Денеска (15.08.2025) околу 16:15 часот во Тетово полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(19) од Скопје, со привремено место на живеење во Тетово, кој бил затекнат додека палел кабли со што предизвикал пожар кај железничкиот надвозник на ул.”Маршал Тито” во Тетово. Со интервенција од Тетовската противпожарна единица, пожарот бил изгаснат, а С.М. е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе ...

„Ќе бидам прецизен за да не бидам погрешно разбран, зборувавме дека сме четврта економија во Европа. За жал се уште постојат такви кои на брутален начин лешинарски се обидуваат да дефокусираат, многу јасно и прецизно рековме тогаш дека станува збор за четврти најголем раст на БДП во Европа. Така и ова ние сме шеста држава по бројот, обемот и волуменот на странски инвестиции во светот според БДП, значи да бидеме прецизни, да не оставиме на ...

Синоќа во скопско Дебар Маало се одржа свеченото отворање на Dioptra Optics Urban Concept – модерен, урбан и единствен простор сместен во градското јадро веднаш наспроти Универзална сала. Dioptra Optics, која е лидер во оптичката индустрија со повеќе од 32 години искуство, со овој проект за прв пат во Македонија воведува store-in-store модел, со ексклузивни зони на два светски реномирани брендови: Etnia Barcelona – позната по своите ...

Трикратно е зголемен бројот на заплени од мобилните царински тимови, при Одделението за оперативни работи на Секторот за контрола и истраги, во првите седум месеци од годинава. Вкупно од први јануари заклучно со 31 јули, спроведени се над пет илјади контроли, при што откриени се 199 прекршочни и кривични дела. Во овој период мобилните царински тимови запленија околу 100 илјади евра девизи, 455 штеки цигари, a откриени се и 27 случаи на ...

Министерството за внатрешни работи продолжува со дигитализацијата на процесите и услугите за граѓаните кои треба да резултираат со побрзи и поефикасни услуги и заштеда на времето на граѓаните кога имаат потреба од услугите на МВР. Во таа насока со цел зголемување на ефикасноста и брзата размена на податоци меѓу институциите, Секторот за информатичка технологија при МВР изработи веб решение за размена на податоци за објавување на изгубени или ...

Интегрална изјава на премиерот Христијан Мицкоски: Почитувани претставници на медиумите, Почитувана амбасадорка на САД, Почитуван министер, Почитуван началник на Генералштабот на македонската Армија, Почитувани припадници на македонската Армија, Драги гости, пријатели, За мене претставува голема чест и задоволство што можам да бидам денеска во ова друштво. Зошто? Затоа што кога инвестирате и ја јакнете армијата тоа значи дека инвестирате во ...

„Ние во првите 6 месеци имаме некаде околу 13,5 проценти раст споредено со претходниот 6 месеци минатата година, а во делот на странски туристи скоро 20 проценти раст“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. Премиерот Мицкоски истакна дека со организиран пристап и посветеност се постигнуваат резултати во делот на туризмот. „Знам што сработивме изминатите 6 месеци ...

На својата последна седница, Советот на Народната банка усвои четири значајни одлуки насочени кон зајакнување на системот за заштита на потрошувачите, коишто треба да обезбедат поголема транспарентност, фер практики и ефикасно постапување по поплаките на граѓаните од страна на банките и штедилниците, како и соодветни контролни механизми од страна на Народната банка во оваа област. Со Одлуката за обезбедување јасни, релевантни и навремени ...

Од денес почнува кампањата на Владата за намалување на цените на училишниот прибор за 10 и 15 проценти. „Имајќи предвид дека дел од трговците пред почетокот на новата учебна година енормно ги зголемуваат цените на училишниот прибор, со што директно влијаат за зголемување на трошоците на семејниот буџет на илјадници граѓани, Владата на последната седница донесе одлука и ги задолжи трговците да ги намалат цените за најмалку 10 и 15 проценти, ...

Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски е фатена во еден од најголемите скандали со европски пари, соопшти СДСМ. „На чело на Националната агенција за европски образовни програми, институција која управува со милионски фондови од Европската унија, Владата ја назначи Ана Михајлов. Иако во Извештај на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) се наведени сериозни сомнежи за злоупотреба на над 2 милиони евра каде таа е меѓу ...

