Скопје
26ᴼ /
26ᴼ
Холанд, за време на гостувањето во „The Tonight Show Starring Jimmy Fallon“ во понеделник, рече дека Халанд не одговорил бидејќи наводно немал поим кој е. „Искуство за приземјување“ Водителот го праша Холанд за виралниот твит во кој се тврдеше дека спортистот го игнорирал, што актерот го потврди. „Да, му пратив порака и дозволете ми да ви кажам нешто. Тоа е едно од тие искуства за приземјување и тоа е важно за актерите“, се пошегува Холанд. ...
Постојат ноќи кога спортот ги надминува сите физички законитости и се претвора во совршена шаховска партија на зелен терен. Ноќи во кои фудбалот потсетува зошто е најубавата споредна работа на светот. Ова што се случи вечерва на грандиозниот стадион во Далас не беше само полуфинале на Светското првенство 2026. Ова беше апсолутна докторска дисертација од „Црвената фурија“ и монументална победа од 2-0 над досега фаворизираната Франција. Нула ...
Франција – Шпанија 0:2 е исходот од првото полуфинале на СП во Далас, тоа значи дека “Фуријата“ е финалист а таму ќе игра со подобриот од второто полуфинале меѓу Аргентина – Англија. Во ова финале, второ за Шпанија, ќе атакува по втората титула, по онаа од 2010. Ојарзабал од пенал во првото полувреме, а Поро во второто беа стрелците за победничкиот состав. Уф, каков меч на Шпанија која во голем дел од мечот си поигруваа со “Триколорите“, ...
Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. На 13 март годинава тие повикале девојче кое тогаш имало 13 ...
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, денеска се сретна со амбасадорот на Обединетото Кралство во Македонија, Метју Лосон, при што разговараа за досегашната соработка и можностите за нејзино понатамошно продлабочување, информираа од Општината. На средбата било нагласено значењето на партнерските односи меѓу двете земји, изградени врз меѓусебна доверба, како и поддршката што Обединетото Кралство ја дава во јакнењето на демократските ...
„Во првите шест месеци од оваа година, примивме 5.862 барања, што е многу повеќе од минатата година, кога беа примени вкупно 3.879 барања“, се вели во соопштението на Федералната канцеларија за семејни и граѓански работи. Претходната година, во 2024 година, имаше 2.249 барања. Наглото зголемување на барањата за ослободување од воена служба е поврзано со стапувањето во сила на нов закон за воена регистрација на почетокот на оваа година. Овој ...
Трамп објави на социјалната мрежа „Truth Social“ дека ќе ја воведе повторно блокадата на иранските пристаништа почнувајќи од вечерва, но ја отфрли претходно најавената „такса од 20 проценти за да ги компензира САД за нивните трошоци“. Претходно тој изјави дека земјите треба да им платат на САД за премин Тој го поднесе предлогот за воведување такса еден ден порано, наведувајќи дека САД треба да бидат финансиски компензирани за нивната улога ...
Франција – Шпанија 0:1 е резултатот по првото полувреме од првото полуфинале кое се игра во Далас. Се играше 20.минута кога Дињ го фаулираше Јамал за чист пенал за “Фуријата“. Ојарзабал беше сигурен изведувач на најстрогата казна за 0:1. Шпанија имаше уште неколку опасни закани за втор гол, но не дојде до тоа. Франција беше целосно надиграна, “страшната“ Франција непрепознатлива, Мбапе и другарите може да бидат среќни зошто губат само со ...
Викторија Ан Кранмер, 25, исто така, снимила видео од сексуалниот напад врз момчето на 6 мај во бањата на домот во Литл Ег Харбор, користејќи мобилен телефон што ѝ го дала нејзината поранешна цимерка. Нејзината поранешна цимерка, идентификувана како „г-ѓа П“ во судските документи, го открила видеото на својот мобилен телефон кога Кранмер ѝ го вратила уредот откако била исфрлена од куќата, според изјавата за веројатната причина. Во изјавата ...
На СП 2026, Џани Инфантино успеа да се „покаже“ во светло во кое ги фрапира сите фудбалските фанови. Постојат многу контроверзи поврзани со Светското првенство во САД, Мексико и Канада, почнувајќи од американското малтретирање на навивачите, па дури и актерите на турнирот со визи, околу поделбата на играта на четвртини поради реклами, а под изговор на пауза за освежување, до спорни судиски одлуки. И, секако најголемиот скандал е укинувањето ...
