Се си има свој крај, па така и престојот на Бернардо Силва во Манчестер Сити. Како што велат информациите од Островот, Португалецот на лето би можел да си замине од „Етихад“. Според последните информации, португалскиот играч од средниот ред би можел да се пресели во Јувентус како слободен агент во летото 2026 година. Според извештаите од Италија, Јувентус веќе сериозно размислува за неговото доаѓање, а Силва наводно е подготвен за промена. ...

Тоа е вистински професионалец кој и тоа како ги респектира фановите на својот клуб. На неодамнешниот отворен тренинг на Барселона на стадионот „Јохан Кројф“, еден играч остави траен впечаток кај навивачите. Жил Кунде, иако тренингот заврши, одлучи да остане повеќе од 30 минути за да им се посвети на своите навивачи. Иако сите други играчи веќе го напуштија теренот, Кунде не брзаше. Тој остана да дава автограми, да се фотографира со навивачите ...

Таа е таа страст кон фудбалот. Иако има 59 години, Казујоши Миура не мисли да престане со активното играње фудбал.Најстариот активен професионален фудбалер во светот ќе ја продолжи својата кариера и следната сезона, а според информациите објавени од Би-Би-Си, легендарниот јапонски играч ќе игра на позајмица во Фукушима Јунајтед, член на јапонската трета лига, до јуни следната година. За Миура, преселбата е чекор напред во однос на минатата ...

Американската музичка ѕвезда Бијонсе официјално стана милијардерка, со што таа се приклучи на малата група музичари чие богатство ја надмина границата од една милијарда долари како што се: Тејлор Свифт, Ријана, Брус Спрингстин и нејзиниот сопруг Џеј-Зи, објави магазинот Форбс. Форбс претходно ја процени нето- вредноста на пејачката на 800 милиони долари, најавувајќи дека поради низа успешни проекти таа наскоро ќе го надмине прагот од една ...

Екипите на Тотенхем и Кристал Палас постигнаа договор за трансфер на Бренан Џонсон. За сума од 35 милиони фунти, Џонсон ги напушта „Петлите“ и заминува во клуб кој што реално му гарантира далеку поголема минутажа одколку што реално ја имаше досега. Џонсон пристигна во Тотенхем пред три години од тимот на Нотингем Форест за сума од 48 милиони, а сега си заминува што се вели на мала врата. Од него во тимот од Лондон имаа големи очекувања, а ...

Климатските промени предизвикани од човекот ја направија 2025 година една од трите најтопли години во историјата, предупредуваат научниците, забележувајќи дека тригодишната просечна глобална температура за прв пат ја надмина границата од 1,5 степени Целзиусови во споредба со прединдустриското време. Експертите истакнуваат дека ова е праг дефиниран со Парискиот климатски договор од 2015 година, чие почитување би можело да спаси милиони животи ...

Компанијата ги повика машиновозачите да ги одложат патувањата во возовите што превезуваат возила и патници помеѓу Франција и Велика Британија. Им препорачуваме на сите наши патници да го одложат своето патување за друг датум. Ве молиме не доаѓајте на станицата ако веќе немате билет за патувањето, се наведува во соопштението на „Еуростар“. Подводниот железнички тунел под Ла Манш е долг 50,5 километри и ги поврзува Фолкстон во Англија со Кокел ...

Според пишувањата на „Скај Италија“, тимот на Јувентус е заинтересиран во своите редови да го доведе играчот за врска Гвидо Родригез. Аргентинецот во моментов е член на тимот на Вест Хем, а Јуве сака во Торино да го доведе на позајмица. Родригез би можел да биде достапен на позајмица до крајот на сезоната, откако оваа сезона одигра само пет натпревари во Премиер лигата. Други имиња што Јувентус ги истражува се Давиде Фратеси од Интер и ...

Нападот врз пристаништето најверојатно е прв копнен напад врз Венецуела од почетокот на американската воена кампања против трговијата со дрога во Јужна Америка. - Имаше голема експлозија во пристаништето каде што бродовите се натоварени со дрога. Значи, ги погодивме сите бродови и сега ја гаѓаме областа и таа е исчезната, изјави синоќа Трамп од неговата резиденција Мар-а-Лаго, каде што беше домаќин на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. ...

Изминатиот викенд во рамките од колото во Премиер лигата се одигра дуелот помеѓу Норингем Форест и Манчестер Сити, кој „Граѓаните“ го добија со 1:2. Домаќинот сега до официјалнтие институции во ФА, ги бара аудио записите од конверзацијата помеѓу арбитрите на овој меч затоа што има сериозни примедби на дел од одлуките. Пред се на, домаќинот се осрнува на две ситуации. Првично, онаа во која Рубен Дијаз требало да добие втор жолт картон на ...

