Варшава мора да плати отштета од 1,3 милијарди долари за десетици милиони вакцини против ковид од Фајзер кои ниту сакала да ги прими ниту биле произведени, туку само биле нарачани преку шемата на Урсула фон дер Лајен. ЕУ застана во улога на извршител за американската компанија. Во спорот ни крива ни должна настрада полската контрола на летови. Фајзер уште пред три години покрена тужба против Полска затоа што во 2022 година тогашната влада на ...

Трамп пристигна во ложата придружуван од неговата сопруга Меланија Трамп и претседателот на ФИФА Џани Инфантино, додека Санчез беше придружуван од шпанската кралска двојка и претседателот на Шпанската фудбалска федерација Рафаел Лузан. Според снимките од местото на настанот, лидерите се ракуваа и кратко разговараа пред почетокот на натпреварот. Тензии по самитот на НАТО Средбата се случи неколку недели по нивниот последен состанок на самитот ...

Аргентинците не само што не одиграа ништо во финалето, туку веднаш по завршување на мечот на “МетЛајв“ со своето однесување и тоа како се “покажаа“. Имено дивјачкото однесување на аргентинските играчи и тренери го обележа моментот по крајот на финалето на Светското првенство. Шпанија победи со 1-0 по продолженијата со голот на Феран Торес, но заслужената прослава на новите светски шампиони беше засенета од жестоки вербални и физички напади ...

Едноставно најдобри, едноставно непобедливи под водство на Луис де ла Фунете. Шпанската репрезентација, заедно со финалето на Мундијалот е непоразена во 38 официјални натпревари по ред. Со победата од 1:0 над Аргентина во финалето на Светското првенство, одлучена со голот на Феран Торес во продолжението, тие го надминаа рекордот на Италија од 37 натпревари без пораз. Серијата на Шпанија трае од март 2024 година, кога загуби со 0:1 од ...

Секако дека малку смеа и хумор не е на одмет, иако на Аргентинците не им е до смеење. Шпанија ја победи Аргентина со 1-0 во финалето на Светското првенство и со тоа стана светски шампион по втор пат. Во натпревар во кој доминираше „Фуријата“, немаше голови по 90 минути, а клучниот момент се случи во 106-тата минута. Нико Вилијамс со глава ја врати топката до Феран Торес, кој ја затресе мрежата од блиску. Аргентина беше целосно немоќна до ...

Коалицијата на СДСМ, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварци им ја дадоа довербата, коалицијата СДСМ-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност за нивно здравје и живот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Подобриот живот и услови за гостиварци станаа најголемата изборна ...

Аргентина не успеа да ја одбрани титулата, ама реално и не заслужија. По разочарувачката, за многумина срамна игра, Аргентинците беа принудени да им ја предадат светската титула на Шпанците. И иако самите се свесни дека не заслужија повеќе од почесен пораз, поразот тешко им падна. Знаејќи колку е емотивен, тренерот на довчерашниот светски шампион, Лионел Скалони, веројатно повеќе од другите, што не го криеше ниту по завршувањето на ...

Селекторот на Шпанија не ги криеше своите емоции откако го водеше својот тим до Светското првенство. Во финалето, „Фуријата“ доминираше против Аргентина, но победи само со 1-0, по продолженијата. „Многу сум горд на оваа генерација фудбалери кои пораснаа со оваа филозофија, останаа верни на идејата и ја подобрија, поставија пример за заедништво и семејство. Тие се неверојатни играчи со огромен талент. Исклучително сум горд“, беа првите ...

Поради самото доаѓање на Трамп на натпреварот, беа воведени ригорозни безбедносни мерки, поради што илјадници навивачи на Шпанија и Аргентина чекаа со часови на влезот, додека припадници на полицијата и тајната служба циркулираа на самиот стадион. What it sounded like when President Trump walked onto the field with FIFA head Gianni Infantino for the World Cup trophy presentation pic.twitter.com/qEIo327rcp — Monica Alba (@albamonica) July 19, ...

Сега веќе и дефинитивно е јасно кој е најдобар во светот на фудбалот. Така, Шпанија ги спои титулите европски и светски шампиони по втор пат во својата историја. Шпанија стана европски шампион пред две години со победа од 2-1 против Англија во финалето на Европското првенство во Берлин. Тие беа европски шампиони во 2008 и 2012 година, а светски шампиони во 2010 година. Тие го освоија и Европското првенство во 1964 година. Почетокот на ...

Одржувањето на добро расположение и чувството на среќа во секојдневниот живот може да биде предизвик, особено во време на стрес и неизвесност. Иако повеќето луѓе веќе се грижат за своето физичко здравје и ментална благосостојба, една подеднакво важна компонента често се занемарува - чувството на внатрешна, или духовна, рамнотежа. Психолозите истакнуваат дека малите, секојдневни навики можат да имаат моќен ефект врз субјективното чувство на ...

