Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Апелациониот суд во Скопјe донесе конечна одлука со која делумно ја усвојува жалбата на Зијадин Села и го зголемува износот на надоместокот што Република Северна Македонија мора да му го исплати за нематеријалната штета претрпена за време на нападот врз Собранието на 27 април 2017 година. Со пресудата на Апелациониот суд, државата е должна да му исплати на Села вкупно 7.800.000 денари за повреда на личните права поврзани со неговото физичко и ...
Американскиот претседател Доналд Трамп коментираше на социјалната мрежа Truth Social за продолжувањето на конфликтот со Иран, наведувајќи дека американската војска подготвила 1.000 ракети што можат да бидат лансирани против Иран. Мировните преговори меѓу Вашингтон и Техеран се во сериозна криза поради неодамнешната размена на оган меѓу американските и иранските сили во Персискиот Залив. „Илјада ракети се насочени кон Исламската Република ...
Од СДСМ обвинија дека додека граѓаните се соочуваат со економски проблеми и ниски приходи, државата повторно се обидува да продаде дел од запленетиот имот на поранешниот премиер Никола Груевски. Партијата наведува дека станува збор за станови и имоти вредни неколку милиони евра, додека пак, според нив, Груевски има многу поголем имот и имот во странство. „Додека граѓаните се дават во долгови и се соочуваат со минимална плата од 400 евра, ...
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, информира дека се направени финалните координации со претставници на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) за продолжување на реализацијата и оптимизацијата на проектот за Брз автобуски превоз (БРТ). Ѓорѓиевски преку објава на социјалните мрежи соопшти дека одржал работна средба со тимот на ЕБОР во Македонија, предводен од директорот Фатих Туркменоглу, на која биле разгледани следните чекори за ...
Патувањето не е само можност за релаксација, туку и начин да се запознаат нови култури, да се стекнат незаборавни искуства и да се исполнат долгогодишни желби. Според астролошките толкувања, три хороскопски знаци во наредниот период би можеле да имаат посебна среќа кога станува збор за големи патувања што ги планираат или посакуваат долго време. Стрелец Стрелецот е познат како најголемиот авантурист во Зодијакот, па затоа не е изненадувачки ...
Британскиот крал Чарлс и неговата сопруга Камила ги угостија принцот Хари, неговата сопруга Меган и нивните две деца кои се во посета на Велика Британија, објави синоќа ITV. Хари ја посетувал Велика Британија само еднаш или двапати годишно по неговата јавна и многу публицизирана расправија со неговиот татко, кралот Чарлс , и постариот брат, принцот Вилијам. Синот на Хари, седумгодишниот Арчи, и ќерката, петгодишната Лилибет, не биле во Велика ...
Пожар денеска во 12:37 часот е пријавен на тешко достапен терен кај месноста Пирин Чешма во Општина Валандово. Веднаш по пријавата, на местото интервенираат екипи на Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Валандово, кои и понатаму се на терен во обид целосно да го локализираат пожарот. Според информациите од Општина Валандово, пожарот во моментов се држи под контрола, но неговото гаснење е отежнато поради непристапниот терен, каде што ...
Откако Норт Вест, 13-годишната ќерка на Ким Кардашијан, ги покажа пирсовите на рацете, дерматолог предупреди за можни здравствени проблеми што би можеле да ги предизвикаат ваквите модификации на телото. Иако не е потврдено дали сите пирсинзи се вистински, објавата повторно ја отвори дебатата за ризиците од ваквите процедури. Норт Вест е во јавноста уште од раѓање, а на само 13 години, таа веќе има големо влијание на социјалните медиуми. ...
И додека некои сонуваат за голема љубов и долга врска, други луѓе уживаат во слободата, флертувањето и возбудата од новите познанства. Според астрологијата , постојат хороскопски знаци на кои им е тешко да се венчаат, брзо губат интерес и претпочитаат да ја остават вратата отворена за нови авантури отколку да влезат во сериозни врски. Токму затоа тие често кршат неколку срца, иако тоа не е секогаш нивна намера. Подолу ги издвојуваме трите ...
Советничката од редовите на СДСМ во Советот на Град Скопје, Кети Штерјова, денеска ја обвини владејачката коалиција дека во Општина Чаир била донесена одлука за промена на имиња на улици без примена на Бадентеровото мнозинство. Штерјова оцени дека со одлуката, како што рече, се прекршуваат законските процедури и механизмите предвидени со Охридскиот рамковен договор. „Важат ли законите во општина Чаир? Очигледно не! Се уште не се решени ...
