Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Ambasada Maqedonase në Tiranë fton të gjithë anëtarët e Pakicës Kombëtare Maqedonase në Republikën e Shqipërisë që kanë shtetësi maqedonase dhe kanë pasaporta të skaduara të aplikojnë për rinovimin e tyre në Ambasadën e Republikës së Maqedonisë në Tiranë deri më 20.07.2025. Personat e interesuar që dëshirojnë të rinovojnë pasaportat e tyre maqedonase duhet të aplikojnë nëpërmjet: Telefonit: +355 422 30909 Email-it: tirana@mfa.gov.mk Gjatë ...
Фото: Фб страница на Ирена Јовева Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не треба да се сфаќа така, зашто тие не можат да се земат ни со лобирање, ни со гласање, вели словенечката европратеничка со македонско потекло Ирена Јовева. Тоа е поради тоа што ЕП, нема и никогаш нема да си земе за право да одлучува било што во врска со идентитет и јазик на ...
Македонско друштво “Илинден“-Тирана најостро ја осудува злоупотребата на Софија кои со децении пласира дискриминаторски и расистички барања за непостоење на македонскиот јазик и македонскиот идентитет. Отстранувањето на македонскиот идентитет и јазик испраќа опасна порака дека идентитетот е предмет на преговори за пристапување во ЕУ. Тоа ја легитимира злоупотребата на Бугарија за вршење притисок врз држава-кандидат и сигнализира толеранција кон ...
Капетанот на туристичкиот брод, сопственост на општина Скадар, Арбен Аламани, се удавил при спасување двајца туристи кои паднале во езерската вода и почнале да се дават. Туристите се спасени и се во добра здравствена состојба. Полициските служби веднаш излегоа на местото на настанот, а потрагата по телото на Аламани продолжи и денеска. Истражниот тим продолжува да работи на целосно расветлување на околностите на инцидентот. Општина Скадар ...
Стартуваше изградбата гасниот интерконектор со Грција во должина од 66,7 километри на потегот од Гевгелија до Неготино. Интерконекторот ќе има иницијален капацитет од 1,5 милијарди кубни метри гас годишно, со можност да се зголеми до 3 милијарди кубни метри. Вредноста на изградбата на проектот, што стартуваше денеска, е околу 3,7 милијарди денари (60 милиони евра). Средствата се обезбедени со два заема, еден од Европската инвестициска банка ...
Македонската амбасада во Тирана упатува повик до сите припадници на македонското национално малцинство во Република Албанија кои имаат македонско државјанство и поседуваат истечени пасоши, можат до 20.07.2025 година да поднесат барање за нивно обновување во Амбасадата на Република Македонија во Тирана. Заинтересираните лица кои сакаат да ги обноват своите македонски пасоши потребно е да се пријават преку: При поднесување на пријавата, ...
По дебатата одржана вчера, како и по претходното одобрување, на 4 минатиот месец, од страна на Комитетот за надворешни работи (AFET), Европскиот парламент денеска, на пленарна седница во Стразбур го одобри извештајот за напредокот на Албанија за 2023 и 2024 година. На веста прва реагираше претседателката на албанскиот парламент, Елиса Спиропали, која во објава на социјалните мрежи оцени дека овој извештај претставува важна политичка и ...
Иако европските пратеници го поддржаа отворањето на следните чекори од пристапните преговори, тие не успеаја да го поддржат признавањето на македонскиот идентитет. По огромниот бугарски притисок, Европскиот парламент ги прифати амандманите презентирани од европратениците од ЕНП, С-Д и Обновена Европа, со кои се отстрануваат сите референци за македонскиот идентитет, култура или јазик. Уште еднаш, големите партии на ЕУ не успеаја да дејствуваат ...
Со 461 глас за, 121 против и 107 воздржани, Европскиот парламент го усвои извештајот на Томас Вајц за напредокот на Македонија, но откако од документот беа отфрлени зборовите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“. На отстранување на сите референци за македонски идентитет и јазик инсистираа трите најголеми политички групи и европратеници од Бугарија и од Грција. Документот на европратеникот од Австрија ги опфаќа клучните предизвици на ...
Администрацијата на Трамп објави во понеделникот дека ја укинува терористичката означеност за групата на новиот сириски лидер, која минатата година го предводеше уривањето на поранешниот претседател Башар ал-Асад. Државниот секретар Марко Рубио ја отстрани странската терористичка означеност од Ал-Нусра Фронт, познат и како Хаиат Тахрир ал-Шам, чиј лидер е новиот сириски претседател Ахмед ал-Шараа. Оваа промена стапи на сила во вторникот. ...
