а не обратно. Уште повеќе што Кровиновиќ има 30. години и е искусен играч, кој што има доста мечеви зад себе. Беше интернационалец во Португалија, во тимот на Рио Аве, па хрватите јавуваат дека ...
На фотографиите и видеата, двојката може да се види во разни активности - од возење со хеликоптер и брод до банџи скокање и пукање со оружје. Токму овој последен дел предизвика поделени реакции. Негативни коментари под објавата Додека фотографиите од пејзажот и активностите полни со адреналин собраа многу позитивни коментари, некои од следбениците го критикуваа видеото во кое актерката пука со пушка. Тие го оценија како несоодветно, а некои ...
Денес, Србија го екстрадираше Марко Килибард (39), за кој се верува дека е член на „Кавачки клан“, во Црна Гора. Килибарда е осомничен во Црна Гора за тешко убиство, обид за убиство и создавање криминална организација. „Службеници на Брзиот тим за целни претреси на НЦБ Интерпол Подгорица и Специјалната полициска единица, во соработка со Министерството за внатрешни работи на Република Србија, денес успешно го екстрадираа меѓународно бараното ...
Светската јавност немаше дилеми околу тоа кој е најубавиот гол на штотуку завршениот Мундијал во САД, Мексико и Канада, а сега истиот доби и официјализација. Стрелецот на најубавиот гол на турнирот и официјално е Сидни Лопез Кабрал, репрезентативецот на Зеленортските острови. Неговиот погодок против Аргентина е вистинска убавица и ка круниса целата бајка околу неговиот национален тим и неговиот настап на најголемата фудбалска смотра на ...
Во јуни 1968 година, било издадено Решението за именување на конкурсната комисија за спроведување конкурс за изработка идеен проект за изведба на споменик на Национално-ослободителната борба и Илинденското востание, денес понат како Македониум. „Илинден“ или “Македониум“, е споменички комплекс во Крушево. Споменикот бил откриен на 2 август 1974 година, на денот на триесетгодишнината на заседанието на АСНОМ и 71 годишнина од Илинденското ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на 48. Традиционален Илинденски коњички марш, што се одржа во дворот на црквата „Св. Петар и Павле“ во Горно Лисиче. - Со гордост и почит им посакавме среќен пат кон Крушево, каде што и оваа година ќе им оддадат почит на илинденците и на сите што ја вградија својата жртва во македонската слобода. Нека нивниот пат биде безбеден, а традицијата што ја негуваат продолжи да ги обединува сегашните ...
Врската меѓу УСАИД и Шарената револуција во Македонија се однесува на финансиската поддршка на невладини организации, политичките дебати за влијанието врз промената на власта и обвинувањата од тогашната опозиција и критичари. Организации како Фондацијата отворено општество управувано од сегашната потпретседателка на СДСМ Фани Каранфиловска добиле милионски донации од УСАИД во периодот околу 2015-2016 година. Средби и проекти биле насочени ...
Руските научници на Далечниот Источен Федерален Универзитет (FEFU) развија метод на биоцементација за претворање на лабавиот песок во цврст камен. Овој процес користи природно присутни бактерии изолирани од крајбрежните почви, хранлив раствор и талог од калциум карбонат. Како функционира технологијата Бактериско дејство: Микроорганизмите произведуваат калцитни кристали кои ги пополнуваат празните простори помеѓу лабавите зрна почва или ...
Ернандез, кој отслужи два последователни мандати како претседател на Хондурас од 2014 до 2022 година, слета со приватен авион на Меѓународниот аеродром Палмерола, околу 60 километри северозападно од главниот град Тегусигалпа, објави АП. На аеродромот го пречекаа членови на семејството, вклучувајќи ја неговата мајка, ќерките и сопругата Ана Гарсија. Таа неуспешно се кандидираше за претседателскиот кандидат на неговата партија во 2025 година, ...
Политичкиот речник на Трамп има еден збор што се појавува речиси редовно кога војната престанува да ги дава ветените резултати: „разговори“. Во понеделник, од „Ер Форс Уан“, тој објави дека САД водат „добри разговори“ со Иран, дека постои можност за договор и дека има „доволно време“. Само неколку часа претходно, Техеран го кажа спротивното: Иран не побарал обновување на преговорите со САД, а ситуацијата во Ормутскиот теснец не се променила. ...
Локалниот новинар Мајк Дафи објави сторија за Hyperscale Data Center, во сопственост на Alliance Cloud Services LLC од Лас Вегас. Приказната содржи гласен, продорен звук за кој жителите велат дека го слушаат 24 часа на ден, седум дена во неделата. „Трае 24 часа на ден.“ Според WXYZ-TV, луѓето живеат веднаш преку улицата од објектот од каде што доаѓа бучавата. Новинарот користел рачен децибелметар за да ја измери бучавата неколку пати, а ...
Дојранското Езеро повторно се полни со вода од пумпите на Хидросистемот „Ѓавато” во Богданци, и дотурот на вода во езерото ќе продолжи без застој. Информацијата за МИА ја потврдија од Хидросистемот “Ѓавато” од каде велат дека во моментот се влеваат 200 литри во секунда, а во текот на денот или утре ќе се пушти дополнителна количина, со што ќе се зголеми дотурот на вода во езерото. „Водата се пушти во саботата, бевме на терен и проверивме ...
Угостителските објекти во Струга во текот на летната сезона ќе можат да работат еден час подолго од вообичаеното, а за претстојниот продолжен празничен викенд ќе имаат дозвола за работа до три часот по полноќ. Одлуката ја донесе Советот на Општина Струга на последната седница, со цел да се овозможи непречено одржување на културни, туристички и други јавни манифестации. Согласно одлуката, за време на викендите и јавните настани угостителските ...
Просториите што ги користи културно-уметничкото друштво „Српски вез“ во Куманово се оштетени, а на ѕидовите биле испишани графити, меѓу кои и натписот „УЧК“. Случајот е пријавен во СВР Куманово, од каде информираат дека е извршен увид и се преземаат мерки за негово целосно расчистување. Министерот за локална самоуправа и претседател на Демократската партија на Србите во Македонија (ДПСМ), Иван Стоиљковиќ, преку објава на социјалните мрежи го ...