На почетокот на оваа сезона, Ајакс бараше искусен дефанзивен играч од средниот ред. По заминувањето на ветеранот Џордан Хендерсон, им требаше лидерство. Но, човекот што дојде во Амстердам не се вклопуваше сосема во профилот. А сега Џејмс Меконел веќе си заминува. На крајот на август 2025 година, Ајакс објави дека го ангажирале играчот на Ливерпул, Џејмс Меконел (тогаш 20 години). Накратко, не стануваше збор за искусен ветеран. Планот беше ...

Белорускиот претседател Александар Лукашенко, верен сојузник на неговиот руски колега Владимир Путин, кој исто така започна разговори со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, го објави распоредувањето на балистичката ракета со среден дострел претходно овој месец. Некои западни експерти рекоа дека распоредувањето, кое би го забрзало доставувањето на руските нуклеарни ракети до европските цели во случај на војна, ја ...

Фудбалерите на Арсенал го продолжуваат походот кон титулата, а Микел Артета доби и добри вести, бидејќи тимот наскоро ќе биде комплетиран. Иако во изминатите недели Арсенал имаше многу проблеми со повреди во одбраната, ситуацијата пред дуелот со Астон Вила е значително подобра. Рикардо Калафјори и Јуриен Тимбер го прескокнаа натпреварот со Брајтон поради помали непријатности и се враќаат во тимот, а на клупата би можел да се најде и Бен Вајт, ...

Наполи упатил барање до Реал Мадрид за можноста да го потпише играчот од средниот ред Франко Мастантуоно на позајмица во јануари, но понудата била целосно одбиена, според шпанскиот весник Марка. Партенопеите бараат нови опции во својот среден ред по кризата со повреди што ги отсуствуваше Кевин Де Брујне и други фудбалери. Буџетот на клубот е ограничен, што значи дека сите нови потписи ќе мора да се финансираат преку продажба. Затоа, тимот се ...

„Џезот е роден од борбата и инсистирањето на слобода на мислата и изразувањето. Оваа историја сè уште нè обликува“, соопшти ансамблот. Ричард Гренел, долгогодишен сојузник на Трамп и актуелен претседател на Центарот, ги опиша бојкотите како „политички трик“ и плод на уметници ангажирани од претходното раководство. Листата на откажувања расте откако управниот одбор, пополнет со поддржувачи на Трамп, одлучи институцијата да се вика Меморијален ...

Претходните банкноти носеа портрети на поранешниот претседател Башар ал-Асад, додека постарите изданија содржеа слики од неговиот татко Хафез ал-Асад. Привремената влада на Сирија, исто така, соопшти дека новите банкноти ќе вклучуваат деноминација, при шти ќе бидат отстранети две нули, објави сириската државна новинска агенција САНА. Зборувајќи на церемонијата на отворањето, ал-Шара рече дека прилагодувањето на валутата означува почеток на ...

Иако сè уште нема цврсти докази, освен информациите од руските медиуми кои продолжуваат да тврдат дека украинската војска извршила напад врз регионот Новгород, при што целта наводно била резиденцијата на претседателот Путин, која се наоѓа во оваа област. Иако рускиот претседател Владимир Путин поседува неколку резиденции надвор од Кремљ, светската јавност многу малку знае за неговата резиденција во Валдај, град во регионот Новгород. Сепак, ...

Комесарката на австралиската Федерална полиција, Криси Барет, изјави дека првичните проценки покажуваат оти напаѓачите немале формална обука за време на нивниот престој на Филипините во ноември. Напаѓачот Навид Акрам е обвинет по 15 точки за убиство и тероризам, додека неговиот татко, Саџид Акрам, беше убиен од полицијата за време на нападот. Полицијата претходно соопшти дека тие биле инспирирани од идеологијата на Исламската држава (ИД), а ...

Ако некогаш цели генерации си ги честитаа новогодишните и божиќните празници со шарени честитки испратени по пошта дури и од најоддалечените места на светот, сега најголем дел од луѓето тоа го прават за миг, преку различни дигитални социјални мрежи. Дека навистина опаѓа продажбата на хартиени новогодишни честитки, потврди за МИА и Ленче Бошева, долгогодишна продавачка на најразлични новогодишни честитки во боја. Таа сподели со нас дека во ...

Сега американско-францускиот државјанин има долга приказна на приврзаност кон Европа, вклучувајќи го и неговиот брак од 2014 година со Амал - британско-либанска адвокатка за човекови права која зборува течно француски. Покрај тоа, Клуни поседува имот во живописната област на Езерото Комо во Италија, купен во 2002 година Со Амал имаат и имот во Англија купен подоцна, пренесуваат француските медиуми. Објавата во францускиот Службен весник, се ...

Поранешниот британски премиер Тони Блер вршел притисок врз официјални лица за да се спречи судско гонење на британските војници, обвинети за претепувањето до смрт на Ирачанецот Баха Муса, пренесе Би-Би-Си, повикувајќи се на новообјавените документи од Националниот архив на Велика Британија. Според документите, Блер настојувал војниците да не бидат изведени ниту пред британските судови, ниту пред Меѓународниот кривичен суд (МКС/ICC). Неговиот ...

