Скопје
20ᴼ /
20ᴼ
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска 20.07.2026 година ( понеделник ) планирано е исклучување на електрична енергија поради технички интервенции: · Во периодот од 09.00 до 10.00 часот, корисниците на Природнонаучен Музеј и Тобако на Зоолошка градина(општина Карпош). Текстот Без струја делови од Карпош е превземен од МАКФАКС. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека за денеска 20.07.2026 година ( понеделник ) планирано е ...
Во само еден ден, Град Скопје двапати отворено ја прекрши законската обврска за употреба на албанскиот јазик. Скопје е двојазичен град и неговите институции имаат јасна законска обврска албанскиот јазик да го користат во официјалната комуникација, велат од ДУИ. „Пред очите на јавноста, и покрај реакциите на граѓаните, Град Скопје продолжи да го игнорира законот, албанскиот јазик и албанската заедница, покажувајќи целосно непочитување кон ...
Епидемијата на гастроентеритис во Гостивар не избувна преку ноќ. Таа се развиваше со денови пред очите на надлежните институции, велат од СДСМ. „Она што започна со поединечни случаи, брзо прерасна во стотици заболени дневно, со речиси 2.000 жители кои побараа лекарска помош поради симптоми поврзани со загадена вода за пиење. Институциите уште во раната фаза имале информации и сомнежи за небезбедноста на водата и за невообичаеното зголемување ...
По зголемувањето на бројот на граѓани кои побараа медицинска помош и по прогласувањето на епидемијата во Гостивар од „Вреди“ велат дека со загриженост ја следат состојбата во овој град. „Во овие моменти, најважно е да се заштити здравјето на граѓаните, да се обезбеди безбедна вода за пиење и јавноста навремено и точно да биде информирана за секој понатамошен развој. Ние не останавме со скрстени раце. Преку државните институции, на граѓаните ...
Тринаесетгодишно момче почина за време на прославата на победата на Шпанија во финалето на Светското првенство во градот Сиудад Родриго, 320 километри северозападно од Мадрид, кога се урна фонтана во која скокаа навивачите, објави јавниот радиодифузен сервис RTVE. Дел од навивачите се искачија на горниот дел од фонтаната и мавтаа со шпански знамиња. Додека навивачите славеа на фонтаната на плоштадот Глориета дел Арбол Гордо, горниот дел од ...
Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани, вели дека испитува дали неговата администрација може да го уапси израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Се очекува Нетанјаху да го посети градот во септември за Генералното собрание на ОН, пишува „Њујорк тајмс“. „Местото на Нетанјаху во Хаг“ Мамдани даде слични коментари во саботната епизода на подкастот „Интервју“ на „Њујорк тајмс“, повторувајќи ги чувствата од неговата успешна градоначалничка ...
Соединетите Американски Држави распоредуваат дополнителни борбени авиони на Блискиот Исток поради ескалацијата на конфликтот со Иран, јавува германската агенција „ДПА“, повикувајќи се на информации на „Волстрит журнал“ и „Њујорк тајмс“. Според медиумите, во регионот се испраќаат авиони Ф-16 од американската база во Германија и Ф-35 од британската база РАФ Лејкенхит, како и авиони за дополнување гориво во воздух. Американски претставници ...
По бројните реакции во јавноста за билбордот на влезот во Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски соопшти дека е поставен нов знак, а трошоците за неговата изработка и корекција ќе ги сноси компанијата што го изработила. Во објава на Фејсбук, Ѓорѓиевски порача дека „кој работи и греши“, додавајќи дека го радува што, според него, најголемиот проблем во Скопје е печатена грешка. „Тоа е така затоа што јас и мојот тим го слушаме гласот на ...
Времето утре ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови ...
Владата соопшти дека интервентно ќе обезбедува по 50.000 литри бесплатна вода за пиење дневно за граѓаните на Гостивар, почнувајќи од денес и во наредните неколку дена, поради состојбата со водоснабдувањето во градот. Како што информираат од Владата, од првиот момент се во постојана координација со сите надлежни институции и внимателно го следат развојот на настаните. „Покрај институционалниот одговор, постапувањето на надлежните органи и ...