Интегрален текст од денешното соопштение на ДУИ: Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир, Бујар Османи, вчера пред спортистите и спортските работници во Чаир ја претстави својота сеопфатна програма за развој на спортот, изготвена врз основа на детални анализи и препораки од домашни и меѓународни експерти. Анализата откри сериозни недостатоци во спортот во Чаир: недостиг на развојна стратегија, нефункционални сали и спортски игралишта, ...

Во текот на изминатите два дена (13./14.08.2025) како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализириаат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 1455 издадени платни налози дури 145 прекршоци се однесуваат на возачи кои што учествувале во сообраќајот без возачка дозвола. Истовремено 20 возачи возеле под дејство на алкохол и се исклучени од сообраќај, додека пак 179 возачи на ...

Кандидатката за градоначалник на Град Скопје од СДСМ, Каја Шукова, заедно со заменик-претседателката на партијата Фани Каранфилова Пановска, кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба Влатко Митовски и кандидатот за општина Ѓорче Петров Костадин Ацевски, одржа работен состанок посветен на системските решенија за управување со отпадот во главниот град и општините. Шукова потенцираше дека ситуацијата е критична: „Четири години гледаме ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, денеска во Тетово одржа работна средба со директорот на Клиничка болница Тетово, Ерзен Елези и неговиот тим, како и со претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот на општина Тетово, Биљал Касами. На работната средба се разговараше за приоритетите на Клиничката болница Тетово за инфраструктурно унапредување со предвидените два нови објектa, како и за реконструкција на постојните ...

Министерството за образование и наука информира дека од утре започнува аплицирањето за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025-2026 година. Повикот со условите и начинот на аплицирање е објавен на следниот линк. Рокот за пријавување за тековните и студентите кои ќе се стекнат со статус на студенти во академската 2025/2026 година е до 5.9.2025 година. Аплицирањето се спроведува електронски преку порталот ...

Царинските инспектори при Секторот за контрола и истраги, при контрола на 21 увоз на месо од увозник, открија царинска измама во висина од седум милиони денари. Дополнителната контрола на приложените царински документи, како и лабораториските анализи, покажаа дека месото било пријавувано во погрешна тарифна ознака со пониска царинска стапка, наместо во соодветната тарифна ознака со повисока стапка. Против сторителите е поднесена кривична ...

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, денеска оствари средба со претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ), каде што доби целосна поддршка за кампањата „Македонско Најдобро: Наша традиција, наша гордост”. „Денеска остварив важна средба со претседателот на СКСЗМ, каде ја презентирав кампањата која ја започна нашето министерство. Презентацијата опфати сé што е постигнато досега ...

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денес одговарајќи на новинарско прашање дали ќе се гради колекторскиот систем во Трпејца во Општина Охрид, рече дека во втората половина на август започнува фирмата изведувач со работа, а целиот процес ќе се одвива во две фази. „Да ќе се гради. Тој е поделен во две фази колку што јас располагам со информации. Првата фаза е пречистителната станица и двата дела од цевководи, потисниот и одводниот. Па ...

„Да преку Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство е распишан јавен повик кои што можат да аплицираат оние семејства кои што ги исполнуваат условите за субвенционирање на сметките за електрична енергија. Повеќе од 40 милиони денари се предвидени.“, вели Христијан Мицкоски претседател на Владата одговарајќи на новинарско прашање дали владата ќе ги субвенционира ранливите граѓани во покривање на трошоците за електрична ...

– Би сакал само можеби да напоменам дека оние делови од оваа делница на автопатот Кичево – Охрид каде што има свлечишта се работат, при тоа се работат и проекти за стабилизирање на земјиштето бидејќи е тоа многу важно за да може целата траса да биде пуштена и завршена. Оние неколку километри кај селото Ботун, но и оние практично километри кои што го поврзуваат тунелот кај Врбљани со Кичево, практично од излезот на тунелот до Кичево, таму ...

Соопштение на СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ незнаејќи како да се извади од скандалот со Еразмус+ и вмровските шеми тешки милиони евра се дозакопа уште подлабоко. Лицето што денеска на прес конференција ВМРО-ДПМНЕ го спомена, разрешениот судија Лазар Нанев, токму Тошковски го вработи во МВР пред еден месец, како инспектор во Кавадарци. И покрај тоа што се води кривична постапка против разрешниот Лазар Нанев. Значи Валентин Манасиевски требало да го праша ...