Како што и беше најавено, Доналд Трамп, со помош на Џани Инфантино, му го предаде пехарот на капитенот на шпанската репрезентација, Родриго. Сепак, тој не успеа да биде учесник во прославата и буквално беше ставен на втор план. Имено американскиот претседател се обиде да остане со Шпанците на сцената. Остана во близина, но беше ставен во сосема втор план и не успеа да биде во центарот на вниманието. Погледнете ги овие неверојатни сцени. ...

Помеѓу изборите, реакциите и околностите: Каде е среќата? Вистина е дека можеме да избереме како ќе реагираме на одредени ситуации и околности, но многу поретко можеме да ги избереме самите околности. Токму затоа нашата среќа не е целосно под наша контрола. Што всушност можеме да избереме? Замислете дека сте добиле лоша оценка на испит или негативна оценка на работа. Во таква ситуација, можете да се самосожалувате и да ги обвинувате ...

Ова финале на СП 2026 не можеше, не смееше да заврши поинаку по се она што се случуваше во текот на сите 120 минути. Шпанија победи со 1:0 со голот на Феран Торес во продолженијата. Оваа Шпанија покажа дека има победнички карактер, одигра на сите мечеви напаѓачки, имаше свој систем под водство на маестралниот селектор Луис де ла Фуенте и на крај заслужено славеше. Како што и беше најавено, победничкиот пехар го доделија претседателот на САД, ...

ФОТО:.facebook.com/AFASeleccionEN/ Лионел Меси не успеа да остане на светскиот трон со Аргентина, во финалето на Светското првенство во САД, Мексико и Канада беа поразени со 1:0, а по натпреварот беше видена емотивна сцена. Откако го стави сребрениот медал околу вратот, Меси беше совладан од емоции. Легендарниот Аргентинец се огледа наоколу со солзи во очите, а камерите го забележаа овој момент. Натпреварот против Шпанија треба да биде ...

Три лица биле пронајдени починати во превртено возило „Мерцедес“ кое било пронајдено на патот Блаце – Скопје. Станува збор за едно машко и две женски лица, откако претходно граѓанин на Косово ги пријавил за исчезнати. „На 19.07.2026 во 22:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот ГП Блаце-Скопје има превртено возило “мерцедес” со германски национални ознаки. Веднаш се упатени полициски службеници на местото на настанот и утврдено е ...

Играа Шпанија и Аргентина, победи “Фуријата“ во финалето на Мундијалот, а на “МетЛајв“ стадионот во Њу Џерси и македонско знаме. Јасно е дека има многу нашинци во САД, во Њујорк и Њу Џерси, а убаво е кога ќе видиш твое знаме на еден ваков спектакл. Секако дека ова е голема работа, во еден момент да види ваква сцена со македонското знаме на најспектакуларниот меч во светот на спортот. sportmedia.mk Играа Шпанија и Аргентина, победи ...

Заслужено. Родри, предводникот на новиот светски првак е прогласен за најдобар играч на Мундијалот. Прашање беше само дали тој или Јамал, сепак капитенот е најдобар. Килијан Мбапе со 10 голови е најдобар стрелец, го надмина Меси и на вечната листа на стрелците. Унаи Симон е прогласен за најдобар голман, кој на целиот турнир прими само еден гол и тоа од Де Кетеларе на мечот со Белгија. И за најдобар млад играч, исто така репрезентативец на ...

Администрацијата на Трамп планира да додели низа грантови во Европа и пошироко за поддршка на иницијативи блиски до неговото движењето МАГА. Главната цел е зајакнување на слободата на говорот. Наменети се 2 милиони долари за групи од Источна Европа и Балканот кои се спротивставуваат на обидите за поткопување на западните цивилизациски норми. Според известување што Стејт департментот го испратил до Конгресот, предложените грантови вклучуваат ...

Нема нова историја за Аргентина! Нема нова историја за Лео Меси. “Гаучосите“ просто се избламираа, досегашниот светски првак како да не дојде на “МетЛајв“ стадионот на финалето на СП 2026. Аргентина не одигра ништо, статистиката е поразителна, немаше ниту еден удар во рамките на голот и само еден или два удари кон голот на Шпанија. Така не се брани круната, така не се игра за титула, така не се добива едно вакво финале, а се она што се ...

Триумф на талент и чисто мајсторство над бруталноста, Црвената Фурија разиграно го разби Меси и компанија и триумфираше по 120 минути (1:0). Да бидеме целосно отворени и искрени, јужноамериканската воинственост, фанатизам и крвопролевање за секоја топка треба длабоко да се поклонат и почитуваат, но фудбалската правда победи вечерва. Кога ќе стигнете до 115-та минута од натпреварот во најважниот натпревар во светот, а сè уште има една голема, ...

