Актерката и режисерка Оливија Вајлд откри дека шпанската актерка Пенелопе Круз ја изненадила со непланиран бакнеж за време на снимањето на филмот „The Invite“. Оливија Вајлд не очекувала дека снимањето на филмот „Повикот“ ќе заврши со неочекуван момент со Пенелопе Круз . Во една сцена, шпанската актерка решила да импровизира и да го бакне Вајлд, кој го режирал филмот и глумел во него. Вајлд подоцна призна дека потегот ја шокирал, но и дека ...

Планираното отворање на четири нови рудници за бакар и злато покажува дека Владата продолжува да ја турка Македонија кон модел на рударска експлоатација на штета на животната средина, здравјето на граѓаните и иднината на државата. Наместо да ги расчисти последиците од децениското загадување и да ги заштити природните богатства, Владата отвора простор за нови еколошки катастрофи, реагираат од Левица. Станува збор за, како што посочуваат, ...

По информацијата дека албанската полиција задржала на граница двајца народни избраници, претседателот на Сoбранието, Африм Гаши, вели дека е загрижен за постапувањето кон пратениците на граничниот премин „Ќафасан“. „Како претседател на Собранието, изразувам загриженост во врска со информациите за постапувањето кон пратениците на Собранието на Република Северна Македонија на граничниот премин „Ќафасан““, вели Гаши. Пратениците, додава тој во ...

Џиџи Хадид ја одбележа и Неделата на висока мода во Париз со нејзиното големо враќање на модната писта во непрепознатливо издание. Моделот Џиџи Хадид го претстави можеби своето најсмело модно издание досега, означувајќи го нејзиното враќање на пистата за висока мода. Супермоделот прошета на ревијата на висока мода за есен 2026 на „Баленсијага“, одржана на 8 јули во Париз, и буквално „разбушави пердуви“, бидејќи се појави на пистата речиси ...

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денес одржа состанок со членовите на владата, на кој министрите го информираа за состојбата на пазарот на горива и изјавија дека тешкотиите со горивата се привремени. Тој оцени дека рускиот енергетски систем е меѓу најстабилните во светот и покрај обидите на противниците да ѝ наштетат на руската економија. Путин повика на брзо решение на проблемот со снабдувањето со гориво во Крим и во јужните делови ...

Ричард Гир и неговото семејство се вратија во Соединетите Држави за да го прослават Денот на независноста во Њујорк откако се преселија во Шпанија. Познатиот холивудски актер, Ричард Гир (76), позираше со сопругата Алехандро Силва и нивните две деца, а семејните фотографии ги објави неговата сопруга. Двојката отишла во Америка за да го прослави Денот на независноста откако се преселиле во Шпанија . „Неизмерно сум благодарна за животот што го ...

По долг период на предизвици, ѕвездите конечно испраќаат поволни можности за Лавовите, Скорпиите и Јарците, по што следува поуспешен и помирен период. Крајот на годината би можел да донесе значајни промени за одредени хороскопски знаци. По период на предизвици, неизвесност и многу труд, им се отвора можност да напредуваат на деловно, финансиско и емоционално ниво. Според астролошките толкувања, Лавовите, Скорпиите и Јарците ќе имаат најмногу ...

Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска 9 јули 2026 година започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јуни 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство. Исто така, и ...

Во битолската населба Буковски Ливади се изведуваат активности за адаптацијата на објект кој до крајот на годината ќе стане ново подрачно училиште на ОУ „Коле Канински“. Станува збор за инвестиција вредна 31 милион денари која ја реализира локалната самоуправа со поддршка од Владата. Денес увид во градежните работи извршија премиерот, Христијан Мицкоски, министерката за образование и наука, Весна Јаневска и градоначалникот на Битола, Тони ...

Премиерот, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање, ја повика опозиција да се договори за Изборниот закон и рече дека власта ќе го поддржи секој нивен предлог во којшто ќе биде вклучено гласањето на дијаспората. „Ние имавме 10 реформи, коишто требаше да ги завршиме. Коишто беа во грејс период со рок до крајот на јуни. Еве имаме одредено продолжување до средината на јули, меѓу нив е Изборниот законик. Ние цениме дека, ...

Никола Пелц повторно е во центарот на вниманието на социјалните мрежи откако ги загрижи сите за својот изглед со неодамнешните објави. Сопругата на Бруклин Бекам , милијардерката Никола Пелц , која неодамна заврши неколкумесечни напорни балетски подготовки за претстојниот филм, повторно ги загрижи сите со својот слаб изглед. Некои во коментарите пишуваат дека тој тежи дури и помалку од 45 килограми. Ова не е прв пат фановите да се прашуваат ...

