Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Иницијативата има за цел да ја комбинира индустриската база на ЕУ со борбеното искуство што Украина го стекна во повеќе од четири години одбрана од руската агресија, објави „Euronews“. Договорот беше претставен во Киев во среда од претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и украинскиот претседател Володимир Зеленски. Беспилотните летала се покажаа како клучни во напорите на Киев да го пополни недостигот од работна сила и ...
Купувањето нов автомобил во Европската Унија отсега подразбира и нова генерација задолжителна безбедносна опрема. Меѓу најзначајните новини се наоѓа системот кој следи дали возачот е фокусиран на патот и го предупредува кога ќе процени дека вниманието му е предолго тргнато од сообраќајот. Од 7 јули, сите нови патнички и лесни комерцијални возила кои за првпат се регистрираат во државите членки на ЕУ мора да ги исполнуваат новите безбедносни ...
Ова беше трет ваков инцидент за помалку од две недели, објави „Euronews“. Државниот синдикат на работници во електричната енергија соопшти дека проблем со производствена единица во источната покраина Холгин предизвикал „ненадејна промена на фреквенцијата“, што резултирало со прекин на електричната енергија што траел неколку часа околу пладне по локално време. И Министерството за енергетика и рударство и Синдикатот на работници во ...
Се очекува Нетанјаху да остане во Вашингтон до вторник, а за време на престојот планира да присуствува на комеморација за сенаторот Линдзи Греам, објави весникот. Израелскиот премиер сака да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, но средбата сè уште не е официјално договорена, соопштија израелски извори. Посетата на Вашингтон ќе биде првото официјално патување на Нетанјаху во САД од почетокот на војната со Иран. Неговата ...
Италија и уште шест земји членки на ЕУ се спротивставија на предлогот на Франција, Германија и земјите од Бенелукс за воведување нови и порестриктивни правни механизми во пристапните договори за идните членки, објави „Еурактив“. Во дипломатски документ што во јуни го дистрибуираа Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург, се предлага воспоставување дополнителни гаранции за новите земји членки, особено во областа на владеењето на ...
Врз основа на повеќе наредби издадени од јавен обвинител и дополнителни сознанија на Основното јавно обвинителство Скопје во изминатиот период Министерството за внатрешни работи презеде дејствија со кои се обезбедија докази што даваат основано сомневање дека едно лице извршило кривично дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик, а неговата сопруга е осомничена за помагање при извршување на кривичното дело. На 21.03.2024 година, ...
Од длабоки верски уверувања кои ги штитат планинските врвови, па сè до предели каде природата едноставно не дозволува преживување, Земјата љубоморно ги чува своите последни тајни. Погледнете кои се локациите кои најверојатно засекогаш ќе останат надвор од нашиот дофат. Земја на Мери Берд, Антарктик Сместена во Западен Антарктик, оваа област претставува еден од ретките вистински примери на „Тера нулиус“. Изразот „ничија земја“ подразбира ...
Вечер е, 15 јули 2016 година. Топлиот летен ден се ближи кон крајот. Многу луѓе ја поминуваат петочната вечер со пријателите или семејството и се подготвуваат за викендот. Никој не насетува дека Турција за само неколку часа темелно ќе се промени, пишува „Дојче веле“. Однеднаш тенкови излегуваат на улиците. Борбени авиони го надлетуваат Анкара и Истанбул. Војници го блокираат Босфорскиот Мост – врската меѓу Европа и Азија. Парламентот во ...
Научниците и инженерите долго време бараат начини за одгледување живи органи и ткива од клетки, со цел да ги заменат заболените и оштетените органи во телото. Досега успешно одгледуваа вештачки мускули, црн дроб, бубрези, кожа и други ткива, но не постоеше сигурен начин за создавање прецизно обликувани мрежи од крвни садови, од кои некои можат да бидат потенки од човечка коса. Без васкуларна мрежа за испорака на хранливи материи секое ...
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на обвинувањата од Венко Филипче дека нѐ очекува тешка есен на енергетски план и дека се очекува повисока цена на струја, одговори: – Видете, претпоставувам дека тие ќе продолжат на ваков начин да водат политика. Вие се сеќавате, тие зборуваа дека ќе сме банкротирале 2024, па не банкротиравме. Потоа велеа ќе банкротираме 2025 сигурно, постигнавме ...
