Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува умерен повремено засилен ветер претежно од северен правец. Долж Повардарието ветерот ќе достигне брзина од 50 km/h. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 18, а максималната ќе достигне од 24 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ...

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради уличен дефект на водоводна цевка Ф250мм. на улица Мкедонска Косовска Бригада 23А позади зградите на Аквадукт, со прекинато водоснабдување ќе бидат дел корисниците на улицата Македонска Косовска Бригада од бензинската пумпа Мак Петрол до подвозникот Шуто Оризари, улицата 11, касарната Илинден, трговскит центар Поинт. Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради ...

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од корисниците од улицата Беаз Куле, општина Ѓорче Петров; · во периодот од 11.00 до 15.00 часот, корисниците од улицата Теодосиј Синаитски – парни броеви до бр. 12., општина Карпош. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат: · во периодот од 11.00 до 14.00 часот, дел од ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Ѓорѓи Стефанов, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар 75 mm, што потекнува од Првата светска војна и ја транспортира до Армискиот полигон „Криволак“, каде што ќе биде уништена. Како што информираат од ДЗС, гранатата била пронајдена при градежни работи што ги изведуваше ЈП „Стрежево“ – Битола, во атарот на село Меџитлија, Општина Битола, во близина на ...

Собранието утре со почеток во 11 часот ќе ја одржи седницата за реконструкција на Владата, на која треба да бидат разрешени и избрани нови министри во осум ресори. Ова е прва реконструкција на владата предводена од премиерот Христијан Мицкоски. Според предложените кадровски решенија: – Сашо Клековски е предложен за нов министер за здравство. Тој доаѓа од директорската функција во Фондот за здравствено осигурување, каде што треба да биде ...

За припадниците на овој знак, парите не се само средство за егзистенција, туку и начин да уживаат во убавината, квалитетот и малите задоволства во животот. Додека некои хороскопски знаци внимателно го планираат секој трошок и размислуваат за иднината, други се препуштаат на уживањето во моментот без многу размислување. Според астролошките толкувања, еден знак особено се издвојува по својата љубов кон шопингот, луксузот и сè што го прави ...

Со години, Новак Ѓоковиќ привлекува внимание не само поради своите успеси на тенискиот терен, туку и поради својот животен стил, кој вклучува строго контролирана исхрана, внимателен избор на храна и дисциплина што стана негов заштитен знак. Иако многумина веруваат дека традиционалните специјалитети не можат да се најдат во неговото мени, вистината е малку поинаква. Новак не се откажува од вкусовите што го потсетуваат на детството, туку ги ...

Кошмарот на Чарли Роули започна денот кога зеде нешто што изгледаше како сосема обично шишенце парфем. Она што требаше да биде гест на внимание кон сакана личност се претвори во смртоносна стапица што ги повлече двајца невини луѓе во самиот центар на меѓународен шпионски скандал. Во јуни 2018 година, во англискиот град Ејмсбери каде што живеел, Чарли пронашол мала картонска кутија завиткана во пластична обвивка со натпис „Нина Ричи“ во ...

Бред Пит присуствуваше на четвртфиналниот натпревар од Светското првенство во фудбал помеѓу Шпанија и Белгија, а посебно внимание привлече со дресот што го носеше. Тој го гледаше натпреварот во дресот на репрезентацијата на САД, иако оваа екипа беше елиминирана од натпреварувањето. Неговиот избор на облека стана тема на дискусија на социјалните мрежи, предизвикувајќи многу коментари. „Дојде да навива против Белгија“, „Она што го прави е од ...

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, остро ги отфрли тврдењата дека Москва има намера да започне Трета светска војна. Иако ја исклучи можноста за неиспровоциран глобален конфликт, тој предупреди дека европската милитаризација и обемната западна воена поддршка за Украина доведоа до ескалација на сегашната криза. Песков ја отфрли можноста Москва да иницира глобален конфликт, нагласувајќи дека големината и стратешката одговорност на Русија го ...

Пиротехничарот на Дирекцијата за заштита и спасување, Зоран Пејев, безбедно отстрани неексплодирана артилериска граната со калибар од 100 милиметри и тежина од 13,6 килограми, која беше пронајдена на брегот на Дојранското Езеро. Како што објави Дирекцијата, гранатата датира од Првата светска војна и била наменета за хаубица М14. Според нив, вакви неексплодирани направи најчесто се наоѓаат во регионите на Дојран, Гевгелија, Битола и Охрид. ...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова присуствуваше на „Галичка свадба“, којашто и годинава се одржа под нејзино покровителство. Во духот на вековната традиција, пречекана со домашна нафора и сол од најмладите галичани, претседателката проследи дел од свадбарските обичаи што со векови се пренесуваат низ мијачкиот крај, како еден од најавтентичните изрази на македонското културно наследство. По венчавањето во храмот „Св. Петар и Павле“, ...

