Министерот за правда Јетон Шасивари оствари работна средба со директорот на Агенцијата за примена на јазикот Гранит Османи, посветена на унапредување на институционалната соработка и доследната примена на Законот за употреба на јазиците. Беше нагласено дека целосното спроведување на Законот претставува законска обврска и суштински елемент на владеењето на правото, правната сигурност и еднаквиот пристап на граѓаните до институциите. ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС го достигна дното за да ќари политички поен од граѓаните. Воајеризмот на СДС оди до немај каде. Лани за пожарите, годинава за водата, следната веројатно нешто друго. Објавиле извештај стар година и пол, од февруари 2025 година за општина Велес, во село Сливник, место коешто не е поврзано со градскиот водовод. До толку се очајни што срамот и воопшто го немаат. Ваквото создавање на паника и хистерија со умисла е ...

Соопштение на СДСМ: ВМРО-OKГ денеска објави дека СДСМ шири дезинформации за кризата со водата. Дезинформации? Како оние резултати од анализите на водата во болницата во Лешок за кои СДСМ предупреди? Како мигрантите што ги прекрстија во „економски работници“ – владата веќе увезе 10.000, а бара уште 50.000 следната година? За тоа пишуваа водечки светски медиуми. Како унгарскиот кредит од кинески пари што денес е под истрага во Будимпешта, а ...

Историската посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму на Македонија отвора ново поглавје во односите меѓу двете држави, со особен акцент на економската соработка, инвестициите и поврзувањето на бизнис-заедниците. Првата билатерална посета на индиски претседател по воспоставувањето на дипломатските односи е јасен сигнал дека Њу Делхи го гледа Скопје како партнер со потенцијал за понатамошно продлабочување на соработката. ...

Соопштение на СДСМ: СДСМ, преку своите советници, бара вонредни анализи на водата за пиење во Велес и околните населени места. Конкретно во Велес СДСМ побара да се проверат сите водоводи поради тоа што последните наоди и стручни мислења коишто се јавно објавени покажуваат дека скоро секаде во селските водоводи има Escherichia coli индикатор за фекално загадување. Дури и во училишта. Нема никаква информација каква е сега состојбата, дали ...

Прес конференција на СДСМ, Симона Цветановски, членка на Извршниот одбор: Додека Мицкоски свечено отвора базен во Кавадарци, половина Македонија нема безбедна вода за пиење. Гостивар. Валандово. Болницата во Лешок. Сега и во Крушево водата е бактериолошки неисправна. За само неколку денови имаме четири града, со загадена вода за пиење. Ова е најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника. СДС продолжува со истата политика да шири паника кај граѓаните, дезинформации и конструкции. СДС исто како со пожарите минатата година, денес ликува на водата. СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар. СДС и Филипче немаат одговрност, не нудат решенија туку креираат став и вознемиренозт кај граѓаните. СДС и ...

На 23.07.2026 околу 03:30 часот во ОВР Кочани било пријавено дека на регионалниот пат Грдовци-Зрновци, 24-годишник од с.Градец, виничко, управувајќи патничко возило „опел“ со винички регистарски ознаки, изгубил контрола и со возилото излетал од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.С.(28) од с.Јакимово, виничко, додека со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.А.(28) од с.Истибања, виничко, ...

Започна реконструкцијата на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника „Идадија“, инвестиција вредна над 31 милион денари. Проектот „Реконструкција на ЈЗУ Здравствен дом Скопје – Поликлиника Идадија со мерки за зголемување на енергетската ефикасност“ се реализира преку Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор (ПСЕЕП), кој го имплементира Проектната единица при Министерството за финансии, во соработка со Меѓународната банка за обнова ...

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни (над 15 l/m²). Локално ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер (над 50 km/h). Во Скопје, променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд, наместа пообилни. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, информира АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ ...

Соопштение на СДСМ: Поради загадената вода во Гостивар, Агенцијата за храна и ветеринарство веќе изрече 30 казни и 12 забрани за работа. Засилените контроли продолжуваат, а дел од угостителските објекти, продавниците и производителите веќе се соочуваат со ограничувања и затворања. Ниту еден од овие луѓе не е виновен. Тие се жртви на туѓа грешка. Жртви на организираната криминална група ВМРО, на нивните нестручни кадри и на потполната негрижа ...

