СДС и Левица, предводени од Венко Заев и Апасиев, настапуваат синхронизирано во обидот да го блокираат донесувањето на новиот Изборен законик. Со поднесување на десетици илјади амандмани тие го кочат законското решение кое со месеци беше усогласувано со учество на сите политички партии, истакна денеска Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Стравот од уште поголем пораз на Венко Заев и СДС, вели тој, ги притисна да се противат на ...

Капитенот на хрватската репрезентација, Лука Модриќ, тешко го поднесе елиминирањето од Португалија во осминафиналето на Светското првенство. Покрај огромното разочарување поради шокантниот крај на натпреварот, искусниот играч од средниот ред не го криеше своето негодување од одредени одлуки на судиите, кои директно ја обликуваа судбината на „Оган“. „Можеме да го гледаме натпреварот на два дела, во првото полувреме не бевме на нашето најдобро ...

Општина Центар започна градежни активности за уредување нова мини пјацета на улица „Коле Неделковски“ во Дебар Маало, како дел од проектот за создавање јавни простори за одмор, дружење и рекреација на жителите, информираат од таму. Градоначалникот Горан Герасимовски кажа дека во населбата се предвидени три слични мали плоштади, а веќе се гради на две локации. Покрај улица „Коле Неделковски“, се уредува мини пјацета на улица „8 Март“, а се ...

Според СДСМ, она што се претставува како платформа за „обединување на опозицијата“ во реалноста има сосема спротивна цел: систематско разбивање на опозицијата. „Ниту една сериозна критика кон власта. Ниту еден збор за корупцијата, за економскиот колапс, за празниот буџет или за авторитарното владеење. Целата енергија е насочена кон единствената опозиција – СДСМ која со сите сили се бори против огромната организирана криминална група што преку ...

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ откри дека и „донела несреќа“ на долгогодишната фризерка Светлана Бубања Бучка. Двете негуваат блиска врска од почетокот на 2000-тите, и покрај бројните шпекулации во јавноста, тие останаа неразделни. Во една емисија, Ражнатовиќка раскажа анегдота од свадбата на Бучка што ги насмеа сите присутни. Имено, невестата имаше многу необична желба кога станува збор за музичкиот репертоар – таа инсистираше гостите да ...

Кејт блескаше во впечатливо кралско син костум составен од преголема јакна со акцентирани ревери и широки панталони кои го следат еден од најголемите модни трендови во сезоната. Под јакната носеше едноставна бела маица, што на целиот стајлинг му даде модерна, но ненаметлива нота. Посебно внимание привлече нијансата на сина , која дополнително го истакна нејзиниот исончан тен и кафеава коса, собрана во елегантна висока опашка со нежни бранови. ...

Португалската фудбалска репрезентација се квалификуваше во осминафиналето на Светското првенство по одличен пресврт, победувајќи ја Хрватска со 2:1 на „БМО Филд“ во Торонто! Очекувавме спектакл – тоа и го добивме. Точно, само во второто полувреме, но вредеше малку да се почека за огнометот на „БМО Филд“. Веќе на почетокот од нокаут фазата, ждрепката им обезбеди на навивачите ширум светот големо дерби, Торонто беше сцена на драматична битка ...

Ако има еден хороскопски знак кој ќе има најмногу причини за насмевка во јули, тоа е Лавот. Влегувањето на Јупитер во овој знак носи бран среќа, нови можности и чувство дека многу работи конечно се редат во негова корист. Астролошки гледано, Лавот влезе во еден од најповолните периоди во последните 12 години, а многу од пречките што го забавуваа полека се оставаат зад себе. Успех на сите полиња Јули ќе им донесе успех на Лавовите во многу ...

Македонските олимпијци повторно се подготвени да ги одмерат своите знаења со најдобрите млади физичари од светот. Македонскиот тим синоќа замина за Букараманга, Колумбија, каде од 4 до 12 јули ќе учествува на 56. Меѓународна олимпијада по физика. Македонија ќе ја претставуваат: – Искра Нечаковска, IV година, СОУ „Јосип Броз-Тито“ – Битола – Андрија Младеновиќ, III година, ДСУ „Математичко-информатичка гимназија“ – Скопје – Панче Крстев, III ...

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд, грмежи, засилен ветер и појава на краткотрајно невреме со град, информира УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19, а максималната ќе достигне од 22 до 34 степени. Во Скопје, променливо облачно и нестабилно со повремени врнежи од дожд, грмежи и ...

Дел од корисниците на општините Илинден и Ѓорче Петров денеска ќе останат без струја „Од ЕВН Македонија АД добивме известување дека за ден 03.07.2026 година ( петок ) без електрична енергија ќе останат: во периодот од 08.30 до 15.30 часот, корисниците од селата Текија, Дељадровци и Миладиновци (Општина Илинден). Во периодот од 09.30 до 14.30 часот, дел корисниците од ул. Ѓуро Салај, како и корисниците од улиците Алекса Демниевски, улица 19, ...

