Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Полскиот премиер Доналд Туск упати апел до политичарите да не ја користат трагедијата за политички цели по нападот во Краков, во кој загинаа шест лица, а уште 12 беа повредени. „Најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на жртвите. Им оддавам признание на храбрите полицајци кои ги ризикуваа своите животи. Искрено ги повикувам политичарите од сите страни – не си играјте со оваа трагедија. Ќе ги разјасниме сите околности на ова ...
Дваесет учесници годинава се претставија на традиционалната „Валандовска ракијада“, која по 26. пат се одржува на Градскиот базен во Валандово. Со домашно валандовско грозје, кое одлежува околу 21 ден според традиционалната постапка за ферментација, учесниците го започнаа процесот на подготовка на познатата домашна ракија. Првото место за најдобра ракија годинава им припадна на Лазар Димов и Трајче Зајков. Второто место го освоија Дени ...
Министерството за здравство спроведува две клучни мерки од Реформската агенда 2024–2027 година, кои се однесуваат на политиката за дроги и усогласувањето на домашното законодавство со прописите на Европската Унија, информира министерот за здравство Сашо Клековски. Тој соопшти дека денеска учествувал на координативен состанок за Реформската агенда, на кој биле разгледани активностите на Министерството во оваа област. „Формирана е работна ...
На 61-годишниот маж осомничен за физичкиот напад врз македонскиот бизнисмен Зоран Азманов му се определени три мерки на претпазливост, потврдуваат од Кривичниот суд. Прифатен е предлогот за одземање на патната исправа, редовно јавување кај надлежен орган и забрана за приближување. Мерките следуваат по инцидентот што се случи на 6 ноември во Основниот граѓански суд во Скопје, каде што Азманов, директор и претседател на Надзорниот одбор на ...
Ниту по последната средба на заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања меѓу Македонија и Бугарија не е постигнат напредок. Состанокот, одржан на 5 и 6 ноември во Скопје, завршил без конкретни резултати, објави бугарската новинска агенција БТА. Според објавените информации, претставниците на двете земји повторно не постигнале договор за начинот на кој Охридската архиепископија треба да биде ...
Франција влегува во четврти последователен викенд на протести, откако синдикатите, младинските организации и движењето „Жолти елеци“ повторно повикаа на масовни собири низ целата земја. Незадоволството поради растот на цените, ниските плати и недоволните социјални надоместоци продолжува да мобилизира стотици илјади граѓани. Во текот на неделата беа организирани блокади и протестни акции, а во четвртокот беше одржан и генерален штрајк. Според ...
Во 2025 година, 16,3 отсто од лицата во Европската Унија постари од 18 години биле со прекумерна тежина, односно имале индекс на телесна маса (БМИ) од 30 или повеќе. Дополнителни 35,4 отсто имале индекс на телесна маса меѓу 25 и 30. Генерално, повеќе од половина од населението во ЕУ било со прекумерна тежина, покажуваат податоците на Евростат. Мажите во ЕУ имаат повеќе проблеми со обезноста од жените. Стапката на обезност кај мажите ...
Светската здравствена организација (СЗО) денес предупреди дека до 2030 година светот ќе се соочи со недостиг на медицински кадар, бидејќи се очекува околу една четвртина од лекарите да заминат во пензија во текот на следните 10 години. „Во многу земји, и населението и здравствените работници истовремено стареат. Ова може дополнително да го влоши предвидениот глобален недостиг од 11,1 милион здравствени работници до 2030 година“, се наведува ...
По повод Европскиот ден на донирањето органи, ткива и клетки 2026, вечер, како и синоќа, повеќе објекти во МАкедонија ќе бидат осветлени во зелена боја, како симбол на надеж, солидарност и нов живот. Како што соопштија од Министерството за здравство, за таа цел речиси сите општини во повеќе градови низ Македонија и институции се приклучија кон иницијативата. Министерството им се заблагодари за оваа симболична порака со која се дава поддршка ...
Преминот кон зимско сметање на времето повторно го менува нашиот дневен ритам, а на телото може да му бидат потребни неколку дена за да се приспособи на новиот распоред. Иако добиваме еден час повеќе за спиење, промената може привремено да влијае врз енергијата, концентрацијата и расположението. Ноќеска, во три часот по полноќ, часовниците беа поместени еден час назад, на два часот, со што започна зимското сметање на времето. Новиот режим ...
