Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, е меѓу многуте јавни личности кои го следат финалето на Светското првенство од лице место. Финалето се игра на стадионот „МетЛајф“ во Ист Радерфорд (Њу Џерси), а актуелните европски шампиони, шпанските фудбалери и официјалниот светски шампион Аргентина се борат за титулата. Најважниот фудбалски настан собра многу јавни личности, меѓу кои и најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ. ...
Американскиот претседател, Доналд Трамп имаше епско пристигнување на финалето на Светското првенство помеѓу Аргентина и Шпанија. Дојде со хеликоптер, прелета над стадионот „Метлајф“, а кога неговата слика се појави на екранот, почнаа гласни свирежи. Доналд Трамп ќе биде тој што ќе го предаде победничкиот пехар на најдобриот тим во светот вечерва. Американскиот претседател беше избран за оваа задача одамна и апсолутно никому не му се допадна. ...
Шпанија – Аргентина 0:0 по првото полувреме од големото финале на Мундијалот кое се игра на “МетЛајв“ во Њу Џерси. Светот очекуваше спектакл, но засега нема ништо од тоа. Шпанија очекувано ја имаше иницијативата, поседот, инсистираше на својот стил и со три закани. И тоа преку Јамал во 5.минута, Ојарзабал во 39.минута и шутот на Кукуреља покрај голот. Аргентина резервирана, Меси и другарите не ризикуваа ништо, не искреираа ниту една шанса, ...
Аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра против Шпанија во финалето на Светското првенство, а доколку го освојат трофејот, провокативната Сузи ќе мора да направи нова тетоважа со ликот на Меси но сега како што најави самата на нејзинтимното место на нејзиното тело. Со тој потег Сузи уште еднаш ќе покажа колу го обожува својот омилен фудбалер. „Веќе имам седум тетоважи посветени на најдобриот фудбалер на сите времиња, Лионел Меси, ...
Франција играше фудбал од соништата и се чинеше дека е апсолутен фаворит за освојување на Светското првенство во САД, Мексико и Канада, меѓутоа, од турнир каде што доминираа до полуфиналето – се враќаат без медал. Прво, Шпанија ја принуди да игра сосема поинаков тип фудбал, па дури и немаше шанса и беше елиминирана по 2:0, а потоа во натпреварот за третото место – кој повеќе личеше на циркус отколку на игра – претрпе тежок пораз од Англија ...
Шпанија и Аргентина се соочуваат во Њу Џерси во долгоочекуваниот судир за светската титула. Големото финале на Светското првенство во фудбал во 2026 година ги спојува актуелните јужноамерикански шампиони и европските гиганти кои бараат нов триумф, но големата приказна во таборот на „Фуријата“ започна уште пред судијата да свирне почеток на мечот. Шпанскиот суперталент Ламине Јамал официјално стана првиот и единствен фудбалер во историјата на ...
На само нешто помалку од еден час до големото финале на СП, во кое се среќаваат Шпанија и Аргентина, јасно е дека светот е во фудбалски транс. А посебно Аргентинците кои имаа свое шоу во Њујорк. Сега е време за фудбал. Треба да се напомене и што Јамал порача пред натпреварот со стара фотографија на социјалните мрежи… „За вас и улицата…“ јасно е што сакаше да каже. 🚨📲 𝗡𝗘𝗪: Lamine Yamal on Instagram: “For you and for the streets.” ...
Имотот во Беверли Хилс, кој располага со 12 спални соби и 24 бањи, првично беше понуден за 68 милиони долари; подоцна цената беше намалена на 52 милиони долари, а последната барана цена изнесуваше 49,95 милиони долари. Тоа е значително помалку од 60,85 милиони долари што поранешните сопружници ги платија за овој огромен имот во 2023 година. Џенифер Лопез и Бен Афлек официјално го финализираа својот развод на почетокот на 2025 година, по ...
Со освојувањето на Светското првенство, фудбалската репрезентација не само што го добива победничкиот трофеј, туку и правото да додаде ѕвездичка над својот грб, симбол што го означува бројот на освоени титули на светски првенства и кој стана препознатлива карактеристика на меѓународниот фудбал во текот на децениите. Вечерва Шпанија ќе се обиде да ја освои својата втора титула и да додаде втора ѕвездичка на својот дрес, додека Аргентина ќе ...
Актерката беше забележана на проекцијата на филмот „The Invitation“ во Ист Хемптон во друштво на уметникот од Њујорк, Боби Вутен Трети – иако во првичните извештаи тој погрешно беше идентификуван како Џејсон Бирд Џармоски. Парот пристигна на настанот држејќи се за раце, со што не оставија многу простор за шпекулации околу природата на нивната врска. „Џејсон ѝ шепотеше на уво, а таа се смееше цела вечер. Изгледаа многу опуштено заедно“, ...
