Истражниот судија на Основниот суд во Улцињ ѝодреди мерка притвор до 30 дена на Сашка Стојановска (43), Македонката што прегази шарпланинец откако тој го задави нејзиниот миленик. Притворот, според црногорските медиуми, е одреден во саботата, поради основано сомнение дека во петокот таа извршила кривично дело Убивање и мачење животни и уништување на нивното живеалиште. Претходно, Основното државно обвинителство во Улцињ ѝ одреди мерка ...

По само десет дена откако беа ангажирани од страна на Италијанската Фудбалска Федерација, Паоло Малдини и бразилската легенда и икона на тимот на Милан, Леонардо си заминаа и поднесоа оставки. Причината за ова е скандалот околу не назначувањето на Андреа Пирло за нов селектор на репрезентацијата на Италија, за кој што Малдини и Леонардо инсистираа и стоеја зад оваа одлука. Сепак, претседателот на Федерацијата, Малаго, одлучи да донесе ...

Рак на дебело црево или рак на коскена срцевина - лекарите сè повеќе откриваат одредени видови малигни заболувања и кај младите луѓе. Ново истражување нуди можно објаснување. Сузана имала 28 години кога ѝ бил дијагностициран рак на дебело црево. На Андре му бил дијагностициран рак на белите дробови на 34-годишна возраст. И двајцата зборуваат за својата борба со болеста на социјалните мрежи. Сузана и Андре повеќе не се изолирани случаи. ...

Швајцарското списание Weltwoche објави статија за стратешкиот дијалог со Америка и промената на курсот кон Србија. Ова е текстот објавен во реномирано списание: Првиот стратешки дијалог меѓу Соединетите Американски Држави и Србија претставува извонредна промена во американската политика кон Западен Балкан во последните неколку децении. Сепак, уште позначајно од самиот дијалог е она што се случува - или, поточно, не се случува - во односите ...

Пред неколку месеци, владата на Малта започна програма наречена „Шема за откажување од возачка дозвола“, нудејќи им на младите возачи дури 25.000 евра за да се откажат од возење пет години. Министерот за транспорт Крис Бонет ја бранеше иницијативата како клучен дел од поширокиот план за реформи во транспортот, нагласувајќи дека владата не сака да им наметнува промени на граѓаните, туку да ги охрабри на доброволна основа. Програмата, која ...

Благодарение на ова, властите успеаја да го пронајдат 35-годишниот маж од Исола ди Капо Рицуто, кој претходно му бил познат на законот. Движење во центарот на градот Полицијата ги реконструираше движењата на мажот за време на неговите рации во центарот на Ботричело, јавуваат локалните медиуми. Во првиот случај, крадецот влегол во продавница за облека и, под изговор дека прашува за одело за младоженецот, го одвлекол вниманието на ...

Имено, на TikTok вирално стана видео на кое ексцентричниот Чола истура вода врз публиката, објави Телеграф. Тој зеде шише и го протресе во првиот ред за да ги освежи, а потоа го турна настрана. Еден од посетителите го сними сето тоа на својот телефон, а видеото го објави на TikTok. „Десингерица стил“, „Што би направил?“, „За оние кои не се запознаени, Чола го прави ова со години кога ќе се занесе од атмосферата на концертот“, „Крал“, се ...

Експертите предупредуваат дека покрај стресот, исхраната може да придонесе и за зголемување на кортизолот, особено кога често се консумираат шеќерни појадоци, засладени житарки, брза храна и рафинирани јаглехидрати како што е белиот леб. Во последниве години, сè повеќе се зборува за кортизолот и неговото потенцијално негативно влијание врз здравјето, а социјалните мрежи, нутриционистите и здравствените портали често го истакнуваат како еден ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека еден од главните приоритети на државниот буџет во следните три години ќе биде понатамошното зајакнување на одбранбените капацитети на земјата. Според рускиот претседател Владимир Путин, инвестициите во одбранбениот сектор остануваат клучен дел од државната политика во сегашната безбедносна средина. Според изјавите на Путин, аналитичарите проценуваат дека планираните буџетски распределби ...

Зборувајќи во Сао Паоло во саботата на промоцијата на Флавио Болсонаро како кандидат за претседателските избори во Бразил во октомври, аргентинскиот претседател, без да го спомене Лула по име, го нарече левичарскиот претседател на Бразил „крадец“ и „криминалец“. Водечка фигура на латиноамериканската десница, Мили ги предупреди гласачите за „опасноста од Лула“ на претстојните избори и го повика Бразил да се ослободи од „ропството на ...

Легендарниот јапонски фудбалер Казујоши Миура повторно ја испиша историјата на светскиот фудбал. Популарниот „Крал Казу“ го постигна својот прв натпреварувачки гол по речиси четири години на возраст од 59 години и 149 дена. Миура се запиша во листата на стрелци во 52-та минута од натпреварот од Купот на Јапонија помеѓу Фукушима Јунајтед и Иваки Фурукава, кога постигна гол за водство на својот тим од 5-0. Искусниот напаѓач направи одличен ...

