Скопје
33ᴼ /
33ᴼ
Одлично се одвива подготовката за изградба брзата пруга на Коридор 10, следуваат јавни презентации за студиите по што следува изработка на договорите за финансирање и за изведба и презентација на условите за финасирање пред Собранието, информира денеска вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Тој потврди дека рокот за старт на работите останува крајот на годината, како што изјави претходно премиерот Христијан Мицкоски. - ...
Во еден момент, ситуацијата ескалирала дотаму што била повикана полиција во авионот откако тој слета во Грција. Авионот на Летот RK8288 полета од аеродромот „Лондон Станстед“ на 3 јуни кон албанскиот главен град, но пилотот бил принуден да го измени планот на летот поради лошите временски услови. Само неколку часа по полетувањето, патниците биле известени дека нема да слетаат во Тирана, туку во Бриндизи, Италија. По слетувањето во Италија, ...
По феноменалниот пресврт против Англија и победата од 2:1, Аргентина се пласира во второто последователно финале на Светското првенство, но по натпреварот во Атланта, еден необичен детаљ привлече внимание. Снимките од ESPN го покажуваат Нико Гонзалез како му ги покажува на Лионел Меси упатствата што голманот на Англија ги имал за аргентинските изведувачи. Реакцијата на Меси станала моментален хит, бидејќи капитенот на Аргентина практично сè ...
Има години што засекогаш остануваат запишани во животот на еден човек. За Тајзи оваа 2026 е токму таква година - година во која се испреплетија најголемата лична среќа и најголемиот професионален предизвик. Откако ја круниса љубовта со својата избраничка Ангела и започна ново животно поглавје, а наскоро ќе стане и татко, македонскиот музичар сега го остварува и својот долгогодишен сон - најголемиот самостоен концерт во својата кариера. На 27 ...
Аргентина ќе се бори за својата четврта титула на Светското првенство, и втора по ред, откако „гаучосите“ го обезбедија своето место во финалето на Светското првенство во 2026 година со победа од 2-1 над Англија во полуфиналето. Лионел Меси повторно беше херој на својот тим, бидејќи имаше две асистенции и ја предводеше Аргентина до голем триумф. Капитенот на „гаучосите“ не можеше да го избегне прашањето за споредбата со Диего Марадона, една ...
Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со политики што носат конкретни резултати, повеќе инвестиции, повеќе можности за компаниите и повеќе нови работни места за граѓаните, велат од партијата. Во рамки на Оперативниот план за вработување за 2026 година е објавен вториот јавен повик, финансиска „Поддршка за креирање на нови работни места“, со буџет од 332.650.000 денари, односно околу 5,4 милиони евра. СДС и ДУИ со години наназад ...
Тоа што не се донесе Изборниот законик е доказ дека СДС, Левица и ДУИ, го блокираат напредокот на државата, а политичките игри им се пред интересот на граѓаните, обвинуваат денеска од ВМРО-ДПМНЕ. „Недонесувањето на новиот Изборен законик е уште еден доказ дека СДС, Левица и ДУИ се подготвени да го блокираат секој процес што значи напредок за државата, само заради сопствени политички интереси. Изборниот законик не е прашање на дневна ...
Историјата на спортот е полна со неверојатни случајности, но приказната што ги спојува Лионел Меси и шпанскиот чудо од дете Ламин Јамал ја надминува дури и имагинацијата на најкреативните холивудски сценаристи. 19-годишната фотографија, која неодамна го преплави интернетот, го прикажува Меси без брада и долга коса како бања бебе старо само неколку месеци во пластична када. Тоа бебе не е никој друг туку Ламин Јамал, момчето против кое ќе игра ...
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет најави дека сите активни и резервни војници на возраст од 30 години и повеќе ќе бидат тестирани за недостаток на тестостерон како дел од редовните здравствени прегледи, објави Би-би-си. Војниците кај кои ќе биде утврдено ниско ниво на тестостерон ќе можат доброволно да примаат хормонска терапија, додека тестирањето за помладите од 30 години ќе биде опционално. „Им должиме на нашите војници ...
До рано утрово во четврток на Блискиот исток, сирените се огласија во Бахреин, а Кувајт соопшти дека реагира на „непријателски закани со беспилотни летала“ откако Иран вети дека ќе одговори на американските напади. Главниот преговарач на Иран, Мохамед Бакер Калибаф, изјави дека Техеран е во „егзистенцијална војна“ против САД и дека неговата безбедност зависи од контролата на Ормутскиот теснец. Американскиот претседател Доналд Трамп тврди ...