Џорџина Родригез сподели објава од „Најк“ посветена на Кристијано Роналдо на Инстаграм откако Португалија беше елиминирана од Светското првенство со пораз од Шпанија. Свршеницата на Кристијано Роналдо, Џорџина Родригез , се огласи по поразот од португалската репрезентација на Светското првенство и го поддржа познатиот фудбалер. Тој пораз ја заврши меѓународната кариера на Роналдо без да освои светска титула. Џорџина Родригез реагираше на ...

Бројот на жртви од двата разорни земјотреси што ја погодија Венецуела на 24 јуни се искачи на 3.811, додека 16.740 лица се повредени, а 17.907 останаа без покрив над главата, изјави денес претседателот на Националното собрание Хорхе Родригез. Привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, повторно повика на укинување на меѓународните санкции и ослободување на замрзнатите државни средства во странство за да се забрза обновата на ...

Американски судија нареди на писателката Е. Џин Керол да ѝ бидат исплатени 5 милиони долари отштета што му ја должи на американскиот претседател Доналд Трамп, откако беше прогласен за одговорен во граѓанска тужба за сексуална злоупотреба и клевета пред три години. Судијата Луис Каплан денес нареди парите, заедно со каматата, да бидат префрлени од сметката каде што Трамп ги депонирал по судската одлука. Со оваа одлука, неговите опции за ...

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го коментираше пристапот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој преку силен притисок ги притиска сојузниците да ги зголемат трошоците за одбрана, оценувајќи го овој став како оправдан. Мерц го спореди директниот пристап на американскиот лидер со помекиот тон на неговите претходници, чии апели, рече тој, останаа без одговор во Европа. „Претходните американски претседатели учтиво нè замолија: „Ве ...

Преку проширување на Позитивната листа и воведување генеричка конкуренција, Фондот создава услови за пониски цени, поголема достапност на лековите и поефикасно користење на јавните средства, изјави директорот на ФЗОМ, Сашко Клековски. Тој кажа дека во одредени терапевтски групи, цените на лековите во Македонија сè уште се повисоки во споредба со дел од земјите во регионот. Покрај објективните ограничувања што произлегуваат од големината на ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Македонија, денеска ја посетија Полициската академија при Министерството за внатрешни работи во Идризово. Во рамки на посетата, генералниот секретар Уркиза и помошникот министер во Полициската академија Влатко Митковски се обратија пред кадетите, раководството на Министерството и претставниците на ...

Во тензична атмосфера и со чудно однесување на обвинетиот, денес во Кривичниот суд во Куманово почна судењето на 25-годишниот Трајко Бојковски, кој одговара за четири свирепи убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени во Кумановскиот регион. Случајот, кој обвинителството кажа дека е досега незабележан во судската пракса, заглави уште на првото рочиште. Драган Трајковиќ, адвокатот на обвинетиот, се откажа од одбрана и го повлече ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска во Министерството за внатрешни работи остварија официјални средби со генералниот секретар на Интерпол, Валдеси Уркиза, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбите беше разговарано за понатамошно унапредување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Интерпол, за јакнење на ...

ФИФА го назначи судискиот тим за денешниот натпревар од четвртфиналето на Светското првенство помеѓу Франција и Мароко, а ниту еден од двата табора не е задоволен од својата одлука. Натпреварот, кој ќе се игра денес во 22 часот, ќе го суди аргентинска судиска линија. Главен судија ќе биде Факундо Тељо, на кого ќе му помагаат Хуан Пабло Белати и Габриел Чаде, додека четврти судија ќе биде Дарио Херера. Резервен помошник судија ќе биде ...

Полицијата уапси две лица поради сомнение за сторено кривично дело „осигурителна измама“. Според информациите на МВР, вчера во 21:55 часот во СВР Тетово, С.А.(44) од с.Џепчиште пријави случена сообраќајна несреќа на крстосницата од ул.„135“ и ул.„Саво Тасевски“ во Тетово, каде наводно четирицикл со тетовски регистарски ознаки, управуван од Ш.А.(45) од село Јажинце, излетал од коловозот и се превртел. По преземени мерки полициски службеници ...

За жал, изминативе децении направени се многу пропусти и за жал ги немаме сите ресурси на светот за да можеме сите тие пропусти да ги санираме. Но, се трудиме да работиме по приоритети еден по еден да ги решаваме, а притоа да не создаваме нови проблеми. Што се вели, да работиме, да го оставиме срцето на терен. Кој работи понекогаш и греши. Јас сакам однапред да се извинам за понекоја грешка којашто ќе се направи во текот на работењето. Не ...

Бакнежот е еден од најчестите начини за изразување блискост меѓу луѓето. Иако повеќето го перцепираат како природен израз на љубов, наклонетост или страст, научниците со години се обидуваат да објаснат зошто луѓето се бакнуваат, каква улога играла оваа навика за време на еволуцијата и како влијае на менталното здравје. Како и кога се случи бакнежот? Освен што е важен дел од романтичните врски, бакнувањето влијае на емоциите, функцијата на ...

