Белград
12ᴼ /
11ᴼ
Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на пратеничко прашање во врска со извештајот на Европската комисија за напредокот на државата и во однос на преземените чекори кон евроинтеграциите, ги потенцираше специфичните условувања кон Македонија, билатерализацијата на патот кон членство во Унијата, се наврати на однесувањето на минатите влади и неколкупати прифатените условувања вон Копенхашките критериуми, но и посочи на конкретни преземени ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26% во однос на одлуката од 24.11.2025 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 2,370%, кај дизелот за ...
Уставниот суд информира дека не е донесена конечна одлука за предметот У.бр.13/2025, за членот 2 од Законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување со кој се зголемуваат пензиите (во јавноста познато како линеарно зголемување). Судот укажува дека на 24. седница одржана на 19.11.2025 година со мнозинство гласови, изрази сомнеж во уставноста на членот 2 од Законот. Во тек е втората фаза од постапката во ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ќе престојува во работна посета на Црна Гора, по повод учеството на Балканскиот форум за интеграција 2025 којшто ќе се одржи во Подгорица во организација на Европското движење во Црна Гора и Министерството за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија. Сиљановска-Давкова ќе се обрати на сесијата насловена „Претседателите за ЕУ интеграциите – Имаме ли план?“ и ќе оствари билатерална средба со ...
Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница на пратеничките прашања рече дека во Уставниот суд била потпишана одлуката за укинување на линеарното покачување на пензиите, а со тоа дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно зголемување на пензиите, туку согласно процентите утврдени по законот. „Последните информации се дека веќе одлуката е донесена и потпишана од нејзина страна и дека пензионерите веќе нема да добиваат линеарно ...
Во Општина Центар се одржа едукативна посета на ученици од повеќе основни училишта, во рамки на наставната програма посветена на локалната самоуправа и нејзиното функционирање. Градоначалникот Горан Герасимовски на учениците им ја претстави работата на општинските служби, процесите на носење одлуки и начинот на кој локалната самоуправа ги реализира проектите што го подобруваат секојдневието на граѓаните. Децата активно учествуваа, поставувајќи ...
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, остро реагираше на денешното однесување на министерот за правда кој призна дека власта нема поднесено ново барање за екстрадиција на Никола Груевски и побара писмен одговор зошто. „Добивме од мизерен човек мизерен одговор. Очигледно марионетството на ЗНАМ и полтровството коешто се однесува во нивното партиципирање во Владата конкретно го гледаме во овој конечен пример. Со оглед на тоа дека министерот потврди ...
ЕВН Хоме како Универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јануари-декември 2026 доби само една понуда и тоа од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 65 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини. Оваа цена е повисока за 4,84 % од претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот ...
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања, укажа дека се уште до Собранието не се доставени измените на Законот за социјална заштита и Законот за детска заштита со кои треба да се зголеми износот на надоместокот за правото на попреченост и посебниот додаток за децата со попреченост, и покрај тоа што амандманот за зголемување на надоместокот беше прифатен со ребалансот на ...
Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница во Собранието за пратенички прашања истакна дека за следната година главен фокус на Владата ќе бидат капиталните инвестиции и се очекува тие да бидат главен двигател во економијата, исто како што и оваа година, како што од 3% дојдовме на 3,4% од БДП, а за третиот квартал се очекува и повеќе имајќи предвид дека само во градежништвото има раст поголем од 34% во реализација на инвестициите и на ...
Министерот за здравство, Азир Алиу во рамки на работната посета на Република Турција, ја посети градската болница „Анкара Билкент“, каде беа згрижени шест лица од повредените во Кочани. Во рамки на посетата, министерот се сретна со д-р Али Емре Акгун и д-р Мерве Акин, кои го запознаа со целиот тек на лекувањето, од приемот до завршување на нивното лекување. – -Со Република Турција имаме воспоставено одлична соработка во сферата на здравството и ...
Соопштение на Левица: Пратеникот и претседател на Постојаната анкетна комисија за заштита на човековите слободи и права, проф. д-р Димитар Апасиев, на денешната прес-конференција соопшти дека закажува редовна седница по поднесената претставка од Здружението „16 Март“ – здружението на родителите на загинатите деца од Кочани. Седницата ќе се одржи на 9 декември 2025 година, со цел да не се преклопи со судските рочишта и поради симболичната ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, на денешната собраниска седница посветена на пратенички прашања изјави дека борбата против корупцијата и криминалот мора да биде бескомпромисна и без исклучоци. „Борбата со корупција и криминал не познава граници. Ние како Влада и како Министерство тоа го покажавме на дело. Независно дали некој извршува политичка или државна функција, доколку го прекршил Законот, треба ...
Министерот за одбрана Владо Мисајловски денеска (27 ноември 2025 година) во Сараево, Босна и Херцеговина, заедно со министри за одбрана од земјите од регионот учествуваше на министерскиот состанок на процесот СЕДМ чија основна цел е унапредување на стабилноста и безбедноста во регионот преку развој на воено-политичката соработка меѓу земјите членки. За време на првата сесија на министерскиот состанок, министерот Мисајловски се осврна на неколку ...
„Точно е тоа дека е покрената постапка пред Уставниот суд и точно е дека таа судијка за којашто сите зборуваме, којашто беше архитип на неправдата во судството, заедно со една друга обвинителка, којашто беше исто така вториот столб на тој архитип на судството едно време, и којшто соучествува во онаа чанта од брендот Луј Витон, се тие на коишто денес им пречи линеарното зголемување на пензиите на пензионерите“, вели претседателот на Владата ...