52-годишната принцеза е „најдобра колку што може да се очекува под овие околности“, соопшти палатата. Таа ќе ги помине следните шест месеци во рехабилитација, а нејзиниот напредок ќе биде внимателно следен за потенцијални компликации, како што се отфрлање на органи и инфекција, рекоа нејзините лекари. Стабилното закрепнување од трансплантација на бели дробови обично трае околу една година. Кралската палата соопшти дека Мете-Марит нема да ...
Додека дремеа на своите седишта, прозорецот одеднаш пукна, а силна декомпресија го повлече Љубиша кон отворот. Љубиша е сè уште во болница и не може да зборува поради повредите, а неговата сопруга Светлана го опиша пеколот што го доживеале на надморска височина од 6.000 метри. Патувањето до роденденот на братот на Светлана, по летниот одмор во Олимпискиот регион, речиси се претвори во трагедија. Ужасот започна околу половина час по ...
Договорот беше потпишан во Брисел во вторник од страна на европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути. Присутен беше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо, објави француската новинска агенција АФП. Спогодбата ги отстранува сите физички бариери и контроли на копнената граница меѓу Гибралтар и Шпанија и вклучува планови за поблиска интеграција на територијата со Шенген зоната и единствениот ...
Норвешката репрезентација ја освои наградата на ФИФА за фер-плеј на Светското првенство. Скандинавскиот тим ја заслужи наградата откако беше тимот со најмалку прекршоци и најмалку примени картони во текот на целото првенство. Статистиката е јасна – Норвежаните направија само 41 прекршок и примија само три картони во текот на нивното учество во натпреварувањето. Овие бројки им го донесоа првото место на ранг-листата за спортски дух, оставајќи ...
Манчестер Јунајтед официјално го заврши трансферот на играчот од средниот ред Јури Тилеманс од Астон Вила, доведувајќи го за сума од 35 милиони фунти. 29-годишникот, кој беше капитен на Белгија на Светското првенство, потпиша петгодишен договор кој ќе го задржи на Олд Трафорд до 2031 година, потврди клубот. Тилеманс не е непознат за англиските фудбалски фанови. Тој има одиграно 244 натпревари во Премиер лигата откако првично се приклучи на ...
„Дај ми“ е новата песна на Симона Поповска, во која современиот поп звук се спојува со медитерански ритам и летна атмосфера. Со овој сингл, Поповска продолжува да ја гради својата музичка приказна, останувајќи доследна на естетиката што ја негува. Песната е создадена како спој на поп сензибилитет и современ денс звук, а дополнителна свежина внесува перкусионистот Бока Конга, чии живи перкусии природно се вклопуваат во аранжманот и ѝ даваат ...
Целата украинска влада со тоа автоматски поднесе оставка заедно со премиерката, а 258 пратеници гласаа за нејзино усвојување, објавува Укринформ. Свириденко претходно им се заблагодари на пратениците во своето обраќање пред парламентот за нивната заедничка работа во текот на целата година и на украинскиот претседател Володимир Зеленски за довербата што ѝ ја покажаа, објавува агенцијата. Претседателот на украинскиот парламент, Руслан ...
Фудбалската репрезентација на Сенегал од едно од потенцијалните изненадувања на тековниот Мундијал се претвори во дувло на скандали кои ја шокираат јавноста. По она дека репрезентативците тотално биле оставени сами на себе, морале да се хранат во ресторани за брза храна, немало никаква контрола врз нив, преку тоа дека раководните структури на Федерацијата потрошиле огромни суми на хотелски услуги и раскош сега следува уште поголем скандал. ...
Тој, исто така, ги повика сите релевантни страни да покажат воздржаност и „да го одржат тешко постигнатиот прекин на огнот“, објави Синхуа. Одговарајќи на поврзано прашање за време на редовната прес-конференција, Лин ги повика сите вклучени страни да избегнат враќање на војната. Тој особено нагласи дека спречувањето на понатамошна ескалација на борбите е клучно за заштита на животите на невините луѓе. „Почитувањето на легитимните права и ...
Во пресрет на утрешниот полуфинален дуел од Мундијалот во кој што ќе се сретнат репрезенатциите на Англија и Аргентина, градските власти во Атланта, пред се органите за ред и мир ја зголемите борбената готовност на максимум. Поточно, нивото на безбедност е кренато на највисоко пред се затоа што двете навивачки групации пристгнуваат во огромен број, а и двете имаат историја на насилно однесување. Историјата на овие две репрезентации е таква ...
