Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
СДСМ е подготвен за избори кога и да се одржат, со тим, добра програма и конкретен план за иднината на државата, порача претседателот на СДСМ, Венко Филипче, одговарајќи на новинарски прашања. Тој најави дека веќе во текот на септември СДСМ ќе го претстави Мастер планот за Македонија, со што граѓаните ќе можат јасно да ја видат понудата на партијата. „Го кажав тоа неколку пати до сега, секогаш сме подготвени. И со тим, и со добра програма, ...
Здравствените власти денес препорачаа дезинфекција на септичките јами како индивидуална мерка што жителите на подрачјата со прогласена епидемија на западнонилска трека можат да ја преземат. Во моментов во земјава нема таблета со која можат да го направат тоа, но министерот за здравство, Сашо Клековски, вели дека во следниот период ќе работат на тоа да се донесе и кај нас. „Една од работите што недостасува, што ја лоциравме во моментот и што ...
ВМРО – ДПМНЕ бара враќање на стариот ценовник на ПОЦ. „Не стивнуваат реакциите на граѓаните за новите поскапувања на паркингот за жителите на Општина Центар. Герасимовски ја одби иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за враќање на старите цени со небулозни оправданија. Објаснувањето дека не било до Општината и до Советот, туку до Управниот одбор на ПОЦ, е класична лага, односно срамен обид да се манипулира со центарци. Го потсетуваме градоначалникот ...
Пет години се чуваше по фиока и фаќаше пајажина предметот, како и доказите за модуларната болница, во која изгореа 14 наши сограѓани, а директниот виновник Венко Филипче не беше повикан ниту на разговор, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Толку треба да знаете за нашиот правосуден систем, кој е ставен директно во одбрана на неговите наредбодавци, односно СДС и ДУИ. Предмет во кој живи горат 14 лица, да заврши без истрага е скандал од невидени размери. ...
Повеќе од 45 од вкупно 112 поставени столбови на патеката Попова Шапка – Титов Врв се уништени, оштетени или отстранети. Од Организацијата за одржлив развој САТ Скопје велат дека причинета е голема финансиска штета, но последиците би можеле да бидат многу посериозни. „Со големо разочарување ја информираме јавноста дека значителен дел од новопоставената опрема за зимска планинарска маркација на патеката Попова Шапка – Титов Врв, долга ...
Свесното жртвување на обвинението за трагедијата во модуларната болница во Тетово претставува повторно жртвување на 14-те настрадани, на нивното достоинство и на болката на нивните најблиски, велат од ВЛЕН. „Али Ахмети и обвинителството раководено од Ислам Абази должат одговор пред јавноста: како е можно по 14 изгубени животи на крајот да излезе дека „виновен“ е кабелот? Овој случај ризикува да остане запаметен како еден од најсрамните ...
На 20 август Апелациониот суд во Штип ја потврди одлуката на Основниот суд во Кочани, со која на Ива Михаилова ѝ беше оневозможено да го добие потребното лекување надвор од Република Северна Македонија. Особено загрижува тоа што при донесувањето на одлуката за одбивање очигледно не им било посветено потребното внимание на заклучоците на надлежната домашна здравствена установа во врска со сериозноста на здравствената состојба на Ива, на ...
Германските власти открија скривалиште за оружје поврзано со руските разузнавачки служби на периферијата на Берлин, објавија денес јавните радиодифузери NDR и WDR. Германската внатрешна разузнавачка служба BfV проценува дека оружјето, пронајдено во шума во близина на главниот град, било скриено за руски шпиони кои би можеле да добијат наредба од Москва да извршат напад, според извештаите. Професионално организираното скривалиште беше ...
Пет години Мицкоски и неговата криминална група ширеа лаги за мене, ме нарекуваа убиец – обвинителството ја кажа вистината, изјави лидерот на СДСМ, Венко Филипче, по одлуката за отфрлање на обвинението за изградбата на модуларните болници. „Вчера обвинителството донесе одлука дека го затвора предметот за набавката на модуларните болници. На почеток сакам да кажам, дека страшно жалам за загубените животи, за луѓето кои таму загинаа и ...
По нешто повеќе од еден месец, здравствените власти ја укинаа епидемијата во Гостивар, прогласена поради загадената вода во градскиот водовод. Министерот за здравство, Сашо Клековски, денес извести дека нема нови случаи на заразени од водоводот. „Денска Центарот за јавно здравје Тетово одлучи да ја прекине состојбата на епидемија во Гостивар. Според нивните епидемиолошки податоци нема веќе случаи на гастроентероколитис, ентероколитис или ...