Центарот за јавно здравје Тетово прогласи епидемија на територијата на Општина Гостивар поради наглото зголемување на бројот на заболени со гастроентеритис и надминување на лимитот на неделно ниво. Како што соопшти епидемиологот д-р Зорица Зафироска, во последните 24 часа на Инфективното одделение во гостиварската болница се прегледани 204 пациенти, од кои тројца се хоспитализирани, додека на Педијатрија се евидентирани 140 прегледи, од кои ...
По 48 часа од неговото поставување, денеска е отстранет билбордот на влезот на Скопје, кој предизвика голем број коментари на социјалните мрежи. Билбордот создаден со помош на вештачка интелигенција стана предмет на потсмев поради бројните визуелни аномалии. Најголемо внимание кај граѓаните предизвика приказот на коњот Букефал, кој беше нацртан со пет нозе, како и необичниот изглед на шлемот на Воинот на коњ. Дополнително, јавноста изрази ...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека руските сили ја презеле контролата врз селото Вилне во украинската Дњепропетровска област. Според соопштението, селото преминало под контрола на Москва. Пред почетокот на војната, Вилне имало околу 40 жители. Украинските власти засега не ја коментирале оваа информација. Текстот Русија тврди дека зазела уште едно село во Украина е превземен од МАКФАКС. Руското Министерство за одбрана соопшти ...
Во текот на денешниот ден ќе биде донесена одлука дали на подрачјето на Гостивар ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, изјави раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, Драган Кочински. Тој посочи дека Институтот е во постојана комуникација со Центарот за јавно здравје и дека сите мерки за контрола и превенција веќе се спроведуваат. „Во комуникација сме со Центарот за јавно здравје и во текот на ...
Министерството за здравство соопшти дека надлежните здравствени институции продолжуваат со интензивно следење и истражување на зголемениот број лица со симптоми на гастроентероколит на подрачјето на Гостивар. Според податоците, во периодот од 18 јули во 08:00 часот до 19 јули во 08:00 часот, во Општата болница во Гостивар биле извршени 204 прегледи на Инфективното одделение, при што три лица се хоспитализирани. На Педијатриското одделение ...
Агенцијата за храна и ветеринарство на 17 јули издеде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека истата е загадена и небезбедна за употреба. Поради времената забрана за употреба на водата за пиење од градскиот водовод во Гостивар, на граѓаните им се препорачува да ги почитуваат следните мерки до добивање на официјално известување дека водата повторно е безбедна за употреба. Важно: ...
Основното јавно обвинителство Гостивар е во постојана координација со Институтот за јавно здравје, каде по наредба на јавен обвинител се вршат анализите и испитувањата на квалитетот на примероците од водата во гостиварскиот водовод. Според најавите, резултатите треба да бидат готови утре и да бидат доставени до надлежното обвинителство, по што ќе се донесе одлука за натамошниот тек на постапката, а јавноста ќе биде известена, соопшти ...
Додека некои луѓе тешко го замислуваат животот без партнер, други одлично се чувствуваат и кога се сами. Според астролозите, четири хороскопски знаци особено ја ценат својата независност и не ја врзуваат среќата исклучиво со љубовниот статус. Водолија ја сака слободата и можноста сама да одлучува за својот живот. Во врска влегува само ако партнерот ја почитува нејзината независност. Стрелецот ужива во патувања, авантури и нови искуства. Не ...
Демократскиот сојуз, по повод најновиот Извештај на Европската Унија за состојбите во судството, оценува дека реформите во правосудниот систем мора да продолжат со засилено темпо, бидејќи независно, ефикасно и одговорно судство е клучен предуслов за владеење на правото и за напредокот на државата во процесот на европската интеграција. Демократскиот сојуз се залага за ограничување на мандатот на судиите и нивен реизбор на секои седум години. ...
Извештајот на Европската комисија за владеењето на правото покажува дека во земјава нема реформи, корупцијата останува широко распространета, а судството и обвинителството се изложени на политички притисоци, изјави денеска Александар Наумоски, член на Извршниот одбор на СДСМ. „Најновиот извештај на Европската комисија за владеењето на правото ја разоткрива суровата вистина за Македонија под власта на ВМРО-ОКГ: нема реформи, корупцијата е ...