Кето диетата со години привлекува внимание поради нејзиното ветување за брзо губење на тежината, но зад популарната диета стојат и одредени ризици. Експертите објаснуваат како функционира, кому може да му помогне и зошто не е идеално решение за секого. Кето диетата е план на исхрана со многу висока содржина на масти (над 70%) и екстремно ниска содржина на јаглехидрати (помалку од 20 грама дневно) , при што протеините се ограничени на не ...
Премиерот Христијан Мицкоски и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, и денеска излегоа со спротивставени ставови околу измените на Изборниот законик, особено околу предложениот модел за гласање на дијаспората. Мицкоски ја повика опозицијата на, како што рече, одговорност и зрелост, оценувајќи дека владината коалиција е усогласена за Изборниот законик, додека Филипче тврди дека проблем е можноста за, како што рече, изборни манипулации. ...
Многу капитални проекти во Охрид – објави на својот фејсбук профил, заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски, кој заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков извршија увид во инфраструктурни проекти во Охрид. Во својата објава Николоски напиша: „Денес заедно со премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков направивме увид на неколку големи ...
Паулина Поришкова и нејзиниот партнер Џеф Гринштајн се венчаа по три години врска. Двојката ја објави среќната вест на социјалните мрежи. Иако повеќе не е активна во светот на манекенството, поранешната топ-моделка Паулина Поришкова е многу активна на социјалните мрежи. Таа редовно објавува детали од својот приватен и професионален живот, а своето влијание на социјалните мрежи го користи за да „уништи“ бројни стереотипи поврзани со жените. ...
Евроамбасадорот Михалис Рокас, за време на посетата на Општина Кичево, одблизу се запозна со предизвиците на овој регион, како што вели, во важен момент кога земјата се стреми кон ЕУ, потсетувајќи на бројот на проекти што се реализирале и се реализираат во оваа област со европски средства. Кога новинарите го прашаа за недостатокот на атракции за младите луѓе во оваа земја, Рокас предложи ова да се реши колективно и со сеопфатен пристап. Во ...
Магнезиумот е важен за нервите, мускулите, коските и крвниот притисок. Која лесно достапна храна содржи најмногу од овој важен минерал. Магнезиумот е еден од најважните минерали. Учествува во работата на мускулите и нервите, одржувањето на нормалниот крвен притисок, здравјето на коските и производството на енергија. Здравата и балансирана исхрана е најдобриот начин да се задоволат потребите на телото за магнезиум. Сепак, иако овој есенцијален ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека Владата ќе продолжи со спроведување на реформите и дека останува посветена на европската интеграција, но без, како што рече, деструктивни и безусловни отстапки на штета на националните интереси. Одговарајќи на новинарско прашање за време на посетата на Охрид, во контекст на евроинтегративниот напредок на Албанија, Црна Гора, Молдавија и Украина, Мицкоски рече дека Владата има принципиелен став ...
Македонија повеќе не е на европската агенда и останува на страна од европските процеси поради неспособноста и погрешните политики на Христијан Мицкоски, кажа претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека државата е доведена во состојба на политичка изолација и неизвесност во момент кога Европската Унија јасно покажува дека проширувањето е високо на нејзината агенда. „Во текот на вчерашниот ден и од ...
И двата системи имаат заедничка цел за подобрување на безбедноста, но се имплементираат на различни начини. EES е во сила веќе неколку месеци, а ETIAS повторно е одложен. Веќе малку се навикнавме да даваме отпечатоци од прсти и да се фотографираме со лицето при влегување во земјите од ЕУ, како дел од новите гранични контроли на Европската Унија (ЕЕС) , и заборавивме дека треба да се воведе друг систем. Тоа е Европскиот систем за информации и ...
Становите на Груевски во комплексот „Панорама резиденс“ на Водно повторно се нудат на продажба откако државата ги конфискуваше по правосилната пресуда за случајот „Плацеви на Водно“. Трите луксузни апартмани ќе бидат достапни за разгледување на 16 јули, а јавното наддавање е закажано за 29 јули. Два од апартманите имаат станбена површина од по околу 200 квадратни метри, како и тераси од нешто помалку од 50 квадратни метри. Почетната цена за ...