Најмалку 30 лица, меѓу кои и осум деца, загинаа во вооружен напад врз село во нигерската држава Кадуна, откако напаѓачите упаднале во населбата, отвориле неселективен оган и запалиле повеќе куќи. Североистокот на земјата е исто така потресен од бунт на исламистички милитанти од групата Боко Харам и отцепената фракција на ISVAP. Ниту една група сè уште не ја презеде одговорноста за нападот во државата Кадуна. Локалниот младински лидер, Ишаја ...

На социјалните мрежи се појави видео снимено на аеродромот во Тирана, на кое се гледаат вреќи со пари за кои се тврди дека му припаѓаат на премиерот Еди Рама. Заедно со објавеното видео, имаше тврдења дека со вреќите му припаѓаат на албанскиот премиер Еди Рама и самиот тој се подготвува да ја напушти земјата. Во последните месеци, Албанија е зафатена од антивладини протести, при што демонстрантите изнесуваат разни барања до владата на ...

Македонија е меѓу државите кои не добија дополнителни царински давачки од Соединетите Американски Држави, но тоа не значи дека тргува без царини со САД, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ги информациите поврзани со царинскиот режим на САД кон земјите од регионот. Одговарајќи на новинарско прашање за изјавата на српскиот претседател Александар Вучиќ дека царините кон САД се нула додека траат преговорите, Мицкоски рече ...

Вооружен маж со два кујнски ножа нападнал три жени во близина на париската населба Порт де Клиши, при што две од нив се здобиле со тешки повреди. Напаѓачот е приведен од фанцуската полиција, а мотивот за нападот засега не е познат. На социјалните мрежи се појави и вознемирувачка снимка од нападот. Вториот дел од видеото го прикажува истиот маж како лежи на земја, додека неколку случајни минувачи го држат совладан. Во негова близина, на ...

Повеќе средства за развојни проекти, земјоделци и локалните самоуправи - тоа се главните приоритети што ги носи дополнителниот ребаланс на буџетот за 2026. Според министерката за финансии Гордана Димитриевска Кочоска, измените треба да обезбедат ново забрзување на капиталните инвестиции и продолжување на политиките за економски раст. „Овие измени и дополнувања ги носиме во услови на изразена глобална неизвесност . Геополитичките случувања ...

По неуспешното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија, новото раководство на федерацијата има голем број опции за испразнетото место, тврди популарниот новинар Николо Скира, иако до сега голем број тренери ги одбија понудите. Од една страна, на списокот на техничкиот директор Паоло Малдини и неговиот советник Леонардо се наоѓаат младите специјалисти Рафаеле Паладино и Тијаго Мота (кој веќе ги одбил), како и искусниот Стефано ...

Аргентинската фудбалска суперѕвезда Лионел Меси нема да учествува на натпреварот на ѕвездите во МЛС лигата. Лигата потврди дека Меси овој пат нема да биде казнет за овој потег, како што беше случај минатата сезона. Пред една година, Меси одлучи да не учествува на Ол-стар натпреварот на МЛС, а лигата го сметаше тоа за занемарување на должноста и го суспендираше на еден натпревар. Аргентинецот учествуваше на Светското првенство ова лето, каде ...

Доколку пресудата биде потврдена по жалба, може да ја принуди партијата на Јун да врати околу 27 милиони долари, или 39,7 милијарди јужнокорејски вони, што ги доби од Националната изборна комисија по неговата претседателска победа. Лажни изјави во кампањата Централниот окружен суд во Сеул утврди дека Јун дал лажни информации двапати за време на кампањата, помеѓу декември 2021 и јануари 2022 година. „Кога кандидатот лично објавува лажни ...

Ова е најновиот инцидент во серијата младински протести што веќе доведоа до оставка на федералниот министер за образование, пишува Ројтерс. Полицијата се соочува со обвинувања за прекумерна сила за време на протестите. Тие се обвинети, меѓу другото, за тепање студенти со палки и употреба на солзавец во обид да спречат поворка од десет илјади луѓе. На 20 јули, демонстрантите маршираа кон зградата на парламентот во Њу Делхи. Студентите и други ...

Аферата со ботоксот отвори ново истражно досие во Обвинителството. Анализата на одземените мобилни телефони откри сомнежи за корупција при полагање стручни испити во здравството, по што ОЈО ГОКК отвори истрага против стоматологот и претседател на испитна комисија, осомничени за противзаконито влијание и примање поткуп. Според обвинителството, преку паричен надомест било извршено влијание за обезбедување преодна оценка на стручен испит, а во ...