Силен земјотрес го погоди југозападниот дел на Перу доцна синоќа, при што загина најмалку едно лице, а неколку други се повредени, јавува германската новинска агенција „ДПА“. Перуанскиот геофизички институт (IGP) соопшти дека земјотресот бил со магнитуда од 5,1 степени според Рихтеровата скала, додека Американскиот геолошки институт (USGS) ја процени јачината на 5,5 степени. Gempa berkekuatan M5.5 mengguncang wilayah Junín, Peru, pada 18 ...
Социјалната мрежа Фејсбук повторно има технички проблеми. Голем број корисници ширум светот во моментов не можат да пристапат до десктоп-верзијата на платформата, а дел од нив имаат проблеми и со мобилната апликација. При обид да се најават на својот профил, на корисниците им се појавува пораката: „Профилот е привремено недостапен. Вашиот профил моментално не е достапен поради проблем со страницата. Очекуваме проблемот наскоро да биде решен. ...
Неспособноста и аматеризмот на коалицијата на СДС, ДУИ и Арбен Таравари во Гостивар, кои го доведоа градот во колапс, излегоа на површина. Според информациите постои основано сомнение дека здравјето на граѓаните е директно загрозено, затоа што општинските власти поставиле пумпи во отпадни води за да се зголеми притисокот во водоводната мрежа, велат од ВМРО-ДПМНЕ утрово преку соопштение. „Во изминатите денови над 1000 гостиварски граѓани, ...
Опозициските партии СДСМ и Левица упатија критики поради новиот билборд поставен на влезот во главниот град, обвинувајќи дека визуелното решение е несоодветно и содржи низа грешки. Во партиско соопштение, СДСМ оцени дека наместо разубавување на градот, скопјани добиле симбол на аматеризам и срам. Од партијата тврдат дека на билбордот коњот Букефал е прикажан со пет нозе, а останатите елементи, според нив, не соодветствуваат на изгледот и ...
Пораките од експертите се јасни – епидемија на гастроентеритис во Гостивар постои, без оглед дали официјално ќе биде прогласена или не, велат од СДСМ преку соопштение. Оттука сметаат дека со прогласување на епидемија се овозможува побрза и поефикасна координација на институциите и спроведување мерки за спречување на понатамошното ширење на заразата. „Во Гостивар заболени се илјадници граѓани, а состојбата бара сериозна и одговорна реакција ...
Џенифер Гарнер ретко зборува за односот со поранешниот сопруг Бен Афлек, но во ново интервју откри дека тој е „неверојатен татко“ и одличен партнер во заедничкото родителство. Актерката изјави дека додека децата биле мали целосно му се посветила на мајчинството и ретко прифаќала ангажмани што би ја оддалечиле од нив. Сега, кога нивните деца се тинејџери, Гарнер вели дека има повеќе слобода бидејќи Афлек презел поголема улога во грижата за ...
Сончево и многу топло време со мала до умерена облачност се очекува утре низ земјава, а дневната температура ќе достигне до 39 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Попладне на повеќе места ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи, а ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени, а максималната од 33 до 39 степени. Во Скопје ќе биде сончево и ...
Микробиологот Никола Пановски реагира на известувањето дека во Гостивар засега нема да биде прогласена епидемија, сѐ додека не се утврди причината за големиот број заболени со стомачни тегоби. „Во Гостивар има епидемија на гастроентеритис. 1.500 се регистрирани со исти симптоми и најмалку уште 5.000 кои не се јавиле на лекар. Во еден град заболеле 30% од населението од иста болест и нема услови за прогласување на епидемија!!! Епа браво. ...
Иран соопшти дека рамковниот договор со Соединетите Американски Држави повеќе не важи, објави иранската агенција Фарс. Заменик-министербот за надворешни работи Казем Гарибабади изјави дека Техеран го суспендирал договорот бидејќи Вашингтон со своите воени дејства ги прекршил обврските од Меморандумот за разбирање потпишан во Исламабад. „Повеќе не се сметаме за обврзани да ги почитуваме договорените обврски“, рече Гарибабади. Иранскиот ...