– По плебисцитната победа на локалните избори, каде што граѓаните албанци во секоја општина јасно ја искажаа својата доверба во ВЛЕН, веднаш ја претвораме оваа доверба во конкретна работа и опипливи резултати, соопшти владејачката ВЛЕН. – Денес, коалицијата ВЛЕН објавува вест што директно влијае на илјадници семејства: Минималната плата ќе се зголеми за околу 2.000 денари во март 2026 година, достигнувајќи 26.400 денари нето. Ова е благодарение ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, заедно со членовите на интерната комисија за кардиолошки и кардиохируршки интервенции на денешната прес конференција во Влада ги соопшти првичните наоди од анализата која ја спроведе комисијата по доставени пријави од граѓани и здравствени институции. – Од првиот ден се водиме од начелото на транспарентност и отчетност и токму затоа изминатиот период презедовме повеќе мерки за анализа и утврдување на ...

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес се обрати на првата работилница за вработените во Миниситерството во рамките на проектот „Преосмислување на управувањето – фаза 2“, поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје и спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП). Работилницата претставува почеток на процесот за дефинирање на стратешките цели, клучните индикатори на успешност и ...

Соопштение на СДСМ: Корупцискиот скандал со ИПАРД фондовите не е изолиран случај, туку доказ за длабоко вкоренет, организиран систем на злоупотреби создаден и поддржан од ВМРО-ДПМНЕ. Веќе е јасно дека истрагата мора да оди многу повисоко од фатениот директор со обележани банкноти. Мора да се проверат и политичките врски, кумските релации и влијанијата кои ја контролирале распределбата на европските пари. Во целата шема се појавуваат имиња од ...

„Прашањето е за пет години од денеска кај ќе бидеме. При носењето на одлуката за линеарното зголемување на пензии во собранието укажав дека не можете буџетскиот дефицит во ПИОМ од 31% да го зголемите на 48% и да кажете ништо не се случува во државата. Морате на пензионерите, морате на сите млади, морате на сите генерации да им кажете дека зафаќањето којшто го правите со линеарното зголемување наспроти усогласувањето методолошки предвидено ...

Соопштение на СДСМ: Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал. Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа. Ова е апсолутно недозволиво. Објаснувањето дека нема да се ...

Повеќето приватни компании веќе го исплаќаат регресот за годишен одмор, попуалрно познат како К-15 кој за приватниот сектор оваа година изнесува нешто над 18 илјади денари, објави Centar.mk Додека за административците следуваат околу 12.000 денари. Согласно законот К-15 може да биде исплатен со максимална сума од 45 илјади денари колку што изнесува просечната плата во Македонија, но за тоа одлучуваат компаниите индивидуално. Законот е јасен, ...

13 ноември 2025, Скопје – Создавање и одржување предвидливо, стабилно и транспаретно финансиско опкружување е еден од приоритетите на Владата со цел приватниот сектор да се развива, граѓаните и компаниите да имаат доверба во институциите. Ова беше пораката на министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во обраќањето на Ерсте инвеститорискиот појадок што се одржува во Скопје во организација на Ерсте групацијата и Шпаркасе банка. ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на денешната прес-конференција изјави дека со власта на Христијан Мицкоски државата доживува драматичен економски пад, што се гледа и во колапсот на странските инвестиции. „Откако премиерот заврши со сликање со нашите инвестиции со китење со туѓи перја сега дојде реалноста за неговата неспособност, имаме трипати помалку донесени странски инвестиции. Наместо стабилност, ...

На денешната прес-конференција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче се осврна и на останатите области во државата, во кои под водство на ВМРО-ДПМНЕ нема никаков напредок. Тој оцени дека наместо владата да отвори дебата и да се соочи со реалните проблеми, таа се занимава со СДСМ. „Државата тоне во секој поглед и на ДПМНЕ како неодговорна власт, не и останува апсолутно ништо друго, освен да се занимава со СДСМ. Но, тоа е веќе прочитана ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција нагласи дека скандалот со ИПАРД програма го потврди се она што СДСМ го говореше во изминатите 15 месеци а во однос на корумпираноста на владата на ВМРО-ДПМНЕ. „Ова е штета од речиси 130 милиони евра. Досега се склучени 453 договори во вредност од 35 милиони евра, од кои се исплатени само 10 милиони. Во моментот над 180 инвестиции вредни ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција најави дека вечерва ќе се одржи состанок на Извршниот одбор. „Сакам да најавам дека на потпретседателската позиција ќе го номинирам докторот Александар Трајановски, кој моментално е член на извршниот одбор, исклучително посетен човек на партијата, човек кој има одлична кампања, влече многу внимание и сметам дека ова ќе биде значајно кадровско зајакнување на ова ниво на ...