Соопштение на СДСМ: Случајот со масовното труење во Гостивар не е изолиран инцидент, туку најдраматичен доказ за целосниот системски распад на здравството и институциите под власта на Мицкоски и неговата Организирана криминална група. По Гостивар, небезбедна за пиење е и водата од градскиот водовод во Валандово, во Крушево а на виделина излезе уште еден загрижувачки скандал со водата и во Болницата за белодробни заболувања во Лешок каде се ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Скандалот со водата во Гостивар покажа уште еднаш како СДС, ДУИ и Таравари постапуваат кога одговорноста треба да ја понесат нивните функционери. Наместо веднаш да побараат утврдување на одговорност и брза реакција од локалните институции, тие избраа да молчат и да го оправдуваат неодговорното однесување на градоначалникот Валбон Лимани. За нив, поважно е да ги заштитат своите партиски кадри отколку да дадат ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Со јасна цел, создавање професионален, ефикасен и модерен јавен сектор кој ќе биде вистински сервис на граѓаните, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите две години презеде конкретни и суштински чекори за реформа на јавната администрација, Усвојувањето на Законот за административни службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници кои ...

Изјава на премиерот Христијан Мицкоски од Кавадарци: Повторно сме во Кавадарци. Минатиот пат кога бев тука пред десетина дена почнувавме проект, сега пуштаме во употреба проект. Овој спортско-рекреативен центар мислам дека има регионално значење и е добар, да не речам, одличен. Од целосно запуштен објект, којшто сведочеше на едно лошо време, денеска гледаме како добива смисла и добива содржина и многу сум среќен што можам да видам како ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дали граѓаните ќе добијат обештетување од невремето во Скопје, рече: „Што се однесува до обештетувањето на граѓаните кои претрпеа штета од невремето кое што се случи, само можам да кажам дека општините и институциите под општините формираат комисии. Граѓаните кои имаат штета треба да ја пријават таа штета во комисиите. Тие ќе направат проценка и потоа во ...

Основното јавно обвинителство Гевгелија поднесе Обвинителен предлог со кој побара и определување мерка притвор за едно лице поради основано сомнение дека сторило кривично дело – Телесна повреда од член 130 став 2 во врска со став 1, како и кривично дело – Загрозување на сигурноста од член 144 став 3 во врска со став 2 и став 1 од Кривичниот законик. При вршење семејно насилство, ноќта меѓу 18 и 19 јули, обвинетиот телесно ја повредил ...

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело – Загрозување со опасно орудие при тепачка или караница според член 133 став 1 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник со нож се заканувал на двајца сопружници во чија фирма работел, барајќи да му ги исплатат последните неисплатени дневници. На 21 јули попладне, кога мажот и жената со нивниот ...

Дваесетгодишник од Гевгелија е осомничен за кривично дело – Тешка кражба од член 236 став 1 точка 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик. Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против него, бидејќи на 22 јули со кршење се обидел да ограби куќа во Скопје. Тој се прекачил преку оградата и влегол во дворот на куќата во раните утрински часови. Пронашол дрвени скали и ги потпрел на ѕидот, па преку нив се качил до ...

Прес конференција на Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ СДС, ДУИ и Таравари повторно покажаа дека имаат двојни аршини. Кога нивниот градоначалник на Гостивар, Валбон Лимани, вели дека не чувствува никаква одговорност за скандалот со водата, тие не кажуваат ниту еден збор. Истите тие кои секојдневно зборуваат за одговорност и бараат оставки, денес молчат и го штитат својот кандидат. Очигледно, за СДС, ДУИ и Таравари принципите важат ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози, соопшти АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На ГП Богородица се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање за излез од државата е околу 15 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ продолжува со реализација на конкретни политики кои носат подобар животен стандард, посилна социјална заштита и долгорочен развој на државата. Како дел од реформите во социјалниот сектор, потпишан е нов Колективен договор со кој платите на вработените во центрите за социјална работа се зголемуваат за 20 проценти. Со ова се исправа долгогодишната неправда кон социјалните работници и ...

