ФИФА го реши прашањето за паузата на полувремето во финалето на Светското првенство помеѓу Шпанија и Аргентина, кое ќе се игра оваа недела на стадионот „МетЛајф“. Паузата ќе трае 17 минути, само две минути подолго од стандардната. Информацијата беше официјално потврдена од управното тело на фудбалот, објавува „Марка“. Шпанската и аргентинската федерација се информирани дека музичките настапи на Шакира, Мадона и Џастин Бибер ќе траат вкупно ...

Соединетите Американски Држави соопштија дека Стратешкиот дијалог со Косово ќе продолжи откако Приштина ќе ги исполни условите, вклучително и обврските преземени кон српската заедница. „Остануваме посветени на зајакнувањето на заедничките интереси на САД и народот на Косово. Со задоволство ќе го започнеме Стратешкиот дијалог со Косово кога ќе бидат исполнети соодветните услови, вклучително и спроведувањето на обврските на Косово кон ...

Европската комисија го назначи словенечкиот дипломат Марко Маковец за главен советник за помирување и нормализација на Западен Балкан во рамките на Генералниот директорат за проширување и источно соседство, соопшти Европската комисија. Генералниот директорат е задолжен за политиката на проширување на Европската Унија и за односите со источните соседи на Унијата, обезбедувајќи поддршка за земјите со перспектива за членство во исполнувањето на ...

Чадот од шумските пожари што беснеат во Канада и американската држава Минесота покри големи делови од Средниот Запад и Североисток, сериозно деградирајќи го квалитетот на воздухот и изложувајќи милиони луѓе на опасни нивоа на загадување. Повеќе од 100 шумски пожари моментално горат низ Канада, а ветровите го дуваат чадот кон југоисток. Во исто време, неколку големи пожари горат и во северна Минесота. Високите нивоа на честички во воздухот од ...

Според редовните анализи што ги спроведува ЈП „Комуналец“, досега испитаните примероци покажуваат дека параметрите на водата биле во рамките на законски дозволените вредности – напиша на својот профил на Фејсбук градоначалникот на Гостивар Валбон Лимани, откако голем број на граѓани побарале медицинска помош, а дел од сомнежите одат во насока дека тоа е резултат на контаминирана вода од градскиот водовод. „По добиената пријава, Јавното ...

Фудбалерите на Силекс не успеаја да ја минат првата квалификациска рунда за Конференциската лига. Кратовци во реваншот со белорускиот Динамо Минск се поразени со 5-6 на пенали (0-1 регуларен дел и продолженија). Иако во првиот натпревар на гостувањето Силекс славеше победа (1-0) сепак не успеа да ја сочува и да продолжи на европската сцена. Гостите од Белорусија беа подобри во првото полувреме и создадоа неколку шанси уште на самиот ...

Според службата, клима уредот работел континуирано во соба на првиот кат додека температурите во земјата биле многу високи, објави Ројтерс. Во пожарот се повредени 19 лица, меѓу кои 10 со изгореници, додека пет лица со попреченост се евакуирани, соопшти службата за цивилна заштита. 🇩🇿 Drame à Alger. Un incendie s’est déclaré tôt ce jeudi matin dans un établissement pour l’enfance assistée à Mohammadia, dans la banlieue d’Alger. Le bilan ...

Како што објави Би-Би-Си, ова е една од најлошите сообраќајни несреќи во земјата во кои учествувале деца во последните години. Десетици други, вклучително и вработени, беа повредени во несреќата во областа Капчорва во четврток вечерта. It's tyres were completely worn out, with steel wires visibly out. How could such a vehicle be allowed to transport school children? This bus is licensed to carry 64 passengers why did it have 80?? If strict ...

Одлуката на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да воведе царина од 25% за одредени бразилски производи предизвика тензии меѓу претседателот Луиз Инасио Лула да Силва и сенаторот Флавио Болсонаро пред октомвриските избори, објави EFE. Прогресивниот лидер и најстариот син на поранешниот екстремно десничарски претседател Жаир Болсонаро (2019–2022) се обвинуваат меѓусебно за новите царини, кои ќе стапат на сила во среда и ...

Леонардо Дикаприо немал толку среќа. На снимањето бил малтретиран од постариот Џони Деп, пишува списанието Far Out. Сепак, таквиот третман не влијаел негативно врз неговата изведба. Иако бил релативно нов во светот на глумата, тој ја одиграл улогата беспрекорно и дури тогаш го покажал потенцијалот на една од најголемите ѕвезди на својата генерација, статус што подоцна го потврдил. Иако строгоста на работа е вообичаена, носењето лични ...

„Срамота, замини, замини!“ извикуваа десетици претставници на опозицијата. Контроверзниот пакет закони беше брзо завршен, а аналитичарите велат дека првенствено бил дизајниран да ги задоволи барањата на неговите ултраортодоксни и крајно десничарски сојузници. Целта на овие потези е да се зачува политичкиот блок на Нетанјаху. По речиси четири турбулентни години, обележани со масовни протести, нападот од 7 октомври и долготрајна војна на ...