Пенелопе Круз се појави на насловната страница на септемвриското издание на шпанскиот „Вог“. Ова е нејзината 16-та насловна страница на списанието, а таа се враќа на него две години по нејзиното последно појавување. Фотографиите се од дуото Шон + Сенг. На црно-белата насловна страница, шпанската актерка и добитничка на Оскар, која е и амбасадор на Шанел, носи фустан украсен со монистра, светки и кристали од есенската колекција на Шанел за ...
Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028“ ги отвори трите први значајни јавни повици со кои започнува процесот на создавање на официјалната програма на Скопје 2028. Станува збор за повици за доставување проектни предлози, за ангажирање домашни и меѓународни експерти за советодавна и програмска поддршка, како и за избор на независни домашни и меѓународни евалуатори кои ќе учествуваат во оценувањето на проектните предлози, ...
Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира одлуката на Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал предводено од Ислам Абази да ја запре постапката околу изградбата и поставувањето на модуларните болници без притоа да има кривично гонење на ниту едно правно или физичко лице, истакна: „Треба јавноста да знае дека ова е процес којшто трае веќе 5 години. Процес којшто ...
ДУИ ја има изгубено битката со Албанците, изборите ќе го запечатат нивниот крај, велат од ВЛЕН. „Фолирантите од ДУИ, пред да отворат уста за избори, нека кажат зошто по поразот на локалните избори никој кај нив не понесе политичка одговорност. Али Ахмети продолжи да продава магла со старата финта за повлекување, Бујар Османи го изгуби Чаир и остана потпретседател и главен играч за тронот на ДУИ, Бајрам Реџепи го изгуби Тетово и остана во ...
Министерот за здравство, Сашо Клековски, соопшти дека е Агенцијата за храна и ветеринарство ја потврди првата мртва птица со западнонилска треска во Скопје, а регистрирани се и први случаи на западнонилска треска во Центар и Чаир. Бројотна заболени е 43. „Имаме 43 случаи на западнонилска треска, имаме 40 потврдени, од кои три се потврдени со еден тест. Тоа што е различно од претходната состојба има први случаи во Центар и Чаир. Започна и ...
На 22 август (сабота), во Спарта Ивент Центар во Велес, ќе се одржи хуманитарниот концерт „Together for a Better Tomorrow – Заедно за подобро утре“, посветен на поддршка на лицата со церебрална парализа. Со почеток во 20:00 часот, публиката ќе има можност да ужива во настапот на Starboy & Friends, а истовремено да стане дел од настан што ги обединува музиката, хуманоста и заедништвото. Целта на концертот е да се подигне јавната свест за ...
„Господине Герасимовски ја читаме вашата вчерашна реакција на прес-конференцијата на ОК Центар и не можеме да си поверуваме со каква леснотија ширите дезинформации, квалификации и манипулации. Вчера обзнанивме во јавноста дека општина Центар, поточно вие како нејзин градоначалник сте потрошиле 6,6 милиони денари на мобилна апликација, за која никој не знае за што ќе се користи“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Вие велите дека апликацијата ја изработил ...
„Со месеци СДС и нејзиниот формален претседател Филипче, преку соопштенија и прес-конференции велат дека граѓаните не веруваат во Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, дека рејтингот им пораснал, дека се спремни за избори, но кога ќе се споменат предвремени избори, одма молк“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на соопштение на СДСМ. „СДС и Филипче знаат дека на следните избори кога и да бидат, ќе доживеат дебакл и ќе бидат доведени под 100 илјади гласови. ...
Министерството за внатрешни работи ги известува сите граѓани на Република Северна Македонија, а особено сопствениците и операторите на беспилотни воздухоплови – дронови, дека поради зголемениот обем на летачки активности на Одделот за воздухопловни единици, како и интензивниот ангажман на хеликоптерите на МВР во активности за гасење пожари, извидување, транспорт и други оперативни задачи на целата територија на државата, потребно е доследно ...
Сите службени возила со кои располагаат Град Скопје и јавните претпријатија се опремени со GPS уреди и се следат преку современ мониторинг центар, извести градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. „Системот овозможува во реално време да се знае каде се наоѓа секое возило, по која маршута се движи, со која брзина, колку време е во движење, но и колкава е реалната потрошувачка на гориво. Дополнително, преку специјални сонди се контролира и нивото на ...
Постојат луѓе кои не можат да ги затворат очите пред страдањето на другите луѓе. Астролозите велат дека овие три хороскопски знаци имаат најчисти души и срца полни со добрина. Велат дека меѓу луѓето има и такви кои се чини дека се родени да прават добро. Се вели дека се светци меѓу луѓето, бидејќи ќе помогнат дури и кога самите немаат многу, ќе простат кога се повредени и ќе останат покрај вас кога другите одамна би заминале. Астролозите ...