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, укажа на сериозната економска состојба во државата поради промашените економски политики на владата на ВМРО-ДПМНЕ, поради што негативен резултат е веќе регистриран кај странските инвестиции, но и кај другите економски параметри. Филипче предупреди дека и домашните и странските инвеститори веќе отпушаат вработени, со што сериозо се ...

Годинава Одделението за истраги при Секторот за контрола и истраги поднело вкупно 174 кривични пријави против 361 физичко лице и 126 правни лица, што е за над три пати повеќе споредбено со минатата година кога биле поднесени 53 кривични пријави против 54 физички лица и 23 правни лица. Станува збор за откриени кривични дела меѓу кои царинска измама, криумчарење, недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дрога и фалсификување ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски денес присуствуваше на свечениот настан за пуштање во употреба на Интегрираниот информациски систем за шуми (IFIS), кој означува историска пресвртница во дигитализацијата на македонскиот шумарски сектор. На настанот, министерот истакна дека IFIS системот претставува крај на застарените процеси базирани на хартија. „Ова означува значаен пресврт од застарени процеси ...

Со вкупен промет од 3,72 милијарди денари што претставува раст од 21,21 отсто, компанијата dm drogerie markt забележа уште една успешна година со што дополнително ја зацврсти позицијата меѓу водечките малопродажни синџири на македонскиот пазар. Вкупните инвестиции во изминатата година изнесуваа 133 милиони денари, што сведочи за континуиран развој на продажната мрежа, воведување нови технолошки решенија и континуирано одржливо работење. dm ...

На 12/13.11.2025 во периодот од 23:20 до 00:30 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар, во содејство со Одделот за прекуграничен криминал, миграција, странци и реадмисија, Управата за јавни приходи, Државен пазарен инспекторат, Трудов инспекторат, извршија контрола во угостителски објект во трговски центар на ул.„Илинденска“ во Гостивар. Притоа, во објектот е затекната и приведена лице(43) од Албанија затоа што го злоупотребила туристички ...

Министерката за енергетика, Сања Божиновска, оствари работна средба со потпретседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Роберт де Грут, кој ја надгледува активноста на банката во Западен Балкан, вклучително и Македонија. Средбата се одржа во рамките на посетата на потпретседателот де Грут на земјата, при што тој ја потврди својата поддршка за развојот на стратешки проекти во енергетскиот сектор. На средбата, министерката и ...

Енергетската ефикасност мора да почне од основата – од нашите училишта, каде што ги воспитуваме идните граѓани и професионалци. Во основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари, во присуство на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски, се потпиша меморандум за соработка и донација на паметни уреди за следење и управување со потрошувачката на ...

Соопштение на Левица: Буџетот од 6,7 милијарди евра, најобемен во историјата на Македонија, кој како „развоен и стабилизациски“ документ до Собранието го достави владата на ДПМНЕ, Вреди и ЗНАМ не само што не е развоен, туку е длабоко потрошувачки и ризичен документ кој ја турка државата во нов циклус на задолжување без реален економски раст. Вака планираниот не стимулира продуктивност и инвестиции и не создава нова вредност. Напротив, тој ја ...

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.  ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. ЗИМСКА ...

Министерот Трипуновски вечерва видно нервозен излезе на телевизија и наместо да понуди решение сам потврди дека ИПАРД е суспендиран– без да каже колкава е штетата, без да каже колку ќе трае проверката за корупција и криминал на неговите најблиски соработници, една од тие и негова посебна советничка, напиша на фејсбук Љупчо Николовски од СДСМ. – Замислете блокирани се 130 милиони евра европски пари – средства што требаше да донесат над 3.000 ...

Македонското градежништво мора да расте. Првите бројки се многу оптимистички бидејќи првото полугодие споредено со минатата година бележиме раст во градежништвото од 9 %, а растот на услуги по транспорт е 6,1 % и тоа е далеку над растот кој го има државата. Тоа покажува дека овие два сектори растат, вели вицепремиерот Николоски во интервјуто на “Топ Тема”. Тој истакна дека крупните капитални проекти се реализираат со одлична динамика, а фокусот ...