Таа интересна врска повторно привлече внимание откако се прошири на социјалните мрежи. „Откриена“ врската на Reddit Дебатата беше предизвикана од објава на корисник на Reddit кој го сподели своето изненадување од наводната семејна врска меѓу познатите личности и британското кралско семејство. „Денес дознав дека Мадона и Селин Дион се братучеди на Камила Паркер Боулс, односно кралицата Камила, сопруга на кралот Чарлс“, напиша тој. Објавата ...

Силен земјотрес го погоди брегот на мексиканската држава Чијапас, предизвикувајќи предупредување за цунами. Американскиот геолошки завод (USGS) соопшти дека земјотресот имал магнитуда од 7,3 степени. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying violently as a powerful magnitude 7.4 earthquake struck off Mexico’s Pacific coast.#Mexico #Earthquake #CaughtOnCamera #BreakingNews https://t.co/kvBqpkhQzP pic.twitter.com/8HzZEoMXch — ...

По овој прв потрес следеа неколку послаби, вклучувајќи 6 и 5,3 степени според Рихтеровата скала. 🇲🇽 #BREAKING: Terrifying video captures buildings swaying violently as a powerful magnitude 7.4 earthquake struck off Mexico’s Pacific coast.#Mexico #Earthquake #CaughtOnCamera #BreakingNews https://t.co/kvBqpkhQzP pic.twitter.com/8HzZEoMXch — The Globe & News (@TheGlobeNewt) July 17, 2026 На социјалните мрежи се појавија видеа од Мексико, ...

Инцидентот беше објавен од извори за поморска безбедност, објави Ројтерс. Сомневања за сомалиски пирати Податоците од следењето покажаа дека малиот танкер, кој плови без потврдено знаме, го навел сомалиското пристаниште Босасо како своја дестинација. Еден безбедносен извор рече дека првичните проценки укажуваат дека нападот го извршиле сомалиските пирати, а не јеменските Хути, поддржани од Иран. UKMTO WARNING 090-26 - ILLEGAL BOARDING Click ...

Иако за многу луѓе земањето неколку школки или шака песок изгледа како безопасна навика за одмор, во Франција таков потег може да резултира со казна до 1500 евра. Причината за забраната не е само да се зачува изгледот на плажите, туку и да се заштити целиот крајбрежен екосистем. Зошто е забрането да се зема песок и школки? Француските еколошки прописи го ограничуваат отстранувањето на природни материјали од брегот, вклучувајќи песок, школки ...

Тоа е аргентинскиот претседател Хавиер Милеи, кој потврди дека нема лично да ја бодри својата репрезентација додека се бори за светската титула. Милеи откри дека неговата одлука е донесена од сосема лични причини, а главниот мотив е - суеверие. Аргентинскиот претседател не сака да ја промени рутината што ја следи од почетокот на првенството, убеден дека тоа може да донесе лоша среќа за репрезентацијата. - Ќе одам ли на натпреварот? Апсолутно ...

Денешното издание на „Л‘Екип“ вели дека еден од најдобрите фудбалери на планетава во моментов и членот на Баерн Минхен, Михаел Олисе, и репрезентативец на Франција веќе одлучил дека сака да ја напушти Баварија и да се пресели во Реал Мадрид. Легендарниот спортски медиум му ја посвети насловната страница на Олисе, кој што би требало да биде следното големо име на Сантијаго Бернабе, за кого Реал би требало да плати енормни 150 милиони евра. ...

Двојката моментално е на одмор во Црна Гора, а импресивното пловило привлекува внимание во секоја марина во која се појавува, објавува Net.hr. „Лејди Би“ има две палуби и е уредена како луксузен апартман на море. Точната вредност на јахтата не е позната, но тоа е уште една вредна инвестиција од познатиот пар, кој со години негува љубов кон луксузните недвижности и пловила. Нивниот син Филип Живојиновиќ им се придружи на одмор со својата ...

Доминик Собослај уште долго ќе го гледаме во дресот на Ливерпул. Играчот од средниот ред денеска и официјално потпиша нов долгогодишен договор кој што е со трајност до 2031 година и со тоа стави крај на сите шпекулации околу неговата иднина. Унгарецот кој што во моментов има 25. години со ова станува еден од најплатените фудбалери на Ливерпул. Со вкупно 147 мечеви за Ливерпул досега, Собослај има статистика од 28 гола и 26 асистенции. Ја ...

Кувајтска електрана и постројка за десалинизација беа погодени од ирански ракетен напад, при што беа оштетени објектите, беше предизвикан пожар и беа уништени голем број единици за производство на енергија, соопштија денеска кувајтските власти. Пожарникарите го ставија пожарот под контрола, додека техничките тимови започнаа со работа за проценка на штетата, обезбедување на постројката и рестартирање на погодените единици што е можно поскоро, ...