Англија загуби од Аргентина со 2:1 во полуфиналето на Светското првенство. Избраниците на Томас Тухел поведоа во 55-тата минута со голот на Ентони Гордон, но дозволија Аргентина да се врати и да стигне до финалето преку Фернандез во 85-тата минута и Лаутаро во втората минута од судиското продолжение. Директен виновник за поразот беше Тухел, кој се повлече откако поведе, внесе двајца стопери и ѝ ја предаде иницијативата на Аргентина. “Не ...
Војската на Соединетите Американски Држави (САД) соопшти дека доцна синоќа извршила нов бран напади врз цели во Иран, откако претседателот Доналд Трамп го предупреди Техеран дека, како што наведе, треба подобро да се однесува, пренесуваат светските медиуми. Новиот бран американски напади, кои се случуваат петти ден по ред, според војската биле насочени кон иранските капацитети што претставуваат закана за бродовите што се движт низ Ормускиот ...
Четири земји од регионот – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора – ѝ дадоа рок на Европската комисија до 10 август да најде системско решение за престојот на професионалните возачи во Шенген зоната. Во моментов, нивниот престој е строго ограничен на максимум 90 дена во период од шест месеци, што создава сериозни пречки за меѓународниот транспорт, пишува Н1. Каде заглавија преговорите за визите? Главниот проблем во преговорите ...
Чадот од повеќе од стотина активни шумски пожари на северот на Онтарио го прекри Торонто, инаку еден од градовите кои постојано завршуваат на листите за најпријатни места за живеење, до таа мера што во моментов го има најлошиот квалитет на воздухот во светот, додека над градовите на североистокот на САД се надви жолтеникав чад, пишува „Гардијан“. Канадската метеоролошка служба (Environment Canada) во средата издаде здравствени ...
Откако ја победија Англија во неверојатен натпревар, аргентинските фудбалери се појавија на теренот со политичка порака. Џовани Ло Селсо се појави на теренот со транспарент на кој пишуваше „Фолкландски Острови (Малвини) се Аргентина“. Потоа му се придружија и голем број други фудбалери во прославата со овој транспарент. Навивачите на трибините, секако, уживаа. Овие острови се дел од британската прекуокеанска територија, а Аргентина исто така ...
Американскиот претседател Доналд Трамп речиси и да не беше присутен во јавноста за време на Светското првенство. Не присуствуваше на отворањето во Мексико, го пропушти дебито на американската репрезентација и не беше виден на ниту еден натпревар. Сепак, за големото финале меѓу Шпанија и Аргентина во Њу Џерси ситуацијата ќе биде поинаква. Според американските медиуми, Трамп ќе присуствува на натпреварот и лично ќе го врачи шампионскиот пехар, ...
Тешка сообраќајна несреќа се случи денеска попладне на покраинскиот пат Полигирос – Агиос Николаос на Халкидики во соседна Грција, во која животот го загубија маж, жена и едно од нивните две деца што се наоѓале во возилото, пренесува грчкиот весник „Прототема“. Несреќата се случила кога автомобил со молдавски регистарски таблички, во кој патувало семејството, се судрил со цистерна. Мајката и едното дете, за кое грчките медиуми пишуваат дека ...
Аргентинската репрезентација се пласираше во финалето на Светското првенство по драматичен триумф над Англија, а по завршувањето на натпреварот, во соблекувалната на „гаучосите“ се одигра „третото полувреме“. Со две асистенции на 39-годишниот волшебник Лео Меси, го победија Гордиот Албион со 2:1 и се пласираа во финалето на Светското првенство. По завршувањето на возбудливиот натпревар, во соблекувалната на Аргентина следеше неописливо ...
Англија остана без финале на Светското првенство, а по драматичниот пораз од 2:1 од Аргентина, Џуд Белингам беше во центарот на вниманието, но не поради играта. Недолго по последниот свиреж на судијата, на социјалните мрежи се прошири видео на кое се гледа како Џуд Белингам, ѕвездата на Англија и Реал Мадрид, го удира репрезентативецот на Аргентина, Валентин Барко, одзади, по тилот, додека „Гаучосите“ го славеа пласманот во финалето. ...
„Пехарот на победниците“, создаден по повод 80-годишнината од Калининградската област, е висок повеќе од еден метар и тежи повеќе од 30 килограми. Сите делови се склопени рачно Направен е од редок вид балтички килибар, таканаречен пејзажен килибар, и ќе биде дел од музејската колекција на фабриката. 10 мајстори работеле на создавањето на предметот четири месеци, а сите делови биле склопени рачно. Пехарот е украсен со килибарни скулптури и ...