Во интервју за емисијата Топ Тема, претседателот на Уставниот суд д-р Дарко Костадиновски зборуваше за низа актуелни прашања, меѓу кои е предметот со измените на Кривичниот законик, извештајот на Европската унија за владеењето на правото, состојбата со судиските плати, предметите поврзани со изборите, постапката за избор на судија во Европскиот суд за човекови права. Костадиновски потенцираше дека измените на членот 353 од Кривичниот законик со ...

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа работен состанок со регионалната директорка на Светска банка за Западен Балкан, Шаошинг Ју, на која беа потенцирани приоритетите на Министерството за унапредување на јавното здравство. „Министерството за здравство е институционално мобилизирано и посветено на темелни реформи на системот на примарна здравствена заштита, вклучувајќи и интеграција на моделот на долготрајна нега. Овие два сегментa ќе ...

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска оствари средба со постојаната координаторка на Обединетите нации во земјава, Рита Колумбија. На средбата се разговараше за тековната и идната соработка меѓу Собранието и Канцеларијата на ОН во Северна Македонија, со акцент на улогата на законодавниот дом во процесите поврзани со одржливиот развој, човековите права и доброто владеење. Претседателот Гаши изрази ...

Здружението за истражувања и анализи ЗМАИ го презентираа индексот на отвореност на општините за 2024та година. Од оваа година индексот вклучува и компонента за мерење на нивото на антикорупција на локално ниво. Индексот за отвореност на општините се мери 5-та година по ред. Во 2024-тата година најотворени во однос на буџетирањето биле општините Крива Паланка, Аеродром и Делчево кои на индексот се највисоко рангирани. Сепак, општините можат ...

Соопштение на СДСМ: Владата тоне во скандали, заради корупција се губат стотици милиони евра од ЕУ. Затоа ДПМНЕ измислува приказни и секојдневно штанца приказни за СДСМ, да го одвлече вниманието од сопствените проблеми. Кога во една Влада царува корупција и неспособност, очигледно им останува само да зборуваат за Венко Филипче и за СДСМ кои единствени ги разобличуваат криминалите на власта. СДСМ нема да трча по лагите кои секојдневно ги пласира ...

– Суспензијата на исплатите за ИПАРД програмата поради корупцискиот скандал во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделието предизвикаа шок, недоверба и огромна неизвесност кај илјадници македонски земјоделци и компании. Бидејќи владата и министерството молчат денеска ќе објавиме колкав е импактот, колку проекти се засегнати, колкава е вредноста на инвестициите. Бројките огромни и поразителни, изјави Љупчо Николовски од СДСМ. – Со ...

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, ја посети акредитираната лабораторија за проверка на броила на електрична енергија при Електродистрибуција, која повеќе од една деценија служи за контролата на мерењето и исправноста на броилата. Посетата следи по реализираната 13-та редовна надзорна оценка на Институтот за акредитација на Република Македонија и Бирото за метрологија при Министерството за енергетика, ...

weather icon

Белград

11ᴼ / 11ᴼ
7.72
70%
1011
weather icon

Загреб

6ᴼ / 5ᴼ
1.03
89%
1013
weather icon

Софија

8ᴼ / 7ᴼ
3.09
80%
1010
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
9.49
86%
1013
weather icon

Љубљана

5ᴼ / 4ᴼ
1.03
96%
1014
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
4.12
89%
1000
weather icon

Тирана

10ᴼ / 10ᴼ
1.54
82%
1004
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
0.0
93%
1005
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 7ᴼ
10.29
84%
1015
weather icon

Будимпешта

8ᴼ / 7ᴼ
2.57
94%
1014
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 13ᴼ
4.12
67%
1007
weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
1.54
100%
1007
Currency

61.6317

Currency

52.9313

Currency

70.5054

Currency

35.0241

Currency

37.9139

Currency

65.8833

Currency

7.47946

Currency

0.69596

Currency

0.34214

Currency

0.52516

Currency

1.24405

Currency

0.58801

Никел

471972.96

Паладиум

45879.12

Цинк

3.24

Рутениум

29192.88

Платина

53106.37

Калај

40.11

Злато

135322.28

Алуминиум

2.89

Иридиум

145787.60

Родиум

255598.44

Сребро

1837.41

Бакар

10.76