Во интервју за „BNS“, Науседа рече дека станува збор за можни ограничени напади врз критични инфраструктурни објекти, вклучувајќи ги енергетските и транспортните мрежи, кои би можеле да се извршат со различни средства. „Не можам да негирам дека имаме такви информации и дека зборуваме за целни операции кои, многу веројатно, би можеле да бидат насочени кон критични инфраструктурни објекти“, рече литванскиот претседател. Тој изјави дека поради ...
Таткото за кого неговата ќерка Меланија Цветковска јавно тврдеше дека со години го држи семејството во страв, сега доби кривична пријава за загрозување на сигурноста. МВР соопшти дека 56-годишниот кумановец подолг период вршел психичко и физичко насилство врз своите најблиски. На 11 јули психички ја малтретирал сопругата и се обидел физички да ја нападне. По инцидентот бил пренесен во Психијатриската болница во Демир Хисар. Во полициското ...
Го имаме првиот финалист на СП 2026. Тоа е селекцијата на Шпанија која синоќа во Далас успеа со 2:0 да ја победи Франција и со тоа да се најде по вторпат во својата историја во завршниот меч на кој ќе се решава прашањето за тоа кој ќе биде светски првак. Чекавме спектакл, но ништо од тоа. “Фуријата“ одигра маестрално, додека Франција разочара. Свое видување за овој меч има нашиот аналитичар Мирсад Јонуз кој е гостин во нашата рубрика ...
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески денеска го повтори ставот на премиерот дека ако се утврди зголемување на маржите за одредени производи, првин ќе се разговара со субјектите, а потоа, ако се констатира дека покачувањето е неосновано, ќе се преземат мерки. - И годишните податоци од Пазарниот инспекторат ги сублимираме, ги анализираме заедно со Владата. Ќе видиме кои ќе бидат наредни мерки. Меѓутоа, она што го кажа премиерот, ...
Авион на „Бритиш ервејс“ слета на лондонскиот аеродром и, според „Мирор“, предизвика хаос со блокирање на единствената оперативна писта. „Бритиш ервејс“ потврди дека имало техничка грешка со авионот, но не даде дополнителни детали. Прекинот предизвика доцнења или пренасочувања на голем број летови до Гетвик преку ноќ. Девет авиони го активираа кодот за итни случаи 7700, најверојатно поради ниско ниво на гориво. Пет други летови беа ...
Зградата на претседателството во Бугарија утрово била евакуирана по дојава за бомба, објави „Новините“. Претседателството добило порака со предупредување за можно поставена експлозивна направа, по што властите ги активирале стандардните безбедносни процедури за вакви ситуации. Вработените биле евакуирани од зградата, соопшти кабинетот на претседателката Илијана Јотова. По темелна проверка, не биле пронајдени сомнителни предмети, а ...
Македонија нема да го исполни рокот за усвојување на новиот Изборен законик, а поради блокадите од опозицијата државата ќе остане без 4,2 милиони евра, обвини денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски. Тој посочи дека 15 јули бил последниот рок за усвојување на изборната реформа, но на денешната пленарна седница Изборниот законик воопшто не се нашол на дневен ред. Според Стојаноски, тоа значи дека Македонија нема да ја исполни една ...
По спроведена истрага, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен предлог против поранешен директор на владината Служба за општи и заеднички работи за продолжено кривично дело – Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353 став 4 во врска со став 1, како и Фалсификување службена исправа од член 361 став 1 од Кривичниот законик. -Обвинетиот, во периодот од 03.07.2021 до март 2024 година го ...
Владата останува посветена на политиките во однос на цените на горивата во насока на подобар стандард за граѓаните, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања по извршениот увид во активностите за регулација на коритото на Сува Река, во Општина Сарај. Осврнувајќи се на новите воени интервенции во Заливот од страната на САД и Иран и повторното затворање на Ормуската теснина, нагласи дека повторно сме пред ...
Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше наметнување на темата предвремени парламентарни избори од страна на опозицијата. -Опозицијата е оптеретена бидејќи често пат кај нив Фројд работи и тоа е нивен најголем проблем. Мојот став е јасен, оваа Влада има мандат до пролетта 2028 година. Ние сме фокусирани на тој мандат да го испорачаме она кое граѓаните го очекуваат од нас. Но, се разбира доколку сме предизвикани, ние сме тука, подготвени ...