Претседателот на Собранието, Арбен Гаши, денес официјално најави дека локалните избори во Македонија ќе бидат распишани во првата половина на август годинава. Првиот изборен круг е планиран за 19 октомври, додека вториот круг ќе се одржи две недели подоцна. Гаши потенцираше дека подготовките за распишување на изборите се во финална фаза, а точниот датум ќе биде соопштен наскоро. Тој нагласи дека ова ќе обезбеди доволно време за сите политички ...
Денеска во Охрид бев домаќин на мојот колега, министерот за европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, сподели денеска министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски. Како што информираше македонскиот шеф на дипломатијата, со својот албански колега разговарале за одличните билатерални односи, унапредување на добрососедските односи, економска и трговска соработка. „На средбата стана збор и за ...
Неодамна излезе од печат најновата поетска книга на Даниела Андоновска-Трајковска со наслов „Царски рез на небото“ во издание на „Матица македонска“. „Царски рез на небото“ од Андоновска-Трајковска содржи повеќеслојна, егзистенцијалистичка, рефлексивна, магично-реалистична, медитативна и општествено ангажирана лирска поезија. Песните се доживуваат како философски слики во кои времето е забавено за да се доживее мигот на постоењето. ...
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија Тимчо Муцунски вечерва во Охрид го пречека министерот за Европа и надворешни работи на Албанија, Игли Хасани, присутен беше и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков. Денеска и утре сум домаќин на шефот на албанската дипломатија, Игли Хасани, во рамки на неговата дводневна работна посета на Македонија. Средбата е потврда за одличните билатерални односи меѓу двете земји, со ...
Македонски клуб “Илинден”-Лацен, Хановер со отворено писмо до Европскиот парламент против бришењето на македонскиот идентитет и јазик Почитувани членови на Европскиот парламент, Со длабока загриженост следиме дека клучните формулации за македонскиот идентитет и јазик треба да бидат избришани од планираниот извештај на Вајц – очигледно под влијание на Бугарија. Оваа одлука е во спротивност со европските вредности: – културна разновидност (чл. 22 ...
Вооружените сили, во соработка со други оперативни сили на терен и со помош на Европскиот механизам за цивилна заштита, ги ставија под контрола големите пожари кои со денови беснееја во три подрачја во Албанија, соопшти Министерството за одбрана. Во општина Финиќ, на југот на земјата нашето воздухопловство, потпомогнато од два канадера од Грција, во рамките на Европскиот механизам за цивилна заштита, успеа да го стави пожарот под контрола во ...
АЛЕКСАНДРА КУЗМАН, етномузиколог, музички изведувач (инструмент виолина) Не толку одамна, пред само две години (2023), македонската музичка наука доби уште еден значаен теоретичар од областа на музиката – Александра Кузман, која докторира на една тема која не е толку често застапувана во нашите современи простори. Објавувањето на еден дел од нејзиниот индивидуален докторски труд „Македонската чалгија“ ќе го потврди тоа најевидентно покажувајќи ...
Историскиот манастир на Света Гора Синај претставува непроценливо богатство на православното и светското културно наследство и духовност, давајќи ѝ на Црквата богато духовно искуство. Скапоцени ракописи и кодекси се чуваат таму со векови, вклучувајќи го и познатиот Кодекс Синајски. Присуството на православни монаси во манастирот со векови е почитувано од сите власти, станувајќи симбол на коегзистенција меѓу христијанството и исламот. ...
Денес во реонот на Папаз Чаир на Пирин планина, Пиринска Македонија се одржа Единаесеттата национална конференција на ОМО “Илинден”-Пирин. На Единаесеттата национална конференција присуствуваа 50 делегати од сите делови на Пиринска Македонија и од внатрешноста на Бугарија, како и шест гости. Со конференцијата претседаваше Иван Сингартијски. Присутните ја поздравија партиската химна “Народе Македонски“и со едноминутно молчење им одадоа последен ...
Министерот за внатрешни работи на Македонија, Панче Тошковски денеска на полигонот Пепелиште присуствуваше на промоција на 43 специјални транспортни возила пренаменети за справување со пожари и презентација на нивната противпожарна моќ кои ќе бидат користени во гаснење на пожарите. „Македонија добива „Македонска интервентна пожарна“ од 43 специјални транспортни возила за справување со пожарите. Се работи за 18 прилагодени моќни теренски возила ...