Честото консумирање ултрапреработена храна, како инстант тестенини, газирани и засладени пијалаци, засладени житарки за појадок и готови оброци, може да биде поврзано со поголем ризик од оштетување на мозокот и проблеми со меморијата уште во средната возраст, објави „Сиетл тајмс“. Во студија спроведена во Канада, во која биле анализирани околу 9.000 лица на возраст од 35 до 69 години, истражувачите од Универзитетот „Мекмастер“ и Институтот ...
„Државата настанува заради животот, но постои заради добриот живот.“ Аристотел, „Политика“ Автор: Фатмир Битиќи, пратеник Мудроста содржана во оваа мисла нè потсетува дека државата не е цел сама за себе. Нејзината најдлабока смисла не се исцрпува во државните симболи и институционалната фасада, туку во човекот, во неговото достоинство, сигурност, слобода и можност да живее живот што не е сведен на преживување, чекање и разочарување. Триесет ...
Ацо Велковски 🚨 АЛТА БАНКА, АНТИМОНОТ И ПОЛИТИЧКИОТ ТЕАТАР! Додека граѓаните едвај врзуваат крај со крај, младите ни бегаат од државата, пензионерите и болните се принудени да се лекуваат приватно и да купуваат лекови од сопствен џеб, грижата и негата за немоќните се укинуваат, земјоделците се оставени сами на себе без вистинска поддршка и грижа од државата, студентите се приморани да одат на партиски митинзи за оброг-сендвич од 250 денари, ...
Во необичен и досега невиден симболичен протест, околу 30 софистицирани роботи маршираа пред зградата на Министерството за дигитални работи во Полска, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција (AI) и заштита на човечките работни места. Протестот го организираше организацијата „Демократизам „Democratism“ и нејзиниот „човечки лидер“ Гжегож Кулис. Наместо револтирани граѓани, пред државната институција се појавија напредни ...
Во необичен и досега невиден симболичен протест, околу 30 софистицирани роботи маршираа пред зградата на Министерството за дигитални работи во Полска, барајќи построга регулација на вештачката интелигенција (AI) и заштита на човечките работни места. Протестот го организираше организацијата „Демократизам „Democratism“ и нејзиниот „човечки лидер“ Гжегож Кулис. Наместо револтирани граѓани, пред државната институција се појавија напредни ...
Лидерите на најголемите платформи за вештачка интелигенција во светот рекоа дека е време да се забави темпото на развој на нивните најнапредни – и најпрофитабилни – модели, наведувајќи ги ескалирачките ризици од технологијата, извести Лос Анџелес Тајмс. Главниот извршен директор на „Антропик“, Дарио Амодеи, објави долг блог пост во саботата велејќи дека неговата компанија ќе имплементира нови безбедносни чекори како што се евалуатори од ...
Користењето на ChatGPT и другите чет-ботови со вештачка интелигенција стана дел од секојдневието на милиони луѓе. Но, експертите за приватност предупредуваат дека корисниците често ја потценуваат количината и чувствителноста на информациите што можат да ги споделат при разговор со вештачка интелигенција. Според експертите цитирани од „Хафпост“, постојат пет категории информации со кои корисниците треба да бидат особено внимателни. Податоци ...
Говорејќи на отворањето на 63. сесија на Советот за човекови права на ОН во Женева, високиот комесар на Обединетите нации за човекови права, Волкер Турк оцени дека брзиот развој на ВИ отвора сериозни прашања за човековите права, приватноста и контролата врз технологијата. Само неколку луѓе денес имаат речиси неограничена моќ над развојот на вештачката интелигенција, предупреди Турк. „Неколкумина мажи имаат речиси неограничена моќ над ВИ“, ...
Огромните инвестиции на технолошките гиганти во изградбата на центри за податоци за вештачка интелигенција имаат позитивен ефект врз широк спектар компании и нивните акции, што му помогна на индексот S&P 500 да се зголеми повеќе од двојно од почетокот на растечкиот пазар во октомври 2022 година. На Волстрит внимателно се следат какви било знаци дека ваквото трошење, кое во 2026 година се очекува да достигне речиси 800 милијарди долари, ...
Научници успеаја да го претворат во звук драматичниот настан во кој пред околу 41.000 години дошло до големи промени во магнетното поле на Земјата. Користејќи податоци од сателитската мисија „Swarm“ на Европската вселенска агенција (ЕСА), во комбинација со геолошки записи од древни карпи и седименти, истражувачите реконструирале како изгледал таканаречениот Лашампски настан, односно привремениот пресврт на магнетното поле. За звукот да биде ...