Во интервју за „Фокс њуз“, Помпео оцени дека притисоците врз Москва сè уште не го достигнале нивото што би ја натерало „навистина да седне на преговарачка маса“. – На крајот, Русија ќе мора да се соочи со многу посериозни последици пред да биде подготвена сериозно да седне на преговарачката маса, изјави Помпео, без да прецизира какви конкретни мерки би можеле да следат. Изјавата на Помпео доаѓа во време кога во јавноста повторно се отвораат ...

Во вежбите се вклучени разорувачи, фрегати, ловци и бомбардери, додека копнените сили изведоа гаѓања со боева муниција во водите северно од островот. Портпаролот на Источната команда, Ли Си, изјави дека вежбите ги постигнале „посакуваните ефекти“. Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека во изминатите 24 часа се забележани 130 кинески авиони и 14 воени бродови во близина на островот, при што дури 90 летала ја преминале средната линија ...

Педри е движечката сила во средниот ред на Барселона и клучен елемент во системот на Ханси Флик. Шпанскиот играч од средниот ред е во импресивна форма за Каталонците, градејќи ја својата форма од минатата сезона. Оваа сезона, Педри постигна два гола и имаше шест асистенции во 19 натпревари во сите натпреварувања. Сепак, единствената статистика што го издвојува не е толку очигледна. Во 2025 година, 23-годишникот успеа да направи 346 чистења на ...

Тревис Келси, ѕвездата на НФЛ, идната година би требало да „застане на лудиот камен“, а некои детали од свадбата со пејачката Тејлор Свифт веќе се познати на јавноста. Новото поглавје во неговиот живот го наведе да ја преиспита својата професионална кариера како играч на НФЛ, а во интервју за „Amazon Prime Video“ зборуваше за понатамошните чекори, иако - сè уште неопределени. „Мислам дека сè уште го барам вистинскиот одговор. Ќе знам кога ...

Луис Назарио Да Лима или вистинскиот Роналдо или Роналдо Феномено, се смета како еден од најдобрите фудбалери во историјата. Бразилецот во негово време, пред неполни три децении беше мега – ѕвезда. Сеуште се говори за мега – трансферот од Барселона во Интер летото во таа 1997 година. Се знае што му се случуваше на “Меаца“, а потоа Роналдо беше дел од “Галактикосите“ на Дон Флорентино Перез. Роналдо, Зидан, Бекам, Фиго, Раул, Роберто ...

Британската Влада се соочи со обвинувања за прикривање информации поврзани со кралското семејство, откако во последен момент го блокираше објавувањето на одредени документи што се однесуваат на поранешниот принц Ендру и неговите трошоци за патувања во својство на британски трговски пратеник. Документите, кои биле дел од архивските фајлови предадени на Националниот архив и кои на медиумите им биле достапни однапред под ембарго, биле повлечени ...

„Како младите луѓе без недвижен имот го финансираат својот живот со деца? Јас и моето момче имаме 27 години, имаме солидна работа и имаме околу 2.600 евра нето приход заедно. Живееме под кирија, па поголем дел од приходите одат за кирија и други фиксни трошоци. Нашите пријатели, особено оние што имаат деца, имале среќа да наследат имот или имаат кат кај своите родители или нешто слично. Би сакала наскоро да имам деца, но искрено се плашам ...

Јужната команда на САД на „X“ соопшти дека Заедничката работна група „Јужно копје“ извршила „смртоносен кинетички напад“ врз брод во меѓународни води, кој наводно го управувале организации означени од САД како терористички. On Dec. 29, at the direction of @SecWar Pete Hegseth, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel operated by Designated Terrorist Organizations in international waters. Intelligence ...

Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, се врати на тренинзи во Барселона. Уругвајскиот дефанзивец денеска учествуваше на отворениот тренинг на тимот. За потсетување, на почетокот на декември, Араухо побара време за закрепнување поради психолошки проблеми. Тој ги посети светите христијански места во Ерусалим, а исто така помина неколку дена во својата родна земја. sportmedia.mk Дефанзивецот на Барселона, Роналд Араухо, се врати на тренинзи ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
93%
999
weather icon

Белград

10ᴼ / 8ᴼ
4.12
73%
996
weather icon

Загреб

8ᴼ / 7ᴼ
1.54
87%
997
weather icon

Софија

5ᴼ / 5ᴼ
2.06
100%
999
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.29
98%
1000
weather icon

Љубљана

8ᴼ / 6ᴼ
1.03
90%
997
weather icon

Атина

16ᴼ / 14ᴼ
2.24
81%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
72%
998
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
998
weather icon

Букурешт

3ᴼ / 2ᴼ
4.12
92%
999
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 6ᴼ
1.54
93%
997
weather icon

Истанбул

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
82%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2460.50

Злато

159231.39

Родиум

336779.07

Бакар

11.69

Цинк

3.25

Паладиум

546.56

Рутениум

45750.51

Платина

67162.91

Кобалт

64.04

Алуминиум

3.03

Иридиум

221848.72

Калај

46.91