Скопје
21ᴼ /
21ᴼ
Во романтичните врски, често зборуваме за големи изјави, романтични изненадувања и посебни моменти, но експертите за врски нагласуваат дека стабилната и среќна врска најчесто се гради преку мали, секојдневни постапки. СМС порака во текот на денот, искрено прашање „како си?“, момент заедно без телефон или нешто мало што покажува дека размислуваме за нашиот партнер може да има многу повеќе значење од скапите подароци и спектакуларните ...
Претседателот на Унијата на независни социјалдемократи (СНСД), Милорад Додик, изјави дека Европската Унија е подготвена војната во Украина да трае „до последниот Украинец“ и дека, затоа, конфликтот нема да заврши наскоро. Во соопштението, Додик потврди дека ЕУ се обидува да ги постигне своите цели и интереси „со животите и крвта на другите“. „Војната се води само на територијата на Украина, но во суштина тоа е борба на Европската Унија да ја ...
Џенифер Лопез објави фотографија во пресрет на нејзиниот 57-ми роденден на која позира во када. На сликата, направена за време на заедничкото патување за роденден со нејзината сестра Линда Лопез, пејачката се смее од мермерната када, додека нејзината сестра ѝ возвраќа со насмевка додека седи на подот. Фотографијата е дел од објава од нивниот одмор. „Заедничкото патување за роденден со сестра ми е секогаш добра идеја!!“ напиша Лопез. ...
Нема да има селективност, ќе се санкционира секој доколку се утврди одговорност за случајот со водата во Гостивар, изјави портпаролката на Владата, Марија Митева. Таа кажа дека Владата од првиот момент кога биле добиени информациите за состојбата со водоснабдувањето во Гостивар реагирала брзо, координирано и институционално. „Веднаш беа активирани сите надлежни институции, воспоставена е постојана координација помеѓу Министерството за ...
Министерот за правда, Јетон Шасивари, и заменик на министерот за правда, Ален Деребан остварија работна средба со претседателката на Основниот кривичен суд Скопје, Даниела Димовска, како и со судиите-поротници, на која се разговараше за нивните барања и предизвиците со кои се соочуваат во вршењето на својата функција, со посебен акцент на висината на надоместоците. На средбата беше истакнато дека судиите-поротници имаат значајна улога во ...
Мојата последна порака е дека оваа ситуација треба да нè обедини сите гостиварци и не смее да се злоупотребува, туку сите заедно да ја надминеме што е можно полесно и побрзо, изјави градоначалникот на Општина Гостивар, Валбон Лимани. Тој денеска на прес-конференција изјави дека по прогласувањето на епидемијата во Гостивар веќе е активиран Кризниот штаб. „На мој предлог го активиравме Кризниот штаб по прогласувањето на епидемијата, кој ќе ...
Од вчерашниот ден се забележува почетно намалување на бројот на новопрегледани пациенти со симптоми на гастроентероколит, односно пациенти кои првпат побарале лекарска помош, информира Министерството за здравство за епидемиолошката состојба на подрачјето на Гостивар. Кумулативно, во Општа болница Гостивар досега се евидентирани 1.554 пациенти, а во Здравствен дом Гостивар 1.392 пациенти. Четирите лица, кои беа хоспитализирани веќе се пуштени ...
Гостиварската полиција ги уапси директорката на Јавното претпријатие „Комуналец“ во Гостивар, Артана Асани, техничкиот директор Леон Нуредини и раководителот на секторот водовод Валедин Дервиши откога во градот 3.100 лица побараа медицинска помош поради стомачни тегоби, дијареа и температура. Тројцата се приведени во рамки на предистражната постапка што е поведена поради сомневања за загадување на водата за пиење во градскиот водовод. ...
Министерот за правда Јетон Шасивари денеска се сретна со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на Соединетите Американски Држави, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството. На средбата се разговараше за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во правосудството, ...