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи. „Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи“, напиша Мицкоски на Фејсбук. Тој посочи дека посветеноста на реформскиот ...
СДСМ обвини дека премиерот Христијан Мицкоски лично одлучувал за влезот на „Алта банка“ во Македонија, повикувајќи се на изјави на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, и на самиот премиер. Опозициската партија бара обвинителството да отвори истрага за Мицкоски, Славески и министерката Гордана Кочоска, како и да се вклучи Европското обвинителство за проверка на текот на парите поврзани со банката. Во партиското соопштение од ...
Движењето ЗНАМ ги отфрла личните дисквалификации и политичките конструкции на Алијансата за Албанците и СДСМ упатени кон претседателот на партијата, Максим Димитриевски. Од ЗНАМ оценуваат дека кога нема аргументи за суштината на прашањата, остануваат навредите и обидите за политичка дискредитација. „Квалификацијата ‘патриот на батерии’ најдобро зборува за политичката култура на оние што ја употребуваат, но не и за Максим Димитриевски“, се ...
ВМРО-ДПМНЕ ја обвини СДСМ за ширење лаги и дезинформации во врска со случајот со „Алта банка“, оценувајќи дека опозициската партија се обидува да предизвика паника и да ја наруши довербата во банкарскиот систем. Реагирајќи на прес-конференцијата на Богданка Кузеска, од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека одлуките поврзани со банкарскиот систем ги носат Народната банка и гувернерот, а не премиерот и Владата. Оттаму тврдат дека гувернерот Трајко ...
Дури и откако ќе вечераат и ќе се чувствуваат сити, многу луѓе добиваат желба да го отворат фрижидерот или кујнскиот шкаф и да побараат нешто благо. Оваа навика е доста распространета и, според експертите, не е секогаш поврзана со гладот, туку и со начинот на кој функционира човечкиот организам, пишува Би-Би-Си. Истражувањата покажуваат дека околу една третина од луѓето секоја вечер консумираат грицки или мали оброци по вечерата. Кај ...
Српскиот претседател во заминување, Александар Вучиќ, ја засили активноста на социјалните мрежи, каде што речиси секој час објавува фотографии и видеа. Само вечерва сподели неколку снимки од белградска кафана, каде што пие и се весели со поддржувачи на неговата партија Српска напредна партија. На едно од видеата се гледа како присутните наздравуваат и се забавуваат, а меѓу нив е и Вучиќ. Претходно, тој објави видео и со сопственикот на ...
Во изминатото деноноќие, полициските службеници на територијата на Македонија лишиле од слобода 17 лица, а со уште едно лице бил извршен службен разговор поради сомнение за сторено кривично дело „безобѕирно управување со моторно возило“. Според информациите од МВР, десет лица управувале возила без положен возачки испит. Меѓу нив бил и 14-годишен малолетник од Виница, кој изгубил контрола над мопедот и паднал. Службен разговор бил извршен и ...
Марк Цукерберг, основач и извршен директор на американскиот гигант за социјални медиуми „Мета“, ги отфрли повиците компаниите за вештачка интелигенција колективно да го забават развојот на сè помоќни системи, објави NBC News. „Не мислам дека ни е потребна некаква координација на ниво на целата индустрија. Мислам дека секоја лабораторија треба да одвои доволно време и, кога ќе забележи проблеми, едноставно да одвои онолку време колку што е ...
ОпенАИ, компанијата која го развива Чат ГПТ, ја суспендираше работата со своите најнапредни модели на вештачка интелигенција, откако еден од системите ги заобиколил ограничувањата за пристап до интернет за време на тестирањето и контактирал со надворешен четбот. Моделот не требало да има пристап до интернет, но пронашол и искористил слабост во мрежните контроли на околината за тестирање, предизвикана од неефикасно филтрирање на DNS, соопшти ...
Четворица астронаути денеска се вратија на Земјата по осум месеци поминати на Меѓународната вселенска станица (МВС). Меѓу нив е и француската астронаутка Софи Адено, која со 235 дена поминати на Меѓународната вселенска станица постави рекорд по должина на непрекинат престој во орбитата меѓу европските астронаути. Адено, заедно со уште тројца членови на екипажот, еден руски и двајца американски космонаути, слета во капсула која околу 17:30 ...