Страшна трагедија ја потресе Србија, откако 27 годишна мајка и нејзиниот тригодишен си ги загубија животите во судир меѓу патнички воз и автомобил на железнички премин кај Лалиќ и Оџаци. Силниот удар целосно го уништил возилото. Мајка и дете утрово загинаа во сообраќајна несреќа во Србија, откако воз удрил во автомобилот во кој се наоѓале, пренесе српскиот портал Н1. Според информациите, несреќата се случила на патот Лалиќ – Оџаци. Во ...

Повеќе од 2,6 тони кокаин со проценета улична вредност од околу 500 милиони евра се запленети во Атлантскиот Океан, во близина на брегот на Португалија, во голема меѓународна полициска акција. Во операцијата, спроведена во соработка меѓу италијанските, шпанските и португалските власти, уапсени се четири лица, соопшти италијанската финансиска полиција, а информацијата ја пренесе агенцијата Ројтерс. Полициската акција во водите на Атлантскиот ...

Четириесет и едногодишна битолчанка се здобила со тешки телесни повреди откако изгубила контрола над четирицикл и се превртела на регионалниот пат Битола – Пелистер. Сообраќајната незгода се случила на 26 јули околу 14:45 часот. Повредената била пренесена во болницата во Битола, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Битола. Четириесет и едногодишна битолчанка се ...

Огнената стихија што уништи околу 42.000 хектари во југозападна франција е стабилизирана. Но битката се уште не е добиена. Активните жаришта и најавените екстремно високи температури ја зголемуваат загриженоста дека пожарот повторно би можел да се разгори, изјави францускиот минситер за внатрешни работи, Лоран Нинез. „Тоа значи дека пожарот во текот на ноќта не се проширил“, изјави Нинез на прес-конференција по владината седница. Тој ги ...

Инцидентот се случил на 25 јули на лет кој полетал од аеродромот Фиумичино. Медицински проблем Пилотите на Боинг 787-9 Дримлајнер пријавиле медицински проблем во контролата на летање, по што авионот безбедно слетал во главниот град на Ирска. Американ ерлајнс подоцна потврди дека има необичен мирис во кабината, но неговиот извор се уште не е утврден. Според неофицијални информации, здравствени проблеми имале шест од деветте членови на ...

Тешка несреќа се случила во Штип во раните утрински часови, откако 21-годишен жител на градот паднал од автомобил во движење и се здобил со сериозни повреди. Според информациите од Министерството за внатрешни работи, инцидентот се случил на 27 јули околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците „Сремски Фронт“ и „Солидарност“ во Штип. Како што соопшти полицијата, 21-годишниот Н.А. од Штип паднал од отворен прозорец на патничко возило „Ауди“ ...

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави видео на социјалните мрежи во кое се гледа маж што му упатува закани по живот, порачувајќи дека снимката „ќе ја шокира јавноста“. И покрај заканите, Вучиќ изјави дека не се чуствува загрозено и дека е подготвен да му прости на човекот кој му се заканувал, оценувајќи дека бил жртва на манипулации и лажни информации. Во видео објавено на Инстаграм, придружено со пораката „Ова видео ќе ве ...

Општина Битола и Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој се реализира во рамки на манифестацијата „Бит Фест“, ги покануваат битолчани и сите посетители на еден од највпечатливите и најпрепознатливи настани на фестивалот – традиционалното Фолклорно дефиле „Со песна и игра низ битолските улици“. Стотици учесници од земјата и од светот, облечени во автентични народни носии, ќе продефилираат низ најпознатата ...

Од први август скопјани ќе плаќаат малку повисоки сметки за парно греење. Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за минимално зголемување на цените, при што за просечно домаќинство сметката ќе биде повисока за околу 140 денари. Истовремено, РКЕ ги зголеми и цените на горивата, па бензините поскапуваат за три, а дизелот за 4,54 денари по литар. Регулаторната комисијха за енергетика одлучи парното греење за корисниците во Скопје да ...

weather icon

Скопје

29ᴼ / 29ᴼ
0.32
28%
1013
weather icon

Белград

29ᴼ / 29ᴼ
1.62
47%
1013
weather icon

Загреб

30ᴼ / 30ᴼ
2.6
45%
1016
weather icon

Софија

24ᴼ / 24ᴼ
0.94
42%
1015
weather icon

Сараево

29ᴼ / 29ᴼ
2.15
45%
1013
weather icon

Љубљана

25ᴼ / 22ᴼ
0.63
72%
1017
weather icon

Атина

33ᴼ / 30ᴼ
4.02
39%
1010
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
1.37
24%
1012
weather icon

Подгорица

30ᴼ / 30ᴼ
1.07
32%
1013
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
1.34
52%
1012
weather icon

Будимпешта

31ᴼ / 27ᴼ
2.24
51%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
2.08
66%
1010
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.6902

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Платина

55652.94

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Злато

137126.15

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Калај

56.77

Алуминиум

3.27

Кобалт

56.29

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54