Бројката на лица кои побарале помош од здравствените работници поради стомачни проблеми, дијареа, а некои и треска, денес се искачи на 3.100. Министерот за здравство Сашо Клековски рече дека бројката од над 1.200 заболени лица која беше пријавена викендов била нецелосна. „Она што можеме да го кажеме е дека во моментот до сега има 3.100 здравствени контакти. Здравствени контакти значи контакти во Здравствениот дом Гостивар и во Општата ...
„Целосна реконструкција следи насекаде во касарните, но еве овде може да видиме на лице место дека има поголема динамика“ рече министерот за одбрана Владо Мисајловски при денешниот увид во градежните активности кои се изведуваат во Командата за обука и доктрини во касарната „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес. Тој посочи дека се вложуваат околу 11 милиони денари за темелна внатрешна реконструкција на оваа зграда што опфаќа промена на врати, ...
Очекувањето на премиерот Христијан Мицоски морална одгворност да понесе целата локална самоуправа во Гостивар откога 3.100 лица се пожалија на стомачни проблеми, СДСМ го протолкува како уште еден обид за бегство од одговорност. „Морална, а не кривична одговорност бара човекот кој знае дека прв би требало да одговара токму тој. Не може да се крие дека министерот за здравство и Министерството за здравство имаат директна одговорност за труењето ...
Собраниската комисија за еднакви можности на жените и мажите го одржа второто продолжение на надзорната расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт.“ Искази дадоа сведоците: Верица Делева, ...
Општина Илинден и оваа година со свечена програма ќе го одбележи Денот на Општината – „Илинден 2-ри Август“. Свеченоста ќе се одржи на 24 јули 2026 година (петок), со почеток во 20:00 часот, на новиот парк – плоштад во н.м Марино. Публиката ќе има можност да проследи богата музичка програма со настапи на реномираните македонски изведувачи Јордан Митев и Антониа Гиговска, кои ќе приредат вечер исполнета со добра музика и одлична атмосфера за ...
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, изјави дека обидот на Европската Унија да преговара со Русија „од позиција на сила“ е ќорсокак и „најголема грешка“. Москва вели дека ваквите обиди засновани на притисок се фундаментално погрешни, но во исто време тврди дека остануваат отворени за дијалог со Европа. Песков се осврна на украинските напади и перспективите за обновување на односите со ЕУ на редовниот брифинг во Москва во петокот, објави Киев ...
Општина Центар работи на воспоставување нов Центар за дневен престој за лица со попреченост со индивидуален третман, во соработка со Здружението за дислексија „Ајнштајн“, со поддршка на Министерството за социјална политика, демографија и млади и Светска банка. Услугата ќе обезбеди стручна и индивидуализирана поддршка за децата со попреченост на територијата на општината, каде само во осум основни училишта се евидентирани 107 ученици со ...
Филипче нема легитимитет и кредибилитет да говори за здравствениот систем, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ. „Кога Филипче зборува за здравство, граѓаните се сеќаваат на модуларната болница во Тетово и на 14-те живо изгорени граѓани, кои наместо да им се продолжи животот, на истите прерано им заврши поради немање на минимум технички спецификации, кои Филипче не ги испорачал. Кога Филипче зборува за здравство, на граѓаните им ...
По седум години, културата и туризмот повторно се во фокусот на Владата, со јасна цел повторно да бидат препознатливо обележје и двигател на развојот на Македонија. Особено значајно во оваа насока е зголемувањето на средствата за Годишната програма во културата, па така од доделени 768 милиони денари во 2023 година се зголеми на 1 милијарда и 71 милион денари во 2026 година, што претставува раст од речиси 40 проценти, истакна на ...
Според Валентин Манасиевски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, неподнесувањето на новиот Изборен законик уште еднаш ја потврдува вистинската политика на СДС, Левица и ДУИ, а таа е, како што рече на прес-конфренција, колку полошо за Македонија, толку подобро за нив. „Кога државата има можност да исполни уште една реформска обврска, тие избираат блокада. Ние повторно ќе бидеме предводници во регионот. Од 10 реформи ние сме 9. Не дојдовме до таа ...
Денеска претпладне ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд и грмежи. Наместа ќе има услови за краткотрајно невреме со појава на град и силен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 34 до 39 степени. Времето и метеоролошките параметри за Скопје: Сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има појава на нестабилност ...