По период што многу астролози го опишуваат како време на преиспитување, Јупитер влегува во знакот на Лав на 30 јуни. Во астрологијата, Јупитер се смета за планета на експанзија, оптимизам, среќа и нови можности, додека Лав симболизира самодоверба, креативност, храброст и желба за истакнување. Затоа многу астролози го нарекуваат овој транзит почеток на „голема ера на самодоверба“. Според астролошките толкувања, во текот на наредните месеци, ...

Гугл ја загуби својата правна битка во четврток против рекордната казна што ја изрекоа антимонополските регулатори на Европската унија пред осум години. Одлуката на судот е значаен удар врз европските напори за ограничување на моќта на големите технолошки гиганти. Европскиот суд на правдата, највисокиот суд на ЕУ со седиште во Луксембург, застана на страната на антимонополските регулатори и ја отфрли жалбата на технолошкиот гигант против ...

Инстаграм наскоро воведува нови опции што ќе им овозможат на корисниците значително поголема контрола врз содржината што им се прикажува. Првиот човек на оваа социјална мрежа, Адам Мосери, претстави подобрени начини за пристап до функцијата „Вашиот алгоритам“ . Оваа опција им дава можност на корисниците прецизно да одредат кои теми сакаат да ги гледаат почесто, а кои поретко. Иако функцијата првично беше лансирана минатата година, Инстаграм ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека нема амбиција да се кандидира за претседател на државата и порача дека неговата цел е како лидер на ВМРО-ДПМНЕ да ја предводи партијата до нова убедлива победа на следните парламентарни избори. Во интервју за „Тема на денот“ на Сител, Мицкоски рече дека по завршувањето на политичката кариера планира да се врати на факултетот, но нагласи дека во моментов има уште многу работа како претседател на ...

Рускиот претседател Владимир Путин ја прошири централната администрација на Федералната служба за безбедност (FSO) по четврти пат од почетокот на инвазијата на Украина во 2022 година. Новиот декрет го зголемува бројот на вработени во агенцијата од 785 на 812. Овој потег следи по низа безбедносни мерки засилени за време на војната, а доаѓа по медиумските извештаи дека Путин се плаши од можен атентат или државен удар, што доведе до зголемени ...

Додека поголемиот дел од Европа претрпе екстремна топлина кон крајот на јуни со температури над 40 степени, првиот ден од јули донесе сосема поинаква слика во највисоките региони на Алпите, падна снег. Продирањето на студениот фронт и воздухот ја спушти снежната линија на околу 2.800 до 3.000 метри надморска височина, па бројни алпски врвови и глечери во Швајцарија повторно се појавија под бела покривка. Неколку сантиметри нов снег, локално ...

Почетокот на летото донесе значајни астролошки промени кои, според астролозите, ќе го одбележат претстојниот период. Додека ретроградниот Меркур во Рак ќе го комплицира животот за некои, двата хороскопски знака можат да очекуваат исклучително поволни околности и пресврт на подобро. Влегувањето на Јупитер во Лав дополнително го интензивира интензитетот на емоциите и охрабрува важни одлуки, отворајќи ја вратата кон нови можности. Лав Лавовите ...

Многу луѓе сакаат да заспијат со музика, подкасти или смирувачки звуци како звукот на брановите, но користењето слушалки ноќе, иако е практично, носи одредени ризици. Иако често се користат за да се избегне вознемирување на членовите на семејството, експертите предупредуваат дека спиењето со слушалки не е секогаш идеално решение и советуваат мерки на претпазливост, пишува Експрес. Мерки на претпазливост и стручни совети Доколку одлучите да ...

Натпреварот од осминафиналето на Светското првенство меѓу Португалија и Хрватска, кој ќе се игра во 1 часот по полноќ по наше време, му се заканува прекин поради невреме. Канадската национална метеоролошка служба (Environment Canada) издаде портокалово предупредување за областа Торонто, градот каде што натпреварот се игра на BMO Field. Според официјалните податоци од канадските метеоролози, температурата на воздухот во Торонто ќе се движи од ...

Ноќта помеѓу петок и сабота, аргентинската фудбалска репрезентација ќе игра натпревар од осминафиналето на Светското првенство против островите Зелен ’Рт во Мајами. Поради ова, „гаучосите“ мораа да патуваат до Флорида од нивната база во Канзас Сити (Мисури), а најдобриот фудбалер на светот, Лионел Меси, ги почувствува ригорозните безбедносни мерки во САД. Американските домаќини повторно покажаа прекумерна строгост. Обезбедувањето на ...

Албанската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера антивладините демонстранти пред парламентот, кои во четвртокот фрлаа јајца и брашно врз полицајците и некои пратеници. Во судирите се повредени тројца полицајци и еден демонстрант, објавија албанските медиуми. Во Тирана повеќе од еден месец се одржуваат секојдневни протести поради наводна корупција поврзана со разни развојни проекти по должината на брегот и во близина на ...