Во рамки на активностите за унапредување на меѓународната соработка и размена на добри практики со партнерските земји, градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, оствари работна средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Н.Е. Фатих Улусој. Во продолжение ја пренесуваме неговата изјава во целост: Средба со амбасадорот на Република Турција во Македонија, Н. Е. Фатих Улусој Денеска остварив работна средба со делегација од ...
Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2026 година, при што во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет. За таа цел ги известуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица дека на 28 ноември (петок), со почеток од 14.00 до 18.00 часот, ќе се одржи отворен ден во просториите на ...
На 26.11.2025 околу 17:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на улицата Славка Динкова во Скопје, патничко возило пежо со скопски регистарски ознаки, управувано од 51-годишна скопјанка, удрило во пешак — 59-годишен жител на Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека возачката се здобила со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники Мајка Тереза и Градската општа болница Св. Наум Охридски. Извршен е увид ...
Инспекциски тимови од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) денес, спроведуваат вонредни инспекциски контроли во кујните на 9 основни училишта во Општина Карпош со кои стопансисува истиот оператор со храна во чија сопственост е и централниот магазин кој се наоѓа во основното училиште “Димо Хаџи Димов” во Скопје и од каде се набавуваат репроматеријали за подготовка на храна. Во рамки на превентивните вонредните контроли во овие училишта, ...
Пратеникот на СДСМ, Миле Талески, на денешната седница за пратенички прашања обвини дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија, дека политиките на актуелната власт се копија на матрицата на Груевски. Талески упати пратеничко прашање до министерот за правда, Игор Филков, дали Министерството за правда има поднесено ново, обновено барање за ...
На денешната собраниска седница за пратенички прашања, пратеничката од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, по предупредувањето за буџетската дупка од над една милијарда евра во Фондот за ПИОМ и целосната исцрпеност на буџетската ставка за трансфери, укажа дека со мерката на владата за зголемување на пензиите, 12.000 пензионери се исклучени од усогласувањата и зголемувањата на пензиите согласно Законот за пензиско и ...
Лишени од слобода пет лица на територија на СВР Струмица, пронајдена дрога, воздушна пушка и пиротехнички средства. На 26.11.2025 во 14:50 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица- ОВР Гевгелија лишија од слобода лице(34) од Гевгелија. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, полициски службеници пронајдоа марихуана, предмети со остатоци од марихуана и повеќе предмети за кои постои сомнение дека биле користени за ...
На 26.11.2025 година, во едно струмичко село, полициски службеници од СВР Струмица лишија од слобода 48-годишен жител на истото село. Според пријавеното, тој истиот ден со остар предмет и нанел повреди на телото на неговата сопруга, а претходно се обидел насилно со шприц да и стави непозната течност во устата. Лицето е задржано во Полициската станица во Струмица, а за настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство ...
Инспекторите од Секторот за инспекциски работи при општина Струмица во текот на месец ноември, односно, од 01.11.2025 до 24.11.2025 година, извршија вкупно 43 вонредни инспекциски надзори со цел превентивно и репресивно делување за спречување или намалување на штетните последици од загадувањето на амбиентниот воздух, животната средина,како и обезбедување на јавната чистота на јавните површини, а согласно важечките законски прописи. Една од ...
Пратеничката од Социјалдемократаскиот сојуз на Македонија, Јованка Тренчевска, на денешните пратенички прашања упати прашање до заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади,Ѓоко Велковски, за состојбата со Фондот за ПИОМ и динамиката на исплата на пензиите. Тренчевска во своето обраќање посочи дека дупката во Фондот за ПИОМ е над 1 милјарда евра, односно толку пари државата ќе префрла за да можат да се сервисираат секој месец ...
ВНИМАТЕЛНО: На патнот правец Отешево – Сирхан, поради одрон на пат, сообраќајот се одвива во една сообраќајна лента. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози. ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2025 година започна законската обврска за задолжително поседување на ...
Исплатата на повратот преку апликацијата „Мој ДДВ“ официјално започна, а граѓаните веќе пријавуваат дека средствата им се појавуваат на трансакциските сметки, пишува Centar.mk. Ова е редовниот поврат за последниот пресметковен период (јули,авгус,септември), кој Министерството за финансии и Управата за јавни приходи го префрлаат на сите граѓани кои редовно ги скенираат фискалните сметки. Според Законот исплатата треба да биде финиширана до 30ти ...
Комисијата за одлучување по прекршок при Комисијата за заштита на конкуренцијата донесе решение со кое утврди дека четири трговски друштва кои оперираат на пазарот на трговија на мало со прехранбени производи, како и Сојузот на стопански комори на Македонија како координатор, учествувале во забранет договор и/или усогласено однесување во смисла на член 59 од Законот за заштита на конкуренцијата. Во постапката е утврдено дека на состанок одржан ...
Во рамки на 11. Турски медицински конгрес кој се одржува во Анкара, министерот за здравство, Азир Алиу оствари средба со министерот за здравство на Република Турција, Кемал Мемишоглу. – Имаме многу заеднички предизвици во здравството ,од потребата за јакнење на човечките ресурси и модерна инфраструктура, до дигитализација што ќе ја направи грижата побрза, поефикасна и поправична за секој граѓанин. Убеден сум дека преку размена на експертиза и ...
Пратеничката на СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска, во образложението на амандманот за зголемување на буџетот за инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, пред собраниската комисија за финансирање и буџет, истакна дека со предложениот буџет се оневозможува функционирање на инспекторатот. Во буџетот за 2026 година средствата во однос на буџетот од 2025 година се намалени на 620.000 денари, што практично го намалува функционирањето на ...