Преку европскиот механизам за цивилна заштита, Грција испрати два канадери во Албанија за да помогнат во гаснењето на големиот шумски пожар во општина Фојник во јужниот дел на земјата, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од Министерството за цивилна заштита и климатски кризи на Грција, двата канадери кусо пред 18 часот попладнево од Солун полетале за Албанија. Воздушна помош за соседната земја е преку Европскиот механизам за ...
Мицкоски: Најдоброто допрва доаѓа, ВМРО-ДПМНЕ со нови кандидати, ваши луѓе што решаваат проблеми и носат проекти за вас – Орце Ѓорѓиевски со амбициозен план за развој и промени во Скопје Македонија влегува во нов изборен циклус за локалната власт. На овие избори, ние настапуваме со понуда за чесни, некомпромитирани и вредни кадри, затоа што токму тоа ѝ недостигаше на државата и на општините со децении. Истовремено, ќе излеземе пред граѓаните со ...
Централниот совет на Македонците во Германија упати официјално писмо до повеќе водечки европратеници, во кое изрази длабока загриженост поради предлог-амандманите што се најавуваат во Извештајот за напредок на Република Македонија во процесот на пристапување во Европската Унија. Станува збор за обиди, особено од страна на европратеници од Бугарија, да се избришат или релативизираат поимите „македонски идентитет“ и „македонски јазик“ во ...
Американскиот државен секретар, Марко Рубио, ја прифати поканата на премиерот Еди Рама и се очекува набрзо да ја посети Тирана, изјави амбасадорот на Албанија во Вашингтон, Ервин Бушати по средбата со Рубио. Го поканив секретарот Рубио да ја посети Тирана – Балканската порта за САД – од две причини: Прво, затоа што Албанија е успех на американската дипломатија, преминувајќи од комунистичка диктатура во една од најпроамериканските и проНАТО ...
Израел го разгледува одговорот на Хамас на предлогот за прекин на огнот во Појасот Газа, каде што продолжуваат израелските напади во кои, според палестински извори, денеска биле убиени најмалку 40 луѓе. Израелскиот весник „Хаарец“, повикувајќи се на официјални претставници, објави дека Хамас, во принцип, се согласил на примирје и им пренел „позитивен одговор“ на медијаторите. Деталите од одговорот сега се испитуваат. За вечер е закажан состанок ...
Со свечена церемонија денеска во Скопје беше официјално отворена Амбасадата на Република Казахстан во Република Македонија, со што се одбележа и 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Астана. Амбасадорот на Казахстан, Сатибалди Буршаков, во своето обраќање истакна дека отворањето на Амбасадата претставува историски момент во односите меѓу двете земји. Сведочиме историски момент во развојот на односите меѓу ...
Словенија се подготвува за консултативен референдум по прашањето на зголемувањето на трошоците за одбрана, откако Народното собрание во петокот со тесно мнозинство, 46 „за“ наспроти 42 „против“, го одобри предлогот на Левицата. Изненадувачкиот исход предизвика тензии во рамки на владината коалиција, која се подели околу ова чувствително прашање поврзано со улогата на државата во НАТО. Додека најголемиот коалициски партнер, Движењето за слобода ...
Министерството за внатрешни работи овозможи онлајн закажување термин за сликање за лични документи во државата и за македонската дијаспора, односно сите оние кои не поседуваат македонски телефонски број преку можност да извршат резервација преку електронската пошта, https://termin.mvr.gov.mk/Call_Request. Од моментот на воведување на електронското закажување преку Веб страницата на МВР во текот на 2024 имало во просек по 7000 закажани термини ...
Македонското друштво “Илинден“-Тирана најостро ја осудува најавата на бугарската држава дека во Извештајот за напредокот на Македонија на Европскиот парламент (ЕП) македонскиот јазик и идентитет ќе бидат целосно избришани. Вековните македонски јазик и македонски идентитет претходно се споменуваа на неколку места во Извештајот на Вајц, кој беше изгласан со мнозинство на гласови од претставниците на европските држави во Комитетот за надворешни ...
Во речиси сите српски градови, како и во главниот град Белград од утрово се поставуваат блокади. Студентите ги повикаа најголемите градови Белград, Нови Сад и Ниш целосно да сопрат денеска. Реагираше и Министерството за внатрешни работи и јави дека блокадите се незаконски, и најави преземање на сите мерки за да се заштити јавниот ред и мир. Блокади се одржуваат во Белград, Нови Сад, Ниш, Чачак, Краљево, Ваљево, Панчево, Суботица и други ...