Скопје
35ᴼ /
35ᴼ
Јули 2026 година е време на длабока анализа и редефинирање на животните приоритети за секоја Девица. Додека летото во полн ек ги охрабрува другите да се релаксираат, вие ќе се чувствувате мотивирани да го доведете вашиот живот во совршен ред. Девицата ќе се соочи со административен предизвик во првите денови од месецот што ќе бара нејзина целосна концентрација. Може да станува збор за грешка во минат документ или итна потреба за решавање на ...
Владата ќе разговара со трговските синџири кај кои се утврдени неоправдано зголемени маржи, но засега не би сакал да спомнувам имиња, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, потенцирајќи дека разговорите ќе се водат директно и без јавни препукувања. Одговарајќи на новинарско прашање по поставувањето камен-темелник на затворен базен во ООУ „Ацо Шопов“ во Општина Бутел, Мицкоски рече дека не сака јавно да ги посочува маркетите пред да се ...
Фудбалерите на Аргентина напорно работеа за да победат против Капе Верде со резултат од 3:2 по продолженијата, а овој натпревар ќе остане запишан во историјата поради новиот подвиг на Лионел Меси. Аргентина поведе во 29-тата минута кога, по долг потег, Лисандро Мартинез испрати фантастична долга топка од околу четириесет метри, Меси мајсторски ја контролираше со левата нога, а со истата нога шутираше дијагонално од десната страна, ...
Палестинецот Мохамед Саламех градел куќа за своето семејство на окупираниот Западен Брег, каде што неговиот неодамна свршен син требало да започне брачен живот. Наместо тоа, пред да заврши изградбата, група израелски доселеници го окупирале имотот. Снимките направени претходно оваа недела, потврдени од Ројтерс, покажуваат најмалку шест доселеници како се движат по покривот на двокатна куќа, сместена под блискиот рид. Саламех вели дека апелите ...
Тимот за интервентна кардиологија при ГОБ „8ми Септември” воведе нова, иновативна метода – „CoroFlow” – софистициран софтверски медицински систем за прецизна проценка и детектирање дисфункција во микроциркулацијата на срцевиот мускул, информира Министерството за здравство. Во објавата на Министерството за Фејсбук се наведува дека оваа метода овозможува попрецизна проценка на состојбата на коронарната микроциркулација, што придонесува за ...
По завршувањето на утринскиот дуел помеѓу Колумбија и Гана, познати се сите двојки од осминафиналето на Светското првенство. Седум европски репрезентации, четири јужноамерикански, три северноамерикански и две африкански репрезентации ќе учествуваат во осминафиналето на Светското првенство. Дуелите од оваа фаза започнуваат веќе вечерва со натпревар помеѓу еден од домаќините на турнирот, Канада против Мароко. Сигурно, најгласниот дуел од ...
Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на последното деноноќие биле евидентирани осум случаи на семејно насилство, при што седум лица биле лишени од слобода, а со еден малолетник бил извршен службен разговор. Во Струга бил приведен 46-годишен маж, осомничен дека физички ја нападнал својата мајка, додека во Скопје бил лишен од слобода 47-годишник, кој, според пријавата, физички ја нападнал својата партнерка. Во Велес, ...
Европскиот систем за дигитална регистрација на влез и излез од ЕУ (ЕЕС) се соочува со технички проблеми, призна во петок претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен. „Работиме со земјите-членки за решавање на техничките тешкотии“, изјави таа на прес-конференција во Корк, Ирска. Проблемите станаа поизразени за време на летната туристичка сезона, а аеродромите и авиокомпаниите тврдат дека новиот систем, кој бара патниците од ...
Чистење на двор или спој на лабави жици меѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес- конференцијата во Штип вели се уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот. Тој додаде дека се истражува и пожарот и кај штипската Млекара, за каде има сомнеж дека пожарот е подметнат. Ангелов ...
Кучето Броди и неговиот сопственик Клиф Браш Џуниор беа главни ѕвезди на стадионот „Хард Рок“ за време на натпреварот помеѓу Аргентина и Капо Верде, а многумина не можеа да поверуваат дека кучето всушност е на трибините. Броди беше виден во една од кутиите за време на натпревар од Светското првенство како носи чепови за уши, а неговиот сопственик седеше до него. Дуото има 18 милиони следбеници на социјалните мрежи и е познато по тоа што носи ...