Овој 19 јули 2026 година, засекогаш ќе биде запишан во историјата на планетата. Единственото прашање е чие име ќе биде во колоната за шампиони, а чие име ќе биде во другата колона. Натпреварот на сите времиња, финалето на Светското првенство на ФИФА помеѓу Шпанија и Аргентина, ќе се игра во Ист Радерфорд или Њу Џерис оваа недела навечер. Кога Славко Винчиќ ќе свирне за прв пат во 21 часот, ќе откриеме во чиј ритам ќе се игра оваа прекрасна ...
Огромни толпи народ се собра неколку часа пред почетокот на финалето на Светското првенство меѓу Шпанија и Аргентина на стадионот „Мет Лајф“ во Њујорк. Борбата за титулата најдобар во светот започнува во 21 часот по наше време, а како што објавија американските и шпанските медиуми, илјадници навивачи, како и акредитирани новинари, изведувачи на полувремето и други учесници на настанот, чекаат во редови со часови за да влезат на стадионот. ...
Никол и летово ужива во сонцето, морето и песокот, а речиси секојдневно е активна на социјалните мрежи – на радост на своите верни следбеници. Откако неодамна го прослави својот 49-ти роденден – при што им се обрати на фановите на Инстаграм директно од морето, изразувајќи голема благодарност за уште една година и ценејќи го секој момент – таа сподели уште неколку интересни објави, а последната од нив привлече особено внимание. Таа трчаше ...
Репрезентацијата на Франција синоќа го загуби мечот за третото место на Мундијалот. Дебаклот против Англија и поразот од 4:6, значеше дефинитивен крај на ерата на Дидие Дешамп како селектор на една од најсилните репрезентации во историјата на светскиот фудбал. Реално искусниот стратег не заслужи ваков крај на селекторското место, напротив. Заслужи многу поубав. Не толку од резултатски план, туку од начинот на кој што неговите избраници вчера ...
Се известува дека принцот Хари и Меган Маркл размислуваат за враќање во Обединетото Кралство, четири години откако се преселија во Калифорнија. Според новите информации, парот планира промена на правецот по одлуката да се повлече од кралските должности, а нивниот нов дом во Португалија се наведува како прв чекор во тој план. Војводата и војвотката од Сасекс се преселија во Јужна Калифорнија во 2020 година. По неодамнешната посета на ...
Мегапопуларната Севе повторно привлече големо внимание на социјалните мрежи откако објави фотографии во тиркизно бикини. Пејачката ја покажа својата беспрекорна фигура и уште еднаш ги воодушеви своите бројни следбеници на Инстаграм. Покрај серијата фотографии, таа сподели и видео од базенот, а со краткиот натпис „Club 54“ алудираше на својата возраст, покажувајќи дека за неа таа навистина е само бројка. Северина уште еднаш покажа дека ...
Просечните нивоа на тестостерон кај мажите се намалиле за повеќе од 50 проценти во текот на изминатите пет децении. Ова го покажа нова студија презентирана на конгресот на Европското здружение за човечка репродукција и ембриологија (ESHRE) во Лондон. Студијата вклучува анализа на податоци од повеќе од 8.650 студии спроведени помеѓу 1972 и 2019 година, на примерок од 102.334 испитаници од пет земји, вклучувајќи ги Израел, САД, Бразил, Финска ...
Од витално значење е Европа да воспостави сојуз со Русија, бидејќи тоа е логиката на здравиот разум, рече внукот на францускиот претседател генерал Шарл де Гол (1959–1969), претседател на Фондацијата „Пјер де Гол“ за мир и пријателство меѓу народите. „Верувам дека е од витално значење Европа да формира сојуз и да соработува со Русија, како што сакаше мојот дедо. Тоа е императив, логиката на географијата, логиката на здравиот разум и логиката ...
По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. „Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на ...
ФИФА објави дека фудбалските навивачи ќе можат да купат автентични делови од тревата од теренот каде што ќе се игра финалето на Светското првенство во 2026 година, по цена од 450 долари по парче. Делови од теренот од стадионот „МетЛајф“ во Њу Џерси, каде што финалето е закажано за 19 јули, ќе бидат достапни како колекционерски предмети, соопшти светското управно тело на фудбалот. „Поседувајте вистинско парче од фудбалската историја со ...