За епидемијата во Гостивар со над 1200 заболени граѓани освен кривична, премиерот Христијан Мицкоски смета дека треба да има и морална одговорност која би тргнала од градоначалникот па надолу. Владата и Институтот за јавно здравје, според премиерот, презеле сè што требало да се преземе. „Ние како институции во рок од два дена сè завршивме. Утрово бев брифиран од Институтот за јавно здравје дека тоа коешто е нивна ингеренција е завршено и ...
Секој ден е нов ценовен шок за граѓаните. Горивата повторно поскапуваат, што значи и ново поскапување на цените на храната, превозот и на останатите производи, истакна на прес-конференција Кети Штерјова од СДСМ. Ова, вели таа, е нов удар врз семејните буџети откако цените веќе се до плафон. „Со недели Мицкоски не носи мерки за заштита на стандардот на граѓаните. Сега најавува само намалување на акцизата. Повторно половична и задоцнета мерка, ...
Поранешниот градоначалник на Општина Лозово, Ацо Велковски, преку објава на својот Фејсбук-профил ја критикуваше реакцијата на надлежните институции по информациите дека повеќе од 1.200 граѓани во Гостивар побарале болничка помош поради загадена вода за пиење. Велковски обвини дека, додека граѓаните стравуваат за сопственото здравје и за здравјето на своите деца, претставници на власта присуствуваат и се забавуваат на „Пиво фест“, наместо да ...
Состојбата со труењето на граѓаните во Гостивар е алармантна. Над 2.000 граѓани веќе побарале лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите задоцнија со реакцијата, истакна денеска на прес-конференција Наташа Поповиќ, членка на извршниот одбор на СДСМ. Таа додаде дека епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувнала преку ноќ. „Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, кои ...
Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ за епидемијата во овој град. „СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли. Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши ...
Продолжувањето на европската политика на конфронтација со Русија и сè посилната воена поддршка за Украина би можело да започне спирала на ескалација, чиј краен исход би бил непосреден конфликт меѓу нуклеарните сили, предупреди американскиот политиколог и професор на Универзитетот во Чикаго, Џон Миршајмер. Миршајмер, гостин на „YouTube“ каналот на професорот Глен Дизен, процени дека поразот на украинските сили на фронтот би можел да ги стави ...
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно го привлече вниманието кон себе на прославата на титулата светски шампион. Откако на шпанскиот претставник Родриго (Родриго Ернандез Касканте) му беше врачен трофејот, се очекуваше Трамп, заедно со првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, да се повлече од сцената и да им го препушти подиумот на новите светски шампиони. Иако и Родри и Инфантино се обидоа да го „отстранат“ Трамп, тој сепак одлучи да ...
СДС, Левица и ДУИ не сакаат Македонија да напредува со реформите и да бележи успеси, затоа ја користат секоја можност за да блокираат. Тоа се виде по нивниот однос кон измените на Изборниот законик, кога прво учествуваа во изготвувањето, нивните забелешки беа прифатени и инкорпорирани во законското решение, за на крај неговото носење да го блокираат, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Токму блокирањето и неносењето на Изборниот законик, според оваа ...
Коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари за време на изборната кампања за последните локални избори, барајќи ја довербата, на граѓаните во Гостивар им ветуваа подобар живот и подобри услови. Гостиварчани им ја дадоа довербата, коалицијата СДС-ДУИ-Таравари ја предводи локалната власт, но тоа што им го донесоа е страв и неизвесност по нивно здравје и живот, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. Според нив, подобриот живот и услови за гостиварци станаа ...
Претседателот на САД, Доналд Трамп, повторно остро ја нападна Канада поради густиот чад од шумските пожари што со недели го задушуваат североисточниот дел на САД. Откако се закани со воведување нови тарифи пред два дена на својата платформа „Truth Social“, Трамп отиде чекор понатаму во синоќешното интервју за мрежата „NewsNation“ и рече дека Канада треба да плати отштета за економските загуби што ги претрпеа американските федерални држави. ...