Емоционално недостапните партнери имаат неколку карактеристики што јасно ги опишуваат, и важно е навреме да се препознаат одредени знаци на однесување. Психологот Александра Сајмон истакнува дека ако чувствувате дека вашиот партнер е емоционално недостапен, важно е да се запрашате дали му пристапувате на начин што му помага да остане отворен. „Ако сакате отвореност од вашиот партнер, дел од одговорноста е на вас, да му пристапите на начин што ...

Еден разговор, стара фотографија или случајно откриен документ би можеле да ви ја отворат вратата кон долго скриени вистини и да ви ја променат перспективата за вашата семејна приказна. Семејните тајни понекогаш остануваат скриени со децении, само за да излезат на површина кога никој не ги очекува. Според астролошките толкувања, еден хороскопски знак би можел да направи изненадувачко откритие во наредниот период што ќе покрене бројни прашања ...

Финалето на Вимблдон ќе се игра денес во 17 часот, а во борбата за титулата ќе се сретнат првиот и вториот носител на турнирот, Италијанецот Јаник Синер и Германецот Александар Зверев. Синнер го игра тенисот на својот живот и го оправдува статусот на прв фаворит на турнирот. На патот до финалето, тој демонстрираше неверојатна стабилност, брзина и деструктивност од основната линија. Неговата способност да го контролира темпото на натпреварот, ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека екипите на ЈП „Водовод и канализација“ започнале со санација на дефект на водоводна цевка на булеварот „Борис Трајковски“, во близина на бензинската станица „Лукоил“. Станува збор за оштетување на водоводна цевка Ф600, кое настанало при градежни активности пред три години. Ѓорѓиевски наведува дека досега дефектот бил решаван со привремени интервенции, поради што проблемот повторно се ...

Лидерите на сојузниците во НАТО, Украина и Израел му оддадоа почит на американскиот сенатор Линдзи Греам во неделата, истакнувајќи ја неговата поддршка за трансатлантските односи, Украина и Израел. Републиканскиот сенатор од САД беше постојано присутен на меѓународната надворешнополитичка сцена пред и за време на ерата на претседателот Доналд Трамп. Непосредно пред неговата смрт, тој ја посети Украина, а во петокот објави договор со ...

На 98 години, повеќето луѓе одамна заборавиле на склекови. Бил Кобер, од Вудбриџ во Сафолк, Англија, прави токму спротивното – прави најмалку 40 склекови секој ден, 20 наутро и уште 20 навечер. Тој е толку витален што еден новинар на Би-Би-Си дури го предизвикал на дуел со склекови за време на едно интервју. Освен склекови, Бил редовно вежба пилатес, а неодамна успеа да ја изведе и напорната положба „врана“, што е вистински предизвик за ...

Караванот на Движење ЗНАМ – за Наша Македонија под мотото „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Битола. Во рамки на панел-дискусијата, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека главната обврска на секоја одговорна политика е да создава држава во која граѓаните имаат сигурност, еднакви можности и доверба во институциите. „Европска Македонија не е само политичка цел, туку начин на кој треба ...

СДС нема кредибилитет да зборува за Европа, по 7 години неисполнети ветувања, национални отстапки и понижувања. СДС зборува за Европа, а го кочи носењето на Изборниот законик, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. „СДС е партија која што бланко потпишуваше се што им беше побарано само за да се на власт, СДС ги излажа граѓаните и покрај сите понижувања не успеаја да го испорачаат тоа што ...

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со Црвениот крст на Град Скопје го претстави тимот за подготвеност и дејствување при катастрофи, како и проектот за функционирање на Планинската спасителна служба на Водно и обезбедување спасителни интервенции на подрачјето на Кањон Матка. „Присуствувавме и на симулациска вежба за спасување повредено лице во планински услови, каде обучените спасители и парамедици ја демонстрираа ...

Способноста на човекот да ги препознава внатрешните сигнали на своето тело, како што се чукањето на срцето или ширењето на белите дробови, е од суштинско значење за регулирање на емоциите и одбрана од анксиозност и депресија, според најновите невронаучни истражувања. Ова помалку познато внатрешно сетило, кое научниците го нарекуваат интероцепција, делува како тивок комуникациски канал помеѓу нашите органи и мозокот. Додека видот или слухот ни ...