Додека Бастијан Швајнштајгер е редовен гостин пред камерите за време на Светското првенство каде што коментира за натпреварите за АРД, зад сцената води жестоки правни битки со Ана Ивановиќ поврзани со нивниот развод и исплатата на алиментација. Како што тврди „Билд“ , додека Бастијан и Ана со месеци се водат во жестока разводна битка, во моментов се во тек две судски постапки во врска со исплата на алиментација. Една од нив е во тек пред ...
Откако репрезентацијата на Босна и Херцеговина беше елиминирана од Светското првенство, капитенот Един Џеко по враќањето дома најде утеха во прегратката на своите ќерки Далија и Хана. Фотографиите што се појавија на социјалните мрежи ја покажуваат емотивната средба на Џеко со неговите ќерки по враќањето дома. Искрените прегратки, насмевките и видливите емоции покажаа дека, без оглед на спортските резултати, семејството останува најголемата ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на поставувањето камен-темелник за изградба на затворен базен во Основното училиште „Ацо Шопов“ во Општина Бутел. Според него, со доградбата на училиштето ќе се подобрат условите за учениците и ќе се зголеми квалитетот на животот на жителите од овој дел на Радишани. „Со овие проекти полека, но сигурно обезбедуваме подобри услови за живот на граѓаните во сите општини низ државата. Тоа значи ...
Светскиот центар за дијаманти во Антверпен му подари на американскиот амбасадор во Белгија прстен за Доналд Трамп, неколку месеци откако белгиската индустрија за дијаманти беше укината со американските царини за увоз на дијаманти. Златниот прстен од 18-каратно злато е украсен со 321 дијамант, 56 сафири, 13 смарагди и шест рубини. На него се прикажани мотиви во форма на Т, американски знамиња, броевите 1776, 2026, 45 и 47, орел со рубински ...
По службениот разговор во полициска станица, тројцата осомничени кои избодеа дете во Ченто се пуштени на слобода. Според досегашните информации, барање за мерки против нив од Обвинителството, нема. Кривичната пријава која засега е поднесена е за насилство, а не за убиство во обид. СВР Скопје-Единицата за насилен криминал до ОЈО-Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ј.(19), В.С.(23) и В.А.(19) сите од Скопје поради постоење основи на ...
На Универзитетска клиника за инфективни болести и фебрилни состојби се лабораториски потврдени два случаи на Западнонилска треска, информира директорот на клиниката Фадил Цана. Двајцата пациенти се хоспитализирани, под континуиран медицински надзор и се лекуваат согласно современите медицински препораки. -Нивната здравствена состојба внимателно се следи – информира Цана. Западнонилската треска е вирусно заболување кое се пренесува преку убод ...
Тејлор Свифт и Тревис Келс се венчаа во петокот вечерта во „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, а актерот Адам Сендлер беше изненадувачки свештеник на церемонијата полна со спортски и забавни ѕвезди. Длабоката тајност околу подготовките за свадбата исчезна кога на екранот пред арената откако свадбата беше завршена, беше напишано „JUST&T MARRIED“. Двојката немаше деверуши ниту кумови, но помладиот брат на Свифт, Остин Свифт, беше нејзин ...
Соединетите Американски Држави денес ја одбележуваат 250-годишнината од прогласувањето на независноста, а по тој повод, рускиот лидер Владимир Путин упати честитка до американскиот претседател Доналд Трамп. Претседателот на Русија особено го нагласи историското значење на потпишувањето на Декларацијата за независност на САД. „Потпишувањето на Декларацијата за независност на САД не само што го означи почетокот на постоењето на вашата земја, ...
Фотографии на кои се гледа празна шише виски „Џејмисон“ на маса во Клиниката за инфективни болести и директорот д-р Фадил Цана пред него, отворија прашања дали е дозволено во здравствена установа да се внесува и консумира алкохол за време на прослава на вработени. Станува збор за одбележување на успешна одбрана на докторска дисертација на вработена, а фотографиите, се објавени на социјалните мрежи. „Стануваше збор за кратко пригодно честитање ...