На Листата на должници бр.08/2025 објавени се 2051 должници – правни лица (повеќе за 46 од претходната листа) и 3992 физички лица (повеќе за 53 од претходната листа), информира УЈП. Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.08/2025 изнесува 12.728.077.665 денари, (повеќе за 38.111.524 денари од претходната листа). Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.566.974.850 денари, (повеќе за 77.001.971 од претходната листа), додека долгот за ...

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ги потсетува сите граѓани кои ги исполнуваат условите дека рокот за поднесување барања за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија истекува на 31 август 2025 година. Со оваа програма се обезбедува финансиска поддршка од 1.000 денари месечно, во траење од 12 месеци, преку директно намалување на сметките за електрична енергија. Право на аплицирање имаат домаќинства: со ...

Прес-конференција, Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ: По огормниот скандал Владата на Христијан Мицкоски мора веднаш да ја разреши в.д. директорката на Националната агенција за европски образовни програми, Ана Михајлов. Тоа е основен услов за целосно и непристрасно процесирање на предметот од Јавното обвинителство врз основа на наодите на ОЛАФ – Европската канцеларија за борба против измами. Како што јавно објавивме, ОЛАФ наведува ...

Град Скопје во рамки на постапката за изработка на новиот Генерален урбанистички план ГУП 2022–2032 година организира Јавна дискусија со цел вклучување на граѓаните во процесот на планирање и уредување на просторот. Јавната дискусија за просторот во урбаниот опфат на Генералниот урбанистички план на град Скопје за територијата на Општина Карпош и на Општина Сарај ќе се одржи на 15 август 2025 (петок) во салата на Советот на Град Скопје ...

Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, на средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги за фирмите. Гувернерот Славески нагласи дека со овие мерки ...

Реакција на СДСМ: Скандалот со вмровските шеми во Еразмус+ вреден милиони евра мора целосно да биде расчистен од страна на Обвинителството и да следи одговорност. Владата назначи лице под активна истрага на Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) за в.д. директор на Националната агенција. Тоа јасно ја покажува намерата на власта да ги штити партиските и бизнис интереси по секоја цена, да се обиде да влијае на случајот којшто е ...

Соопштение на ДУИ: Демократската унија за интеграција изразува длабока индигнација и силно противење на новиот состав на Олимпискиот комитет на Северна Македонија, каде што Албанците се речиси целосно исклучени од раководните и одлучувачките структури. Од вкупно 117 членови, само 4 се Албанци, шокантен показател за дискриминаторски пристап што е неприфатлив за една мултиетничка и европска држава. Уште поалармантна е целосната отсутност на ...

Соопштение на Уставниот Суд: Уставниот суд во текот на месец јули 2025 година оформи 26 нови предмети. Оформени се десет предмети во кои се бара оценување на уставност на закони и подзаконски акти, дванаесет предмети се формирани по поднесување на иницијативи за оценување на уставност и законитост на прописи, формирани се четири предмети за заштита на слободите и правата на граѓани. 1. У.бр.86/2025 Оспорен акт: Член 218 од Законот за ...

ЗАБРАНА ЗА СООБРАЌАЈ: Поради пожар во националниот Парк Јасен, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила. СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради летните одмори се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП Табановце времето на чекање за влез во државата ...

ЕДС инфо поинт

44 минути - А1он - +2
weather icon

Скопје

9ᴼ / 9ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Белград

12ᴼ / 11ᴼ
5.14
66%
995
weather icon

Загреб

8ᴼ / 8ᴼ
1.03
87%
995
weather icon

Софија

7ᴼ / 7ᴼ
1.54
81%
997
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
2.03
99%
999
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 7ᴼ
1.03
92%
995
weather icon

Атина

18ᴼ / 16ᴼ
3.13
66%
1002
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
3.09
72%
997
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
100%
997
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
2.68
90%
1000
weather icon

Будимпешта

9ᴼ / 7ᴼ
3.6
91%
996
weather icon

Истанбул

14ᴼ / 14ᴼ
2.06
67%
1001
Currency

61.6417

Currency

51.4289

Currency

70.9594

Currency

35.981

Currency

37.8509

Currency

67.1515

Currency

7.3949

Currency

0.67447

Currency

0.337

Currency

0.52526

Currency

1.18971

Currency

0.56042

Сребро

2457.28

Иридиум

221848.72

Цинк

3.33

Паладиум

53434.54

Алуминиум

3.07

Злато

157055.75

Платина

83354.78

Родиум

336779.07

Рутениум

45750.51

Кобалт

64.04

Бакар

11.66

Калај

48.47