Во рамките на истражната постапка што ја води предметен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а која се однесува на организирана криминална група инволвирана во нелегален увоз, дистрибуција и апликација на медицински лекови и медицински помагала, во текот на вчерашниот ден беа реализирани претреси на пет локации во Скопје, меѓу нив и на две здравствени установи. При тоа, се приведени ...
Министерството за образование и наука инвестира околу 5,5 милиони евра во унапредување на образовната инфраструктура во Охрид. Со поддршка на Европската Унија и УНДП, целосно се реконструирани и опремени Регионалниот центар за стручно образование и обука „Ванчо Питошески“ и кабинетите и работилниците за практична настава во електр-машинскиот училишен центар „Св. Наум Охридски“, а следна голема инвестиција е темелната обнова на државниот ...
Претседателката на Европскиот парламент порача дека проширувањето е добивка и за Унијата и за земјите кандидати, предупредувајќи дека бесконечното чекање создава разочарување и ја поткопува довербата во европската идеја. Пораката на Мецола доаѓа само неколку дена по посетата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос, на Скопје, која, исто така, предупреди дека е неопходно да се задржи реформското темпо и да се искористи сегашниот моментум ...
Иако авионот на „Рајанер“ со сериозно оштетен десен мотор и скршен прозорец слета безбедно во Солун, истрагата за инцидентот ја води Македонија, бидејќи настанот се случил во македонскиот воздушен простор, пишува Aero.rs. Американскиот Национален одбор за безбедност во сообраќајот (НТСБ) соопшти дека назначил акредитиран претставник кој ќе ѝ помогне на Македонија во истрагата за сериозниот инцидент со летот на „Рајанер“. The NTSB has ...
Тимот на Народниот правобранител неодамна откри дека во психијатриската болница во Демир Хисар завршувале осуденици со лажни психијатриски дијагнози за да се спасат од затворските решетки. Според нашиот соговорник, невропсихијатарот д-р Мице Дудучки сомнежите за ваквите злоупотреби постојат со години. Како што вели тој, постои таканаречен „криминален триаголник“, кога осудениците стануваат лажни пациенти, но и клиенти на дел од психијатрите. ...
Спиењето на тврда површина станува сè попопуларно. Погледнете дали може да помогне при ишијас, болки во држењето на телото и болки во грбот. Спиењето или одморот на подот понекогаш се препорачува за луѓе со болки во грбот или ишијас. Иако многу луѓе тврдат дека овој начин на одмор им носи олеснување, нема научни докази дека спиењето на подот навистина помага при болки во грбот. Од друга страна, експертите се согласуваат дека премногу мекиот ...
Најмалку 12 лица загинаа во шумски пожар на југот на Шпанија, што е најголем број во последните 20 години. Потврдениот број на жртви од шумскиот пожар што избувна во четврток попладне во покраината Алмерија во Андалузија, Шпанија, се искачи на 12 мртви . Осум лица се повредени. Се бараат уште 19 лица, а спасувачките служби во таа област продолжуваат со операциите за пребарување и спасување, изјави денес претседателот на андалузиската влада, ...
Фолк дивата Лепа Брена покажа како го поминува одморот со својот син Виктор, уживајќи во возење со чамец и прекрасни морски пејзажи. Лепа Брена отиде на одмор со своето семејство. Пејачката и нејзиниот син редовно ги известуваат своите следбеници на социјалните мрежи дека поминуваат време далеку од Србија. Фолк дивата сподели фотографија на својот Инстаграм профил на која ужива пловејќи по прекрасното сино море. Нејзината препознатлива, ...
Засега, полицијата во Дубаи не ја исклучува можноста дека е вмешано кривично дело во смртта на бразилската инфлуенсерка Кауана Билар. Бразилската инфлуенсерка Куана Билар (26) почина откако падна од 27-ми кат на луксузна станбена зграда во Дубаи , а полицијата ги истражува околностите на нејзината смрт, вклучително и гласовната порака што, според медиумите, ја испратила нејзината партнерка Барбара Абрантес веднаш по трагедијата . Како што ...
Како што вели таа, најтешко било да се соблече пред тие луѓе Нудистичките плажи се уште се табу тема и нешто за кое луѓето не зборуваат често јавно, иако сме во 21 век. Марина (25) од Белград одлучи за прв пат да оди на Ада Циганлија и да се соблече топлес. Сепак, поради реакцијата на другите нудисти, таа одлучи никогаш повеќе да не го посети ова место. Ова е нејзината исповед. – Отсекогаш ме привлекувал нудизмот, но никогаш немав храброст да ...