Уништени биле шест мостови, железничка станица и аеродром и пристанишна кула, каде загинале најмалку осум цивили. Главна мета била јужната провинција Хормозган, чии мостови водат кон крајбрежјето на Ормутскиот теснец. САД засега не ги потврдуваат ваквите тврдења, иако американскиот претседател Трамп тоа неодамна го најави. Во синоќешното обраќање до нацијата само кусо рече. -Постигнуваме голема победа во Иран и ќе ги видите резултатите многу ...

Англија од април идната година ќе забрани продажба на енергетски пијалаци со висока содржина на кофеин на лица помлади од 16 години. Со забраната ќе бидат опфатени сите пијалаци што содржат повеќе од 150 милиграми кофеин по литар. Дозволеното количество е еквивалентно на кофеинот во две кафиња или четири кока-коли. Мерката ќе важи за продажба во барови, продавници, преку автомати и онлајн. Некои големи супермаркети на сопствена иницијатива ...

Siete de las personas atrapadas tras un deslizamiento de tierra registrado en la municipalidad de Chongqing, en el suroeste de #China, han sido rescatadas, confirmaron las autoridades locales. El deslizamiento sepultó un número indeterminado de viviendas a lo largo de un… pic.twitter.com/w3vUAGyIYP — David de la Paz 戴维 (@daviddelapaz) July 17, 2026 Катастрофата е една од неколкуте предизвикани од обилните врнежи и од екстремните временски ...

Под површината на секоја држава се наоѓа нејзината стратешки најважна природна инфраструктура, составена од подземни води, геотермален потенцијал и минерални суровини. Но, за државата сериозно да менаџира со нив, прво мора да располага со научно потврдени податоци. Токму тоа е суштината на новата постапка што ја започна Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, кое преку јавен повик отворен до 31 јули бара субјект за ...

Кратките видеа создаваат впечаток дека брзо и лесно сме научиле нешто. Но, ново истражување покажува дека тој впечаток е лажен. Луѓето што гледаат кратки видеа, како оние од „Тик-ток“ и други социјални мрежи, послабо ги паметат информациите од оние што гледаат подолги видеа со иста содржина, објавено е во списанието Communications Psychology. Разликата се гледа и во мозокот Особено е интересно тоа што разликата не се гледа само на тестот на ...

Полскиот претседател во петокот стави вето на два законски предлога со кои требаше да се воведат таканаречени договори за заеднички живот. Со оваа одлука е запрен обидот за подобрување на положбата на истополовите парови во Полска, една од ретките членки на Европската Унија која сè уште не гарантира речиси никакви права за ЛГБТ-лицата, пишува „Ројтерс“. Премиерот Доналд Туск ја презеде власта во 2023 година со ветување за реформа на законите ...

Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека синоќа во 19.50 часот евидентирале пријава за напад на ресенец од мечка. Од СВР Битола посочуваат дека во ресенското село Курбиново, Н. И. (41), жител на истото село, додека собирал печурки, бил нападнат од мечка. Веднаш по нападот, Н. И. бил однесен во Битола по што му била укажана лекарска помош во Клиничката болница. Секторот за односи со јавност при СВР Битола информира дека ...

Веста претходно ја соопшти претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, а сега е официјално потврдено дека Трамп ќе биде меѓу гостите на завршницата на турнирот. Неговото доаѓање се случува во момент кога сè уште се дискутира за една од најголемите контроверзии на ова Светско првенство – одлуката на ФИФА да ја укине автоматската суспензија на американскиот репрезентативец Фоларин Балогун. Наводно, токму Трамп стапил во контакт со Инфантино и ...

Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека е загадена и небезбедна за употреба. - По добиено известување од јавен обвинител од ОЈО Гостивар за спроведување вонреден инспекциски надзор на пречистителна станица за вода во село Вруток, општина Гостивар, за испитување на безбедноста и квалитетот на водата за пиење во овој водоснабдителен ...

weather icon

Скопје

33ᴼ / 33ᴼ
3.48
30%
1010
weather icon

Белград

37ᴼ / 36ᴼ
0.45
36%
1011
weather icon

Загреб

34ᴼ / 34ᴼ
4.34
37%
1014
weather icon

Софија

29ᴼ / 29ᴼ
4.89
32%
1010
weather icon

Сараево

37ᴼ / 37ᴼ
1.07
24%
1009
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 31ᴼ
1.34
50%
1015
weather icon

Атина

36ᴼ / 33ᴼ
3.58
40%
1009
weather icon

Тирана

35ᴼ / 35ᴼ
5.64
26%
1010
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
2.25
29%
1009
weather icon

Букурешт

33ᴼ / 33ᴼ
0.89
41%
1011
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 33ᴼ
4.92
33%
1013
weather icon

Истанбул

32ᴼ / 31ᴼ
6.08
100%
1008
Currency

61.525

Currency

53.2545

Currency

71.681

Currency

37.4757

Currency

38.0929

Currency

65.6998

Currency

7.91167

Currency

0.64333

Currency

0.33688

Currency

0.52413

Currency

1.12065

Currency

0.56022

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.27

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Цинк

0.00

Бакар

13.54

Кобалт

56.29

Рутениум

53852.50

Паладиум

43435.66

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Иридиум

252383.36