Македонската музичка традиција во своето најавтентично и најемотивно издание синоќа одекна на сцената Долни Сарај, каде во рамките на фестивалот „Охридско лето“ настапија врвните уметници Ана и Игор Дурловски, придружувани од Оркестар „Ајга“. Пред бројната публика, која со долг аплауз ја поздравуваше секоја изведба, беа оживеани некои од најубавите бисери на македонското музичко наследство, во нови оркестарски аранжмани на Сони Петровски. ...
Речиси секоја летна сезона има барем една фотографија од алги што ги преплавуваат бреговите на популарните бугарски одморалишта. Една туристка сподели токму такви сцени од плажите во Сунчево Брег во Фејсбук групата „Бугарски одмор“ и предизвика лавина од коментари, во кои луѓето најчесто ја обвинуваа дека фотографиите не се вистински. „Првата снимка е од Сончев Брег. Сликана е попладне. Втората снимка е Свети Влас, исто така направена ...
Откако, по основањето на СЈО, радикално падна авторитетот на обвинителите и судиите постојано, од судските институции и асоцијации, се слуша дека е така затоа што ние имаме малку судии, помалку од потребното и - затоа што судиите имаат мали плати. Значи, ако платите им се зголемат, веднаш, со истите луѓе, ќе има поинакво судење во однос на сегашното. До парите е. Но, фактите зборуваат поинаку. Во Европската унија има помалку судии сметано на ...
Неименуван израелски безбедносен извор, цитиран од саудиската државна телевизија „Ал-Хадат“, тврди дека иранскиот врховен верски лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, „не се наоѓа во Иран“. Моџтаба Хамнеи, кој беше именуван за врховен верски лидер на Иран кратко откако неговиот татко загина во американско-израелски напади на 28 февруари, оттогаш комуницира исклучиво преку писмени соопштенија и немал никакви јавни настапи, пренесува „Тајмс оф ...
Вечерва светото ќе го дочека настанот кој што се случува еднаш во четири години. Мундијалското финале е на програмата од 21:00 часот во Њу Џерси, САД, каде што ќе се сретнат екипите на Шпанија и Аргентина. Дефинитивно ова е мечот во кој светот се простува од репрезентативната кариера на Лионел Меси, веројанто најдобриот фудбалер на сите времиња. Меси ја поведува Аргентина, својата репрезентацијата во финалната битка, а пред самиот меч тој на ...
Легендарниот германски репрезентативец и некогашен играч на Баерн Минхен и Реал Мадрид, Тони Крос во својата емисија која што ја води заедно со својот брат Феликс, даде свое мислење околу вечерашното финале од Мундијалот, помеѓу Шпанија и Франција. Тој смета дека Шпанија е супериорна и дека доколку „Фуријата“ прва постигне гол, дека на Аргентина лошо и се пишува. Крос вели дека Шпанија знае и тоа како да казни, и дека едноставно противниците ...
Легендарниот Чави Ернандез,некогашен играч од средниот ред на Барселона призна дека во моментов е повеќе привлечен од работата на селектор отколку од секојдневната работа во клупскиот фудбал. Чави верува дека водењето на националниот тим би му овозможило подобар баланс помеѓу професионалниот и приватниот живот, што му е исклучително важно во моментов. Тој отворено зборуваше за своите планови и амбиции за следниот период. „Мојот следен чекор ...
Како резултат на нападот, американската војска соопшти дека веднаш возвратила со нов бран воздушни напади врз ирански позиции, при што биле погодени крајбрежни системи за набљудување, противвоздушна одбрана, складишта за ракети и дронови и капацитети на иранската револуционерна гарда. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека загинувањето на војниците во Јордан е трагедија, но нагласи дека воената мисија поврзана со Иран останува од ...
Јамал против Меси, Шпанија против Аргентина во битката за титулата. Има ли нешто подобро?Финалето на Светското првенство. Најголемиот фудбалски натпревар во светот. Од едната страна, Лионел Меси и неговите асистенти, од другата, кремот на светскиот фудбал предводен од носителот на Златната топка, Родри. И идниот освојувач Ламин Јамал. И играч без кого “Фуријата“ сигурно немаше да стигне до тука, Дани Олмо. Потоа тука се Лапорт и Кубарси, ...
Денеска е последниот ден од СП 2026. Секако дека во преден план во светот на фудбалот е големото финале во кое во битка за светската титула ќе се борат Шпанија и Аргентина, европскиот против светскиот првак, кој е и првак на Ј.Америка. За очекувањата од ова финале свое видување има нашиот аналитичар Срѓан Захариевски во рубриката “Коментар на денот“. -Шпанија VS Аргентина… “Посакувано, очекувано финале, големо финале, ова е финале за ...