Родителите на децата кои вршат насилство меѓу врсници ќе плаќаат казни, вели министерката за образование Весна Јаневска. „Во собраниска процедура се законските измени со кои се предвидуваат казни за родителите и старателите на деца за кои ќе се утврди дека извршиле врсничко насилство во училиште“, најави Јаневска. Таа рече дека на многу семејства им недостасува образовната компонента и додаде дека без поголемо родителско ангажирање, нема да ...

Скопје сè уште има најголем број раѓања во Северна Македонија, со 41,6% од сите бебиња родени во земјата. Спротивното се случува во Источна Македонија, каде што, според податоците од Заводот за статистика, има пониска стапка на наталитет, само 6,1%. Социологот Лулзим Муртезани ја гледа причината за ова во намерата на многу граѓани да живеат во Скопско, бидејќи има повеќе можности за развој, а со тоа ги остава другите градови со ниски стапки ...

Украинската влада го одобри првиот транспарентен механизам за извоз на оружје, потег што треба да им помогне на домашните одбранбени компании да останат во бизнисот и да ја развијат индустријата на долг рок, објави министерот за одбрана Михајло Федоров на 1 јули. Ова е прв пат од почетокот на тоталната руска инвазија Украина да дозволи извоз на оружје, објави „Киев Индепендент“. „За првпат е воспоставена јасна постапка што дефинира ...

Небото над делови од Венецуела стана светло црвено, само неколку дена откако земјата беше погодена од разорни и смртоносни земјотреси. Снимките и фотографиите снимени на 30 јуни во Каракас покажуваат драматична сцена – хоризонт осветлен од интензивна светлина, што предизвика тревога кај жителите и корисниците на социјалните медиуми. Многумина се прашуваа дали необичната боја на небото е поврзана со земјотреси. Некои отидоа дотаму што ја ...

Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа се очекуваат поинтензивни процеси со пообилен пороен дожд над 15 литри на квадратен метар, ветер со брзина над 60 километри на час и услови за краткотрајно невреме проследено со град. Минималната температура ќе се движи од 13 до 19 степени, а максималната од 22 до 34 степени, јавува УХМР. Во Скопје ќе биде ...

Започнува реализацијата на улиците „Бутелска“ и „Радишанска“. Град Скопје соопшти дека проектот опфаќа реконструкција на повеќе од 2,2 километри улици, изградба на нов асфалтен коловоз, како и обнова на речиси 4 километри тротоари, со што значително ќе се подобрат условите за безбедно и непречено движење на пешаците, возачите и сите учесници во сообраќајот. „Особено значаен сегмент од инвестицијата е изградбата на нова атмосферска ...

Крајот на јуни и почетокот на јули 2026 година носат силна енергетска транзиција која, според астролошките толкувања, би можела да го означи почетокот на една од поважните летни фази за неколку знаци. Додека сите ја чувствуваат промената на темпото, три хороскопски знаци особено ќе се најдат во центарот на вниманието на настаните, одлуките и новите можности. Ова е период во кој старите приказни се затвораат, а се отвораат нови насоки, и ...

Еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, Леброн Џејмс, стана слободен агент откако одлучи да не потпише нов договор со Лос Анџелес Лејкерс, а американските медиуми објавуваат дека тој би можел да стане нов играч на Денвер Нагетс. Нагетсите, кои ја освоија титулата во НБА во 2023 година, имаат разочарувачки резултати во плејофот неколку години и не се пласираа подалеку од втората рунда откако го освоија трофејот. Според медиумите во ...

weather icon

Скопје

35ᴼ / 35ᴼ
3.99
21%
1012
weather icon

Белград

35ᴼ / 34ᴼ
0.45
36%
1013
weather icon

Загреб

37ᴼ / 37ᴼ
1.59
28%
1013
weather icon

Софија

31ᴼ / 31ᴼ
2.83
33%
1013
weather icon

Сараево

35ᴼ / 35ᴼ
3.82
26%
1014
weather icon

Љубљана

36ᴼ / 35ᴼ
1.65
24%
1014
weather icon

Атина

34ᴼ / 31ᴼ
6.26
42%
1012
weather icon

Тирана

34ᴼ / 34ᴼ
6.39
32%
1013
weather icon

Подгорица

35ᴼ / 35ᴼ
5.14
27%
1011
weather icon

Букурешт

32ᴼ / 31ᴼ
0.89
37%
1016
weather icon

Будимпешта

36ᴼ / 35ᴼ
2.24
26%
1014
weather icon

Истанбул

28ᴼ / 28ᴼ
6.74
79%
1014
Currency

61.53

Currency

53.1732

Currency

71.6614

Currency

37.6202

Currency

38.1583

Currency

65.847

Currency

7.88721

Currency

0.65205

Currency

0.33706

Currency

0.52484

Currency

1.11538

Currency

0.55897

Злато

139395.99

Калај

56.26

Цинк

0.00

Бакар

13.27

Паладиум

43274.90

Иридиум

252383.36

Платина

56231.66

Рутениум

53852.50

Кобалт

56.29

Родиум

278103.96

Алуминиум

3.28

Сребро

2050.96