Белата куќа објави видео на X, каде што американскиот претседател Доналд Трамп зборува за самитот на НАТО во Турција, опишувајќи го како голем успех. „Тукушто завршивме многу успешен самит на НАТО тука во Турција и сакам да му се заблагодарам на претседателот Ердоган, кој е навистина голем човек. Тој е голем лидер“, се слуша како вели Трамп. „Исто така, сакам да му се заблагодарам на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Марк е извонредна ...

Бродовите продолжија да минуваат низ Ормутскиот теснец вчера, според аналитичар за поморски податоци, но тој предупреди дека ситуацијата сè уште е „многу нестабилна“. Бриџит Диакун од „Лојдс Лист Интелиџенс“ изјави дека некои од бродовите оделе „во темнина“ (т.е. престанувале да ја пренесуваат својата локација) додека транзитирале низ овој стратешки воден пат. Според „Лојдс Лист Интелиџенс“, прелиминарните податоци покажуваат дека минатиот ...

Парламентарното мнозинство на коалицијата “Твоја Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ се зголемува и брои 59 пратеници, Демократската партија на Турците на Македонија се приклучува кон коалицијата, изјави премиерот, Христијан Мицкоски. „Со потпишување на Договорот за политичко партнерство, соработка и поддршка со Демократската партија на Турците на Македонија испраќаме јасна порака дека кога станува збор за интересите на граѓаните и иднината ...

Откако ВМРО-OКГ и нивните партнери од ЗНАМ, кои веќе практично не постојат, нè навикнаа на тоа дека голем дел од владините функционери и нивните семејства имаат бугарски државјанства, сега добиваме и нов министер за земјоделство кој се школувал во Бугарија, велат од СДСМ. „Борче Серафимовски, предложен од ЗНАМ за министер за земјоделство, според достапните информации од лани поседува голема фотоцентрала за производство на електрична енергија ...

Во Собранието се доставени измени на Законот за студентски стандард со кои се заоструваат условите за сместување во државните студентски домови и се утврдува горна старосна граница од 30 години за добивање и користење на место во дом. Предлог-измените предвидуваат изрекување воспитни мерки и забрани за престој при прекршување на домскиот ред, како што се: пушење во собите, внесување и употреба на алкохол, оштетување инвентар, пуштање гласна ...

„Според најновите податоци на Народната банка, цените на становите во Скопје во вториот квартал од годинава пораснаа за дополнителни 13,3% на годишно ниво. Трендот на вештачко пумпање на цените продолжува со уште позабрзано темпо, додека институциите не прават ништо за да ги заштитат граѓаните“, велат од партијата Левица. „Ситуацијата се случува во реалност каде што македонскиот работник е официјално најниско платениот работник во цела ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, денес учествуваше на меѓународниот младински настан RinCamp 2026, кој се одржува во Република Албанија, каде беше панелист на сесијата „Европската интеграција во пракса: Предизвици и перспективи за младите во Северна Македонија“. Во своето обраќање, Лимани истакна дека Северна Македонија и Албанија ја делат истата визија – полноправно членство во Европската Унија и ...

Во моментов во Собранието се прават измени на Законот за студентскиот стандард во делот на сместувањето и користењето на услугите на студентските домови. Целта е подигнување на безбедноста во објектите и спречување на негативни практики кои постоеја во минатото, како неосновано долгорочно сместување на поединци. Министерката за образование и наука Весна Јаневска на прес конференција ги образложи поважните измени. „Ја ограничуваме возраста на ...

Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за миленици, детски ...

По повод 11 Јули – Меѓународниот ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, во Собранието се одржа комеморативен настан со кој беше оддадена почит на жртвите и беше испратена порака за зачувување на историската меморија, мирот и соживотот. На настанот се обратија претседателот на Собранието, Африм Гаши, проф. Ферид Мухиќ, претставникот на Бошњачкиот национален сојуз, Џевад Хот, и претседателот на Комитетот за односи меѓу заедниците, Аднан ...

Сè поголем број млади мажи сакаат да станат татковци, но во исто време сè помалку жени го сметаат мајчинството за привлечна животна опција. Овој парадокс повеќе не е само социјално прашање – економистите предупредуваат дека станува еден од најголемите економски предизвици на 21 век. Падот на наталитетот, зголемувањето на трошоците за живот, високите цени на домувањето и променливата улога на жените на пазарот на трудот создаваат нова реалност ...