Познатиот режисер откри зошто и покрај големиот напор бил принуден да отсече шега стара 3.000 години од неговата претстојна адаптација на „Одисеја“. Загатка што не можеше да се преведе Во гостувањето во „Дејли шоу“, Нолан разговараше со водителот Џон Стјуарт за снимањето на филмот, а Стјуарт го праша за „шегата на Одисеј со Киклопите“. Тој објасни дека еден од писателите на серијата, кој го проучувал оригиналниот грчки текст, бил „многу ...
Вишиот регионален суд во Минхен, исто така, ги прогласи за виновни за членство во терористичката организација Исламска држава (ИСИС). Мажот, идентификуван само како Твана Х. С. во согласност со германските правила за приватност, е осуден на доживотен затвор за геноцид, воени злосторства, злосторства против човештвото и сериозна сексуална злоупотреба на деца. Неговата сопруга, Асија Р. А., е осудена на девет и пол години затвор според законот ...
Светскиот шампион Аргентина ја победи Англија во полуфиналето на Светското првенство со резултат од 2:1 и со тоа се пласираше во финалето на Мундијалот вторпат по ред. „Гордиот Албион“ последен пат играше во финалето на Светското првенство во 1966 и повторно не успеа да дојде до мечот за светската круна. Од самиот почеток беше јасно дека нè очекува исклучително тежок и борбен натпревар. Веќе во третата минута прва искра на средината на ...
Себастијан Миње поднесе оставка од функцијата селектор на репрезентацијата на Хаити. Фудбалска федерација на Хаити ја објави оставката на тренерот три недели по елиминацијата на тимот од Светското првенство во 2026 година. Двете страни го прекинаа своето партнерство со меѓусебен договор. Миње е селектор на репрезентацијата на Хаити од март 2024 година. Под негово водство, тимот се квалификуваше на Светското првенство по вторпат во својата ...
Балканска работа. Овде се е нешто специјално, ние сме “мајстори“ работите да ги свртиме во некоја посебна конотација. Имено поразот на Франција од Шпанија (2:0) во полуфиналето на Светското првенство предизвика бројни реакции, а меѓу оние што се огласија беше и поранешниот српски репрезентативец Владимир Штимац, кој е познат во својата земја како голем непријател на тамошнуте власти. Поранешниот српски кошаркар ја искористи елиминацијата на ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека останува на својот предлог за воведување придружно членство во Европската Унија за Украина и земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, оценувајќи дека Унијата мора да ја зачува довербата кај државите на кои со години им ветува европска перспектива. Мерц посочи дека неговата иницијатива во Украина наишла на поделени реакции поради внатрешнополитички причини, но дека кај останатите европски ...
Битката за второто место во финалето на Светското првенство 2026 по првите 45 минути не ни овозможи да видиме погодок кој ќе им отвори пат на Англија или Аргентина кон битка со Шпанија в недела во Њујорк. Момците на Тухел и Скалони почнаа внимателно, но уште по првите десетина минути се разгоре битката на теренот со бројни меѓусебни конфронтации и нервоза, која можеби и не дозволи да гледаме подобар фудбал. Важноста на натпреварот си го ...
Рокот за завршување на автопатот Кичево-Охрид во мај следната година ќе биде запазен, во втората половина на август треба да почне изградбата на автопатот Скопје-Блаце, а во септември и на делницата Кичево-Букојчани, најавува директорот на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП), Коце Трајановски. – На автопатот Кичево-Охрид, од 2024 година, откако дојде новата Влада, македонската јавност и сите што патуваат видоа дека има голем ...
Шпанската фудбалска репрезентација е во ново финале, а по Лигата на нации, Европското првенство, можат да го освојат и Светското првенство. Шпанците целосно ја надиграа и ја победија Франција со резултат од 2:0, а сега имаат шанса да го повторат успехот на своите претходници, кои во 2010 и 2012 година (па, тие освоија трофеи и во 2008 година) на Европското и Светското првенство. Фудбалерот од средниот ред на Шпанија и Барселона, Педри, е во ...
Како што повторно се интензивираше конфликтот меѓу САД и Иран во Западна Азија, се чини дека Русија побрза да го поддржи Техеран. Извештаите покажаа дека Москва го испратила својот елитен амфибиски авион за напад Ту-214ПУ во иранската престолнина, што покренува прашања за тоа дали конфликтот влегува во поопасна фаза. Станува збор за Ту-214ПУ, руски авион за команда и контрола дизајниран за координација во кризни ситуации. Честопати е опишан ...