Шпанија – Аргентина 1:0 и “Фуријата“ сега е светски првак, покрај тоа што е и европски првак. Феран Торес во 106.минута со гол во второто продолжение ја донесе титулата. Во финале кое брзо ќе се заборави, Шпанија беше подобра на “МетЛајв“ стадионот во Њу Џерси, имаше неколку шанси, два поништени гола. Апсолутно заслужено. Аргентина просто разочара, Меси не се ни виде на теренот, па така “Гаучосите“ и ја предадоа титулата на страшната ...

Вкупно 350 лежалки исчезнале пред две години преку ноќ од рекреативниот комплекс „Onde Chiare“ на Виа Фенули, во италијанскиот град Реџо Емилија, кои според тамошната полиција „ биле украдени од непознати лица“. Една година подоцна, минатото лето, лежалките изненадувачки се „појавија“, сè уште со видливо лого „Onde Chiare“, на плажа на објект на познатото одморалште „’Ртот Родон“, карпест полуостров на јадранскиот брег, северно од Драч. Нив ...

„ЗНАМ влезе во власта со јасна цел, да биде реформатор, но и коректор кога е потребно. Нашата одговорност е да работиме за државните и националните интереси, а секогаш кога ќе сметаме дека некои процеси не се движат во вистинска насока, гласно ќе ги браниме принципите на кои стоиме“ рече претседателот на Движењето ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, на панел-дискусијата во рамки на караванот под мотото „Европска ЗНАМ, Европска ...

Очигледно е дека СДСМ Охрид има сериозен проблем со амнезијата, па нивниот претседател Асен Шајн мора под присила од скопската централа да чита памфлети за теми кои самите тие ги девастираа. Да излезеш денес и да зборуваш за УНЕСКО, урбанистички планови и заштита на Охрид, по сè што направивте, не е само лицемерие туку во најмала рака е потценување на интелигенцијата на охридската јавност, се наведува во соопштението на Општина Охрид кое МИА ...

Метежот на границата на Хрватска со доаѓањето на летото стана огромен, а Системот за влез/излез (ЕЕС) дополнително ја забавува контролата на влезот на патниците во Европската Унија. Сепак, тој систем може да биде привремено суспендиран, што Хрватите и го користат по потреба. Хрватската радиотелевизија објави ТВ-прилог за метежот на граничните премини и аеродромите во Хрватска со оглед на целосната примена на ЕЕС (EES), која започна пред ...

Процесот на масовно теренско анкетирање во Гостивар се соочува со сериозни пречки бидејќи одреден дел од граѓаните одбиваат да комуницираат со медицинските тимови. Раководителот на Одделот за епидемиологија во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ), д-р Драган Кочински, упати итен апел до локалното население максимално да соработува со здравствените работници. Според неговите тврдења, досега се успешно завршени околу 60 анкети, но за прецизно ...

Владата донесе одлука интервентно да обезбеди од денес и во наредните неколку дена по 50.000 литри бесплатна вода дневно за пиење за граѓаните на Гостивар, со цел да се обезбедат основните потреби на населението додека траат мерките и препораките на надлежните институции. Дистрибуцијата на водата ќе се реализира прелу Службата за општи и заеднички работи на Владата преку следните пунктови: – Водостопанство – Гостивар, ул. ЈНА бр. 139 – ...

Без голови по истекот на регуларниот дел од големото финале во кое ќе го добиеме победникот на СП 2026. Шпанија и Аргентина одиграа 0:0 по тие 90.минути, нема голови па затоа се оди во продолженија а можеби ќе има и пенали. Вечерва светот ќе добие светски првак, а кој ќе биде тоа ќе почекаме уште малку. Шпанија беше подобра, се закануваше во неколку наврати, имаше и шанси, но сепак не постигна барем еден гол. Аргентина на Меси и дефинитивно ...

Трендот на новопријавени граѓани со стомачни тегоби во Гостивар не опаѓа и во последните 24 часа има нови пријавени. Бројката се движи околу 250 до 300 случаи дневно. Вчера имаше сто на детското одделение и 160 на Инфективниот оддел. Денеска има слична бројка на детското одделение и околу 200 на Инфективниот оддел, изјави министерот за здравство Сашо Клековски. Тој рече и дека анализите на водата ќе бидат готови утре, но и важни се ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.48
30%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.45
36%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
4.34
37%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.89
32%
1010
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.07
24%
1009
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
50%
1015
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.64
26%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.25
29%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
41%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.08
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Злато

137126.15

Бакар

13.54

Рутениум

53852.50

Сребро

2005.37

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Платина

55652.94

Калај

56.77

Паладиум

43435.66