Израел сподели со Соединетите Американски Држави разузнавачки информации дека Иран неодамна смислил нов план за атентат врз претседателот Доналд Трамп , изјавија за Си-Ен-Ен два извори запознаени со ова прашање , додавајќи дека ова претставува уште еден фактор што ги зголемува тензиите во време кога договорот за прекин на огнот меѓу двете земји е под сериозен притисок. Еден од изворите рече дека предупредувањето дошло оваа недела. Друг извор ...

Министерот за социјална политика, демографија и млади, Фатмир Лимани, изјави дека предвремените парламентарни избори во Македонија ќе се одржат на 18 април 2027 година. Лимани датумот го соопшти за време на своето обраќање на Летниот камп „Jalë n’ZEurope“, на кој учествуваа и студенти од Македонија. Доколку изборите навистина бидат закажани за 18 април 2027 година, тие ќе се одржат приближно една година пред редовниот изборен термин. ...

Предолго молчевме, работејќи во тишина за да ги решаваме проблемите што ги наследивме, но кога некој се обидува да ја искриви реалноста и да ја доведе јавноста во заблуда, наша должност е да ги изнесеме фактите пред граѓаните, истакна на прес-конференција Петар Јанков, градоначалник на Општина Струмица. „Кога ја презедов функцијата градоначалник не наследив стабилна и финансиски здрава општина, наследив сериозни обврски, долгови и финансиски ...

Јавен обвинител од Одделението за малолетници при Основното јавно обвинителство Скопје до надлежниот судија за деца поднесе барање да се поведе подготвителна постапка против две 14-годишни девојчиња за кои постои основано сомнение дека извршиле дејствие кое со закон е предвидено како кривично дело – Насилство од член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. За еден 15-годишник се бара подготвителна постапка за помагање при ...

Основното јавно обвинителство Гостивар побара обдукција на 14 – годишното девојче кое почина откога падна од лулашка на игралиште во Гостивар. Ќе се испитуваат сведоци и ќе се проверува безбедноста на реквизитите на игралиштето. „Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар изврши увид на лице место. Дадена е наредба за обдукција, како и насоки да се преземат повеќе дејствија за испитување на евентуални сведоци и проверки по ...

Во текот на ноќта помеѓу 9 и 10 јули, украинските сили продолжија со серија напади врз руската нафтена инфраструктура, таргетирајќи цели во неколку региони на Русија. Според достапните информации, во текот на ноќта, украинската армија ја нападнала рафинеријата за нафта „Илиски“ на југот на Русија . Фотографиите и видеата објавени на социјалните мрежи од локалното население наводно покажуваат голем пожар и пламен што се издига од рафинерискиот ...

Сончевите денови не се гаранција дека телото има доволно витамин Д, а првите знаци на негов недостаток често се припишуваат на замор или секојдневен стрес. Многумина веруваат дека сончевите денови автоматски значат доволни количини на витамин Д во телото. Сепак, експертите предупредуваат дека дури и во текот на летото не е невообичаено да биде недостасен, а првите знаци честопати остануваат незабележани или се припишуваат на замор и ...

Самер Роберт, која има една од најголемите гради во Велика Британија, сака да најде партнерка која ќе ја цени поради нејзината личност, а не само поради нејзиниот изглед. Нејзината желба е да води мирен семеен живот и да стане традиционална сопруга и домаќинка. Самер страда од ретка медицинска состојба наречена макромастија , поради која нејзините гради постојано растат. Поради ова, таа често се соочува со предрасуди и несакано внимание од ...

Младата Месечина нè очекува во водниот знак Рак на 14 јули и симболизира нов почеток за Раковите, Рибите и Скорпиите. Тоа е период од месецот кога е добро да се сврти нов лист во животот. Младата Месечина во Рак носи силно емоционално ресетирање и можност да се свртиме кон она што ни дава поголема сигурност и внатрешен мир. Нов почеток Младата Месечина претставува период кога интуицијата станува поизразена, а многумина ќе почувствуваат ...

Скоро секоја форма на вежбање може да биде ефикасно средство за ублажување на стресот. Физичката активност го стимулира ослободувањето на ендорфини, хормоните на среќата, и ги одвлекува мислите од секојдневните грижи. Иако многу луѓе знаат дека вежбањето е добро за телото, тие често го занемаруваат поради прекумерна работа и стрес. Но, добрата вест е дека дури и ако не сте спортист или не сте во форма, вежбањето може значително да ви помогне ...

Не е случајно што ДПМНЕ ја прогласи дијаспората за своја единствена црвена линија кога и нивните дебело платени анкети (платени од јавни пари) кои ги користи како доказ за сопствената непобедливост бележат пад на нивната поддршка. Наместо да се соочи со незадоволството што расте дома, Мицкоски политичкиот спас очигледно почна да го бара надвор од државата, велат од Левица. „Впрочем, тоа што денес го покажуваат дури и нивните анкети не е ...