Според ѕвездите, најлошиот период (сабота, 4-ти јули) ќе биде за знакот Рак. Рак Саботата носи многу предизвикувачки аспекти за Раковите поради неповолната положба на Месечината, која ја интензивира нивната вродена чувствителност до точка на кршење. Тие можат да очекуваат напнати ситуации во сопствениот дом, каде што едноставна, лежерна забелешка од член на семејството лесно би можела да ескалира во сериозен и долготраен конфликт. На работа ...
Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, одржа говор во Националниот меморијален центар на планината Рашмор по повод 250-годишнината од Денот на независноста на САД, при што се осврна на бројни политички моменти и како да поврза навидум некомпатибилни работи. Во својот говор, Трамп рече дека нема ништо на светот како американската слобода. „Во сите анали на времето, ниедна нација не прославила толку величествен триумф ...
Премиерот Христијан Мицкоски со објава на социјалните мрежи соопшти дека изградбата на автопатот Охрид–Кичево се одвива со засилено темпо и, како што наведе, проектот влегува во својата завршна фаза. Според него, Владата постепено ги надминува најголемите предизвици што ги наследила при реализацијата на проектот, особено оние поврзани со свлечиштата и косините. „Денес гордо кажуваме дека решаваме еден по еден од наследените проблеми, а ...
Апелациониот суд во Скопјe ја отфрли жалбата на Стојанче Јовановски, кој беше осуден во прв степен за поттикнување на неговата сопруга Ивана да скокне од балкон додека ја прегрнува нивната ќерка и за долготрајно семејно насилство, потврдувајќи ја казната затвор од 12 години што му ја изрече Кривичниот суд. „Апелациониот суд во Скопје, во интерес на јавноста и медиумите, објавува дека, постапувајќи по кривичниот предмет КЗ-549/26, по јавна ...
Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. Пожарот е ...
Турски суд во петокот нареди притвор на комичарот Дениз Гокташ, додека се чека почетокот на неговото судење по обвинението за навреда на религиозните вредности и претседателот Реџеп Таип Ердоган. Гокташ беше приведен на главниот аеродром во Истанбул во четврток по враќањето од странство, неколку дена откако обвинителите започнаа истрага за неговиот стендап настап кој беше гледан милиони пати на интернет. Државната агенција Анадолија објави ...
Од СДСМ преку соопштение оценуваат дека најавената реконструкција на Владата, за која Собранието треба да гласа на 13 јули, претставува обид за дополнителна концентрација на моќта во рацете на премиерот Христијан Мицкоски, а не вистинска реформа. Според партијата, промените во министерските ресори се само кадровски, додека политиките остануваат непроменети. „Она што се претставува како ‘освежување’ е всушност чист театар. Се менуваат ...
ВМРО-ДПМНЕ денеска обвини дека СДС го блокира донесувањето на Изборниот законик поради, како што велат од партијата, страв од изборен пораз и од губење на поддршката од македонската дијаспора. На прес-конференција, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, оцени дека, според партијата, политиките на поранешната власт предводена од СДС довеле до иселување на голем број граѓани, а сега, како што рече, со повеќе од 10.000 амандмани се ...
Групата „Реално Кавадарци“ преку објава на социјалните мрежи упати апел до граѓаните да се вклучат во хуманата акција за собирање средства за малиот Божидар, на кого му претстои животоспасувачка операција. Во објавата се наведува дека операцијата е закажана за 4 август, но потребните средства мора да бидат обезбедени и уплатени најдоцна до 24 јули. Доколку сумата не се собере навреме, постои ризик интервенцијата да не може да се реализира. ...
Царинските управи на Македонија и Албанија ја продлабочуваат соработката со нов Протокол за царински контроли на заеднички гранични премини. Царинската управа објави дека подобрувањето на управувањето со границите на граничните премини со Албанија, преку поефикасни контроли и олеснување на трговијата, ќе овозможи забрзување на регионалната интеграција во ЕУ. „Затоа, фокусот на царинските администрации ќе биде на подобрување на царинските ...
Во Соединетите Американски Држави денес се слави Денот на независноста, односно празникот поврзан со потпишувањето на Декларацијата за независност од Обединетото Кралство во 1776 година. Иако Американците ќе го прослават 250-годишниот јубилеј на својата земја со скари, огномет и музички програми, вреди да се вратиме во 1776 година и да разбереме како биле формирани првите контури на денешна САД. Датумот кога се гласаше за независност беше ...