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев се огласи по лишувањето од слобода на Александар Лазаров – Цуна, бегалецот од полициската станица во Кочани. Цуна беше уапсен вчеравечер во Скопје. -Овој случај уште еднаш потврди дека секој што бега од правдата порано или подоцна се соочува со законот. Никој не е недопирлив и никој не може трајно да избега од одговорност. Како институција, целото наше колективно и индивидуално ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање ја коментираше вчерашната ослободителна пресуда во случајот „Талир 2“. -Во тој период ВМРО-ДПМНЕ беше под политички прогон и еден вид агресија би рекол од страна на претходната влада, измислија случаи што не постојат Талир 1 и Талир 2. Вчера конечно судот, што се однесува до политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, донесе пресуда која е во согласност во правдата и сето она кое ...
Арсенал би можел да биде предмет на еден од најголемите трансфери на европската фудбалска сцена ова лето. Според познатиот новинар Бен Џејкобс, „топџиите“ ја разгледуваат можноста да го вклучат Виктор Ѓокерес во потенцијален договор за размена со Атлетико Мадрид за да го доведат Хулијан Алварез на „Емирати“. Интересот на Арсенал за аргентинскиот напаѓач не е ништо ново, а најновите информации сугерираат дека Алварез веќе ги известил ...
Премиерот Христијан Мицкоски упати апел за зрелост до опозициските партии, повторувајќи го предлогот до опозициските партии за надминување на политичкиот ќорсокак околу измените на Изборниот законик. Тој повтори дека владината коалиција е подготвена бланко да го поддржи предлогот на опозицијата, под единствен услов – во него да биде гарантирано правото на глас на македонската дијаспора. Мицкоски упати сериозни критики за досегашното ...
Премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ дека Владата ја доведува во заблуда јавноста кога тврди дека измените на Изборниот законик се поврзани со европските интеграции, посочувајќи дека тоа јасно го потврдила и еврокомесарката за проширување Марта Кос. Одговарајќи на новинарско прашање, Мицкоски рече дека ова прашање заслужува коментар бидејќи е важно за граѓаните и за државата. „Не мора мене да ме слушаат, јас сум ...
Семејството без бунтовникот Бруклин се собра во Мајами за посебниот ден на нивната сакана. За овој важен ден, тие го избраа омилениот луксузен италијански ресторан „Сант Амброзус“ во Вест Палм Бич. На роденденската свеченост на Харпер покрај Дејвид и Бикторија беа и браќата на Харпер Ромео и Круз, повторно недостасуваше Бруклин Бекам . Меѓу гостите беа блиски семејни пријатели, како што се познатиот фризер Кен Павес, Џеки Апостел и Ким ...
Властите се во потрага по мечка која влегла во домот на постара двојка и им го ограбила фрижидерот. Се сомнева дека истото животно може да биде одговорно за 14 провали во јапонскиот град во текот на изминатите две недели. Во понеделник вечерта, 87-годишниот Мицуо Мацубара се сретнал лице в лице со голема азиска црна мечка откако отишол да истражи бучава што доаѓала од кујната. Фрижидерот бил отворен, а храната била расфрлана по подот. ...
Претстојниот полуфинален судир меѓу Аргентина и Англија е преполн со тензии и мноштво интригантни приказни. Среде историското ривалство и битката меѓу ѕвезди како Џуд Белингам и Лионел Меси, еден играч има можност да постигне личен триумф – голманот Емилијано „Дибу“ Мартинез. Голманот од Мар дел Плата е на чекор да стане аргентинскиот голман со најмногу настапи во историјата на Светските првенства. Доколку излезе на теренот против Англија, ...
ФИФА ќе почека до крајот на Светското првенство пред да воведе какви било санкции врз играчите и тренерите кои го довеле натпреварувањето на лош глас со критикување на судиите. Судиите беа под жестоки критики за време на турнирот, вклучително и од селекторот на Англија, Томас Тухел, швајцарскиот дефанзивец Мануел Аканџи и селекторот на Египет, Хосам Хасан. ФИФА не сакаше да коментира за тековните или потенцијалните дисциплински постапки, но ...
ФИФА потврди импресивна забавна програма за церемонијата на затворање на Светското првенство во 2026 година. Цела плејада од светски музички познати личности ќе се качат на сцената пред големото финале во недела, 19 јули, на стадионот во Њујорк, Њу Џерси. Церемонијата ќе го означи кулминацијата на турнирот, опишан од ФИФА како најголемото Светско првенство во историјата. Тоа ќе биде прослава на патувањето на сите 48 земји учеснички во трите ...