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, заедно со градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска го посетија Центарот за услуги во Прилеп, воспоставен како резултат на соработката меѓу Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп „Ми претставува особено задоволство што започна со работа Центарот за услуги во Прилеп, заеднички проект на Министерството за дигитална трансформација и Општина Прилеп, ...

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд длабоко ја трогна јавноста и семејството на шестгодишното момче Денис, кое трагично загина во сообраќајна несреќа во Норвешка. Откако дознал дека тој е најголемиот идол на несреќното момче, фудбалерот на Манчестер Сити решил, заедно со своите родители, да испрати емотивен пакет до своето семејство. На адресата на неутешните родители пристигнаа потпишан дрес на норвешката репрезентација и трогателно, рачно ...

Веќе од 7 јули до 12 декември 2026 година, Нептун ќе биде ретрограден во знакот на Овен, што според астрологијата означува период на преиспитување, разбивање на илузиите и појасен поглед на сопствените цели. Иако ретроградните периоди често се поврзуваат со предизвици, астролозите веруваат дека овој транзит може да донесе важни сознанија, нови можности и храброст да се направат промени што долго време ги одложувале. Ретроградниот Нептун ...

Христијан Мицкоски и ВМРО-OКГ повторно се обидуваат да ја излажат јавноста. Овој пат преку Изборниот законик и прашањето за гласањето на дијаспората, кажа на денешната прес-конференција Богданка Кузеска – портпаролка и членка на ИО на СДСМ. „Ние од СДСМ сме јасни: дијаспората има право да гласа. Тоа право го имала и досега и дијапората гласа со постојниот модел. Ние не сме против тоа право. Ние сме против неконтролирано и неконтролирано ...

Според владејачката ВМРО-ДПМНЕ, СДС во паника од катастрофалниот едноцифрен рејтин и внатрешниот хаос со кој се соочува очајно се обидува да креира паника, да манипулира со бројки и да создава лажна перцепција во јавноста. СДС, велат од партијата на Мицкоски, уште еднаш се демантирани и поразени од бројките и од релевантните институции. „СДС додека беше на власт не направи ништо за младите, СДС ветуваше студентски градови и подобра иднина за ...

Градоначалникот на Град Скопје денес оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во Република Северна Македонија, Нивес Тигањ, на која беа разгледани можностите за унапредување на соработката меѓу збратимените градови Скопје и Загреб. Во фокусот на разговорите беа размената на знаења, искуства и добри европски практики во повеќе области од заеднички интерес, со цел нивна примена во креирањето современи и одржливи решенија што ќе ...

Летото си има свои ритуали: првото пливање, песната на штурците напладне и зајдисонца со коктел на терасата. Но, еден особено се издвојува – моментот кога кожата почнува да добива златна боја, како да апсорбира сончева светлина. Таа топла нијанса, која многумина ја посакуваат, не се постигнува само со сончање, туку започнува и со тоа што јадеме и како се грижиме за нашата кожа. Сега е познато дека исхраната има директно влијание врз здравјето ...

Општина Ѓорче Петров за првпат воведува еднократна финансиска поддршка за полуматурантите од општината. Градоначалникот Александар Стојкоски ги потпиша решенијата за исплата на финансиска поддршка во износ од 5.000 денари за 360 полуматуранти од Ѓорче Петров. Оваа мерка, соопштија од општината, претставува конкретна поддршка за учениците и нивните семејства, во период кога младите завршуваат едно важно поглавје од своето образование и се ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.58
60%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 21ᴼ
1.69
71%
1014
weather icon

Загреб

21ᴼ / 21ᴼ
1.28
76%
1018
weather icon

Софија

21ᴼ / 21ᴼ
0.97
66%
1014
weather icon

Сараево

22ᴼ / 22ᴼ
2.3
72%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.22
93%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 25ᴼ
0.45
49%
1009
weather icon

Тирана

25ᴼ / 25ᴼ
1.59
44%
1012
weather icon

Подгорица

24ᴼ / 24ᴼ
3.49
52%
1013
weather icon

Букурешт

24ᴼ / 22ᴼ
5.81
65%
1013
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.79
73%
1017
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
1.2
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Иридиум

252383.36

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Калај

56.77

Сребро

2005.37

Родиум

278103.96

Цинк

0.00

Платина

55652.94

Алуминиум

3.27

Паладиум

43435.66

Бакар

13.54

Злато

137126.15