Американската војска соопшти дека погодила 140 воени цели во третиот бран напади врз Иран оваа недела, реакција на претходниот напад врз трговски брод во Ормутскиот теснец. Од друга страна, Иранската исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) истовремено објави дека испалила предупредувачки истрел кон брод и го прогласила водниот пат за затворен. Иранските државни медиуми објавија експлозии на неколку локации по должината на јужниот брег на ...

По автомобилите, Европската Унија воведе нови специјални тарифи за гуми за патнички автомобили произведени во Кина. Целта на оваа мерка е да се спречи дампинг на цените, а за европските возачи ова би можело да значи повисоки цени за многу популарни гуми од буџетскиот сегмент. Популарноста на кинеските гуми растеше паралелно со нивните автомобили. Имено, помеѓу 2021 и 2024 година, уделот на кинеските гуми на европскиот пазар се зголеми од 18 ...

„Христијан Мицкоски вчера потврди дека е подготвен да ја жртвува Македонија, и кажа збогум на Европа и порача дека ќе чека покана“, кажа денеска на прес-конференција, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Таа оцени дека наместо напредок кон Европската Унија, земјата, според неа, ќе остане да чека додека другите држави од регионот продолжуваат напред. Обвини дека причината за таквата политика не е недоверба кон европските вредности, туку ...

Од неочекувани љубови и големи животни одлуки до скриени таленти – ова лето носи важни сознанија за многумина што би можеле да го одбележат остатокот од годината. Летото е време кога забавуваме, патуваме повеќе, запознаваме нови луѓе и полесно избегаме од нашата дневна рутина. Затоа многу луѓе ќе доживеат моменти во текот на топлите месеци што ќе ги охрабрат да се гледаат себеси, своите врски и својата иднина поинаку. Според астролошките ...

„Опозицијата на чело со СДС, Левица и ДУИ не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик“, кажа денеска на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски. Според него, по подолг период постоела реална можност новиот Изборен законик да биде донесен со широк политички консензус. Тој посочи дека со месеци политичките партии учествувале во разговори, усогласувале текстови и доставувале предлози, но ...

Принцот Хари се соочи со голем финансиски предизвик откако го изгуби долгогодишниот судски спор против издавачот на британскиот весник „Дејли меил“. Пресудата на Високиот суд во Лондон е сериозен удар за војводата од Сасекс и другите тужители, кои сега би можеле да се соочат со судски трошоци проценети на десетици милиони долари. По пресудата, вниманието е насочено кон високите трошоци на постапката. Британските медиуми објавуваат дека ...

Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Рената Младеновска, на прес-конференција кажа дека Александар Лазаров, познат како Цуна, кој претходно бил осудуван за трговија со дрога, избегал од полициската станица во Кочани. Таа обвини дека случајот покажува сериозни пропусти во функционирањето на Министерството за внатрешни работи и побара одговори од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. „Ако наркодилери можат слободно да бегаат од ...

Уставниот суд упати критики кон, како што наведува, обидите за партизација и политизација на неговата работа, оценувајќи дека одредени политички партии ги користат одлуките и меѓународните активности на Судот за дневнополитички цели. Во соопштението од Судот се наведува дека унапредувањето на меѓународната соработка било ставено во политички контекст и искористено за партиски пресметки и стекнување политички поени. Од Уставниот суд посочуваат ...

weather icon

Скопје

22ᴼ / 22ᴼ
1.94
52%
1014
weather icon

Белград

23ᴼ / 22ᴼ
1.44
66%
1013
weather icon

Загреб

22ᴼ / 22ᴼ
1.11
83%
1019
weather icon

Софија

22ᴼ / 22ᴼ
0.78
58%
1014
weather icon

Сараево

24ᴼ / 24ᴼ
2.21
65%
1012
weather icon

Љубљана

19ᴼ / 18ᴼ
1.4
91%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 26ᴼ
0.45
48%
1010
weather icon

Тирана

24ᴼ / 24ᴼ
1.81
42%
1012
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
3.57
48%
1013
weather icon

Букурешт

25ᴼ / 22ᴼ
0.89
64%
1012
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 19ᴼ
1.79
75%
1017
weather icon

Истанбул

26ᴼ / 24ᴼ
1.44
100%
1009
Currency

61.53

Currency

53.3275

Currency

71.681

Currency

37.7198

Currency

38.2597

Currency

66.0329

Currency

7.91009

Currency

0.65176

Currency

0.33823

Currency

0.52555

Currency

1.11901

Currency

0.56102

Паладиум

43435.66

Калај

56.77

Кобалт

56.29

Платина

55652.94

Злато

137126.15

Цинк

0.00

Иридиум

252383.36

Сребро

2005.37

Алуминиум

3.27

Рутениум

53852.50

Бакар

13.54

Родиум

278103.96