Целосен авторски проект, инспириран од сликовниците на Наташа Дукоска, продуцирана од наша, македонска продуцентска куќа, анимиран од македонско студио за анимација, сега и тематската музика ја потпишува актуелната Дина Јашари. Личи на Дуа Липа, музичкиот стил и е на Нора Џонс, но сега стана и автор на филмска музика за „Лефти и Рајти“. На прашањето што претставува компонирањето на музика за Лефти и Рајти, Дина Јашари во последното интервју ...
Финското Министерство за одбрана пријави сомневања дека руски авион вчера го нарушил финскиот воздушен простор над западниот Фински Залив. Покрената е истрага за инцидентот, кој се случил во време на зголемена руска воздушна активност во близина на источната граница на НАТО, објавува „Киев Индепендент“. Истрагата е во тек Министерот за одбрана Анти Хакканен потврди дека истрагата за инцидентот над Балтичкото Море веќе е започната. Ја води ...
„Пет години по оформувањето на предметот, ОЈО ГОКК предводено од Ислам Абази, аргат на Зоран Заев, Венко Филипче и Али Ахмети, донесе одлука да го затвори предметот за 19-те модуларни болници, велејќи дека не постои основано сомнение за злоупотреба на службената положба и овластувања“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Потсетуваме дека предметот беше оформен на 10 септември 2021 година, непосредно по трагичниот пожар во модуларната болница во Тетово, во ...
„ВМРО-ДПМНЕ го повикува Јавното обвинителство по допрен глас да отвори предмет и да го истражи непостапувањето на Венко Филипче додека бил министер за здравство, во врска со анализите за квалитетот на водата, како во Гостивар, така и низ државата. Документите и информациите доставени од свиркачи укажуваат дека биле направени околу 400 анализи за квалитетот на водата, кои ја покажале неисправна за пиење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Токму затоа, се ...
Вчеравечер, комуналните екипи до доцна во ноќта работеа на расчистување на дивите депонии и уредување на јавните површини на повеќе локации, извести Општина Аеродром. „Засилените активности продолжуваат, со цел почисти, поуредни и поубави јавни простори за сите граѓани. Рано утрово екипите повторно се на терен и продолжија со редовните активности за одржување на чистотата“, соопшти Општина Аеродром. Текстот (Фото) Општина Аеродром: ...
Утрово селата Бонче, Подмол и Лопатица се безбедни. Тешка ноќ имаа пожарникарите од Прилеп и доброволните пожарникари од Битола ангажирани преку ДЗС, тешка ноќ имавме сите ние коишто се наоѓавме во самото село Лопатица коешто синоќа беше загрозено од пламените јазици, кажа директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов. „Пожарната линија којашто беше видлива од регионалниот пат Прилеп – Битола е целосно изгасната, активен е само еден крак, високо над ...
„Христијан Мицкоски повторно ги стави изборите во оптек. Прво рече дека граѓаните не сакаат предвремени избори. Потоа рече дека ако опозицијата побара, нема да седи како кукавица, ќе прифати и ќе победи. Тоа не е став. Тоа е монтажа. Самиот си ја пишува понудата. Самиот си ја чека нарачката“, велат од СДСМ. „Вучиќ најави избори. Веднаш и Мицкоски. Тоа не е случајност. Веќе работи по налог. Затоа веќе знае кога се изборите. Само уште нас не ...
„Третата економија во Европа нема за плата, има за авион. Директорот на СОЗР, Ивица Томовски, кажа што е приоритет на оваа власт: мора да имаме владин авион ако сакаме да бидеме сериозна држава. Идејата не е повлечена. Не е пропадната. Само е одложена. Парите се оставени. Купувањето чека“, велат од СДСМ. „Сериозна држава, според нив, не се мери со чешма, со болница и со плата. Се мери со нов авион. Мицкоски сега сака нов авион. Затоа што ...
Денеска до 07:30 часот, регистрирани се вкупно 35 пожари на отворен простор, од кои пет се активни, два се под контрола, а 28 се изгаснати, извести Центарот за управување со кризи. Активни се пет пожари: Општина Прилеп: село Чаниште – крак кон село Крушевица, кон село Лопатица, кон село Дуње и крак кон Црна Река (ниска вегетација); Општина Студеничани: село Моране – село Вртекица – село Рамни Габер (мешана шума); Општина Македонски Брод: ...