Фудбалската репрезентација на Норвешка со својот настап на Мундијалот, го воодушеви светот и ги освои срцата на секој неутрален навивач и гледач. Милиони навиваа за скандинавците на овој турнир, а откако тие испаднаа во татковината имаа фантастичен пречек од нацијата. Во Ослос се собраа стотици илјади навивачи, фудбалската експедиција имаше и специјален прием во кралската палата, каде што беше пречекана од кралскто семејство. Еуфоријата и ...
Треба да се размисли, вели Алберт Саутер. Да се извага дали е разумно повторно да се работи подолго за германската економија да биде поефикасна. Вагањето воедно е и работа на Алберт Саутер, бидејќи неговата компанија во Балинген во Виртемберг произведува ваги и тегови, пишува Дојче Веле. Алберт Саутер ја води семејната компанија „Керн и Сон“ во осмото генерациско колено. Во таа компанија никогаш немало 35-часовна работна недела. ...
Најмалку за една недела ќе се знае колку компании доставиле понуди обновениот тендер за автобуси, вели министерот за транспорт и врски Александар Нниколоски. Тој информира дека понудите се во евалуација и очекува извештајот да го има за една недела. -Обновениот тендер заврши во понеделникот и сега е во процес на евалуација. Сè уште го немам добиено извештајот. Имајте предвид дека има евалуациска комисија составена од експерти од ...
Лука Вушковиќ е ќе биде една од главните теми на овој преоден рок. Хрватскиот репрезенативец и интернационалец денеска е претставен како нов играч на тимот на Брајтон со што и официјално завршува неговата епизода во Тотенхем. Дефанзивецот минатата сезона ја одигра како позајмен во Хамбург, импресионираше како таму, така и на Мундијалот, по што Брајтон се одлучи да исплати дури 50 милиони на Тотенхем. Со ова Брајтон го сруши сопствениот ...
Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, упати сериозен апел до правосудните органи во државата, нагласувајќи дека ниту една институција не може да биде амнестирана за рекордно ниската доверба од само два отсто кај граѓаните. Костадиновски децидно порача дека независноста не се подарува, туку за неа мора да се води постојана институционална борба, особено против поединците кои ја срамат професијата. „Ако го гледаме суштински, за ...
Досегашниот голман на тимот на Лидс, Карл Дарлоу од денеска и официјално е нов член на тимот на Манчестер Јунајтед. Репрезентативецот на Велс, се обврза на соработка до 2028 година со можност да продолжување на истата. Ветеранот има 35 години во моментов и преку 250 настапи од кои повеќе од седумдесет се во Премиер лигата. Беше член и на екипите на Њукасл, Хул, Нотингем Форест…. Introducing the newest member of our GK union: @KarlDarlow ...
Национален празник на Франција, вчера роденденденот на Јамал, фудбалскиот свет во екстаза, мега – спектакл пред нас, мега – пресметка меѓу „Триколорите“ и “Фуријата“ за место во финалето. Објективно ова е финале, ама смее ли некој тоа да им го каже на Аргентинците и Англија. Франција посакува да стане само третата репрезентација во историјата што стигнала до три последователни финалиња на Светските првенства. Само Германија и Бразил досега ...
Венко Филипче го нема никаде кога треба да се дискутира и разговара за разни прашања кои ги засегаат граѓаните и државата. Венко Филипче, како пратеник кој зема плата од даноците кои ги плаќаа македонските граѓани, не зел збор за ниту една суштинска дебата во Собрание, не учествувал безмалку на сите седници наменети за пратенички прашања, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. „Го немаше да дискутира во Собрание ниту вчера, ниту викендов, ниту ...
Дваесет и осумгодишно момче загина откако се здобило со тешки повреди при сеча на дрва, соопшти Министерството за внатрешни работи. Според информациите, момчето починало на пат кон болницата. „На 13.07.2026 во 14:20 часот во ОВР Дебар е пријавено дека во атарот на дебарското село Горно Мелничани, М.Л.(28) од село Седларево, се здобил со повреди при сеча на дрва. Тој со возило на Итната медицинска помош бил пренесен до болницата „Св. Еразмо“ ...
Општинското кривично државно обвинителство во Загреб подигна обвинение против 58-годишен државјанин на Северна Македонија, кој се товари дека лажно претставувајќи се како лекар измамил шест лица за вкупно 41.400 евра, објави хрватскиот портал Индекс. Според обвинението на Државното обвинителство на Република Хрватска (ДОРХ), кривичните дела биле извршени во јуни и јули 2025 година во Загреб, при што обвинетиот дејствувал заедно со засега ...