Соопштение на СДСМ: Граѓаните веќе со страв го очекуваат секое најавување на „нови мерки“ од страна на Мицкоски. Секоја најава на Мицксоски за намалување на цените завршува со ново поскапување. Најновиот пример се горивата. Мицкоски најави намалување на акцизите и се пофали со наводни мерки за поевтини горива, а веднаш потоа цените повторно значително се зголемија. Секоја мерка на Мицкоски за намалување на цените предизвикува нов ценовен ...

Соопштение на СДСМ: Во Гостивар се случи масовно труење на граѓаните. Институциите и целиот здравствен систем целосно потфрлија во својата основна обврска – да го заштитат здравјето на луѓето. За овој скандал мора да има и политичка и кривична одговорност. Граѓаните имаат право да ја знаат целата вистина: што точно се случило, зошто труењето не било спречено, каде затаиле институциите и зошто илјадници луѓе биле оставени да пијат загадена ...

Соопштение на ВМРО ДПМНЕ: Наместо јасни одговори и преземање одговорност за скандалот со водата во Гостивар, јавноста е сведок на двојните аршини од страна на СДС, ДУИ и Таравари кога станува збор за нивниот кандидат Валбон Лимани. Воедно, Лимани јавно изјави дека не чувствува никаква одговорност, а оние што секојдневно зборуваат за отчетност, СДС, ДУИ и Таравари остануваат неми. Наместо да побараат одговорност од својот кандидат, избираат ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини активно ја спроведува Реформската агенда 2024–2027 во областа на енергетската транзиција, истовремено реализирајќи ги реформските активности и усогласувајќи ја националната регулатива со европското законодавство. Како резултат на овој континуиран процес, Европската комисија во својот Извештај од 20 мај 2026 година официјално потврди дека два реформски чекори се целосно исполнети. ...

На 22.07.2026 во 00:45 часот во с.Палатица, тетовско, полициски службеници од Полициското одделение Групчин ги лишиле од слобода лице(22) и лице(21), двајцата од с.Палатица, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„ЈНА“ во Тетово со остар предмет ги нападнале А.А.(24) и Б.А.(21), двајцата од с.Непроштено, при што Б.А. се здобил со тешки телесни повреди, додека А.А. со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Тетово. Тие се ...

Во Собранието се одржа 9. седница на Националниот совет за евроинтеграции, на која беа претставени клучните аспекти на процесот на европска интеграција, со акцент на проширувањето на Европската Унија, реформските процеси и обврските на државата на патот кон членството. Седницата ја отвори претседателот на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, кој истакна дека целта е да се отвори конструктивна дискусија за актуелните аспекти ...

Прес конференција на Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека секоја можност за договор ја претвораат во нов политички конфликт. Наместо да придонесат за донесување на новиот Изборен законик, кој беше резултат на повеќемесечни разговори и усогласувања, тие одлучија повторно да создадат политичка криза таму каде што имаше простор за консензус. Иако им прифативме се што побараа, а тие барања за ...

weather icon

Скопје

-2ᴼ / -2ᴼ
0.51
93%
1030
weather icon

Белград

1ᴼ / -1ᴼ
1.54
100%
1028
weather icon

Загреб

5ᴼ / 0ᴼ
0.0
78%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.54
93%
1031
weather icon

Сараево

2ᴼ / 2ᴼ
2.85
92%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
2.06
89%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
67%
1028
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.03
64%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
0.0
81%
1026
weather icon

Букурешт

4ᴼ / 2ᴼ
1.34
70%
1032
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
1.79
79%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 6ᴼ
2.57
93%
1029
Currency

61.645

Currency

54.969

Currency

73.855

Currency

38.114

Currency

39.253

Currency

67.278

Currency

8.2493

Currency

0.67209

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0972

Currency

0.58403

Рутениум

61086.42

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Сребро

1670.34

Платина

49319.25

Цинк

3.76

Злато

130856.75

Родиум

295786.87

Бакар

12.58

Паладиум

32279.35

Алуминиум

3.07

Калај

46.54