Кинеската интерконтинентална балистичка ракета „Жуланг-3“ (JL-3) го менува балансот на моќ во Пацификот, вели генералниот секретар на НАТО, Рута, дека нејзиното пробно лансирање испраќа порака до Алијансата. Тестирањето на кинеската интерконтинентална балистичка ракета предизвика жестоки реакции во соседните земји. Дојче веле (DW) објави дека кинеската морнарица демонстрира воени способности и ги предизвикува САД во Пацификот . Критиките беа ...

Уште еден возбудлив астролошки ден е пред нас, а еве што може да очекува секој хороскопски знак. ОВЕН ЉУБОВ: Ќе бидете оптимисти и ентузијастички настроени, што само ќе ја зголеми вашата привлечност. РАБОТА: Можно е да добиете поголема сума пари. ЗДРАВЈЕ: Солидно. БИК ЉУБОВ: Можно е да сретнете некој познат или богат и, невообичаено за вас, ќе бидете импресионирани. РАБОТА: Ќе доживеете блокада . ЗДРАВЈЕ: Солидно. БЛИЗНАЦИ ЉУБОВ: Од денес ќе ...

СДС манипулира со економските податоци, лагите на СДС не можат да ги скријат резултатите на Владата на ВМРО-ДПМНЕ и тоа што економијата се движи напред, се инвестира и се гради, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес – конференцијата на Наташа Поповиќ од СДСМ. „СДС манипулира и се служи со селективно толкување на економските податоци. СДС очајно се обидува да создаде црни сценарија, конструкции и неоснован песимизам кај граѓаните. Проекциите на ...

Пациенти со трансплантиран бубрег повеќе од еден месец се без Recormon, тврди пратеничката од Левица, Јована Мојсоска. Таа кажа дека пациенти со трансплантиран бубрег од битолската болница алармирале до Левица дека повеќе од еден месец се оставени без лекот Recormon (еритропоетин), односно без терапија со која нивното здравје е сериозно загрозено. Според информациите што ги соопшти Мојсоска, наместо државата да ја обезбеди терапијата што им ...

Кога јадете е подеднакво важно како и што јадете, велат експертите. Истражувањата покажуваат дека за целокупното здравје, подобро е да внесувате најмногу калории наутро, а да ги намалувате навечер. Значи, обилен појадок , умерен ручек и лесна вечера. Експертите истакнуваат дека појадокот треба да стане редовен дел од дневната рутина. 1. Го подобрува метаболизмот Јадењето појадок во исто време секој ден помага да се регулира внатрешниот ...

Јужнокорејскиот „Самсунг Електроникс“ објави рекордна оперативна добивка во вториот квартал од 2026 година, што е зголемување од повеќе од 1.800 проценти на годишно ниво, но неговите акции паднаа бидејќи инвеститорите стравуваат дека масовните инвестиции во инфраструктура за вештачка интелигенција би можеле да го забават растот на побарувачката за мемориски чипови. Оперативната добивка на „Самсунг“ за периодот од април до јуни изнесуваше ...

ММФ ги разби лагите на Мицкоски за „третата“ економија – македонската економија расте побавно дури и од Косово, изјави Наташа Поповиќ од СДСМ. „Македонската економија ќе расте побавно од економиите во регионот во следните пет години, дури и Косово е пред нас. Меѓународниот монетарен фонд ги разби лагите и пропагандата на Мицкоски за некаква „трета“ економија во Европа. Според ММФ – во следните пет години македонската економија во просек ќе ...

weather icon

Скопје

26ᴼ / 26ᴼ
1.59
46%
1018
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
1.99
62%
1019
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.33
64%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
1.24
50%
1018
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
5.29
59%
1018
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 16ᴼ
0.25
71%
1020
weather icon

Атина

31ᴼ / 29ᴼ
4.92
55%
1012
weather icon

Тирана

30ᴼ / 30ᴼ
1.31
33%
1014
weather icon

Подгорица

27ᴼ / 27ᴼ
2.74
46%
1016
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
3.13
58%
1019
weather icon

Будимпешта

23ᴼ / 21ᴼ
2.24
53%
1020
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
6.31
100%
1013
Currency

61.5217

Currency

53.2154

Currency

71.7145

Currency

37.6073

Currency

38.1322

Currency

65.8479

Currency

7.88657

Currency

0.65224

Currency

0.33722

Currency

0.52479

Currency

1.11569

Currency

0.55892

Калај

56.36

Алуминиум

3.28

Кобалт

56.29

Паладиум

43628.56

Бакар

13.23

Сребро

2044.16

Рутениум

53852.50

Иридиум

252383.36

Родиум

278103.96

Платина

56038.75

Цинк

0.00

Злато

139576.04